You are on page 1of 31

Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ОБУКА ЗА ТУТОРИ НА ПРОЕКТНИ СТИПЕНДИСТИ -


УЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ИНКЛУДИРАНИ ВО
РЕДОВНИ УЧИЛИШТА

Скопје, 4 ноември 2020

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

СТРАТЕГИИ ЗА РАБОТА СО УЧЕНИЦИ СО АДХД И


БИХЕЈВИОРАЛНИ ПРОБЛЕМИ

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Дефинирање, симптоми и основни


карактеристики на проблемот – недостаток
на внимание и хиперактивност – психолошки
и социјални карактеристики
Предизвикот на работа со ученик кој се
соочува со недостаток на внимание и
хиперактивност

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

„Дојдов до застрашувачки заклучок дека јас сум


одлучувачки елемент во училницата. Мојот личен
пристап ја создава климата. Моето дневно
расположение го прави времето. Како наставник, јас
поседувам огромна снага да го направам детскиот
живот јаден или радосен. Можам да бидам алат за
тортура или инструмент за инспирација. Можам да
понижам, да расположам, да повредам, да излечам. Во
сите ситуации мојот одговор одлучува дали кризата ќе
ескалира или не и дали детето ќе се хуманизира или не.“
Haim Ginott – наставник (психолог)

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

За да биде вклучувањето на децата со посебни потреби успешно, некои


истражувања покажуваат дека е потребно :
• Верување на наставникот дека децата треба да се школуваат во редовни
училишта
• Верување на наставникот дека овие деца можат да се воспитуваат и
образуваат
• Верување на наставникот дека овие деца ќе станат корисни членови на
општеството.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Не е доволно само да се сместат ученици со АДХД и


бихејвиорални проблеми во редовните училишта за да се реши
проблемот на сегрегација и дискриминација, оваа категорија
деца многу често е етикетирана и врз основа на стереотипи и
предрасуди се жртви на дискриминација. Потребна е поголема
поддршка и градење на чувство за припаѓање во групата на
врсници.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Карактеристики на лица со АДХД


• Еден од проблемите кои се јавуваат кај деца од училишна
возраст е т.н. развоен хиперкинетски синдром или АДХД,
растројство поради нарушено внимание и хиперактивност.
• Тој се јавува на сите возрасти во развојниот период, но
родителите бараат помош дури кога детето ќе тргне на
училиште.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Карактеристики на лица со АДХД

• Развојниот хиперкинетски синдром претставува нарушување на


психомоторната организација чија главна одлика се
претераната активност, импулсивноста, раздразливоста,
слабото внимание, нарушување на сознајните функции и
слабиот успех во училиште.
• Децата со хиперкинетско однесување имаат тешкотии во
однесувањето дома и на училиште, во односите со врсниците,
со авторитетите и во успехот во училиште.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Карактеристики на лица со АДХД

Поради недостаток на јасни критериоуми и присуство на разни


контроверзни мислења, постојат недоумици околу прашањето: Кога
некој ученик ќе го означиме како хиперактивно дете.
„Линијата која го одвојува нормалното од хиперактивност е повлечена
на различни нивоа“(Goodman R, Scott S 2005).
Оваа конфузија доведува до различно опишување на ист склоп на
симптоми па некои наставници се склони секое пољубопитно дете да
го сметаат за хиперактивно.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

АДХД
Три значајни компоненти на ова нарушување се :

 Краткотрајно внимание
 Импулсивност
 Прекумерна активност

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД И ОДНЕСУВАЊЕ

• Децата изгледаат како тукушто да “Излетале од дома”


• Облечени се немарно, спортски, често имаат одврзани врвки,
незакопчани алишта
• Во зависност од грижата на родителите, може да делува чисто,
но и “несредено” или валкано и занемарено
• Обично изгледаат како во моментот да втрчале или “завземаат
старт да излезат”, се вртат, чешаат, местат, прават гримаси
• Често ги губат своите работи, заборавни се, отсутни

