Professional Documents
Culture Documents
е - скрипта
Штип, 2012
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП
е - скрипта
Автор:
Рецензенти:
Проф.д-р Илија Клинчаров
Проф д-р Душан Тодоровски
Проф.д-р Јован Јовановски
Лектор:
Весна Ристова
Техничко уредување:
Александар Попески
Издавач:
Универзитет „Гоце Делчев” - Штип
Тираж:
300 примероци
ПОПЕСКА, Билјана
Физичко воспитание и образование [Електронски извор] / Билјана Попеска. - Текст, илустр.. -
Штип : Уноиверзитет "Гоце Делчев", 2013
Начин на пристап (URL): http://www.ugd.edu.mk.- Фусноти кон текстот. - Библиографија: стр. 138-
139
ISBN 978-608-4708-23-0
Штип, 2012
ISBN 978-608-4708-23-0
СОДРЖИНА
I
3.2.4. Респираторен систем- градба, функција, развојни промени...............29
3.2.4.1. Градба и функција на респираторниот систем...................29
3.2.4.2. Промени во респираторниот систем во тек на развојот....30
3.2.5. Кардоваскуларен систем - градба, функција, развојни промени...31
3.2.5.1. Кардоваскуларен систем – градба и функција....................31
3.2.5.2. Развојни промени во кардиоваскуларниот систем.............37
3.2.6. Нервен систем - градба, функција, развојни промени....................39
3.2.6.1. Градба и функции на нервниот систем................................39
3.2.6.2. Промени во нервниот систем како резултат на развојот...40
II
4. ВЛИЈАНИЕТО НА ФИЗИЧКОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ ВРЗ
ФОРМИРАЊЕТО НА КОМПЛЕТНАТА ЛИЧНОСТ.........................................................56
7. МОТОРИЧКИ СПОСОБНОСТИ....................................................................................78
7.1. СНАГА..................................................................................................................79
7.2.КООРДИНАЦИЈА................................................................................................82
7.3. БРЗИНА................................................................................................................83
7.4. ФЛЕКСИБИЛНОСТ............................................................................................85
7.5. РАМНОТЕЖА......................................................................................................87
7.6. ПРЕЦИЗНОСТ.....................................................................................................89
7.7. ИЗДРЖЛИВОСТ..................................................................................................90
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА...............................................................................................91
III
1.1.1.2. Интелектуално оптоварување..............................................103
1.1.1.3. Емоционално оптоварување................................................104
1.1.2. Tипови наставни часови по физичко воспитание и образование...106
1.2. УТРИНСКО ВЕЖБАЊЕ................................................................................107
1.3. МИКРОПАУЗИ..............................................................................................107
1.4. ПРОШЕТКИ....................................................................................................108
1.5. ИЗЛЕТИ...........................................................................................................109
1.6. ПРИРЕДБИ......................................................................................................111
1.7. ЛЕТУВАЊА И ЗИМУВАЊА........................................................................112
1.8. НАТПРЕВАРИ................................................................................................113
IV
5.2.4. Тематско планирање во детските градинки.....................................127
5.2.5. Дневно оперативно планирање (планирање на наставен час)......128
Л И Т Е Р А Т У Р А.............................................................................................................138
V
Дел I. ОСНОВИ НА ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ И
ОБРАЗОВАНИЕ
1
физичкото и здравственото воспитание е резултат на два главни фактори: хипокинезијата
која има особено негативни последици по растот и развојот на децата и потребите на
современото живеење. Овие фактори во корелација со развојните особености и потреби на
децата во секој возрасен период одделно, барањата на современото живеење и потребата
за адаптирање на тие барања, како и современите сознанија во областа на кинезиологијата
и методиката на физичкото воспитание и образование се основните детерминанти кои ги
дефинираат целите на физичкото воспитание и образование (Findak, 2006).
1
Во различни степени во системот на формално образование во Р.Македонија сегментот на физичкото
воспитание и образование се именува на различен начин. Во предучилините установи е именувано како
физичко воспитание, во одделенската настава се иманува како физично и здравствено образование, во
предметната настава како спорт и спортски активности. За потребите на овој труд ќе го користиме терминот
физичко воспитание и образование, со нагласување на потребните специфики во сгментите каде има
потреба.
2
во Европа, САД и Канада и програмските определби на Р. Македонија во доменот на
физичкото и здравствено образование, авторот Клинчаров (2007) ги дефинира следниве
три подрачја или области:
Извор: Klincarov, I. (2007). The role of physical education teacher education quality in school physical education
process in Republic of Macedonia, 4th FIEP European Congress Physical education and Sports, Bratislava, Slovakia.
3
I. Стекнување и развој на моторички вештини и знаења.
Оваа група на цели генерално се однесува на областа на движење и се
еквивалентни на т.н. образовни задачи (Анастасовски,1990; Баракоска,2004; Тодоровски,
2007). Оваа група задачи се однесува на четири сегменти, тесно поврзани меѓусебно
условени:
Развој на базични движечки вештини (природни движечки форми – локомоторни,
нелокомоторни, манипулативни).
Стекнување и развој на елеметарните облици на специфични моторни вештини од
различни движечки категории.
Развој на моторички способности
Стекнување знаења за концептите на изучените моторни вештини (техника,
тактика, правила, примена и сл). (Клинчаров, 2007)
4
Преку остварувањето на задачите од сегментот на психо – социјалниот развој се
влијае врз социјалниот, емоционалниот и моралниот развој на децата и учениците,
односно на перцепцијата за себе си, формирањето на сликата за себе си,
интерперсоналната комуникација и социјализација, развојот на позитивните морални
особини. Наведените задачи се остваруваат преку непосредната реализација на
програмските содржини по физичко воспитание и обрзование. Остварувањето на овие
задачи претставува конкретизација и реализација на т.н. воспитни задачи на физичкото
воспитание и образование.
5
предложени од Министерството за труд и социјална политика. Нивното конкретизирање,
односно структурирање во три целини, овозможува попрецизно разграничување и
прецизирање на задачите и соодветен избор на активностите.
6
аспект на правилно интерпретирање на антрополошкиот статус на субјектите вклучени во
процесот на телесно вежбање, туку и од аспект на утврдување на потребните промени под
влијание на физичката активност и конкретните начини за остварување на овие промени.
Овој процес на телесно вежбање се остварува во конкретни услови, оптимално планиран и
програмиран, раководен со конкретни и правилно избрани методско – дидактички форми,
методи, принципи и средства на работа, под водство на воспитувач или наставник како
организатор, креатор и реализатор на целиот процес (Findak, 2003).
Субјект во целиот овој процес е човекот, но во улога на раководител на целиот
процес, односно во улога на спортски педагог (Рачев и сор, 1998).
7
особеностите на физичкиот раст и моторичкиот развој во корелација со останатите
развојни домени;
средствата и содржините на физичкото воспитание и образование, нивните
особености, класификации, примена и практична реализација во конкретни возрасни
групи и
општи и посебни цели на физичкото воспитание и образование и можностите за
нивно остварување.
8
2. КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАСТОТ И РАЗВОЈОТ
Физичката активност во потесна смисла, односно физичкото и здравственото
образование во поширока смисла се условени од бројни фактори систематизирани во две
групи: внатрешни и надворешни фактори. Додека надворешните фактори се однесуваат на
надворешното опкружување (социјалната и општествената средина, начин на живот и сл.),
внатрешните фактори се однесуваат на субјектите вклучени во процесот на физичко
воспитание и образование и се условени од нивната возраст, степенот на развој и
развојните законитостите. Во таа смисла, растот, созревањето и развојот како клучни
термини и познавањето на развојните особености на секој возрасен период, се основен
предуслов за успешна педагошка работа со децата во предучилишната и раната училишна
возраст.
9
Созревањето се објаснува како процес на постигнување на зрелост, односно
состојба на оптимално функционално интегрирање на органските системи и способноста
за репродукција. Созревањето е процес кој се случува во сите ткива, органи и органски
системи под дејство на ензимите, хемиските процеси и функциите во организмот (Malina
et all, 2004). Крајна фаза на созревањето како процес е постигнување на зрелост, пр:
сексуална зрелост е состојба на комплетно функционирање на репродуктивниот систем;
скелетна зрелост е комплетно завршен процес на осификација (окоскување) на скелетот.
10
друга, фазите се одвиваат по точно утврден редослед и се резултат на интеракцијата
помеѓу индивидуата и околината; поврзаноста со возраста, укажува на постоењето на
периоди на забрзан и успорен раст кои се исти или слични за припадниците на ист
возрасен период.
Моторичкиот развој се однесува на развој на способностите за движење, односно
развојните промени кои се случуваат во моторичкото однесување и факторите кои ги
предизвикуваат овие промени. Ова се однесува подеднакво на процесот на промените и
резултатот од тие промени. Значајно е да се нагласи дека не сите промени во движењата се
резултат на развојот. Промените кои се резултат на искуството, а не на карактеристиките
на одредена возраст не се резултат на моторичкиот развој туку претставуваат моторичко
учење (Haywood & Getchell, 2005).2
Когнитивниот развој се однесува на промените во мислењето, помнењето,
способноста за резонирање, перцепциите, вниманието, концентрацијата, говорот и
фантазијата (Patterson, 2009).
Социо – емоционалниот развој ги опфаќа развојните промени во емоциите,
концептот за самиот себе, интерперсоналната комуникација и социјалните релации
(Patterson, 2009).
