You are on page 1of 21

Експлозиви-класа 1

Експлозиви-класа 1
• Експлозивните материи се такви соединенија или смеси кои хемиски многу
брзо се менуваат, притоа ослободувајќи големо количество енергија. Хемиската
промена кај експлозивните материи може да се предизвика со механички удар,
со триење, со искра или со топлина.
• Во експлозивни материи спаѓаат: експлозиви и средства за активирање на
експлозиви, пиротехнички смеси, барут и суровини за производство на
експлозиви кои имаат експлозивни својства. Имено, под експлозивни својства
се подразбираат позитивен притисок (краткотрајност, големиот притисок
избива, надвор од седиштето на експлозијата) и негативен притисок (разлика
во низок притисок, долготрајност, кон седиштето на експлозијата).
• За некоја материја да се смета за експлозив мора да задоволува три основни услови:
• при експлозијата да развива енергија која предизвикува механичка работа,
• нејзините продукти да бидат во гасовита агрегатна состојба и
• експлозијата да се одигра во кратко време.
• Енергијата што се ослободува во процесот на хемиската трансформација на експлозивните
материи е во вид на топлина, која понатаму се трансформира во кинетичка енергија на гасови,
способни за кратко време да извршат голема механичка работа. Со оглед на факот дека денес во
практична примена се наоѓаат голем број експлозивни материи, постојат и голем број поделби
на истите. Сепак, најчеста е поделбата според нивната примена, и тоа на следниве четири
групи: иницијални, бризантни, потисни експлозивни материи (барути) и пиротехнички смеси.
• Иницијални се оние експлозивни материи кои при едноставни надворешни влијанија (удар, искра,
триење) можат да детонираат во многу мали маси и при тоа да предизвикаат експлозивен процес кај
други експлозивни материи. Затоа, во практика се употребуваат за иницирање на останатите
експлозини материи. Денес постојат голем број хемиски соединенија со својства на иницијални
експлозивни материи, но мал е бројот на тие што ги исполнуваат потребните норми и стандарди за
нивна примена во практиката. Најважните иницијални експлозивни материи се поделени во следните
групи на хемиски соединенија: фулминанти, азиди, феноли и ацетилиди.
• Бризантните експлозивни материи во литературата можат да се сретнат и под името секундарни или
разорни. Од другите се разликуваат по многу поголемата стабилност и постојаност на надврешни
влијанија. Детонираат под дејство на многу посилен надворешен импулс во однос на иницијалните
експлозивни материи. Основен облик на хемиската претворба е детонацијата, меѓутоа зголемувањето
на брзината на реакцијата е многу помало отколку кај иницијалните експлозивни материи.
• Речиси сите бризантни експлозивни материи се добиваат со “нитрирање”, т.е. со
воведување на една или повеќе нитро групи во некој органси молекул. Согласно со тоа,
во практиката постојат три групи на бризантните експлозивни материи, коишто
меѓусебно се разликуваат по начинот на “врзувањето” на нитро-групите:
• C – нитро-соединенија
• N – нитро амини
• O – нитрати естери.
• Најпознат претставника кај првата група е тринитротолуенот, кај втората – хексогенот и
октогенот и кај третата – китроглицеринот и пентритот. Постојат и голем број смеси на
овие и други експлозивни материи.
• Потисни експлозивни материи (барути) се хемиски соединенија или смеси кај кои што
експлозивниот процес – хемиската претворба се врши исклучиво со термичка спроводливост.
Така, брзината на согорување во нормални услови е релативно мала (од неколку мм/с до неколку
дм/с).
• Според хемискиот состав, потисните експлозивни материи се делат на хомогени и хетерогени.
Хетерогените главно се физичка смеса на оксидание и горивна материја, на пр. црниот барут,
некои ракетни горива и др. Хомогените (се нарекуваат уште и малкучадни) претставуваат
молекулска композиција на оксидациското средство и на горивната материја. Хомогените потисни
експлозивни материи, во зависност од бројот на активните експлозивни компоненти, се делат на
еднобазни, двобазни и трибазни барути.
• Пиротехничките смеси се дефинирани како смеси што согоруваат со јасен или обоен пламен,
развиваат топлина, чад или одреден звучен ефект.
Класификација на експлозивните материи во групи на опасност и компатибилност

• од веќе изнесеното може да се констатира дека кај различни експлозивни материи, за да се