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД И ОДНЕСУВАЊЕ

• Лесно може да ги деконцентрира надворешен стимулус


• Често се караат, расправаат и може да се степаат
• Во постојано движење се, “не ги фаќа место”
• Имаат проблем да останат мирни, кога тоа се бара од нив
• Премногу зборуваат
• Доживуваат лесно”краток спој”

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД И ОДНЕСУВАЊЕ


• Контролата на манифестирање на мисли, зборови и
емоции е лоша (реагираат без размислување, речиси
моментално)
• Склони се да се повредуваат, делуваат бестрашно
• Ги прекинуваат другите во зборувањето ( а причина за
тоа не е воспитна занемареност или пореметено
однесување)

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ОДНОС КОН УЧИЛИШТЕТО


• Невнимателни се и немаат истрајност во совладување на
презентираниот училишен материјал
• Имаат добри (многу добри) и изразено лоши денови кога не можат
да се задржат на едно место
• Први истрчуваат на одмор
• Со задоволство престојуваат во училишниот двор
• Често доцнат на часот
• Не се посебно мотивирани за учење ниту имаат големи аспирации
• Сугестибилни се (особено кога е во прашање акција)

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

УЧИЛИШЕН УСПЕХ
• Општиот успех во зависност од интелигенцијата може да биде
солиден, но најчесто е среден или лош со подобри постигнувања во
предметите кои не бараат истрајност, постојаност, одржување на
внимание и сл.
• Добри се во вежбите на часовите на физичко воспитание, дури и кога
не се претерано вешти ги сакаат овие часови
• Успехот обично е изразено под реалните потенцијали
• Невоедначен успех по предметите
• Специфичните проблеми се однесуваат често во нивното учество во
расправии и тепачки

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Најчести проблеми во усвојување на наставните содржини се манифестираат


во облик на:
• Проблеми во читање и пишување
• Тешкотии во математиката
• Варирање во академската успешност од
ден во ден
• Забавеност во работата
• Лоша организација на времето
• Тешкотии во усвојувањето на поими
• Лошо краткотрајно и долготрајно памтење
• Тешкотии во изговарањето и разбирањето
на изговореното

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Некои деца имаат проблеми во планирањето на активностите и често,


пристапуваат кон некоја активност не размислувајќи и не водејќи сметка за
последиците.
Делуваат како нестрпливи, површни и не учат на грешките од претходните
искуства.
Тешко успеваат да се организираат и планираат особено ако имаат долгорочни
цели пред себе.

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ОДНЕСУВАЊЕ НА ЧАСОВИТЕ
• Одговараат брзоплето, пред да размислат;
• Тешко ги следат упатствата и не го завршуваат започнатото
• Имаат проблеми во организирање на задачите и активностите
• Брзоплети се и неистрајни
• Не ги сакаат и ги избегнуваат задачите каде е потребно да се
истрае
• Со тешкотии го одржуваат вниманието на задачите и
училишните активности

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ОДНЕСУВАЊЕ НА ЧАСОВИТЕ
Во зависност од интелигенцијата и присуство или отсуство на придружни
нарушувања, не мораат, но можат да имаат тешкотии во следењето и
разбирањето на содржините на часот
Начинот на репродукција на наученото е брзоплето, често “збрда-здола”
Воглавно се неприпремени за часот, тетратките им се неуредни, често им
недостасува приборот, ги губат работите, не знаат што каде им се наоѓа
Дисциплината на часот- се вртат во место, се вртат позади, гледаат низ
прозор, пречат на другите ученици, прашуваат

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Упатства за работа со хиперактивно дете


• На ученикот да му овозможиме предвидливи активности-по можност
да се држиме на најавениот распоред
• Повремено да го потсетуваме на ограничувањата и забраните
• Потсетување на ученикот на задачите, кратко, често
• Поставете го да седи во клупа пред наставникот, со што помалку
можност за одвлекување на вниманието и што помалку предмети во
видното поле и на работната површина
• Испрашувајте го ученикот со кратки, јасни прашања, што поретко во
група

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Упатства за работа со хиперактивно дете