2
Haywood, K., Getchell, N. (2005) Life span motor development стр. 5
11
латерализација на функциите (функционална асиметричност) и
тенденција на елиминирање на излишно ангажираните мускули) (Шкариќ, 2004;
Haywood & Getchell, 2005; Николовска, 2008; Smiljanič & Toličič, 1975). Наведените
законитости на развојот се однесуваат на сите развојни аспекти, но особено се
потенцирани и видливи во сегментот на моторичкиот и сензорниот развој.
12
детето да седи ќе се јави пред неговата способност да стои, исто како што прво почнува да
оди пред да почне да трча.
Алтернативност во развојот означува интензивен развој на одредена функција,
додека останатите мируваат, односно стагнираат, односно наизменично јавување на
развојните функции. На пример: некои деца најпрво ќе прозборат, а потоа ќе проодат,
додека други деца прво проодуваат, но не прозборуваат и проодуваат истовремено.
Латерализацијата на функциите (функционална асиметричност) е тенденција
која се однесува само на моторичкиот развој и подразбира промени од подеднаква
контрола на билатералните органи кон контрола на унилатералните органи, односно
детето кое по раѓањето е симетрично, постепено станува асиметрично или унилатерално,
односно повешто се служи со едната рака, око, нога, стопало со конечна поголема
развиеност на цела една страна на телото.
Тенденција на елиминирање на излишно ангажирани мускули. Претставува
особеност на моторичкиот развој која се манифестира како склоност на малите деца при
изведбата на движењата да вклучуваат многу непотребни мускулни групи и да трошат
многу повеќе енергија. Во тек на развојот непотребните мускулни групи се исклучуваат,
движењата стануваат порационални и поекономични.
13
Слика 1. Периоди и домени на развој. Детскиот развој ги вклучува домените на моторички,
когнитивен и социјален развој, проучувани низ пет периоди на развој.
14
2.3.1. Фази во моторичкиот развој
3
Наведедено кај Pišot & Planinšec, 2005; Matejek, 2007; Age group development program.
15
движењата недостасуваат. Во следниот период на возраст од 3 до 4 години (елементарна
фаза) се подобруваат координацијата и ритамот, децата имаат поголема контрола над
нивните движења, но сè уште истите се неспретни и со недостаток на континуитет и
флуидност. На возраст од 5 до 7 години, односно во зрелата фаза најголемиот број на
фундаменталните движења се усвоени и се карактеризира со интеграција на сите составни
делови од движењето во целина. Движењата се координирани, механички исправни и
ефикасни (Age group development program).
После 7 годишна возраст започнува следната фаза на специјализирани движења,
која во почетокот е насочена кон развој на моторичките способности, кои потоа преку
примена на различни посложени форми на движење овозможуваат развој на специфични
движечки способности и усвојување на специфична техника од различни спортски
дисциплини. Локомоторните, нелокомоторните и манипулативните движења се
изведуваат сè побрзо, посигурно, координирано и целно се употребуваат во комплексни
спортски и останати секојдневни активности (Gallahue & Ozmun, 1998, наведува Pišot &
Planinšеc, 2005).
16
3.1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФИЗИЧКИОТ РАСТ И РАЗВОЈ
17
Табела 2. Промени во телесната висина и телесната тежина (според L.Moll, наведува Findak, 1995)
Год Висина/ Зголем Висина во цм. Зголем Год Тежина Зголемување Тежина Зголемување
см ување ување во кг. во кг.
во цм. во кг. во кг.
во цм.
Денчиња денчиња
18
Слика 2. Постнатални промени во телесните пропорции
Извор: Haywood & Getchel (2004) Life Span Motor Development
19
2004). Интензивниот раст кај девојчињата започнува на 9 годишна возраст, а кај
момчињата на 11 годишна возраст.
20
промена на нејзината структура со додавање на нови коскени слоеви – ремоделирање
(Haywood & Getchell, 2005; Malina et al 2004). Процесот на осификација започнува кај
новороденчето, се интензивира на 4 и 5 годишна возраст, продолжува и во периодот на
раната и средната училишна возраст и завршува со завршување на растот.
Растот на коските во должина варира зависно од возраста. Релативното
издолжување на фибулата од 58% во првата година од животот, постепено се намалува на
27% во периодот од 1 до 2 година, 17% меѓу 2 и 3 година и околу 7% меѓу 6 и 7 година.
Овие промени се нерамномерни и различно се одвиваат во различни коски (Malina et al
2004). Коските на стопалото први растат и завршуваат со растот, потоа следуваат коските
на потколеницата и натколеницата. Паралелно со промените во должината, се зголемува и
густината на коските со што се обезбедува цврст и сигурен развој на коскениот систем
(Malina, 1993).
Коските кај новороденчето се меки, еластични и пластични. Активната соработка
на стопалото со останатите делови од телото започнува со исправањето на детето.
Присилувањето на детето да стои подолго од можностите има негативни последици и
резултира со деформитети. Процесот на осификација продолжува интензивно и во
натамошниот период. Особен напредок се забележува во периодот од 4 – 5 години што се
рефлектира и на растот на коските. Ова од своја страна резултира со појак и поотпорен
коскен систем подготвен да одговори на барањата и напорите кои се очекуваат со
тргнувањето во училиште.
21
сместен во `рбетниот столб; овозможува подршка на горниот дел од телото; ја одржува
исправената положба на телото, овоовозможува голем број на движења и сл.
`Рбетот до 4 месец е речиси рамен. Со подигнување на главата кај детето се
формира вратната кривина, додека со седењето, а потоа со исправањето и одот се
формираат градната и слабинската кривина. `Рбетот во предучилишниот период поради се
уште незавршениот процес на осификација е неотпорен и подложен на деформитети. Ова
особено треба да се има во предвид при оптоварувањето за време на физичката активност,
но и при изборот на игри и играчки на децата, бидејќи долготрајната неправилна положба
на седење или држење на телото за време на игра или секојдневна активност може да
резултира со одреден деформитет.
22
3.2.2. Мускулен систем - градба, функција, развојни промени
23
2. Мазни мускули (неволеви мускули)
Мазните мускули се наоѓаат на ѕидовите на внатрешните органи (крвни садови,
црева, стомак и сл). Набљудувани под микроскоп овие мускули се мазни, без пруги и
работат автоматски, без учество на свеста и независно од нашата волја. Преку контракција
на мускулите на ѕидовите на крвните садови и цревата се овозможува движење на крвта и
храната со што се овозможува проток на крвта низ крвните садови и соодветно храната
низ цревата.
3. Срцев мускул
Срцевиот мускул е специјален тип на мазен (неволев) мускул кој по функција
припаѓа на мазните мускули, односно работи автоматски, независно од нашата волја, но
под постојана инервација и хемиска контрола. Срцевиот мускул по градба е напречно
пругаст мускул, односно е изграден од пруги. Се наоѓа на ѕидовите на срцето и работи
постојано, без замор. Со секоја негова контракција се испумпува крв од срцето во
крвотокот.
Мускулите се изградени од мускулни влакна, групирани во мускулен сноп.
Мускулните снопови кај скелетните мускули се групираа и преку тетивите се поврзуваат
со коските. Секоја тетива цврсто е поврзана со коските. Скелетните мускули вообичаено
се долги и тенки. Со контракција тие се скратуваат и се прошируваат. Сите мускулни
влакна не се контрахираат заедно. Бројот на контрахирани мускулни влакна зависи од
силата потребна за реализација на одредено движење.
24
Разликуваме повеќе видови на мускулни влакна кои генерално се сведени во две
категории (според систематизацијата предложена од Golnick et al, 1973; Costyll et al, 1976;
Koc, 1982, Enoka, 1994, наведува Perič, 2003):
брзо контрахирачки (FT влакна – fast twich, бели влакна) и
споро контрахирачки (ST влакна –slow twich, црвени) мускулни влакна.
Во однос на молекуларната структура на овие два типа мускулни влакна нема значајни
разлики. Разлики се јавуваат во поглед на биохемиските и физиолошките својства.
25
мускул на спротивната страна работи за да ги држи коските раздалечени. Во зависност од
движењето кое трба да го изведат, мускулите можат да бидат:
флексори – се контрахираат за да се свиткаат зглобовите;
екстензори – се контрахираат за да се истегнат зглобовите;
агонисти – главни извршители на дејствието, мускули кои го вршат движењето;
антагонисти – мускули кои по функција се спротивставуваат на агонистите;
синергисти – помошни мускули кој ја помагаат работата на агонистите;
фиксатори – мускули кои фиксираат одделни делови од телото и
неутрализатори - ги неутрализираат непотребните дополнителни движења.
4
Stojanovic.M. (1977) Biologija razvoja coveka sa osnovima sportske medicine. Beograd. str 72.
26
Вкупната мускулна маса во споредба со телесната тежина се менува со растот, но
кај децата таа останува релативно мала. Тежината на мускулите кај новороденчето
изнесува 23% од вкупната телесна тежина, на возраст од 2 – 3 години изнесува 27%, во 7
година изнесува околу 33% и продолжува значајно да се зголемува кај момчињата до 17
годишна возраст кога изнесува околу 54% од вкупната маса (Malina et al, 2004), додека кај
возрасниот човек постигнува вредност од 43%. Со развојот на мускулната маса расте и
мускулната снага. Снагата првенствено зависи од големината на физиолошкиот пресек на
мускулното влакно, но и од бројот на мускулните влакна. Со порастот на дебелината и
бројот на мускулните влакна се зголемува и снагата која може да ја оствари мускулот. Во
текот на развојот на детето, со одделни вежби може да се зголеми мускулната маса преку
зголемување на бројот на мускулни влакна. Ова зголемување во предучилишната возраст
е еднакво за машките и за женските деца.
