You are on page 1of 80

Дипломска работа

На тема:
ПСИХОЛОШКА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА ЛИЦА
ПОГОДЕНИ ОД ЕЛЕМEНТАРНИ НЕПОГОДИ

0
СОДРЖИНА:
ВОВЕД………………………………………………………………………….2

ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ И НЕСРЕЌИ……………………………..….3

ПСИХОЛОШКИ КОНЦЕПТИ ПОВРЗАНИ СО ЕЛЕМЕНТАРНИ


НЕПОГОДИ: ТРАУМА, СТРЕС, КРИЗА……………………………………9

ПСИХОЛОШКИ ОДГОВОРИ НА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ……....16

ПСИХОЛОШКИ ОДГОВОРИ НА СПАСУВАЧИТЕ И ПОМАГАЧИТЕ..33

ГРУПИ КОИ СЕ ПОСЕБНО ЧУВСТВИТЕЛНИ НА НЕСРЕЌИ……….....36

ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА ЛИЦАТА ПОГОДЕНИ ОД


ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ………………………………………………41

ЗАКЛУЧОК………………………………………………………………….75

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА……………………………………………..76

1
ВОВЕД
Подготвеноста да им се помогне на луѓето во миговите кога им е најпотребно е
доблест на секој хуман човек и претставува предизвик за постојана понатамошна
надградба. Во 21-от век, век на висока технологија, но во исто време и на нагласен
стрес кој за жал често пати не сме во можност да го контролираме и покрај
цивилизацискиот развиток, човечноста добива уште поголемо значење особено во
борбата против несреќите и катастрофите. Тие остануваат незаобиколив дел од
животот и ги ставаат луѓето пред животни прашања на кои не е секогаш лесно да се
даде одговор.
Искуствата од развиените земји, без сомнение, ја потврдуваат потребата од
постоење на групи за поддршка во кои ќе можат да се вклучат поединци или семејства
кои биле погодени од некаков трауматски настан во животот. Групите на поддршка
нудат одлична можност да се разговара за настанот пред луѓе кои доживеале слично
искуство, да постои висок степен на разбирање на болката која настанот ја нанел и да
се прифатат членовите меѓусебно со емпатија која ќе отвори нови видици и надеж за
продолжување со животот понатаму. Групите за поддршка нудат одлична можност да
се зборува за сопствените чувства, да се слуша за чувствата и доживувањата на другите
и во исто време да се развива и негува размена на искуства со почитување на
индивидуалните потреби и разлики. Од важност е да се спомене дека овие групи со
креираната динамика од учесниците и водењето од страна на психолог треба да
понудат атмосфера на безбедност и сигурност за секој нејзин учесник што е еден од
стандардите за нивно постоење и функционирање во професионални размери.

2
ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ И НЕСРЕЌИ

Под несреќи се подразбираат настани со таков интензитет што за кратко или


подолго време го разрушуваат дотагашниот, секојдневен начин на живот на
поединецот или групата и претставуваат закана за адекватно физичко и ментално
здраво понатамошно функционирање.

Настаните кои го нарушуваат нашето вообичаено тековно живеење може да


предизвикаат одредена криза. Кризата може да се појави од неочекувани настани кои
не зависат од нас и не сме во можност да ги контролираме (елементарни непогоди,
војни...), но, исто така и од настани кои се поврзани со нашиот секојдневен живот
(сообраќајна несреќа, пожар, криминал...). И без разлика колку ,,силни или цврсти,,
сме, се справуваме со проблеми, голема е веројатноста сите ние да искусиме кризна
ситуација за време на нашиот живот. Ваквата криза влијае на нашиот животен тек,
самопочитување, чувство на безбедност. Решавањето на овој тип реакции и проблеми
можеби ќе бара сосема нови ангажмани, содржини и капацитети.

Несреќите најчесто се случуваат неочекувано, е невозможно да се предвидат и


претставуваат изненадување за лицата погодени од нив. Кога ќе се случи било каква
елемнтарана непогода таа ја руши илузијата дека живееме во безбеден свет и жртвите
се соочуваат со сопствената ранливост и стануваат свесни за минливоста на животот.

Несреќите се одвиваат на индивидуален план (смрт на блиска личност, физичка


болест, насилство), а додека елементарните непогоди ја опфаќаат најчесто целокупната
заедница (војна, природни катастрофи со голема разорна моќ, егзил и сл.). Овој
дипломски труд е посветен на елементарните непогоди кои го погодуваат целокупниот
или поголемиот дел од општествената заедница. Овој вид на несреќи се нарекуваат и
масовни несреќи или катастрофи.

Елементарнтие непогоди се сложени, мултидимензионални феномени кои имаат


повеќе аспекти: медицински аспект, социјален, економски, психолошки и др. Тие се
случуваат во секојдневието и доведуваат до болка, патење, материјални и емоционални
загуби и сл. Катастрофите обично носат брзи, деструкнтивни промени и доведуваат до

3
ситуација на колективен, масовен стрес.1 Меѓутоа постојат и катастрофи кои не
секогаш се случуваат брзо, на пример глад за време на суша, тешки последици од
социјални немири и слично.

Во посебен законски акт кој е донесен во 1974 година во САД, поимот


катастрофа се дефинира како “Било кој ураган, торнадо, бура, поплава, висока вода,
цунами, земјотрес, ерупција на вулкан, одрон на земјиште, снежна бура, пожар,
експлозија или друга катастрофа во било кој дел на САД, која предизвикува
оштетување со таков интензитет што е потребно поголема помош и ангажирање”.

Светстката здравствена организација на почетокот на 70-тите години од XX век


го дефинирала поимот катастрофа како прекин на нормалното фунционирање на едно
опшество кој предизвикува сериозни човечки и материјални жртви и загуби кои ги
надминуваат способностите на заедницата за справување со таа ситуација. Според
документацијата на свестската здравствена организација од 1993 година
“Психосоцијални последици на несреките и нивна превенција” во периодот од 1900 до
1988 година проценето е дека во целиот свет (невклучувајќи го САД) околу 339
милиони луѓе биле погодени од поплави, 26 милиони од земјотреси и уште толку од
тајфуни и циклони.2 Во извештајот на Обединетите нации за 208 година стои дека во
текот на таа година 235.816 лица го загубиле животот во природни катастрофи.
Материјалната штета настаната при овие катастрофи ја надминува бројката од 180
милијарди долари.

Последиците од ваквите елементарни непогоди можат да бидат на:

 Физички, соматски план (загуба на живот, инвалидитет)


 Емоционален план
- краткотрајни емоционални реакции (страв, акутна анксиозност, тага)
- долготрајни емоционални реакции (депресија, пролонгирана анксиозност,
посттрауматско стресно растројство)
 Економски план (уништување на значајни економски ресурси на заедницата)
 Во план на функционирање на заедницата (пореметување на социјалната
структура на заедницата).