• Поттикнете го и пофалете го ученикот секогаш кога ќе ја заврши
задачата до крај
• Пронаоѓајте ги неговите индивидуални мотивациони сили
• Учете го во група на социјални вештини, поттикнувајте ги другите деца
да го разберат, помогнат
• Поставете приоритети, реални цели, поттикнувајте го и пофалете го
секој чекор напред, најавувајте го следниот чекор, потсетувајте го на
целта
• Поттикнувајте го да се искаже на начин кој му е најлесен

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Упатства за работа со хиперактивно дете


• Повремено со својот невербален став, манипулација запрете го
ученикот во неодговарачките активности ( застанете пред него,
ставете му ја раката на рамото, повремено обратете му се, земете му
ја тетратката) усмерете го и поттикнувајте го да работи конструктивно
• При излагање на материјалот користете цртежи, слики, пишување,
дијаграми, компјутер
• Поставете му помалку задачи за решавање ( не повеќе од три)
• Неопходно е да соработувате со родителите
• Советувајте ги родителите да го вклучат детето во некој спортска
активност

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Упатства за работа со хиперактивно дете


• Не го казнувајте ученикот за импулсивното, нетрпеливо однесување
(помогнете му да успори или одложи), потсетувајте како да ги разложи
потребите на моментално можни, приоритетни, по чекори
• Поттикнете го ученикот и поткрепете ги позитивните облици на однесување
• Обезбедете што помирна и посталожена атмосфера на часот ( обрнете
внимание на сопственото вербално и невербално однесување, сталоженост),
преку јасни правила на однесување, од тоа што од него се очекува, а што е
неодговарачко, предвидете ја ескалацијата на конфликтите, реагирајте со
одвојување на виновникот

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Упатства за работа со хиперактивно дете


• Охрабрете го ученикот да фаќа белешки на часот, да си запишува домашна
задача, проверете дали тоа го направил, научете го и вежбајте го со него
начинот како да го провери напишаното
• Упатете го и вежбајте како во текстот да одвои битно од небитно со
подвлекување со маркер
• Пофалете ги мирните начини за решавање на конфликти меѓу учениците,
разработете различни стратегии и редовно и навремено пофалувајте
• Поттикнете ја иницијативата на ученикот да одговара (па дури и на различен
начин од другите, на пр. усмено наместо писмено.)

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ШЕСТ ОСНОВНИ ВЕШТИНИ ЗА РАБОТА СО ДЕТЕ СО АДХД


1. Спуштете се на ниво на детето

Почесто спуштајте се на физичко рамниште со детето


Обидете се да ги следите неговите способности

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ШЕСТ ОСНОВНИ ВЕШТИНИ ЗА РАБОТА СО ДЕТЕ СО АДХД

2. Внимателно зборувајте и слушајте

Зборувајте јасно, прецизно, конкретно


Внимателно слушајте
Користете обични зборови
Кажете една задача во едно обраќање

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ШЕСТ ОСНОВНИ ВЕШТИНИ ЗА РАБОТА СО ДЕТЕ СО АДХД

3. Бидете доследни

Поставете правила кои нема лесно да ги менувате


Бидете доследни, не смеете да се изморите или колебате

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ШЕСТ ОСНОВНИ ВЕШТИНИ ЗА РАБОТА СО ДЕТЕ СО АДХД


4. Бидете истрајни

Размислете пред да кажете нешто


Доследно изведете ја казната до крај

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ШЕСТ ОСНОВНИ ВЕШТИНИ ЗА РАБОТА СО ДЕТЕ СО АДХД

5. Зачувајте го трпението

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

ШЕСТ ОСНОВНИ ВЕШТИНИ ЗА РАБОТА СО ДЕТЕ СО АДХД

6. Научете да влијаете врз однесувањето на ученикот

Проектот е финансиран од Европската Унија


Проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Важна напомена

 Ниедно дете па ни она со АДХД и бихејвиорални проблеми, не може


да прави што сака

 Извесна благост е пожелна при комуникацијата со овие деца, но да се


внимава бидејќи било каква привилегирана позиција е непожелна

Проектот е финансиран од Европската Унија

You might also like