Процесот на раст и развој се манифестира и кај мускулите каде промените се
јавуваат како:
хиперплазија – зголемување на бројот на мускулни клетки и
хипертрофија - промени во големината на мускулот.
Растот на мускулот се одвива во две димензии, дијаметар и должина. Зголемувањето
на мускулната маса или дијаметарот на мускулот се случува како резултат на
хипертрофијата на мускулните влакна преку зголемување на миофиламентите и
миофибрилите, додека промените во должината се резултат на создавање нови и
зголемување на должината на старите сарколеми и е условено од растот на коските
(Wilmore & Costill, 2002). Поради промените кои настануваат кај мускулите, лигаментите
и тетивите истите стануваат појаки, но сеуште се недоволно подготвени да издржат тешки
надворешни оптоварувања (Hughston, 1986; Portmann, 1993).
Во текот на развојот сите мускули не се развиваат рамномерно. Во почетокот на
развојот прво се развиваат поголемите, а потоа помалите мускулни групи. Во првите
месеци од животот кај новороденчето се забележува зголемен тонус на мускулите
флексори, па така детето лежи со свиткани нозе, раце и шаки. Подоцна доаѓа до
урамнотежување на мускулниот тонус, мускулната снага и растот. Ова урамнотежување
во голема мерка е условено и одредено од активноста на детето, условите за живот и
исхраната.
27
Од 4 година мускулатурата на телото се зголемува за сметка на масните клетки,
Развојот на мускулната маса условува пораст на мускулната снага, која бележи значаен
скок кај децата на 6 годишна возраст и континуирано се зголемува во следниот период.
Мускулната маса кај машки деца на 7 годишна возраст изнесува околу 33 % од вкупната
телесна тежина, со тенденција на зголемување и на возраст од 17 години изнесува 54% од
вкупната телесна тежина (Haywood& Getchell, 2005). На 7 годишна возраст доаѓа до
диференцијација, односно кај машките мускулните облици се поизразени, додека кај
девојчињата се скриени под слој на масни клетки.
Бројот на споро или брзо контрахирачки мускулни влакна е геетски определен. Но
15 – 20 % после раѓањето сеуште не се издифиренцирани (Baldwin, 1984; Colling – Saltin,
1980, наведено кај Haywood & Getchel, 2004). Ова укажува на влијанието на телесното
вежбање во процесот на доокомплетирање на мускулните влакна
28
Од аспект на дистрибуцијата на поткожното масно ткиво децата на 6 и 7 годишна
возраст имаат релативно поголема поткожна маса на екстремитетите во однос на трупот.
Овој период е клучен во смисла на промени во поткожното масно ткиво. Имено од 4 до 7
годишна возраст се забележуваат релативно стабилни вредности на поткожното масно
ткиво. После овој период карактеристично е континуирано, линеарно и забрзано
зголемување на овие вредности (Malina et al, 2004).
29
Дишењето уште се нарекува респирација, вдишувањето инспирум, а издишувањето
експирум. Процесот на дишење поминува низ неколку фази: 1) вдишување чист воздух
богат со кислород преку белите дробови, 2) размена на кислород и јаглерод диооксид во
белите дробови, на ниво на алвеоли, 3) внес на кислород во крвотокот и транспорт низ
организмот. Од аспект на физичкото вежбање, значајни се:
дишниот волумен - количината на воздух што се вдишува и издишува во тек на
еден респираторен систем);
дишна фреквенција - број на вдишувања и издишувања во тек на една минута,
минутен волумен - количината на воздух која се вдишува за време од 1 мин
30
Дишниот волумен и максималната кислородна потрошувачка (VO2 max) линеарно
се зголемуваат и се доближува до вредностите кај возрасните (Bar – Or; Malina &
Bouchard, 1991). Промените во функциите на респираторниот систем на децата се
одвиваат повеќе во зависност од промената во телесната висина, отколку со хронолошката
возраст (Quanjer et al, 1995). Високо тренирани деца на 6 год возраст имаат анаеробен праг
кој достигнува вредност до 75 – 85% од VO2 max (Portman, 1993).
31
3.2.5. Кардоваскуларен систем - градба, функција, развојни промени
3.2.5.1. Кардоваскуларен систем - градба, функција
32
Циркулаторниот систем во нашиот Циркулаторниот систем е поделен на два
организам ги има следниве функции: составни делови:
33
Срцето е виталниот човеков орган кој не одржува во живот. Тоа претставува
мускулна пумпа, изградено е од посебен срцев мускул 5 кој постојано се контрахира без
замор. Срцето ја пумпа крвта богата со јаглерод диоксид во белите дробови и ја враќа во
крвотокот крвта богата со кислород. Неговата работа се одвива во 3 фази:
(1) Внес на крвта во срцето – деоксигениранат крв од телото преку двете големи вени
(vena cava) навлегува во десната преткомора. Во исто време оксигенираната крв преку
белодробните артерии внесуваат крв во левата преткомора.
(2) Пумпање на крв од преткоморите во коморите
(3) Испумпување на крвта надвор од срцето – десната комора испумпува крв во
пулмоналната артерија која се транспортира до белите дробови. Истовремено левата
комора испумпува крв во аортата која се транспортира низ крвотокот до сите клетки.
Сл. 8. Срце
Реализацијата на сите три фази означува еден срцев циклус. Една комплетна срцева
контракција и релаксација е наречена срцево отчукување. Бројот на срцеви отчукувања во
минута се означува како срцева фреквенција или пулс. Бројот на срцеви отчукувања во
5
Подетално во делот за мускулни влакна
34
една минута кај здрав возрасен човек изнесува од 60 до 80 удари во минута. За време на
физичка активност, понтенизвна работа или емоционална ситуација (паника, страв, стес),
бројот на срцеви отчукувања се зголемува.
35
Капилари. Капиларите се најелементарните делови на циркулаторниот систем кои
ги поврзуваат артериолите и венулите. На ниво на капиларите се разменуваат гасовите и
хранливите материи во клетките како резултат на нивните многу тенки ѕидови.
36
Крвни плочки – тромбоцити. Имаат функција да ја згрутчуваат крвта и да го
стопираат нејзиното лесно губење. Претставуваат парчиња на посебни клетки кои се
создаваат во црвената срж на коските.
37
Крвните садови кај децата се многу пошироки отколку кај возрасните, крвта тече
слободно, така што зголемената потреба на ткивата за крв лесно се задоволува.
Количината на крв на 1 кг телесна маса е многу поголема отколку кај возрасните, крвта
поминува пократок пат, со поголема брзина на проток што резултира со поголема срцева
фрекфенција.
Фрекфенцијата на срцето се менува со годините. Кај новороденче изнесува 140
удари во минута, во втората година приближно околу 105, во третата година околу 100
удари во минута, а во четвртата година од 90 до 95 удари во минута. Просечен 6 годишник
во фаза на одмор просечно има базален пулс6, околу 80 удари во минута (Malina et al,
2004). На 10 годишна возраст се јавуваат разлики меѓу половите. Базалниот пулс е за 3 до
5 удари повисоки кај девојчињата отколку кај момчињата. Истиот тренд се забележува и
во позиција на седење и мирување (Malina et al, 2004). Под напор пулсот може да
достигне вредности до 210 – 215 удари во минута (Portman, 1993). За споредба
фрекфенцијата на срцето кај возрасен човек се движи од 60 – 80 удари во минута.
Промени настануваат и во волуменот на крвта. На 2 кг телесна ги има следните вредности:
новороденче – од 80 до 110мл крв; крај на првата година – од 75 до 100 мл крв, а кај
возрасен човек од 75 до 80 мл крв.
6
Базален пулс - пулс во мирување измерен кај дете кое спие
7
Findak, V.(1995) Metodika tjelesne i zdravstvene kulture pretskolskom odgoju. Zagreb: Skolska knjiga, str 26
38
Табела 6. Срцева фреквенција кај деца во различни возрасни периоди
Возраст варијации средни вредности
0 – 1 месец 70 – 170 120
1 – 11 месеци 80 – 160 120
2 години 80 – 130 110
4 години 80 – 120 100
6 години 74 – 115 100
8
Според Медвед (Наведува Findak,1995, стр 26 )
8
ibid
39
остваруваат преку составните елементи на нервниот систем: черепниот мозок, рбетниот
мозок и периферните нерви.
Черепниот мозок (ЦНС) ја контролира секоја наша активност, ги анализира
примените сигналите и информации, донесува одлука и започнува акција. Сместен е во
черепот и обвиткан со течност која го заштитува.