1
Kinston W. Rosser R. (1974) “Disaster effect on mental and physical state, Journal of Psychosomatic Research,
18.
2
Kalicanin P. и Lecic Tosevski D., “Knjiga o stresu, Medicinska knjiga”, Белград, 1945.

4
Постојат различни поделби на масовните несреќи. Најчесто се говори за природни
катастрофи (земјотреси, поплави, пожари со поширок размер) и несреќи предизвикани
од човекот (војна, тероростички напади и сл.) некои несреќи се комбинација на
природен и човечки фактор. На пример, пад на авион поради лоши временски услови,
но и заради недоволна стручна спремност на екипажот кој управувал со авионот и на
вработените на аеродромот.

Другата поделба на катасрофите се однесува на бројот на лица кои се погодени.


Постојат масовни несрќи (земјотреси, пожари, поплави од повисоки размери, војна) и
несреќи кои може да ги сметаме за индивидуални и\или семејни (смрт на член на
семејтвото, киднапирање, силување). Несреќите можат да траат кратко (пример
земјотрес) или да траат со години (на пример војна).

Успешноста во соочување со масовни несреќи се разликува во зависност од


економската моќ на опшстеството. Богатите заедници поефикасно се снаоѓаат за време
на несреќа поради тоа што ги користат постоечките економски ресурси, квалитетна
медицинска помош, ефективна комуникација и добар транспортен систем. Од друга
страна сиромашните заедници се поранливи на последиците од несреќите поради
ограничениот број на ресурси.

Иако елементарните непогоди постоеле одсекогаш, во последните децении


податоците покажуваат дека нивниот број се зголемил. Причините се бараат во брзиот
технолошки развој кој ги променува и климатските услови на планетатата, исто така
одредени геогравски локациии се сметаат дека се зони со повисок ризик од природни
катастрофи. Иако на нашата планета во секој момент се случуваат различни видови на
катастрофи постои обид да се пронајдат некои слични елементи помеѓу нив. Еден од
тие обиди се наоѓа во делото на Павел и Рајнер кои сметаат дека секоја масовна
несреќа се одвива во одредени временски секвенци во кои реакциите на погодените
лица се различни поради што е потребно пружање на различен вид на помош.

Тие временски секвенци се следниве:

- Предупредување (првите знаци кои укажуваат дека несреќата е возможно да


се случи)
- Закана (интензивен и јасен знак дека несреќа е возможна)
- Удар (се случува елементарна непогода)

5
- Аналитичка (што е погодено при несреќата и во колкава мера)
- Спасување (спасување на лицата и материјалните предмети погодени во
елементарната непогода)
- Лекување (санирање на првите последици од несреќата односно санирање на
физички повреди како и емоционални, психосоцијална поддршка на
погодените, однсно прва психолошка помош)
- Опоравување (последиците од повеќето елементарни непогоди се
долготрајни и потребно е повеќе време за поединците да се рехабилитираат,
како и целата заедница. Некои автори сметаат дека заедниците кои биле
погодени од елементарни непогоди продолжуваат да функционират на
изменет начин).3

Група на автори предложиле анализа на елементарната непогода на пет димензии:

- Тип (природни катастрофи наспроти несреќи предизвикани од човечки


фактор)
- Траење (несреќите можат да траат од неколку минути па се до неколку
години)
- Степен на лична повреда (овде е важна индивидуалната проценка на
степенот на повреда како и целокупниот социјален контекст во кој се
случила повредата)
- Веројатноста да се повтори несреќата (постојат елементарни непогоди кои е
возможно да се предвидат, како на пример монсунските дождови секоја
година)
- Можноста за контрола на слични настани во иднина (што е потребно да се
стори за такви несреќи да не се повторат)4

Користејќи ја оваа типологија авторите анализирале две несреќи. Првата е


авионска несреќа која се случила во Аризона на 27 октомври 1978 година, а другата е
масовното киднапирање на школски деца во Калифорнија на 17 јули 1976 година.

Авионска несреќа во Аризона

3
Powel J. и Rayner J. “Handbook of stress – Theoretical and Clinical Aspects”, The free press, New York, 1982.
4
Berren M., Beigel A., Gherter “Coping with live crises – An integrated approach”, Plenum press, New York &
London, 1986

6
Во близина на градот Туксон, во Аризона, се наоќа аеродром од кој во текот на
денот полетуваат скоро 200 авиони. Тој октомвриски ден еден од авионите се срушил
недалеку од едно средно училиште. После падот авионот се запалил. Пожарот брзо се
проширил и зафатил неколку автомобили и неколку продавници. Две лица изгореле во
автомобилот и уште 6 биле повредени. Во тој период учениците во средното училиште
биле во дворот на учулиштето.

Тип на несреќата: несреќата е предизвикана од “виша сила” односно неисправност на


авионот.

Траење на несреќата: падот на авионот и пожарот што следел траеле околу 35 минути.
Благодарение на брзата интервенција на комуналната служба два часа после несреќата
не постоеле видливи траги дека таа воопшто се случила. Паниката на жителите на
градчето траела подолго. Родителите, професотите и учениците вознемирени ја
контактирале полицијата и своите роднини и пријатели.

Степен на лична повреда: во однос на другите авионски несреќи, во оваа минимален


број на луѓе претрпеле физички повреди, меѓутоа далеку бил поголем бројот на лицата
кои доживеале емоционални повреди.

Веројатноста да се случи таква несреќа повторно: авионските несреќи се ретки,


посебно насреќите како оваа.

Можност за контрола на идни, слични несреќи: Иако се скоро невозможно да се


претпостави дека ваква несреќа ќе се повтори, сепак благодарение на граѓаните и на
партиски невладините организации аеродромот бил преместен така што авионите веќе
не морале да го прелетуваат градчето Таксон.

Масовно киднапирање на ученици во Калифорнија

На 17 јули 1976 година, наоружана маскирана група киднапирала 26 ученици и


возачот на школкиот автобус. Ужасот траел 27 часа од кои учениците и возачот биле
возени во автобусот 11 часа, а потоа биле живи закопани во голем камион. После
неколку часа поминати под земја, учениците и возачот успеале да ископаат тунел до
површината, по што побегнале. Додека биле киднапирани децата немале ниту храна
ниту вода, па повеќето верувале дека смртта е неизбежна.

7
Тип на насреќата: киднапирањето е катастрофа предизвикана од човечки фактор.
Киднапирањето било добро испланирано и организирано и крајната цел на
киднаперите очигледно била смрт на киднапираните.

Траење на несреќата: киднапирањето траело 27 часа, од првиот контакт со маскираните


киднапери, до моментот на бегство. Интензитетот на стрес не се намалил во текот на
тие часа и како што поминувало времето ситуацијата станувала се’ полоша.

