You are on page 1of 2

Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток

Развивање на интерес и вештини за игра кај децата


Децата понекогаш покажуваат ограничено ниво на интереси и начини на игра. Може
постојано да се окупирани со делови од објекти, може да се врзани за невообичаени предмети
или да имаат фиксација со тесен интерес (само букви или бројки). Често покажуваат големо
знаење и меморија на одредени поими, места и слично. Овие специфични интереси го
отежнуваат вклучувањето во смислена игра со врсници, како и прилагодувањето на промени во
рутините или промени во околината. Целта е детето да успее да ги прошири своите интереси и да
може да ги искористи своите способности во посоодветен начин на игра.

За да се развијат соодветни вештини за игра и да се прошират детските интереси детето


мора да научи да го имитира врсникот или возрасниот, да умее да користи повеќе и различни
материјали на различни начини и да ја зголеми спонтаноста во играта. Начини како тоа да се
постигне

• Покажете му на соодветен начин на вклучување во игра и пристапување на врсници


• Помогнете му вербално или рака на рака да научи нови соодветни начини на употреба на
игровниот материјал
• Спојте нова играчка со позната и менувајте го редот на употреба
• Внесувајте нови играчки постепено и играјте со новата играчка постепено подолго
• Охрабрете употреба на сензорни материјали за да се зголеми флексибилноста на играта
• Охрабрете го детето да истражува нови предмети низ структурирана игра
• Вклучете ја омилената играчка на детето во нови активности
• Имитирајте омилени активности на детето и поттикнете ја имитација кај него
• Давајте му соодветен избор на детето, почитувајќи ја неговата личност

Кои вештини се потребни за вклучување во игра?

Вклучување во игра е сложен процес. После прашањето - дали може да игра, детето треба да знае
како да игра. Тоа вклучува

• Бирање на игровна активност во која сака да се вклучи детето


• Приближување на местото каде се одвива играта
• Набљудување и откривање на темата на игра, начинот на игра, правилата на игра
• Одбирање на соодветна стратегија за вклучување во играта

Децата треба да ги владеат сите овие чекори од стратегијата за вклучување во игра со цел
да може да учествуваат во социјални услови на игра во врсниците. За да ги научиме децата на тие
вештини користиме

• Социјални приказни
• Играње на улоги со мала група на врсници
• Дискусија
• Ин-ситу вежбање, во природни услови кога се случува играта
0

070/696014; 077/908021
detskisvetistok@gmail.com; kaleidoskop.mk@gmail.com
Здружение за рана стимулација, развој и игра кај деца Креатива Исток
Центар за неформална едукација Калеидоскоп

Откако детето успеало да се вклучи во играта, особено е важно да го научиме да остане во


играта. Потребно е

• Да разбере дека другите имаат различна перспектива на гледање на нештата


• Увидување на сигналите од другите- говор на тело и фацијална експресија
• Вештини за разговор
• Желба да се вклопи со сопствените интереси во играта
Децата често имаат потреба од возрасен за да се вклучат и останат вклучени во игра со
врсници. Начини на кои може да им помогнеме се

• обезбедување визуелни примери за игра по катчиња или игра со одреден материјал


• давање пофалба и награда за детето, како и сугестии кои ќе му помогнат во моментот
кога станува анксиозно и се губи во играта
• обезбедување пријатна и смирена средина за игра, каде децата ќе може да се
договараат и заеднички да решаваат конфликти, и услови децата да бидат модел за
учење на детето
На крајот, важно е детето успешно да ја заврши играта. Често децата не знаат кога им е
доволно од играта и не умеат на соодветен начин да ја завршат играта или да се повлечат од неа.
• Вежбајте начини на визуелно означување на крај на играта, носење на материјалот на
место и слично
• Кога ќе забележиме дека детето губи интерес од играта, вербален коментар и понудување
на нова опција ќе му помогне на детето да ја забележи својата потреба за завршување на
играта
• Кога детето на соодветен начин се повлекува од игра, секогаш треба да се награди и
пофали со цел да го забележи соодветното однесување кое го пројавило, со цел тоа да се
зацврсти и повтори
• Социјалните ситуации на игра се богати со можност за учење и развој на детето и треба
секогаш да се поттикнуваат и поддржуваат.

070/696014; 077/908021
detskisvetistok@gmail.com;

You might also like