`Рбетниот мозок го претставува периферниот нервен систем. Сместен е во
рбетниот канал во `рбетниот столб. Тој собира информации и дава одговор преку сигнали
од мускулите и останатите органи кои треба да реагираат , односно ја остварува
комуникацијата меѓу рецепторните органи (органи кои примаат информации од различни
извори) и ефекторните органи (органи кои реагираат на сигналите и информациите
пратени од ЦНС – мускули и жлезди). Рецепторните органи зависно од информациите од
каде ги примаат се делат на:
- екстерорецептори – примаат информации надвор од нашето тело, од надворешната
средина (очи, уши допир);
- интерорецептори – примаат информации од органите во телото и
- проприорецептори – примаат информации за положбата на телото и делови од
телото во просторот. Се наоѓаат во мускулите, тетивите и зглобовите.
Нервните влакна носат пораки во и од сите делови од телото. Сноповите од
нервните влакна влегуваат во рбетниот столб и излегуваат од отворите на пршлените.
Може да бидат сензорни нерви кои носат информација од рецепторните органи до ЦНС и
моторни нерви кои носат информации од ЦНС до ефекторните органи.
40
Нервниот систем во постнаталниот период се карактеризира со интензивен развој.
Помеѓу 5 и 7 години доаѓа до брз развој на коските на черепот кои на 10 год достигнуваат
нормални вредности. Се зголемува тежината на мозокот која кај децата на 4 годишна
возраст постигнува 80 % од развојот на возрасните, додека во средното детство е речиси
иста како кај возрасниот човек (1300 грама), (Webb, Monk & Nelson, 2001, наведува
Patterson, 2009). Се јавува забрзан раст на малиот мозок. Нервниот систем како целина е
многу помал во споредба со нервниот систем кај возрасните. Невроните растат
пропорционално со физичкото издолжување на телото. Со зголемување на синапсите се
подобрува комуникацијата помеѓу невроните (Williams, 1983). Доаѓа до целосна
миелинизација и истата е најчесто комплетирана до 6 годишна возраст (Gallahue, 1987).
Брзиот раст на нервниот систем во раното детство го прави невролошки развој подложен
на надворешните влијанија. Во таа смисла лошите услови на живот, слабата исхрана и
нестимулирачка средина може да го успорат растот на мозокот и да остават последици
кои можеби никогаш не може да се поправат (Haywood & Getchel, 2004).
41
3.3. КОГНИТИВЕН РАЗВОЈ
42
карактеризира со значаен напредок во говорот и стекнувањето на поими. Карактеристично
за оваа фаза е користењето на ментални симболи (зборови и претстави) со кои ги
претставуваат предметите, ситуациите и настаните од околината. Начинот на мислењето
кај децата значајно се разликува од логичкото размислување кај возрасните и се
карактеризира со конкретност (детето размислува само за видливи предмети кои се
поврзани со моменталната ситуација), иреверзибилност (нема логичко поврзување на
заемно поврзани појави), егоцентризам (сите околу него гледаат и размислуваат на ист
начин како него), центрација (насоченост на само еден аспект од ситуацијата), зависност
од перцепцијата, трансдуктивно расудување (неможност за меѓусебно поврзување и
споредување на познати поими), се уште не ги користи индуктивното и дедуктивното
размислување (Vidović i sar, 2003; Шкариќ, 2004; Николоска, 2008).
Когнитивниот развој во периодот меѓу 3 и 6 години е многу интензивен. На 4 –
годишна возраст децата почнуваат да се ориентираат во време и денови во неделата,
започнува каузалното мислење; на 5 годишна возраст разликува напред и назад, раскажува
по слики, прераскажува кратки приказни; возраста од 6 години е период во кој детето
разликува лева и десна страна, знае што е во средина, раскажува приказна откако ќе ја чуе,
воочува разлики, посочува како се употребува одреден премет. Иако има забрзан
интелектуален развој, детето има потешкотии да го задржи вниманието и
концентрацијата, брзо минува од една на друга улога, од еден на друг предмет. Затоа им е
неопходна помош и насочување од возрасните.
Карактеристика на овој период е љубопитноста, интересирањето и постојаните
прашања Каде? Кога? Зошто? Децата покажуваат интерес за сè поголема употреба на
симболички функции и значајно се развива говорот (Piaget, 1970; Gallahue, 1987). Говорот
се повеќе се ослободува од погрешното говорно изразување и станува сè поразбирлив.
Според развојните психолози (Пијаже, Алтман), когнитивниот развој се одвива
истовремено со моторичкиот развој, односно моторичката активност обезбедува
ексцитација на ЦНС, што ја одредува моториката како стимулатор на севкупниот развој на
детето. Од друга страна, преку моторичката активност се стимулираат речиси сите
когнитивни функции. Оттука моторичката активност е од непроценливо значење за
целокупниот развој особено во првите 6 години од детскиот живот (Pišot & Planinšec,
2005).
43
3.3.3. Когнитивен развој во периодот на средно детство од 7 до 11 години
44
поминуваат во играње имагинарни игри (Piaget, 1970; Gallahue, 1987; Orlick,). Овие игри
се значајни за развивање на детското творештво и креативност.
45
мерка е одреден од односот на возрасните пред сè родителите кон детето и неговото
прифаќање како единка. Детето кое е прифатено и сакано такво какво што е, се развива во
индивидуа со поголема почит кон себе.
На возраст од 6 години децата имаат стекнато позрело размислување и разбирање
на сопствените емоции и нивната функција. Лутината се јавува сè поретко. Способноста за
самостојно регулирање на емоциите им дозволува да се однесуваат согласно социјално
прифатените начини на однесување во присуство на возрасни и врсници, што им
овозможува развој на сопствената проценка за самиот себе и сликата за себе (Dworetzky,
1990, наведено во Age group development program).
Ова е период на интензивна социјализација на детето. Се јавува интерес за
заеднички активности со другите деца и потреба за дружење со врсниците. На 5 годишна
возраст детето учестувува во игри со врсници од ист пол, веќе во наредниот период
избира најдобар пријател, соработува и се дружи со останатите деца, лесно и слободно
комуницира со возрасните. За децата на возраст меѓу 5-тата и 7-та година, пријателските
врски се привремени – лесно се воспоставуваат и се прекинуваат (Gallahye, 1987;
Roopnarine & Johnson). Иако е релативно независно (само јаде, се облекува, оди на
спиење) и понатаму има потреба од присуството и контрола на возрасните лица.
46
инфериорност. Успехот е основен за градење на сликата за себе, особено во тек на оваа
фаза, бидејќи децата се борат да бидат компетитивни и неинфериорни во однос на другите
деца (Ериксон, 1963).
Во социјален поглед децата сè повеќе се равиваат. Пресудна улога во овој социјален
развој има емоционалната клима во опкружувањето на децата – семејството и
училиштето. Детето поминува сè повеќе време со се поширок круг на деца. Повисокото
когнитивно ниво кај децата на оваа возраст е причина за поквалитетна социјална
интеракција со врсниците и децата започнуваат со формирање на пријателски врски. До 7
годишна возраст пријателските врски се привремени и лесно се воспоставуваат. Пријател
е детето со кое седи во клупа или играат иста игра. На возраст помеѓу 7 и 9 год децата
генерално формираат пријателства со деца од ист пол и возраст (Gallahye, 1987;
Roopnarine & Johnson). Комуникацијата со луѓе надвор од семејството влијае врз развојот
на самопочитувањето како чувство на лична вредност и припаѓање. Децата започнуваат да
се споредуваат со другите, се јавуваат популарни и непопуларни деца. Развивањето на
нови видови на социјална интеракција и компетенција претставува основа за развој на
способноста за комуникација, реципроцитет, емпатија и заедничко решавање на
проблемите (наведено кај Pišot & Paninšec, 2004). Децата на оваа возраст, преминуваат од
фаза на егоцентризам кон фаза на алтруизам.
47
3.5. МОТОРИЧКИ РАЗВОЈ
48
Околу седмиот месец со појавата на опозицијата на палецот се формира фаќање на
предмети како посебно движење, иако попримитивните форми на фаќање, на база на
Дарвиновиот рефлекс на фаќање, можат да се констатираат веќе по раѓањето. Во рамките
на фаќањето, се појавува и носење на поситни предмети, односно се појавува пренесување
на играчките од место на место без придвижување на телото во просторот. Носењето на
потешките предмети во состав на сложените движења, придвижувањето на телото по
тлото повеќе е домен на функционалното усовршување, развивање на силата и
издржливоста отколку самата форма на движењето. Фрлањето е поврзано со фаќањето,
бидејќи фрлањето всушност е волево испуштање на предметите кои претходно биле
фатени помеѓу прстите на раката. Фрлањето во далечина, фрлањето во височина,
фрлањето со намера за погодување на цели во хоризонталната и вертикалната рамнина
повеќе се израз на високото ниво на моторички способности (експлозивната сила,
прецизноста, координацијата), отколку што се прецизни телесни движења.
Превртувањето од грб на стомак и обратно како потполно телесно движење се
јавува помеѓу вториот и третиот месец.
Вртењето на тлото околу надолжната оска на телото за 360º т.е., од положба на грб
преку едната страна, стомакот и другата страна, повторното доведување на телото во
положба на грб, детето може да ја изведе во шестиот месец.
Седењето се формира до 9-тиот месец преку неколку фази.
Ползењето како најелементарна форма на придвижување по тлото и „освојување
на просторот“ се јавува околу шестиот месец. Карактеристично е дека првите промени со
сопствените движења на телото детето ги изведува движејќи се наназад. Ползењето се
јавува помеѓу 7-миот и 9-тиот месец.