предизвика експлозивен процес потребни се енергетски различни импулси. Исто така,
различни експлозивни материи во експлозивниот процес ослободуваат различно количество
топлинска енергија во единица време. Аналогно на тоа, различен е карактерот и степенот на
опасноста од одредена експлозивна материја во процесот на нејзиниот развој, производство,
испитување, складирање, транспорт. Така, група на експерти од Комитентот за транспорт на
опасни стоки при ООН има развиено систем за класификација на опасните материи, каде што
спаѓаат и експлозивните материи. Оваа класификација има цел да се олесни идентификацијата
на потенцијалната опасност и соодветно на тоа, да се обезбеди потребното ниво на заштита на
луѓето и на материјалните добра во и надвор од загрозената зона, од влијанието на
евентуалната експлозија или пожар. Според оваа класификација, а врз основа на доминантните
разлики или опасности што ќе следат, сите видови опасни стоки се поделени во девет класи.
Класификација на експлозивните материи во групи на опасност и компатибилност

• Според дефиницијата на ООН, опасните стоки од “Класа 1” опфаќаат: експлозиви или експлозивни
супстанци и предмети што содржат една или повеќе експлозивни супстанци, освен оние што се премногу
опасни за транспорт или оние кај кои доминантната опасност е соодветна на друга класа. Врз основа на оваа
дефиниција, практично сите видови на конвестиционална (неконвенционална) муниција и експлозивни
материи, коишто може да се најдат во промет, се идентификуваат како Класа 1 на опасни стоки.
• Класата 1 на опасни стоки, според очекуваната опасност во случај на несреќа, е поделна на шест групи, и на
тринаесет групи на компитабилност, со цел за раздвојување при транспортот и при складирањето.
• Во зависност од конструкцијата, од експлозивните карактерисики и од начинот на пакување, сите видови
експлозивни материи и средства лаболирани со експлозивни материи во Класа 1, може да се поделат во
групи на опасност, како што е прикажано во Табела 1. Секоја од групите на опасност го означува карактерот
на доминантната од присутнуте опасности во несреќните ситуации. Таквата поделба на експлозивните
материи може да се искористи за одредување на “растојанието на раздвојување” на местото на
потенцијалната експлозија од штитените објекти во случај на експлозија.
Класификација на експлозивните материи во групи на опасност и компатибилност
Група на опасност Својства на артиклите и вид на очекуваната опасност Степен на очекуваната опасност
1.1. Супстанци и предмети што имаат својство да детонираат во маса (експлозија Голем ризик на воздушен ударен бран и помал ризик од парчина
каде вклупната маса на експлозивните материи практично истовремено е со голема брзина или топлинско дејство.
опфатена со експлозивниот процес).
1.2. Супстанци и предмети што имаат својство да детонираат и содржат опасност Голем ризик од расфрлување на тешки или лесни парчиња,
од разлетување на парчина, но не опасност од детонација во маса. запалени парчиња и неексплодирана муниција која може да
експлодира во точката на ударот и така да се прошири пожарот
или експлозијата.
1.3. Супстанци и предмети кај кои постои опасност од силен пожар. Појавата Голем ризик од голем пожар и мали ризици од расфрлување на
може да биде проследена со помали експлозии и разлетувања, но не и со горивни материи и запалена амбалажа.
опасност од детонација во маса.
1.4. Супстанци и предмети што не претставуваат поголема опасност. Присутна е Постојат ризици од минимални пожари, ограничени на
опасност од умерен пожар. Ефектите претежно се ограничени на пакувањето, амбалажата и артиклите (муницијата) што се наоѓаат во неа.
а не се очекува разлетување на фрагменти со значителна големина.
1.5. Многу неосетливи експлозивни материи кои детонираат во маса. Толку Мали ризици од ограничен пожар.
неосетливи, што веројатноста да се запалт или нивно согорување при
нормални транспортни услови е многу мала. Минимално барање за таквите
експлозивни материи е тие да не детонираат при надворешно опкружување.