Затоа што успеале да побегнат, најголемиот дел од катастрофата бил завршен, меѓутоа
тортурата која траела 27 часа се смета како прилично долга катастрофа.

Степенот на лична повреда: Децата доживеале голема емоционална траума во текот на


киднапирањето. Повеќето мислеле дека ќе бидат убиени или дека ќе се угушат под
земја. Верувале дека никогаш повеќе нема да го видат своето семејство. Физичката
болка била помалку изразена и сите физички повреди се брзо санирани (гребнатинки,
исекотини, инфекции и сл.)

Родителите кои исто така се сметаат за жртви доживеале голема емоционална болка во
текот на тие 27 часа. За нив долго време траела неизвесноста дали повторно ќе ги видат
своите деца. Повеќето кажувале дека во сеќавањата им се навраќале слики од
моментите кога последно ги виделе своите деца тоа утро пред киднапирањето.

Иако во овај случај немало човечки жртви овој настан преедизвикал висок степен на
лични емоционални повреди.

Веројатноста да се случи ваква несреќа повторно: Киднапирањето, посебно масовно


киднапирање е релативно редок настан. Веројатноста да овие ученици, па дури и оваа
локална заедница се соочи со сличен настан е многу мала. Жртвите не биле
киднапирани поради своите политички, верски или расни убедувања. Децата не ни
потекнувале од особено богати семејства и никогаш немале карактеристики кои би
довеле до нивно масовно киднапирање освен тоа што се наоѓале на исто место во тоа
време.

Можност за контрола на идни слични несреќи: иако шансите да се случи уште едно
киднапирање се премногу мали некои од семејствата го промениле начинот на живот
за да спречат повторно киднапирање. Некои родители почнале да ги возат своите деца
до училиште, други се преселиле во друг град (што во реалност го намалило ризикот

8
децата да бидат киднапирани во истиот град, а го зголемило ризикот од киднапирање
во другиот). Спротивно на овие активности, доколку некој би посакал повторно да ги
киднапира овие деца веројатно и би успеал. Можноста за евентуални идни
киднапирања е невозможно да се контролира.

Анализата на овие несреќи покажува дека на оние кои се највеќе погодени од


елементарни непогоди потребно е да им се пружа различен вид на психолошка помош.
За средношколците од Тускон потребно било само неколку групни разговори кои ги
организирале и спровеле обучени непрофесионалци. Ситуација била сосема поинаква
во случајот со киднапираните ученици. Овде била неопходна долготрајна,
индивидуална стручна психотераписка помош која им се пружила како на децата, така
и на родителите.

Масовните несреќи, реакциите на лицата погодени од елементарни непогоди,


како и потрагата по најделотворни начини за психолошка помош долго време не биле
предмет на клиничката психологијата. До пред триесетина години со масовните
несреќи и нивните последици се бавеле социјалните психолози. Подоцна, поттикнати
од психолошките реакции на ветераните од војната во Виетнам со масовни несреќи
започнале да се занимаваат и психијатрите и клиничките психолози. Се основала нова
гранка на применета психологија наречена “Психологија на катастрофи” (disaster
psychology). Оваа гранка на применета психологија се занимава со “културно
релевантни, усмерени на заедницата кризни интервенции и со редукција на стресот во
случај на природни катастрофи”.5 Основен предмет на изучување на оваа гранка се
реакциите на луѓето за време на катастрофа, односно “нормални реакции во
ненормални околности”.

ПСИХОЛОШКИ КОНЦЕПТИ ПОВРЗАНИ СО ЕЛЕМЕНТАРНИ


НЕПОГОДИ: ТРАУМА, СТРЕС, КРИЗА

Постојат три концепти со кои се објаснува психолошката реалнот во ситуации на


елементарни непогоди. Тоа се концептите на траума, стрес и криза.

Траума

5
Ehrenreich J.H. “Coping with Disastres – A guidebook to Psychosocial Intervention”, 2001

9
Концептот на траума поврзан е со психоанализата и од самиот почеток е
интегрален дел на психоаналитичката терија. Фројд се занимавал со траумата се до
својата смрт. По неговата смрт интересот на психоаналитичарите за траумата не
избледил. Интересот бил од една страна поттикнат од драматичните случувања во XX
век (I и II светска војна, искуство со Холокаустот, војната во Виетнам и сл.), но од
друга страна и со развојот на психоаналитичката мисла.6

Психоаналитичарите добиле инспирација за разгледување на траумата од аспект


на објективните односи на учесниците во болните искуства од Холокаустот.
Дотогашното сфакање за таумата не можело да ги објасни искуствата на преживеаните
од концентрационите логори. Било неможно да се објасни димензијата на патење кое
траело со месеци, а понекогаш и години.

Физичката суровост, гладта, безпомошност, губење на најблиските, закана со


смрт и дехуманизацијата довеле до подлабоки проблеми, најчесто до внатрешен
губиток на објектите кои даваат емпатичко значење во трауматски ситуации. Во
ситуации на толку тешка, труматска ситуација како што е заробеништво во
нацистичките логори доаѓа до колапс на емпатискиот процес и рушење на внатрешните
врски со “емпатичен друг”. Измеѓу мачителот и жртвата доаѓа до изградба на посебен
однос, односно до проекција на потребите за емпатија на криминалец и мачител.
Односот на мачителот и маченикот подоцна е опишан како “Стокхолмски синдром”
(специфична реакција на лучности кои биле изложени на насилство. Во ситуацијат на
насилство, агресијата на жртвата се врзува со насилникот и чувствуваат благодарност
што не им е одземен животот). Овој термин е сличен со “Идентификација со
агресорот”.

Исто така трауматскиот настан ја уништува способноста за симболизација,


односно настаност станува “црна дупка” во психичката структура на жртвата. Со текот
на времето аспектите на траумата сепак се обработуваат но нејзините неинтегрирани
делови повремено продираат во свеста и го преплавуваат ИД-от кој не е во состојба да
ги интегрира сите тие делови. Така деловите на траумата претставуваат стално
лебдечки закани за преживеаниот. Така според Болебер преживеаните живеат во двојна

6
Varvi S. “Telo um I drugi – mentalno prihvatanje ekstremnih iskustva”, Internaional Aid Network, Белград,
2002.

10
реалност. Тие во секојдневниот живот се однесуваат во склад со реалноста, но
повремено се случува да избие “другата реалност” која е поврзана со траумата.7

Продорот на оваа реалност го минира животот на преживеаните. Тие не можат


да ги обработат трауматските искуства и имаа чуство како нивниот живот да застанал
во времето на случувањето на трауматскиот настан. Овие лица го разбираат и
доживуваат објективното време, но губат доживување за “внатрешното време” кое им
овозможува понатамошен раст, развој и разбирање на иднината.