Четириножното придвижување по тлото го заменува ползењето околу 9-тиот
месец.
Исправањето и стоењето со помагање започнуваат значително порано, како
самостојно телесно движење е завршено околу 12-тиот месец.
Одењето минува низ четири карактеристични фази почнувајќи од 9-тиот месец, а
поголем број на деца во 18-тиот месец одат самостојно, слободно и сигурно.
49
Трчањето во почетокот е само несигурно брзо одење. Меѓутоа, веќе околу 3-тата
година трчањето ги добива сите биомеханички компоненти на циклично одразување на
нозете од тлото со фаза на лет.
Со појавата на трчањето може да се каже дека скокањето веќе е формирано како
телесно движење, бидејќи трчањето претставува низа на скокови, сепак, извршувањето на
едно поединечно скокање со телото со одразување со двете нозе, а особено со одскок на
едната и доскок на обете нозе, се јавува нешто подоцна од трчањето, но околу четвртата
година детето веќе може да ги изведе сите основни видови скокови.
50
најголемиот број на компоненти од целината на движењата недостасуваат. Специфични
промени се:
51
Период на 4 годишна возраст
Фаза на основни движења – елементарна фаза (Gallahue & Ozmun,1998). На
возраст од 4 години (елементарна фаза) се подобруваат координацијата и
ритамот, децата имаат поголема контрола над нивните движења, но се уште
истите се неспретни и со недостаток на континуитет и флуидност.
4год. Се движи во ритам на музика; оди по права линија нога пред нога, со
раширени раце; вози велосипед на три тркала; слегува по скали нога пред нога;
скока од втората скала; во трчање шутира топка; скока суножно во место; скока
во далечина до 60 см; прескокнува препрека широка 20 см; фаќа фрлени
предмети.
Слика 14
4 години и 4 месеци. Оди косо; фрла топка преку 3 метри; се облекува и соблекува;
прескокнува јаже и обрач.
Слика 15
52
фаќа топка со една рака; фаќа топка во скок; врзува врвки на обувки.
Детето веќе добро ги има совладано основните облици на движење:
одење, трчање, фаќање, фрлање, качување, ползење, влечење, носење,
туркање.Децата се способни да совладуваат елементарни техники од
одредени спортови како скијање, пливање, лизгање, знае да вози
велосипед, ролери, да игра бадмингтон. Машките деца веќе почнуваат
да играат фудбал, девојчињата скокаат ластик, јаже, плочка итн.
Покрај наведените промени во движечките манифестации специфични промени се
случуваат и во останатите сегменти од моторичкиот развој. На возраст од 3 до 4 години,
децата ги усвојуваат просторните односи и вообичаено прво се ориентираат за горе – доле,
потоа напред – назад и на крај ги усвојуваат страните (Kuczaj & Maratsos, 1975, наведено
во Haywood, 2004).
Латерализацијата како свесност дека телото има две страни кои се движат
независно се јавува во периодот околу 4 - тата година (Hecaende & Ajuriaguerra, 1964).
Приближно на возраст околу 4 – 5 години карактеристично е разликувањето на лева и
десна страна (Ayres, 1969; Williams, 1973, наведено во Haywood, 2004). Вообичаено раката
која се јавува како доминантна во раното детство најчесто до 4 годишна возраст, останува
доминантна и понатаму (Sinclar, 1971). Истражувањата потврдиле дека 90% од децата ја
преферираат десната рака, додека само околу 10 % ја одбираат левата (Gallahue, 1987,
наведено во Age group development program).
Визуелната сензација (осетливост) се подобрува во тек на детството, со мали но
значајни придобивки. Посебен напредок има во периодот помеѓу 5 и 7 години (Haywood,
1993). Децата на оваа возраст генерално се далековиди (farsightedness) и не се подготвени
за гледање на блиску во тек на подолг временски период (Gallahue, 1987). После петтата
година се подобрува способноста за следење со очите и контролата на движењата со
очите, визуелната осетливост континуирано се подобрува, но сепак видот кај децата не е
созреан до 9 години (Williams,1983). До 6 – тата година, обработката на информациите кај
децата е многу помала отколку кај возрасните. Ова предизвикува потешкотии во
координацијата очи – рака и очи – стопало. Со развој на свесноста за времето и позицијата
на телото во просторот, кај децата се подобрува координацијата и синхронизираноста
помеѓу деловите од телото (Gallahue, 1987).
53
3.5.4. Карактеристики на моторичкиот развој во периодот на рана училишна
возраст, средно детство 7 – 11 години
54
често постои збунетост за свесноста за телото, просторот, насоката и времето (Gallahue,
1987). До 10 год, кај деца без визуелни аномалии, визуелната активност го достигнува
нивото како кај возрасните (Hаywood, 1993; Getchel, 2004). Проценката за оддалеченоста
на различни објекти варира во зависност од далечината на објектите, се подобрува со
возраста и релативно созрева до 12 години (Collins,1976). Способноста да се следи
предмет кој се движи и да се одговори со соодветно движење се воспоставува околу 12
год (Williams, 1968, 1983). Интеграцијата на видот и слухот се подобрува во периодот
помеѓу 5 и 12 години, додека визуелно – кинестетската интеграција може да продолжи сè
до 11 години (Williams, 1983).
Значаен за моторичкиот развој е развојот на кинестетскиот систем кој ни дава
информација за положбата на деловите од телото во текот на одредено движење,
позицијата на телото во просторот и движењата на телото. Перцепцијата за деловите од
телото се формира различно кај децата. На возраст од 6 години речиси 2/3 од децата ги
идентификуваат деловите од телото, на возраст до 9 години грешките се многу ретки.
Просторната ориентација подразбира локализирање на делови од телото во просторот и
ориентација во просторот и е тесно поврзана и условена од видот. Особено се развива во
периодот помеѓу 6 и 8 години (Haywood &Getchel, 2004).
Способноста за разликување на насоките е поврзана со латералноста и се развива
во периодот помеѓу 6 и 12 години. Со наполнети 10 години, речиси сите деца без грешка
разликуваат лево и десно (Ayres, 1969; Williams, 1973, наведено во Haywood, 2004).
55
4. ВЛИЈАНИЕТО НА ФИЗИЧКОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ ВРЗ
ФОРМИРАЊЕТО НА КОМПЛЕТНАТА ЛИЧНОСТ
56
Примената на игри со правила, доживувањето на победа и пораз, истрајноста во
реализацијата на активностите, упорноста, довербата, емпатијата се елементи кои имаат
значајна улога во моралното оформување на личноста, односно се аспекти на моралното
воспитание кое се остварува преку физичката активност.
Наведените аспекти на влијанието на физичкото воспитание и образование за
полесно усвојување во литературата најчесто се класифицирани како педагошко и
биолошко влијание (Тодоровски, 2007). Оваа поделба е направена пред сè од дидактички
причини, но во практичната работа овие сегменти се во неразделна и единствена целина
што повторно ја нагласува интегралноста во развојот.
57
(однос во кој владее разбирање и блискост, меѓусебно почитување), емпатија
(сочувствување, разбирање за проблемите на другите луѓе), разумност (способност за
донесување решенија во сообразност со разумот), толерантност (неупотреба на насилство
при побивањето на туѓи мислења и ставови во ситуација на застапување на своите
ставови), хуманост (човечност, стремеж за облагородување на човекот), одговорност
(чувство на должност), доследност (постојаност, останување верен на своите ставови и
идеали), самостојност (независност од другите), патриотизам (љубов кон татковината),
достоинственост (углед кој го ужива човекот, чувство за својата вредност), праведност
(непристрасно вреднување на човековите постапки), одлучност (енергично,
непоколебливо и иницијативно постапување), вистинољубивост (настојување и стремеж
да се сознае и да се зборува само точно), оптимизам (животен став за сé што се случува да
се гледа од добрата страна). Моралните особини се дефинирани според Етичкиот речник9
и според инструментот користен во истражувањето „Моралните квалитети на нашите
ученици“.10
Во воспитувањето на овие квалитети преку физичка активност значајна улога
имаат постапките на возпитувачите и наставниците. Утврдено е дека децата во
предучилишната и раната училишна возраст позитивно реагираат на авторитет, фер казна,
дисциплина. Лошо и негативно реагираат на критики (Orlick & Botterill, 1975; Gallahue,
1987; Schmidt, 1993). Овие детски реакции во теоријата на Пијаже за моралниот развој се
именувани како хетерономна моралност или моралност на авторитет и должност, односно
за децата на оваа возраст да се биде добар, значи да се биде послушен, а добро е она што
авторитетот го наредува. (Николовска, 2008).
Од аспект на содржините доминантни стануваат кооперативните игри и игрите на
правила. Избраните активности треба да овозможат позитивни ривалства, самопочитување
и почитување на другите, фер игра и меѓусебна поддршка, додека треба да се избегнуваат
активности кои ќе ги засрамат децата, негативни коментари и омаловажувања. Децата на
возраст помеѓу 7 и 9 години генерално сметаат дека напорот кој го вложиле е причина за
она што го постигнале, додека оние на возраст помеѓу 9 и 10 год делумно ги разликуваат
9
Темков,К. (2004). Етички речник, Скопје:Просветно дело
10
Vukasović, A. (1977). Moralne kvalitete naših učenika,Zagreb:Izdavački zavod Jugoslovenske
akademije
58
улогата на способностите и напорот (Nicholls & Miller, 1984; Brustad, 1993, наведено во
Age group development). Како резултат на ова децата повеќе се насочени кон постигнување
на целта, отколку кон натпревар (Roberts, 1993).