1.6. Екстремно неосетливи предмети кои не детонираат во маса. Овие предмети


содржат само екстремно неосетливи експлозивни материи.
• Со оглед на принципите на транспорт и складирање, експлозивните материи и производите лаболирани со нив (муницијата),
според препораките на ООН, можат да се класифицираат во една од тринаесете соодветни компатабилни групи на сигурност,
кои се обележани со латински букви од A до S.
• Група А: Иницијални експлозивни материи. Примери за оваа група се влажен оловен азид, влажен оловен
тринитрорезорцинат, влажен живин фулминант, влажен тетразен, сув хексоген, сув пентрит и др.
• Група B: Иницијални средсства кои немаат две или повеќе независни осигурувања, односно артикли кои содржат иницијални
екслозивни материи и се проектирани така што имаат постојано отворен иницијален синџир. Такви примери се: детонатори,
детонаторски каписли, иницијални каписли за стрелачка муниција и запалки без прекинат иницијален синџир.
• Група C: Барути, барутни полнења, цврсти горива за ракетни мотори и муниција што содржи цврсти погонски полнења, со
или без иницијални каписли. Примери се еднобазните, двбазните и трибазните барути, композитни горива за рекетни мотори
итн.
• Група D: Црн барут, бризантни експлозивни материи и производи коишто содржат бризантни експлозивни материи, во сите
случаи без сопствен начин на иницирање и без погонско полнење, како и посебни уреди за иницирање кои имаат прекинат
иницијален синџир. Такви примери се: експлозиви за уривање (тринитротолуен, смеса од тринитротулен и хоксоген,
пластични експлозиви, стопански експлозиви и др.), мнозинство разорни проектили, авиобомби, противтенковски мини инт.
• Група E: Муниција која содржи бризантни експлозивни материи, без сопствен начин на
иницирање, со цврсто погонско полнење. На пример: поголемиот дел од артилериската муниција,
водени и неводени рекети.
• Група F: Средства кои содржат бризантни експлозивни материи, со сопствен начин на
иницирање, со или без цврсто погонско полнење. На пример: рачни одбранбени бомби,
противавионска муниција и др.
• Група G: Пиротехнички смеси (кои по активирањето манифестираат светлосен, запалив, чаден
или ефект на солзење) и средствата што ги содржат тие смеси, освен средствата што се
активираат во присуство на вода или воздух и оние што имаат запалива течност или гел
(желатин). Карактеристични примери се: сигналните рекети, трасери, муницијата за специјална
намена со светлосни, со запаливи и со чадни проектили, како и останатите уреди што
произведуваат гас или солзавец.
• Група H: Средства што содржат експлозив и бел фосфор или друг вид на самозапалива материја. На пример: муниција со
чадни проектили, чиешто полнење е бел фосфор, пластифициран бел фосфор или некоја друга самозапалива материја.
• Група J: Средства што содржат заедно бризантни експлозивни материи и запалива течност или гел, поинаква од онаа што
се активира во допир со водата или со атмосферата. Пример: течно или желатинско полнење кај запаливата муниција, уреди
со аеросолни експлозиви, течно гориво за рекети и торпеда.
• Група K: Предмет што содржи експлозив и токсичени хемиски агенси. На пример: алтирелиска и минофрлачка муниција,
гранати, рекети и бомби наполнети со смртоносни или онеспосубувачки хемиски агенси.
• Група L: Средства и експлозивни материи што не се вклучени во други компатабилни групи и кои бараат специјална
изолација при транспортот и складирањето. Карактеристични примери се: уреди што се активираат со вода, рекетни мотори
со течно гориво, одредени уреди со аеросолни експлозиви, триетилалуминиум, како и оштетена муниција од која било
група.
• Група N: Средства коишто содржат само екстрено неосетлива експлозивна материја.
• Група S: Средства што не претставуваат значителна опасност. Овде спаѓаат средства кои се така запакувани или сочинети
што какви било опасни ефекти настанати со нивно случајно активирање се ограничуваат во самата амбалажа, освен ако таа
не е оштетена од огнот. Во тој случај, сите ефекти на експлозијата или разлетувањето на фрагментите се ограничени до
толкава мерка што не го попречуваат или не го оневозможуваат гаснењето на пожарот или другите обиди за спречување на
опасноста во најблиската околина на пакетот (сандакот).
Складирање на експлозивните материи
• Правните лица што произведуваат експлозивни материи, или се занимаваат со промет на експлозивни материи или
тие материи ги употребуваат во вршењето на својата редовна дејност, можат да складираат такви материи само во
магацини посебно одобрени и изградени за таа намена.
• Магацини за складирање на експлозивни материи надвор од кругот на правните лица кои се занимаваат со
производство на овие материи можат да се лоцираат само на површини кои за таа намена се определени со
просторните или урбанистичките планови или во општите акти на општината со кои се регулираат режимот и
условите на градење во населените места.
• Во просторните и урбанистичките планови или во општите акти на општината, со кои се регулираат режимот и
условите на градење во населените места, мора да се предвиди и заштитна зона околу магацините за сместување
на експлозивни материи.