Ваквите доживување не се карактеристични само за жртвите. Сведоците на


тешки трауматски настани исто така доживуваат траума. Офра Ајалон смета дека
траумата можеме да ја споредиме со камен фрлен на површината на водата, кој
формира концентрични кругови.8 Тие кругови Рафаел ги нарекол Кругови на
загрозеност или ранливост, односно еден трауматски настан произведува различен
интензитет на траума кај поголем број на луѓе. Во најтесниот круг се наоѓаат
непосредните жртви на случувањето, односно оние кои се најзагрозени, со помал
интензитет на траума се погодени семејствата на жртвите, во пошироките
ексцентрични кругови се наоѓаат роднините, пријателите и колегите на жртвите, како и
спасувачката служба која интервенирала непосредно по траумата. И на крај најмалку
загрозени се познаниците на погодените, оние кои помагале за санација на
последиците од траумата и сите кои дознале за насатанот се исто така погодени од
одредена доза на траума.9

Ова укажува на непосредни и посредни жртви на трауматскиот настан. Оваа


поделба укажува на тоа дека во секоја трауматска ситуација треба да се води грижа
како за оние личности кои се непосредни жртви, така и за оние кои се на посреден
начин трауматизирани (спасувачи, волонтери, помагачи и сл.). покрај оваа поделба на
посредни и непосредни жртви на трауматскиот настан, во литератрата се среќаваат и
термините примарна и секундарна трауматизација. Примарната трауматизација
настанува под влијанието на самиот трауматски настан (бомбардирање, силување,
земјотрес). Секундарната трауматизација настанува подоцна, во текот на
опоравувањето и прилагодувањето на нов начин на живот кој никогаш нема да биде
ист како пред настанот.

7
Bohleber W. “Razvoj teorije trauma u psihoanalizi”, International Aid Network, Белград, 2002.
8
Ayalon O. “Spasimo djecu”, Skoplska knjiga, Загреб, 1995
9
Raphael B. “When disaster strikes: How individuals and communities cope with catastrophe”, New York, 1986

11
Испитувајќи ги искуствата на жртвите кои го преживеале Холокаустот,
психоаналитичарите дошле до повеќе заклучоци. Прво, емоционалните проблеми кои
се директна последица од животот во логорот не насталане веднаш. Понекогаш било
потребно да поминат и неколку години за да дојде до видливост на проблемите.

Најчести последици биле: анксиозност, блага депресија, тешки пореметувања


на спиењето и кошмари во кои одново го преживуваат ужасот, бројни телесни тегоби,
хронична апатија повремено прекината со бес, неспособност да се вербализира
трауматското исуство и сл. Исто така постои можност жртвата да ја пренесе траумата
на следните генерации и да се формира т.н. трансгенерациски пренос на траумата.

Трансгенерацискиот пренос на таумата претставува феномен за кој се пишувало


доста. Холокаустотот оставил неизбришлив траг врз децата на жртвите на тоа огромно
зло. Овие деца растеле во сенката на психичките конфликти настанати од болниот
губиток на најблиските, безкрајна тага, чувство на вина, прекумерна анксиозност,
преголема грижа и нереални очекувања. Овие деца биле одгледани од родители кои
биле непоправливо оштетени, како физички, така и психички. “Децата на
преживеаните носеле двојно потежок терет од останатите деца”, напишал Хаим
Дасбург, управник на психијатриската болница во Ерусалим, во 1998 година.10

Многу од преживеаните жртви од Холокаустот во спомен на своите роднини


кои загинале во логорите на своите деца им ги дале нивните имиња. На тој начин на
своите деца им дале двојно чувства за својот идентитет и и емоциолен живот: својот
сопствен живот и идентитет на роднините по кои го добиле името.

Стрес

Во концепцијата на стресот, во втората половина на XX век делумно се напушта


дотогашната теза дека стресот може да се дефинира само како одговор на организмот.
Новите испитувања се фокусирале на два правци: испитување на влијанието на
секојдневните случувања на менталното и физичкото здравје и испитување на
влијанието на екстремни животни случувањања и физичкото и менталното
функционирање на личноста која била изложена на такви случувања.

Интересот за влијанието на екстремните животни случувања врз менталното


функционирање на личноста започнало по завршувањето на Американската граѓанска
10
Wardi D. “Spomen svjeca – Deca Holokausta”, Prosvjeta, Загреб, 1998.

12
војна. По завршувањето на војната воените лекари забележале кај војниците симптоми
кои ги нарекле: “невроза на срцето”, “нервозно срце”, “раздразливо срце”, “војничко
срце” и сл. Слични симптоми се забележани и покасно во текот на Првата светска
војна. Но работата станала посложена. Покрај гореспоменатите симптоми се појавиле
уште неколку наречени “воена треска”, “шок од гранати” и сл. На крајот на 1914
година англискиот врховен штаб во Лондон добил вести дека голем број на војници и
офицери од Европа мораат да бидат евакуирани поради “нервен и ментален шок”.
Одприлика 7-10% од сите офицери и 3-4% од сите војници безразлика на чинот биле
пратени дома. Околку 24 000 случаеви биле вратени дома до април 1916 година.11

Наредните години биле исполенти со екстремни животни случувања: Втората


светска војна, концентрационите логори, војната во Виетнам и Камбоџа, многубројни
индустриски катастрофи, поплави, пожари, несреќи на нуклеарните реактори Three
Mile Island и Чернобил, терористички напади кои одлене многу жртви (случајот во
подземнјата железница во Шпанија, 11 септември во Њу Јорк, силен земјотрес во
кинеската провинција Сечуан кој однел 80 000 жртви итн.).

Авторите Ричард Лазарус и Сузана Фолкман го дефинираат стресот како


посебен однос меѓу човекот и средината. Според нив означувањето на една промена
како стресна зависи од субјективната процена на заканата содржана во таа промена.
Когнитивната процена на заканата ги одвојува стресните промени од оние кои не носат
стрес. Конкретно, во потенцијално стресна ситуација секогаш се активираат три вида
на процена на ситуацијата: примарна, секундарна и повторна проценка на заканата во
ситуацијата.12

Во примарната процена на заканата лицето пробува да најде одговор на


прашањето “Што се случува и какво значење има тоа за мене?”. Оговорот може да
биде троен: промената е ирелевантна, промената е позитивна или промената е стресна.
Меѓутоа тука не е крајот. Доколку промената се процени како стресна, пак постојат три
интерпретации на тааа стресна промена. Стресната промена може да се идентификува
како: губиток/повреда, закана или предизвик. Најстресни се промените кои се
интерпретирани како губиток. Овие промени се поврзани со депресивен афект.

11
Jovic V. “Odnos ratnih stresora, klinicke slike poremecaja vezanih za stress I dimenzija licnoti”, Doktorska
Desertacija, Медицински факултет, Белград, 2006.
12
Lazarus R., Folkman S., “Stress, appraisal and coping”, Springer-Verlag, Њу Јорк, 1984.