59
Коските го претставуваат пасивниот дел од локомоторниот апарат кој дава
потпора на телото. Движењето на коските е овозможено од контракцијата на мускулите и
предизвикано од нервни импулси, со што се овозможува придвижување на целото тело.
Како резултат на телесното вежбање коските се збогатуваат со калциум, зајакнуваат и се
здобиваат со еластичност. Вежбањето не влијае на должината на коската. Поради
пластичноста на коскеното ткиво во детската возраст и периодот на адолесценција, не е
препорачливо децата и адолесцентите да практикуваат активности како кревање товар,
учество во контактни спортови кои бараат сила, трчање на долги патеки и слични
активности кои може да ја нарушат структурата на коската и да го нарушат нормалниот
тек на развојот.
Како резултат на физичката активност значајни промени се случуваат во кардио –
васкуларниот систем. Од аспект на срцето доаѓа до зголемување на обемот на срцето во
мирување како и зголемување на функционалната дебелина на срцевиот мускул. Доаѓа да
подобување на способноста на срцето да пумпа крв, односно се зголемува ударниот
волумен што резултира со пумпање на поголема количина крв во белите дробови и
зголемување на количината на кислород кој преку крвта се транспортира до активираните
мускули. За време на физичка активност во мускулите навлегува трипати повеќе кислород
отколку во мирување (Beashel et all, 2004). Овие промени резултираат со поефикасна и
поекономична работа на срцето која се манифестира преку намален број на отчукувања во
минута, побрзо враќање на пулсот до нормални вредности во мирување после
поинтензивен напор, односно побрзо оправување; се зголемува и збогатува капиларната
мрежа со што транспортот на крвта е поефикасен, се зголемува бројот на црвени крвни
зрнца.
Зголемената потреба од кислород како резултат на телесното вежбање резултира со
забрзано дишење и зголемена активност на мускулите кои го овозможуваат овој процес –
меѓуребрените мускули и дијафрагмата. Кај тренираните луѓе во споредба со
нетренираните се забележуваат значајни разлики во обемот на градниот кош и во
белодробниот капацитет. Дишењето е подлабоко и се вдишува поголема количина на
воздух. Зголемените перформанси на органите за дишење кај тренираните луѓе
резултираат со поекономична работа која се манифестира преку намален број на
вдишувања во мирување. Со зајакнување на мускулите на градниот кош се овозможува
60
полесно и побрзо истиснување на воздухот со помалку напор. Се збогатува алвеоларната
мрежа (мрежа на дишни каналчиња) со што вдишениот кислород побрзо и поефикасно се
транспортира и искористува.
Покрај наведените ефекти, како резултат на физичката активност доаѓа до
забрзување на метаболизмот што овозможува полесна и побрза разградба на хранливите
материи, побрзо елиминирање на непотребните продукти и отрови од организмот преку
различни механизми пред се преку потењето. Зголемената контракција на стомачните
мускули поволно делува на работата на желудникот и пересталтиката на цревата, се
балансира работата на хормоналниот систем. Се излачува хормонот ендорфин кој влијае
на подобрување на расположението, се намалува стресот, се подобрува сонот,
концентрацијата и сл.
Сите наведени аспекти укажуваат на значењето на телесното вежбање за здравјето
и благосостојбата на целиот организам.
61
техниката и начинот на изведбата на движењето. Односно моторичкото умеење може да
се сфати како преодна етапа во процесот на усвојување на моторичките навики.
(Анастасовски, 1990), се уште недоволно научени движења (Puni,1965)11.
Моторите навики претставуваат автоматизирана изведба на одредено моторичко
движење, вежба или активност, односно моторичко движење кое се изведува по
автоматизам без или со минимално учество на свеста, додека вниманието е насочено кон
останатите елементи од играта, тактиката, правилата и слично. Според Матиќ „навиката е
научена склоност или тенденција некоја активност (однесување или реагирање) секогаш
да се изведува на ист начин“12. Обуката и умеењето на телесните движења им претходат
на моторната навика. Моторичката навика или моторичкото знаење е повисок степен на
совладаност на движењата и може да се повторуваат на ист начин во различни услови.
11
Puni, A., S. (1965) Ogledi is psihologije sporta. Beograd: Zavod za izdavanje udžbenika SR Srbije. str:119.
12
Radovanović, R. (1966) Sistem efikasnog samoobrazovanja. Beograd: Zavod za izdavanje udžbenika SRS. str. 41,
подвлекол M. M.
13
Matic,M. (1978) Cas telesnog vezbanja. Beograd: NIP.Partizan, str.93-100
62
карактеристично е големо интелектуално оптоварување, бидејќи вниманието е насочено
кон секое поединечно движење (Gajič, 1985). Затоа во почетокот на учењето на одредено
движење заморот е многу поголем, а работата е неекономична и напорна. Меѓутоа, оваа
фаза е значајна за натамошното учење.
Во тек на оваа фаза движењето се повторува повеќе пати. Значајно за процесот на
учење на телесните движења е формирањето на јасна визуелна претстава (процес на
визуелизација) за движењето кое треба да се изведе. Визуелизацијата се остварува преку
правилното демонстрирање на движењето, кратки појаснувања, имитацијата на
природните форми на движење и слично. Откако ќе се создаде престава за движењата се
преминува кон практично изведување на движечката задача и истата се повторува повеќе
пати.
Со секоја повторена изведба на движењето се забележуваат нови елементи, се
ослободуваат блокираните зглобови и постепено се елиминираат излишно активираните
мускули, работата ја продолжуваат само оние кои учествуваат во реализирањето на
движењето. На овој начин се преминува во втората фаза во учењето на движењата, фаза
на диференцијација. Во текот на оваа фаза неодредените и нејасни моторни претстави и
чувства стануваат сè појасни и прецизни, а движењата стануваат усогласени, економични
и точни, се регулира мускулната контракција на агонисстите и антагонистите. Во тек на
фазата на концентрација се менува и раководењето со движењето. Движењето кое
претходно било управувано од кората на големиот мозок, постепено поминува на пониско
ниво на управување, што значи се помало учество на свеста во изведбата. Во оваа фаза
вообичаено се формира една водечка алка на движењето, односноелемент кој е
доминантен и понатаму го води движењето. Во оваа фаза посебно внимание треба да се
обрати на греките кои може да се јават и нивно корегирање.
Кога движењето е управувано од проприорецепторите, а движењето е сè помалку
под учество на свеста, движењето е формирано. Таквото движење има просторна,
временска и динамичка структура, односно процесот на учење на движењата поминува во
последната фаза или фаза на автоматизација. Во оваа фаза движењата се
рационализирани, нема непотребно ангажирани мускулни групи, движењето се изведува
автоматски, без учество на свеста, а вниманието е насочено кон други елементи:
околината, условите, другите учесници во играта, тактиката (доколку станува збор за
63
натпревар) и слично. Со натамошното увежбување и изведба на наученото движење во
нови и отежнати услови, стекнатите автоматизми постепено се стабилизираат (фаза на
стабилизација) и се градат услови за изведба на друго посложено движење.
Времетраењето на процесот на учење на телесните движења, односно процесот на
формирањето на моторичките навики е условено од повеќе фактори меѓу кои позначајни
се: бројот и нивото на претходно усвоените движења, моторичкото искуство, степенот на
развиеност на моторичките способности, степенот на непознавање на новото движење и
слично (Kukolj, 2006). Претходно усвоените движења може да го олеснат учењето на
новото движење (позитивен транфер) или да го успорат и отежнат овој процес (негативен
тансфер).
Ефикасноста на учењето се заснова на меѓусебната поврзаност на „обидите и
грешките“, односно прилагодувањето на новите движења на прикажаниот модел. Учењето
ќе биде поуспешно, односно процесот на усвојувањето на моторичката навика ќе биде
пократок во колку вежбањето е често, се врши навремена и соодветна корекција на
грешките, се отстрануваат битните грешки кои суштински влијаат на правилната изведба
на движењата и истите се корегираат брзо и ефикасно.
Моторичкото учење е слично на когнитивното учење. При дефинирањето на
моторичкото учење кое е сфатено како процес на усвојување на моторичките навики и
одредено моторичко однесување, значајни се четири основни карактеристики:
1) Учењето е процес преку кој се развива способноста за изведба на одредени научени
движења;
2) Учењето се одвива како резултат на практично вежбање или искуство;
3) Учењето не може да се набљудува директно (како што е случај со когнитивното
учење), бидејќи претставува процес кој предизвикува промени во однесувањето кои
промени се внатрешни и не може директно да се проценат;
4) Учењето предизвикува релативно трајни промени во способноста за
манифестирање на вештините и умееењата (Schmidt,R & Lee, T, 2005).
Моторичкото учење и промените кои настануваат како резултат на овој процес
може да се прикажат преку кривата на учење. Хоризонталните линии укажуваат на фаза
на успорен напредок во учењето додека вертикалните линии го покажуваат процесот на
активно учење (Nichols, B, 1986)
64
Графикон 1. Крива на учење
Извор: Nichols, B. (1986) Moving and learning, the elementary school physical education experience.
