You are on page 1of 6

ЛОШИ НАВИКИ C

Тема 1: Етиологија и класификации на ортодонтски аномалии

Проф. Андриана Андреева-Остојиќ


Лоши навики
• Присуството на лоши навики може да
доведе до деформитети на забите и
вилиците. Степенот на изразеност на овие
неправилности ќе зависи од
времетраењето, интензитетот и
начинот на изведување на лошата
навика.
Цицање на прст (шмукање)
• Обично се јавува во период на доенче. Меѓутоа може да перзистира до 4-5 година од животот.
Најчесто децата цицаат еден прст, понекогаш дури два или повеќе. Доколку цицањето на прст
престане до втората година нема никакви промени на забите и вилиците, или доколку ги има тие
спонтано се корегираат.
• Доколку цицањето продолжува и по втората година, во зависнот од каде и како се поставуваат
прстите, промените се манифестираат со промени на денталните лакови и нивниот однос.
• Вака формираните промени не можат спонтано да се корегираат и доколку не се превземе
ортодонтско лекување, овие промени можат да влијаат на формирањето на секундарни лоши
навики како што се: тискање на јазик, грицкање нокти и цицање на долна усна.
Цицање на долна усна
• Претставува секундарна навика.

Цицање на цуцла
• Доколку бебето е недоволно природно хрането (доено), рефлексот на цицање е незадоволен, или
пак за да се смири при плачење му се дава цуцла лажалка. Така кај тоа дете се формира лоша
навика, цицање на цуцла. Во зависност од интензитетот и времетраењето на цицањето може да
предизвика отворен загриз, протрузија на горните и ретрузија на долните инцизиви. Со
елиминирање на цуцлата спонтано се корегира неправилноста на денталните лакови.
Тискање на јазик
• Тискањето на јазик претставува секундарна навика. Обично се
среќава при инфантилното голтање. Перзистенцијата на тискање
на јазик предизвикува протрузија на горните инцизиви и влијае
врз вертикалниот раст на забите (отворен загриз).

Грицкање на нокти
• Грицкањето на нокти иако претставува лоша навика, сепак не
предизвикува промени во дентоалвеоларните структури.
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО

You might also like