13
Промените кои се интерпретирани како закана се поврзани со анксиозност, а оние кои
се поврзани со предизвик поттикнуваат на мобилизирање на енергијата.

Секундарната проценка на заканата поврзана е со избор на најделотворни


механизми за надминување на истата. Во текот на оваа проценка личноста си го
поставува прашањето: “Што можам да направам во оваа ситуација? Што е најдобро да
направам?”.

Повторната проценка на заканата претставува некој вид на “поправен испит”.


Односно ако предходно избраните механизми за справување со ситуацијата се покажат
неуспешни настапува потрага по нови поефективни механизми.13

Криза

Кризата претставува концепт со кој се именувани последиците од


неускладеноста меќу барањата на надворешната средина и подготвеноста на
индивидуата да одговори на тие барања.

Основачот на превентивната психологија и авторот на теоријата за криза,


Џералд Каплан ја дефинирал кризата како состојба на кратка психичка промена која им
се случува од време на време на личностите чии животни проблеми во одреден
проблем го надминуваат нивниот капацитет за разрешување на тој проблем. Каплан
исто така укажал на поделбата на развојни и “акцидентални” кризи. Развојните кризи
се нормална појава при растот и созревањето и се појавуваат на преминот од една
животна фаза, во друга. Од друга страна “акциденталните кризи” настануваат како
реакција на некој доволно јак надворешен стимул, односно како реакција на некоја
доволно интензивна животна ситуација. Кога се зборува за криза при елементарни
непогоди се зборува за вториот вид на криза. 14

Траума, стрес и криза – исто, слично или различно?

Одговорот на ова прашање не е ни малку лесен, па затоа многу автори не ни пробуваат


да одговорат на ова прашање, па или ги користат овие термини како синоними или ги
спојуваат во изрази кои предизвикуваат уште поголема забуна. На пример
трауматскоискуство во кризи, трауматски стрес или посттрауматско стресно
растројство.
13
Vljakovic J., “Zivotne krize – prevencija I prevazilazenje”, 2005.
14
Caplan G. “Principes of preventive psychiatry”, Tavistock publications, Лондон, 1964.

14
Јелена Влајковиќ се занимавала со односот помеќу траума, стрес и криза.
Следува еден цитат од нејзината книга: “Според моето мислење разграничувањето на
стресот, траумата и кризата не може да биде успешно ако се пропушти да се спомене
дека овие поими е невозможно да се набњудуваат одделно. Под поимите траума, стрес
и криза се подразбира таква врста на односи меѓу индивидуата и надворешната
средина во која постои несклад мегу барањата на средината и можноста на
индивидуата да одговори на тие барања. Овој несклад е заеднички именител на
поимите траума, стрес и криза и ја означува осносвната сличност која постои меѓу овие
три појмови. Од тука може да заклучиме дека основната разлика во овие три поими е
начинот на кој се интерпретира таа состојбата на неускладеност.”15

Во текот на последните години поимите тарума, стрес и криза се почесто се


користат во секојдневниот говор и лицата започнале да ги опишуваат своите психички
состојби користејќи ги овие поими. На пример една девојка која доживеала силување
најверојатно ќе зборува за тој настан како за траума, меѓутоа сите непријатности кои
следеле со тој настан ќе ги опишува како доживеан стрес (сведочење на суд и сл.). Во
вакви ситуации ретко се споменува зборот криза, но овој поим ќе биде користен кога
девојката ќе почне да се запрашува како да го продолжи животот, како да го надмине
стравот од идни сексуални искуства, на кој може да му верува, дали да се крие и да не
излегува навечер или да го продолжи живото нормално, како да продолжи нормален
живот, дали тој живот има смисла? Според ова изгледа дека најчесто поимот криза се
употребува за ситуации кога е неопходен избор и за дилеми.

За пофобро да ја објаснеме разликата меѓу поимите траума, стрес и криза ќе го


разгледаме следниот пример: За време на војната во Босна, еден адолесцент на неполни
16 години бил сведок на убиството на својот татко и силување на својата постара
сестра. Подоцна, заедно со мајка си и помалата сестра пребегал и живееле во еден
колективен центар за бегалци на периферијата на едне поголем град во Србија. Тука
наишол на доста тешкотии во врска со прилагодувањето на живото во поголем град,
нови искуства со врсниците, како и прифаќање на нов систем на вредности. Но посебна
тешкотија му претставувале сцените од војната од кои никако не можел да се ослободи
ниту дење, ниту за време на спиењето. Често си префрлувал на себе си зошто не
направил во таа ситуација, зошто само седел и гледал како му го убиваат таткото и ја

15
Jelena Vlajkovic, “Zivotne krize – prevencija I pevazilazenje”.

15
силуваат сестрата. Единствено наоѓал мир во мечтаењето дека еден ден ќе се одмазди
за се што му направиле него и на неговото семејтво.

Од примерот може да се види дека тука се искористени сите три концепти.


Сведочењето на убиство и силување секако претставува траума за адолесцентот.
Тешкиот живот како бегалец и прилагодувањето на нова средина претставуваат серија
на стресни настани. Процесот на усвојување на нов систем на вредности, конфликтот
меѓу семејните вредности и вредностите на новата средина претставуваат кризна
ситуација.

ПСИХОЛОШКИ ОДГОВОРИ НА ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

Психолошките, односно когнитивно-емоционално - бихевиоралните одговори


на елементарни непогоди најчесто се опишуваат со поимот надминување. Под овој
поим се подразбира трајно променливо когнитивно и бихевиорално настојување да се
излезе на крај со специфични внатрешни или надворешни барања кои се проценети
како оптеретувачки или тешки за надминување со ресурсите со кои личноста
моментално располага.16

Исто така поимот надминување можеме да го дефинираме како обид да се


излезе на крај со ситуацијата која ја проценуваме како потенцијало болна или стресна.
Основни одлики на надминувањето се:

- Надминувањето претставува барање на најдобар адаптивен одговор во


ситуација кога хомеостазата е нарушена од делување на една или повеќе
животни случувања.
- Надминувањето е процес кој трае и се одвива низ препознатливи фази.
Истражувањата покажуват дека за различни животни случувања
надминувањето поминува низ различни фази. На пример личноста која
штотуку дознала дека име тешка болест поминува низ следниве фази: фаза
на шок или неверување, фаза на безпомошност, паника и хаос, фаза на
повлекување, фаза на испитување на реалноста и трагање по соодветни
механизми на надминување. Тешко болните поминуваат низ следните фази

16
Lazarus R., Folkman S., “Stress, appraisal and coping”, Spreinger-Verlag, Њу Јорк, 1984.

16
на надминување: негирање или потискање, “преговарање”, лутина, очај,
депресија, откажување и прифаќање.17