65
односно губење на одредена претходно научена моторичка форма, односно движењето да
не може да се репродуцира (Schmidt,R & Lee, T, 2005). За разлика од когнитивното учење
каде процесот на заборавање настапува порано, кај моторичкото учење заборавањето оди
многу споро, односно во кората на големиот мозок во моторичката зона се прават записи
за усвоеното движење кои се релативно трајни и не се менуваат после подолг период (пр:
возење велосипед, скијање, пливање и сл) (Schmidt,R & Lee, T, 2005).
66
Цел на третата етапа, техничко усовршување на движењето, ослободување од
непотребните движења, односно формирање на моторни умеења е усвојувањето на
деловите од движењето или целото движење до степен на умеења, односно степен во кој
свеста е активно вклучена. Учениците се запознати со елементите од техниката, неговите
карактеристики (просторни, временски и енергетски) специфичните моменти на кои треба
да се фокусираат при изведбата. Со повторувањето на движењето истото се ослободува од
непотребните движења и непотребно ангажираните мускулни групи, се откриваат и
корегираат грешките, движењето се изведува со поголема брзина, ритам, посигурно и
поефикасно со што се зголемува самодовербата и мотивацијата за продоложувањето со
активноста.
Последната етапа подразбира зацврстување на движењето до степен на
автоматизација и преминување во моторичка навика која се зацврстува преку повторени
изведби на движењето со поголема сила и во нови нестандардни услови. Се намалува или
целосно се исклучува учеството на свеста во реализацијата, вниманието и мисловните
потенцијали се насочени кон условите и средината во која се остварува движењето.
Зацврстувањето на моторичките навики вклучува елемент на усовршување кој е особено
значаен за децата во предучилишната и раната училишна возраст кога организмот сеуште
е во фаза на раст и развој. Промените во морфолошките и функционалните капацитети
даваат можност за поголемо физичкото оптоварување (Рачев и сор, 1998).
Од аспект на управувањето со движењата истите се под директна контрола на
централниот нервен систем и се хиерархиски структурирани. Општо прифатен е моделот
на Бернтајн, според кој модел контролата на мускулната работа се остварува на 5 нивоа на
централниот нервен систем. Првото и второто ниво се најниско ниво на регулација,
први се јавуваат во регулацијата на движењата и се наоѓаат најниско на хиерархиската
систем на управување. Под контрола на првото и второто ниво се моторичките својства.
Третото и четвртото ниво на регулација на движењата се однесуваат на
помладите структури во нервниот систем, повисоко ниво на управување на движењата кое
се однесува на регулација на техниката на изведба на движењата. Последното петтото
ниво на контрола на движењата, основата ја има во високите кортикални центри од кои
зависи симболичката координација и истите се одговорни за ефикасност во тактичкото
решавање на задачите (Kukolj, 2006).
67
6. ТЕЛЕСНИТЕ ВЕЖБИ КАКО СРЕДСТВО НА ФИЗИЧКОТО
ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
68
6.1. АНАЛИЗА НА ТЕЛЕСНИТЕ ВЕЖБИ
69
поголема амплитуда во одделени спортски дисциплини (пр: гимнастика, ритмичка
гимнастика, уметничко лизгање) се вреднува со повисока оценка. Покрај тоа изведбата на
движења со поголема амплитуда има поголемо влијание на организмот и значајна уога во
развивање на одредени специфични и општи моторички способности.
Во временски елементи на телесното движење се вбројуваат: брзина и
истовременост на движењето.
Брзина. Од аспект на брзината на изведбата на движењата, истите може да бидат
изведени брзо, умерено, бавно. Брзината на движењето на телото и на поединечните
делови зависи од техниката на изведување на елементот. Секој елемент има своја
оптимална брзина на изведување.
Истовременост и повторливост на движењето. Во исто време се изведуваат
движења со повеќе делови на телото, во различни насоки и со различна брзина.
Истовременото изведување на поединечни сегменти од техничката изведба се применува
при изведување на поголем број на елементи. Пример: за да се изведе скок шут во
кошарка, замавот со рацете и нозете кон горе и напред треба да се изведе во исто време со
одразувањето со нозете. Несинхронизираната изведба на овие движења ја нарушува
структурата на движењата, елементот не може да се изведе или ќе се изведе со нарушена
структура со што се намалува ефикасноста на изведеното движење.
70
Траење на движењето: Според траењето на изведбата, вежбите можат да бидат
краткотрајни, среднотрајни и долготрајни. Експлозивните движења при фрлање на
предмети, припаѓаат во група вежби со краткотраен карактер, скокање во далечина во
група вежби со средно времетраење, а трчање во група на долготрајни вежби. Во процесот
на учење траењето на изведбата на поединечните движења со делови на телото и
движењето на целото тело тешко се совладува 14.
Карактеристики на движењето. Според карактерот на движењето разликувме
вежби со динамичко мускулно напрегнување - динамички вежби, кои се карактеризираат
со наизменично свиткување и испружување на мускулите, а како резултат се јавува
преместување на делови на телото и целото тело во просторот. Статичките вежби се
карактеризираат со мускулни напрегнувања кои обезбедуваат задржување на определена
положба на телото или на целото тело. Како дополнително оптоварување за вежбачот
претставува преминот од изведување на динамички елементи во статички и обратно.
14
Ilic,D. (1999) Motorna kontrola i ucenje brzih pokreta. Beograd: Zadudjbina Andreevic.
71
Познавањето на карактеристиките на движењето е значајно од аспект на создавање
на појасна претстава за секое движење, соодветен избор на предвежби кои ќе се
применуваат во процесот на учење, утврдување на степенот на усвоеност на техниката на
движењата, анализа и вреднување на научените и помалку научените делови од техниката
и сл.
6.2. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ТЕЛЕСНИТЕ ДВИЖЕЊА
72
6.3. СОДРЖИНИ ВО ФИЗИЧКОТО ВОСПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ
73
Локомоторни вештини – одење, трчање, скокање, скокање во низи,
подскокнување, ползење, прескокнување, галопирање, тркалање, качување,
провлекување, лизгање, пропулзија низ вода
Нелокомоторни вештини – вртење, ротирање, нишање, балансирање, свиткување,
спуштање, истегнување, увинување, висење.
Манипулативни вештини: одбивање, носење, фрлање, фаќање, додавање,
дриблање, тркалање, удирање со рака, заробување, удирање со нога.
Сите наведени форми на движење се јавуваат во различен период од развојот на
детето. Нивното јавување е детерминирано од степенот на развој на централниот нервен
систем, но секогаш се јавуваат и развиваат по еден утврден непроменет редослед кој е ист
за сите индивидуи (константност на развојниот ред), независно од индивидуалното
темпото на развој. Динамиката на јавувањето на фундаменталните движечки вештини
подетално е разработена во поглавјето 3.5.1.
74
недостасува фазата на лет. Како и кај одењето и кај трчањето се разликуваат различни
видови како на пр: слободно трчање, споро, умерено, брзо трчање, трчање со високо
подигнати колена, трчање на прсти, трчање по рамен и нерамен терен, преку препреки,
змијулесто трчање, цик – цак трчање и сл (Тодоровски, 2007; Матиќ, 1978). Преку
примена на различни начини на трчање, во различни услови се јакне мускулатурата на
долните екстремитети и се влијае на подобрување на брзината, експлозивната снага на
нозете, координацијата и сл.
75
скок со една и две нозе напред, назад, во страна, наизменични скокови во страна и напред,
скок во височина, скок во далечина, скок во длабочина, скок преку препреки, скок со јаже,
стилизирани скокови (еленски, детски поскок), имитации (скок како зајак, скок како жаба)
и сл. Скоковите позитивно влијаат пред сè на развојот на мускулатурата на долните
екстремитети. Со нивна примена позитивно се влијае на развојот на експлозивната снага,
координацијата, издржливоста, брзина на движење со нозете и сл. Поради поголемото
оптоварување и поголем интензитет на работа кој се јавува при примена на скоковите,
потребно е да се предвидат соодветни паузи, како и примена на вежби за истегнување за
доминантно ангажираните мускулни групи.
76
Дигање и носење. Претставуваат форми на манипулативни активности кои се
поврзани со манипулација и транслокација на предмети кои може да бидат вреќички со
песок, топки, јажиња, обрачи, чуневи, столчиња, масички, коцки и други предмети од
опкружувањето на децата. Зависно од формата и големината на предметите, истите може
да се креваат со една или со две раце и да се носат индивидуално, во парови, тројки и
поголеми групи. Придонесуваат кон доминантно јакнење на мускулатурата на рацете,
раменскиот појас и трупот.
77
7. МОТОРИЧКИ СПОСОБНОСТИ
Моторичките способности15 се индивидуални, резултат на целосното ангажирање
на човекот, не се јавуваат одвоено и зависат од вродените особини и стекнатите
способности. Моторичките способности ги објаснуваат разликите меѓу луѓето и се
менуваат под влијание на систематски тренинг. Тие ги обединуваат физичките квалитети,
биохемиските процеси и функционалните промени (Kukolj, 2006). Моторичките
способности покажуваат одредено ниво на развиеност на основните движечки латентни
димензии на човекот кои овозможуваат изведба на одредени движења. Тие се основна
вредност во просторот на човековата моторика преку кои човекот комуницира со својата
средина.
