You are on page 1of 9

Неправилност во обликот на

забите
Тема бр.1: Етиологија и класификација на ортодонтските аномалии

Проф.Андриана Андреева-Остојиќ
Неправилности на обликот на забите

 Поедини заби може да отстапуваат од своите морфолошки карактеристики. При тоа може да биде
изменет изгледот на коронката, коренот или на целиот заб.
 Во оваа група спаѓаат:

 Атипични заби
 Фузија
 Геминација
 Конкресценција
Атипични заби

 Атипичната форма на заб на коронката најчесто се јавува на


максиларниот латерален инцизив кој има форма на вретено, пламенче
или да е поизразен цингулумот и истиот да има форма на премолар.
 Исто така премоларите може да имаат форма на молар (повеќе тубери)
како и атипична форма на третите молари (микродонција). Додека
неправилноста на коренот на забот се гледа во нивната бројност
(зголемен или намален број на корени).
 Атипичните заби можат да се јават во млечна и трајна дентиција.
Фузија

 Фузија претставува спојување на два соседни заба со


нивниот емајл и дентин во текот на развојот. Забите кои се
во фузија имаат две пулпи и два корена.
 Спојувањето може да биде делумно или долж целиот заб.
Може да се јави во млечна и перманентна дентиција.
 Етиолошкиот фактор е наследност.
Геминација

 Геминација претставува нарушување на развојот на забите,


при кое постои отпочнато, но не и дефинитивно
поделување на зачетокот.
 Може да се јави во млечна и перманентна дентиција. Оваа
неправилност се карактеризира со назначена или плитка
вдлабнатина (фисура) локализирана само инцизално или
долж коронката. Забот кој е во геминација е поголем
(макродонција) и има една пулпа и еден корен.
 Етиолошкиот фактор е наследност.
Фузија и геминација
Конкресценција

 Претставува спојување на два или повеќе соседни заби со


нивните цементни структури. Спојувањето на два заба може да
настане во време на развој (права) или по завршувањето на
развојот (стечена).
 Етиолошки фактори се недостаток на место во денталните лакови
и анкилоза на забите.
Фузија, Геминација, Конкресценција
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

You might also like