Меѓутоа, како што истакнува Лазарус, фазното одредување на процесот на


надминување не треба да се сфаќа како цврсто фиксирана шема, туку како груба
ориентација.18

- Фазите на надминувањето не течат континуирано и не секогаш следат една


по друга. Најчесто кога се зборува за некоја тешка животна ситуација,
надминувањето се одвива по шема “два чекори напред, еден назад”.
- Механизмите на надминување не можат едноставно да се поделат на
успешни и неуспешни, адаптивни и помалку адаптивни. Некои механизми
кои се адаптивни во една ситуација, во друга не мора да значи дека ќе е така.
- Дали избраните механизми на надминување доведуваат до воспоставување
на хомеостаза и дали процесот на надминување се одвива во посакуван
правец, може да се процени врз основа на следните показатели.
 До која мера е ублажено лошото и непријатно чувство
 До која мера е зачувана самодовербата на индивидуата
 Дали се зачувани интерперсоналните релации како и можните извори
на поддршка.19

Постојат повеќе поделби на механизмите на надминување. Лазарус зборува за


надминување усмерено на проблемот и усмерување насочено на емоциите.
Механизмите на надминување насочени на проблемот се состојат во напор да се
разбере и дефинира проблемот, како и да се пронајде најсоодветно решение.
Надминувањето усмерено на емоциите се состои во избегнување, минимизирање,
дистанцирање, споредување и пробување да се најде зрнце позитивност во непожелни
и негативни животни случувања.20

Покрај поделбата на механизмите на надминување на Лазарус, треба да се


спомене и поделебата на Мус. Тој механизмите на надминување ги дели на три
основни категории: надминување усмерено на проценка, надминување усмерено на

17
Kubler-Ross & Kessler D. “Pouke zivota – kako nasa smrtnost moze pouciti zivotu I zivljenju” Biovega, Загреб,
2001.
18
Lazarus R. , Folkman S., “Stress, appraisal, and coping”, Springer – Verlag, Њу Јорк, 1984.
19
Hill O., Price J. “Childhood bereveament and adult depression”, The british journal of psychiatry, 1972.
20
Lazarus R. , Folkman S., “Stress, appraisal, and coping”, Springer – Verlag, Њу Јорк, 1984.

17
проблемот, и надминување усмерено на емоциите. Во контекст на механизмите
насочени на проблемот, Мус истакнува три катактеристични механизми: логичка
анализа и ментална припрема, когнитивно редефинирање, когнитивно избегнување и
негирање. Категоријата на механизми насочени на проблемот опфаќа: барање
информации и поддршка, превземање на акција насочена на проблемот и препознавање
на алтернативни решенија. Во контекст на механизмите насочени на емоциите
карактеристични се следниве механизми: афективна регулација, емоционални изливи и
откажување.21

Да се вратиме на темата и да ја разгледаме ситуацијата на елемнтарни непогоди.


Како во таквите случаеви тече процесот на надминување? Дали постојат некои
карактеристични механизми на наминување и како се препознаваат истите? Авторите
кои се занимаваат со ова прашање најчесто говорат за фазите на несреќата и за
специфичните облици на надминување кои се корита во поединечните фази. Лазарус
пишува за три фази на елементарните непогоди: антиципација или предупредување,
конфронтација или соочување со несреќата и постконфронтација однонсно животот
после несреќата. Поминувајќи низ овие фази личноста погодена од елементарна
непогода на различен начин ја проценува ситуацијата и во согласност со тоа користи
различни механизми на надминување.

Во фазата на антиципација несреќата сеуште не се случила и овде клучни се


прашањата: дали ќе се случи несреќа, кога ќе се случи и што ќе се случи. Примарната
проценка на заканата овде има клучна улога. Во оваа фаза личноста користи бројни
механизми, а тоа се најчесто: избегнување да се мисли на заканата, негирање или
минимизирање на нејзиното значење, барање информации и поддршка.22

Во текот на војната на тлото на поранешна Југославија (1990-1995г.) голем број


на бегалци пристигнале во Србија. При разговорите со нив се дознало дека сите тие
неколку месеци пред почетокот на воените немири предчувствувале дека нешто ќе се
случи. Заканата како целото време да висела во воздухот. Во тој период лицата
манифестирале неколку карактеристични облици на однесување. Прво, глад за
информации, тие ги слушале сите вести на телевизија, читале весници, разменувале
информации, се слушале со пријателите по телефон и сл. “Бевме како наркомани кои
мораат да си ја земат својата дневна доза. Но после таа дневна доза ни беше потребно
21
Moos R., “Coping with live Crises – An integrated Approach”, Plenum Press, Њу Јорк и Лондон, 1986.
22
Lazarus R. , Folkman S., “Stress, appraisal, and coping”, Springer – Verlag, Њу Јорк, 1984.

18
уште повеќе. Ги слушав првите утрински вести, а тие на пладне, па попладне и навечер
не можев да заспијам додека не ги слушнев последните вести. Но ништо не можеше да
ме смири.” – изјавил еден седумдесет годишен маж, бегалец од Хрватска. Покрај овој
глад за инфрмации во фазата на исчекување биле карактеристични и следните
механизми на надминување: минимизирање на проблемите, дистанцирање и одбовање
да се мисли на заканата. За повеќето бегалци кои во текот на летото 1991 ја напуштиле
Хрватска било карактеристично убедувањето дека тоа го прават само привремено и
дека ќе се вратат кога ситуацијата ќе се смири. Многумина од нив доаѓале во Србија со
решенија за користење на годишен одмор и покасно се обидувале да се вратат на
работа иако војната продолжувала да се шири.

Дистанцирањето од проблемите во војната во Хрватска попримило


застрашувачки размери. Колони на бегалци пристигнувале во Србија, ситуацијата во
Босна се заострувала, но во Сараево, кафулињата биле сеуште полни и владеело
убедување дека “тоа овде не може да се случи”. На сличен начин се однесувале и
многу граѓани на Србија во ситуација на сериозна закана за бомбардирање.

Одбивањето да се мисли на заканата е представено преку примерот на една


млада жена со две деца, од кои постариот бил дијабетичар зависен од инсулин која го
напуштила Сараево во последен момент. Кога во бегалскиот камп, изненадени од тоа
колку долго сотанала во Сараево со оглед на тешкиот живот и на комплицираниот
начин да се дојде до инсулин, ја прашале “Госпоѓо, дали пред да заминете се пукаше во
Сараево?”, таа одговорила “Да, но не во нашата улица.”

Во фазата на конфронтација на сцена стапуваат механизми од групата на


директни дејства: бегство или борба.

Во фазата на постконфронтација основната задача е т.н. “психолошко чистење


на теренот”. Тогаш настапува секундарна проценка на заканата и според оваа проценка
се избираат механизми за надминување.