Постоењето на моторичките способности првенствено е одредено од наследството
или она што поединецот го носи како потенцијал и од влијанието на средината. Тие се
релативно постојани, траат цел живот и се основа за формирање на моторичките навики.
Постоењето на способностите е скриено сè до моментот на човековата активност, за која
треба одредена способност. Манифестирањето и подобрувањето на способностите се
остварува единствено преку функционирање (Gajič, 1985).
Моторичките способности се невидливи, односно егзистираат во т.н латентен
моторички простор. Со едноставни или сложени моторички движења (тестови) се
предизвикуваат нервно – физиолошки процеси, а реакциите од тие процеси се
регистрираат, мерат, вреднуваат и споредуваат. Моторичките способности се мерат
индиректно со различни мерни инструменти при што се доаѓа само до нивна проценка
(Bala, 1990). Тестовите кои се применуваат треба да бидат стандардизирани, со
задоволителни мерни карактеристики соодветно на возраста. Тестовите кои се
применуваат во проценката на моторичките споосбности на децата се специјално
конструирани за таа намена или модифицирани и прилагодени на можностите на децата.
Секој поединец има различен степен на развиеност на моторичките способности.
Индивидуалните разлики во нивното манифестирање се резултат на генетските
15
Поимот моторички способности во литературата се среќава и како: биомоторички (Opavski, 1975),
латентни моторички димензии (Momirović, 1970; Kurelić i sar, 1975) психомоторички, физички својства
(Zaciorski, 1975), антропомоторички димензии (Kukolj, 1993). За потребите на овој труд ќе го користиме
помот моторички способности.
78
предиспозиции, индивидуалното темпо на развој, активностите на поединецот во
онтогенетскиот развој и влијанијата од надворешната средина (Kukolj, 2006).
Во просторот на човековата моторика егзистираат моторичките способности: снага,
координација, брзина, флексибилност, рамнотежа, прецизност и издржливост. За секоја од
овие способности детално ќе ги разработиме нивното дефинирање, поделби, критични
периоди на развој и методи за развој, следење и вреднување, степенот на вроденост и сл.
7.1. СНАГА
16
Авторот Јовановски, Ј (1998) терминот снага го заменува со силина, како термин посоодветен за
македонскиот литературен јазик.
17
Kukolj, M. (2006). Antropomotorika. Fakultet sporta i fizickog vozpitanja. Beograd
18
Kurelić i sar.(1975) Struktura i .........1975. str:9-10.
79
Репетативната снага е дефинирана како динамичка способност за развивање на
мускулна сила која овозможува повторување на некои едноставни движења поврзани со
подигнување или поместување на тежината на товарот или телото, односно способност за
репетативно поместување на тежината или на телото со совладување на отпор со
изотоничка контракција на мускулите.
Статичката сила е способност за подолго задржување на изометриска контракција
на мускулите со која телото или одделни делови од телото се задржуваат во одредена
положба.
Заедничко за статичката сила и репетативната снага е совладувањето на отпорот во
приближно исто време, додека поврзаноста помеѓу статичката сила и експлозивната снага
е објаснето со активирање на поголем број мускулни единици. Експлозивната снага се
поврзува со поимот енергија, додека репетативната снага се поврзува со поимот моќ.
Покрај акционите фактори на снага, се јавуваат и тополошки фактори на снага:
снага на рацете и раменскиот појас, на трупот и снага на нозете.
Последниот критериум за поделба на снагата е според односот меѓу мускулната
снага и телесната тежина. Во однос на овој критериум разликуваме апсолутна и релативна
снага. Под релативна снага се подразбира снага ан 1 кг сопствена тежина (Zaciorski,
1975), додека под апсолутна снага се подразбира снагата која се манифестира при
одредено движење не земајќи ја предвид сопствената тежина.
Периоди на развој. Снагата се зголемува постепено со растот на детето. На помала
возраст не постојат разлики во однос на снагата помеѓу машките и девојчињата, додека на
7 год доаѓа до диференцијација, односно поизразени мускулни облици кај машките
наспроти женските деца (Findak, 1995, Pišot & Planinšec, 2005). Снагата и мускулната
издржливост продолжуваат линеарно да се зголемуваат со возраста сè до период од 13 –
14 годишна возраст (Malina & Bouchard, 1991). Сензитивен период19 во развој на снагата е
периодот од 13 – 14 години и перидот од 17 – 18 години, статичката издржливост
интензивно се развива во периодот од 14 – 15 години (Kukolj, 2006). Коефициентот на
вроденост на снагата е релатино низок х = 0.50, што дава можност за нејзино подобрување
со примена на соодветни активности.
19
Периоди со високо темпо на пораст на моторичките способности,односно најголем степен на реакција на
организмот на надворешните стимулуси (телесни вежби) што резултира со потикнување на развојот на
моторичките способности (Kukolj, 2006)
80
Во периодот на предучилишната и раната училишна возраст лигаментите, тетивите
и мускулите стануваат појаки, но не се подготвени да издржат тешко надворешно
оптоварување (Hughston, 1986; Portmann, 1993). Во периодот на раната училишна возарст
изведбата на движењата интензивно се подобрува. Како резултат на ова подобрување
доаѓа до значајно зголемување на мускулното ткиво и мускулната маса, што резултира со
развој на снагата (Gallahue, 1987; Malina & Bouchard,1991).
81
7.2. КООРДИНАЦИЈА
82
координацијата како моторичко својство, односно на нејзината улога на база во
формирањето на останатите способности. Развојот на нервниот систем условува
напредување на моторичкиот развој и услови за подобрувањето на координацијата.
Методи на проценка. Некои од тестовите кои се користат за проценка на
координацијата се: координација со палка, полигон назад, слалом со 2 топки, тркалање со
топка, тркалање топка околу обрач, одење по дрвени скали наназад, чекори во страна,
трчање цик – цак, префрлување на топка околу телото, тркалање топка околу стопалата,
градење столб од пластични коцки, составување коцки по големина, градење столб од
големи лесни коцки и др.
7.3. БРЗИНА
83
менување на насоката на движење (агилност); 2) фактор за брзо трчање (краток спринт),
поврзан со репетативна и експлозивна снага и 3) фактор на сегментарна брзина
(фреквенција на одредени движења) каде се среќава максимална фреквенција на одделни
движења со константна брзина. Како посебен вид на брзина, која нема корелација со
брзината на движење се издвојува брзината на реакција на визуелни и звучни
надразнувања која се идентификува со латентното време на реагирање и опфаќа период од
појава на надворешна дразба до почеток на моторички одговор. Според Метикош (1989)
брзината е основна моторна способност во многу спортови која има значајно влијание и во
спортските дисциплини каде резултатот зависи од сосема други способности.
20
Age group development program...
84
киселина (Portman, 1993). Ова е значајно да се има во предвид знаејќи го фактот дека
претпубертетските деца не се подготвени целосно да ја отстранат млечната киселина и
затоа имаат помалку способности да се спротивстават на вежбањето со висок
субмаксимален интензитет (Bar – Or, 1983). Манифестирањето на брзината зависи од
формираноста на нервно – мускулниот систем и биохемиските процеси, од кои зависи
брзината на контракција.
Методи на проценка. За проценување на брзината се користат бројни моторички
тестови. Некои од нив се: трчање 10м летечки старт, трчање 4 х 10м, змијулесто трчање 4
х 5м. За проценка на сегментарната брзина најчесто се применуваат тестовите: тапинг со
рака, тапинг со нога, тапинг со нозе во ѕид, тапинг со рака на четири полиња.
7.4. ФЛЕКСИБИЛНОСТ
21
Perič, D (2003). Antropomotorika…..str 155 – 156.
22
Наведува Haywood,Getchell (2004) Life span development….
86
деца во второ одделение, односно 7 – 8 години. Опаѓањето на флексибилноста со возраста
се смета дека е резултат на порастот на коските во должина, што е проследено со
издолжување на мускулите (Micheli, 1984). Со порастот на возраста се зголемуваат и
варијациите во флексибилноста како резултат на физичката активност, односно поголемо
опаѓање е забележано кај оние кои се физички неактивни за разлика од физички
поактивните деца. Големото влијание на физичката активност во одржувањето на
флексибилноста е резултат на релативно нискиот коефициент на вроденост на оваа
способност.
Покрај возраста и полот, флексибилноста зависи и од периодот на денот во кој се
вежба (најголема флексибилност се забележува меѓу 10 и 18 часот), видот на физичкото
вебање, психичката напнатост, надворешната температура, вежбите за загревање и сл.
(Kukolj, 2006).
Методи на проценка. За проценка на флексибилоста кај децата во предучилишна
и раната училишна возраст се применуваат некои од следниве тестови: длабок претклон
на клупа, разножување од лежење на грб, претклон расчекорно на под, седни и дофати и
др.
7.5. РАМНОТЕЖА
87
Во своите истражувања Курелиќ и сор (1975) покрај овие два вида на рамнотежа
изолираат уште еден – фактор на балансирање на предмети.
23
Gajic,M. (1985) Osnovi motorike coveka…
88
7.6. ПРЕЦИЗНОСТ
89
гаѓање со топче во хоризонтална цел со рака, гаѓање со топче во вертикална цел со нога,
додека за проценка на прецизноста со водење се прперачуваат тестовите: гаѓање со краток
стап и гаѓање со долг стап.
7.7. ИЗДРЖЛИВОСТ
90