• Површините на кои се поставуваат преносни магацини (во натамошниот текст: контејнери), или се градат
продавници и прирачни складови за складирање на експлозивни материи, не мораат да бидат определени со
просторните и урбанистичките планови или со општите акти на општината со кои се регулираат режимот и
условите на градење во населените места.
• Експлозивните материи се складираат и чуваат на посебно определени и изградени
магацини, во склад со важечките прописи. Локацијата на објектите во кои се складираат
експлозивните материи мора да биде на пропишана одалеченост од населби, училишта,
болници, јавни објекти, патнички терминали и слично.
• Експлозивните материи во магацините се складираат во оргинално фабричко пакување и
може да се распоредуваат според соодветен начин. Ако се во дрвени сандуци може да се
сместат на полици или не, а ако се во картонски кутии тогаш мора да бидат сместени на
полици.
• Експлозивите мора да се редат на полици на најмала висина од 10 cm од подот на
магацинот. Горната ивица на дрвените сандуци, не смее да биде повисока од 1,5 m од
подот, а горната ивица на картонските кутии не сме да биде повисока од 1,2 m од подот.
• Поради вентилацијата, висината на слободниот простор од складираните
експлозивни материи до таванот на просторијата не смее да биде помала од 60
cm.
• Детонирачките капсули и електричните детонатори може да се складираат само
спаковани во сандуци и тоа на дрвени полици најмалку во два реда, еден позади
друг со вкупна виина од 1,4 m над подот на магацинот.
• Магацините можат да бидат:
• Површински, полувкопани, подземни и јамски а според намената:
• Главни и помошни или привремени.
• Главните магацини се изградени објекти во кои што се сместуваат и чуваат поголеми
количества на експлозив и експлозивни материи и за подолг временски период. Во
помошните и привремените магацини се чуваат помали количества и за ограничено време
(најмногу до три денови).
• Помали количини на експлозив и експлозивни материи за потреби на едносменско работење
можат да се чуваат во прирачни магацини. Овие магацини мораат да бидат поставени на
таква оддалеченост од местото на минирање за да се сигурни ако случајно има разлетување
на парчиња карпи од минирањата.
• За сместување на помали количини на експлозив и експлозивни материи постојат и преносни
магацини – контејнери. Изградбата на магацините за експлозиви според изработен проект,
може да се врши само врз основа добиено одобрение од надлежните органи.
Површински (надземни) магацини
• Површинските магацини се градат на посебно одредени локации кои по можност
треба природно да бидат заклонети и да не бидат во близина на јавно место.
• Оддалеченоста на магациннот од населени места и други објекти мора да биде
толкава, при што, во склучај на експлозија во магацинот да не дојде до никакво
оштетување во објектот, односно населеното место. Минималната оддалеченост на
магацинот од објекти и населени места е зависно од количеството на експлозивот кој
се чува во истиот.
• Складиштето – магацинот треба да претставува лесен тип на примарен објект
изграден од градежен материјал отпорен од пожар и временски промени. Мора да
има добра вентилација и прописно поставена громобранска инсталација.
• Треба да биде обезбеден со сите прирачни противпожарни средства. Мора да има телефон,
мора да биде ограден обично со бодликава жица во висина од 2 метри. Околу магацинот
најмалку до 20 метри теренот треба да биде исчистен од лесно запаливи предмети.
• Површинските магацини од сите типови на магацини се најдобри бидејќи во истите,
експлозивите и експлозивните материи можат да се чуваат најдолго време без промени на
нивните физичко – хемиски и минерско – технички карактеристики.
• Бедемите – градобраните се поставуваат само во правци каде не постојат природни препреки.
Ако постојат природни препреки од сите четири страни на магацинот тогаш не се потребни
бедеми – градобрани.
• Ако пак магацинот се наоѓа на рамен терен треба од сите четири страни да се заштити со
бедеми – градобрани.
Полувкопани магацини (складишта)
• Овие експлозивни магацини по својата изградба не се многу
разликуваат од површинските магацини. Магацините обично се
градат на подножја од рид и тоа на начин што се прави усек кој
природно го заштитува магацинот од трите страни. Полувкопаните
магацини се градат како привремени складишта и во близина на
работилиштата каде се изведуваат минирањата
Подземни (јамски) магацини
• Подземните магацини за експлозив и експлозивни материи се градат во цврсти карпи со
подземно (испитани) физичко- механички и хидро- геолошки карактеристики, надвор од
зоната на јамски притисок.
• Можат да се градат и во напуштени руднички поткопи потполно одвоено од активните
работилишта. Овие складишта мора да бидат заштитени од одозгора и од страните со
доволно дебел слој на материјалот од теренот, во зависност од количините и типот на
експлозивот и својствата на карпите.
• Во подземните магацини посебен проблем претставува влагата која може често да биде
90% релативно влажност. Поради ваквата појава во овие складишта за експлозивни
материи рокот на чување треба да биде знатно помал одколку во површинските магацини.

You might also like