Еренрајх зборува за три фази на психолошки одговор на несреќа: фаза на


спасување, фаза на инвентар и фаза на реконструкција. Во секоја од овие фази се
јавуваат специфични психолошки одговори на на елементарната непогода.23

23
Ehrenreich J.H. “Coping with disasters – A guidebook to psychosocial intervention”, 2001.

19
Фаза на спасување

Оваа фаза трае во текот на првите часа и\или првите денови после несреќата. Сите
активности се усмерени на спасување на жртвите и стабилизирање на состојбата. Во
текот на оваа фаза се појавуваа бројни емоционални реакции. Најчести се:

- Психичка отрпнатост или вкочанетост. Жртвите можат да бидат скаменети,


шокирани, апатични. Често се исполнети со чувство на нереалност. “Ова е
невозможно, ова не се случило”. Спрема спасувачите и луѓето кои им
помагаат се однесуваат пасивно, послушно, но неретко се јавува и лутина и
одбивање на помошта. Ова однесување е со минлив карактер.
- Зголемена будност: забрзано чукање на срцето, тензија на мускулите, бројни
рационални и ирационални стравови.
- Дифузна анксиозност: тремор, вознемиреност, неспособност да се донесат
одлуки, несигурност.
- Вина на преживеаните: преокупираност со несреќата, и често поставување
на прашањетo “дали можев нешто да направам?”.
- Конфликт околку зависноста. Жртвите често искажуваат потреба да бидат
негувани, заштитени, чувани. Повремено овие потреби се прекинуваат со
лутина и одбивање на секаков вид на помош. Ова однесување може да се
разбере како обид да се воспостави контрола над емоциите.
- Многу од жртвите можат да манифестират конфузија, можно е да се појават
халуцинации, дезорганизиран говор, дезорганизирано однесување. Неретки
се и минливи, кратки, реактивни психози.
- Меѓутоа ваквите емоционални реакции не се карактеристични за сите жртви.
Според мислењето на Еренрајх наспроти општо прифатеното сфаќање во
многу елементарни непогоди жртвите покажале мал степан на паника и
споспобност за херојски и алтруистички постапки.24

Кога се зборува за херојски и алтруистички постапки треба да се биде


внимателен. Во големи елементарни непогоди познати се случаеви на однесување кое
доведува до физичко и психичко исцрпување. Некои луѓе деноноќно работат на
ублажување на последиците од елементарната непогода, без храна, без вода и без
24
Ehrenreich J.H. “Coping with disasters – A guidebook to psychosocial intervention”, 2001.

20
квалитетен сон. Волонтерите на хуманитарните организации (Црвен крст на пример) се
склони кон такво однесување. Ваквото однесување се опишува со изразот “супермен
синдром”, баш на овие луѓе е потребно подоцна да им се пружа психолошка помош да
го прошират својот репертоар на механизми за надминување и да го зачуваат своето
физичко и ментално здравје.

Пример за ваков подвиг е “приказната за херојот од скопската обиколница”.


Возачот на автобус со Тетовско потекло бил затекнат на обиколницата во Скопје за
време на големата поплава во август 2016. Тој останал смирен додека водата надоаѓала
и ги носела возилата. Ги отворил вратите на автобусот и им помогнал на 70-тина лица
да се качат во автобусот со што ги спасил од сигурна смрт одведувајќи на безбедно. 25

Фазата на спасување е првата фаза од елементарната непогода. Како се одвива


оваа фаза во пракса е наведено во следниот текст. Во текстот се опишани последиците
од разорниот земјотрес кој го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот
настрадале повеќе од 1000 луѓе, а неколку илјади лица се здобиле со потешки или
полесни повреди. Разорот на центарот на градот, како и поединечни населби бил доста
голем. Многу брзо лекарски екипи од поранешните Југословенски републики
пристигнале да пружат помош на погодените.

Изненаденоста од ударот, неговата неочекуваност, дотогаш недоживеано


хоризонтално и вертикално поместување на тлото, подземниот татнеж, кое не може да
се спореди со ништо дотогаш видено, делувало посебни стресно врз лицата погодени
од оваа елементарна непогода. Во првите моменти доминирале изнанаденост и
збунетост. Повеќе се регирало автоматски со цел спасување на себе си (излегување
надвор и слично). Не постоело панично реагирање, што може да се објасни со тоа што
во моментот на ударот повеќето луѓе спиеле и немало масовност на луѓе собрани на
едно место. Во помали размери се регистрирани панични реакции во болниците каде
почнале да пристигнуваат полесно повредени лица пратени од своето семесјтво и
соседите. Карактеристични биле исказите на голем број на граѓани дека во првите
моменти воопшто не доживеале страв. Стравот се појавил подоцна кога веќе биле на
сигурно. Секој нов потрес (а ги имало многу во текот на првите неколку дена, но со
послаб интензитет) предизвикувал зголемување на стравот, пропратено со забрзана
работа на срцето, забрзано дишење, мачнина, гадење, претерано потење, тресење од

25
http://netpress.com.mk/video-heroj-svojot-avtobus-spasil-70-luge-od-nevremeto-kaj-obikolnicata/

21
страв и сл. Од голем број на испитаници се добиени информации кои говорат за
смалено поле на свесност и намалување на перцептивното поле непосредно после
земојтресот, што траело од неколку минути до неколку часа. Многу од преживеаните
не се сеќавале на големата прашина која се дигнала после рушењето на зградите и
гушењето од неа. Кај голем број е регистрирана парцијална амнезија и за други
случувања од тој период. Карактестични биле исказите на на наколкуте неповредени,
но затрупани кои биле извлечени дури третиот или четвртиот ден, дека сето тоа им се
чинело дека траело многу пократко.

Интересно било однесувањето на хоспитализираните психијатриски пациенти.


Пациентите со психози, сместени во Психијатриска болница во предградието,
оддалечена шест километри од центарот на градот не биле значајно вознемирени. А
пак оние пациенти кои немаат психоза и биле сместени во Неуропсихијатриска
клиника во градот побарале дозвола да им се приклучат на своите семејства. На оваа
категорија на болни (со неуротични и психосоматски пореметувања, зависниците од
алкохол и сл.) како да не им била потребна никаква психијатриска помош додека не ги
решиле егзистенцијалните проблеми на своите семејства. Дури потоа, по неколку
месеци од елементарната непогода започнале да бараат помош. Доминирала
анксиозност и субдепресивни состојби, како и психосоматски пореметувања.26

Фаза на инвентар

Во текот на првите недели после елементарната непогода, преживеаните може


да поминуваат низ фазата т.н. “меден месец”, односно да искажуваат олеснување и
задоволство што се на сигурно и што се живи. Од искуствата после земјотресот во
Скопје забележано е следново:

