You are on page 1of 1

Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток

Развивање на социјални вештини


Децата понекогаш имаат потешкотии во интеракцијата со врсниците и возрасните од
околината. Најчесто проблем е читање на говорот на телото и социјалните пораки од другите и
неразбирањето на социјалните правила. Однесувањата кои го овозможуваат врзувањето на
детето со друга личност како што се погледот со очи, насмевката, пристапувањето или барањето
на другите се развиваат во различен степен и може да не се генерализираат од родителот или
оној кој што се грижи за детето на другите луѓе од социјалната средина. Сензорните потешкотии
го отежнуваат примањето на физичките, визуелните и аудитивните информации и контактот со
другите и го оневозможува соодветниот одговор на тоа. Развивањето на позитивни интеракции со
врсниците и возрасните му помага на јазичниот и когнитивниот развој на детето.

Начини на развивање на вештините

• Јасно дефинирајте ги очекувањата и правилата за работа и однесување во група


• Потребно е да го вклучите детето во активности што вклучуваат чекање на ред, менување
на ред и делење на материјали и просторот
• Поттикнете го детето да му се приближи на друго дете што си игра со
интересна(посакувана) играчка
• Обрнете внимание на детските знаци за преголема стимулација или вознемирување
• Вклучувајте моторна компонента и сензорни материјали
• Вклучете го детето во активности кои подразбираат близина и контакт со врсници
• Охрабрете го детето да истражува, дајте му на избор, почитувајте го неговиот избор
• Учете специфични социјални правила/вештини, како што се чекање на ред и внимавање
на правила

За да се зголеми позитивната интеракција на детето со другите потребно е да се зголеми


контактот со очи и приоѓањето кон другите, зголемување на способноста за вклучување во
реципрочна игра со врсниците.
• Потребно е детето да се вклучи во активности кои вклучуваат чекање на ред, менување на
ред и делење на просторот и материјалите
• Поттикнување на детето да му пристапи на врсник кој ја користи неговата омилена
играчка. Моделирајте соодветни начини за вклучување во заедничка игра
• Набљудувајте ги детските знаци на анксиозност и преголема стимулација. Помогнете му
да се справи со нив
• Вклучете моторна компонента за да се задржи детскиот интерес и внимание (стол што се
нижа, топка, лулашка)
• Користете сензорни материјали да се зголеми контактот со очи, следење и вокализација со
возрасниот
• Вклучете го детето во активности кои се мотивирачки за него и кои вклучуваат близина и
контакт со врсник или возрасен (крупни моторни активности, скокоткање и сл.)
0

070/696014; 077/908021
detskisvetistok@gmail.com;

You might also like