“После фазата на силен страв, напнатост, депресија и тензија кај повеќето се развила
фазата на еуфорија поради тоа што останале живи во толку тешки околности.
Еуфоријата и осознавањето дека се што било стекнато со долгогодишна макотрпна
работа може во еден момент да биде изгубено, па и самиот живот, ги довело
преживаените до некритички трошење на материјални средства. Сите овие појави
најзабележителни биле во градскиот парк каде под големи шатори биле сместени
неколку илјади луѓе. Слично однесување било забележано и во градините на кафеаните
кои започнале со работа десетина дена по земјотресот. Одприлика во истиот период
26
Kalicanin P., Lecic Tosevski D. “Knjiga o stresu”, Белград, 1994

22
забележао е и агресивно однесување кое резултирало и со нанесени телесни повреди,
па и убиства. ”27

Меѓутоа неколку недели па и месеци после елементарнат непогода,


преживеаните се соочиле со реалноста. Различен вид на помош започнала да
пристигнува од различен вид на хуманитарни организации. Во овој период првите
симптоми на посттрауматско реагирање станале очигледни. Еренрајх набројува
неколку групи на типични реакции во оваа фаза: посттрауматски симптоми,
генерализирано анксиозно пореметување, патолошко тагување, посттрауматска
депресија и посттрауматско стресно растројство.

 Посттрауматски симптоми. Во фазата на инвентар жртвите може да да


манифестираа цела низа на симптоми кои се поврзани со несреќата која ја
доживеале. Тоа се:
- Тага, жал, депресија
- Анксиозност, нервоза, страв, грижа
- Дезориентираност, конфузија
- Ригидност и опсесивност или амбивалентност и неодлучност
- Чувство на безпомошност и ранливост
- Зависност од други лица, или сосема спротивно однесување
- Иритабилност, непријателство, лутина
- Сомничавост, преголема предпазливост
- Изненадни промени во расположението
- Немир
- Тешкотии со концентрација, проблеми со помнењето
- Соматски тегоби: гастроинтелстинални симптоми, потење и треска, тремор,
промени во менструалниот циклус, губење на либидото, болка во мускулите.
- Избегнуување да се размислува во врска со елементарната непогода,
избегнување на одредени места, звуци и слики кои ги потсестуваат на
несреќата.
- Проблеми со интерперсоналното функционирање, зголемени брачни
конфликти.
- Зголемена употреба на алкохол и дрога
- Тешкотии при донесување на одлуки и планирање.
27
Kalicanin P., Lecic Tosevski D. “Knjiga o stresu”, Белград, 1994

23
- Чувство на изолација и напуштесност.
- Дисоцијативни искуства: чивствата им делуваат нереално, како личноста да
живее во сон, а не во реалноста.
- Чувство на неефикасност, срам, очај.
- Автодеструктивно и импулсивно однесување.
- Размислување за самоубиство или обид за самоубиство.
- Преокупација со слики од смртни случаи.

Стекнатото искуство при помагањето на настраданите во земјотресот во Скопје ни


овозможи на овој список да додадеме и некои каракеристични начини на однесување
за време на фазата на ивентар: голема сугестибилност пропратена со исполнување на
различни суеверија, е регистрирана во фазата на извлекување од шокот. Тогаш се
прошириле различни предвидивања од “видовити луѓе”. И дневниот печат со своето
некритичко пишување повремено подпомогнал за ширење на овие гласини. Луѓето со
растечки страв го очекувале најавениот ден и час на повторниот земјотрес.28

 Генерализирано анксиозно пореметување. Ова пореметување може да се


препознае преку следниве симптоми:
- Вознемиреност и загриженост во врска со различните случувања и
активности кои не се нужно поврзани со несреќата.
- Чувство на замор, потешкотии при концентрирање, несоница,.
- Соматски симптоми (ладни раце, сува уста, повраќање или дијареа,
зачестено мокрење).
- Налинот на манифестирање на анксиозноста зависи од културата во која се
наоѓа поединецот. Во некои култури анксиозноста се манифестира на
соматски план, а во други влијае на интелектуалните достигнувања и на
когнитивното функционирање.
 Патолошко тагување. Оджалувањето е нормален, природен процес кој
настанува кога ќе изгубиле личност која ни била драга, сме ја сакале и со која
сме биле блиски. Тоа е процес во текот на кој личноста емоционално, духовно,
телесно и мисловно ја прифаќа загубата, разочарувањето и смртта.29

Крајната цел, односно исходот од овај процес никако не е заборавање на личноста која
ни била значајна, туку прифаќање на фактот дека таа не е повеќе со нас и давање
28
Kalicanin P., Lecic Tosevski D. “Knjiga o stresu”, Белград, 1994
29
Wardi D. “Spomen pvjeca – Djeca Holokausta”, Prosvjeta, Загреб, 1998.

24
дозвола на себе си да продолжиме со животот. Меѓутоа нормалниот процес на
оджалување може да се искомплицира и тогаш зборуваме за отежнато или патолошко
тагување. Во елементарните непогоди патолошкото тагување е доста често. Причините
за тоа се многубројни. Една од најважните е секако тоа што големите несреќи ги
уништуваат постоечките социјални мрежи кои се важен извор на поддршка во текот на
процесот на оджалување (роднини, пријатели, соседи). Исто така за време на
елементарните непогоди отежнато е изведувањето на сите ритуали околку смртта
(бдеење покрај починатиот, погреб). Овие ритуали го олеснуваат процесот на
оджалување. Исто така за време на елемнтарните непогоди доаѓа до насобирање
поголемо количеств стрес и со тоа се намалуваат потенцијалите за пружање на взаемна
поддршка. Многу луѓе остануваат сами во спроцесот на оджалување. Посебен проблем
е губитокот на личност која се води како исчезната. Во такви случаи процесот на
оджалување е многу комплициран: тагата се одлага, се гаи надеж и се развиваат
фантазиии дека исчеснатата личност еден ден ќе се врати.

Најчести знаци на патолошко тагување се следните:

- Хронична состојба на тага, горчина, автодеструктивни мисли и однесување,


безволност, избегнување на социјални контакти.
- Страв од блискост поради страв од повторна загуба.
- Неможност за изразување и покажување на мисли и чувства поврзани со
загубената личност (тоа е свето, за тоа не смее да се зборува).
- Преголема осетлист на се што е поврзано со губиток и одделување.
- Трајно снижена способност за финкционирање во домот и на работа.
- Постојан страв дека нешто ќе им се случи на блиските.
- Трајна и силна идеализација на починатиот и на односите со него.
- Инхибиција на тагувањето што подразбира зголемена контрола и
неспособност да се искаже тагата. Ваквото однесување некогаш се вреднува
и се проценува како сила (добро се држи), но тоа може да доведе до
депресија и патолошка тага.
- Посместено жалење кое се манифестира преку бес и непријателство, наместо
да се искажува тагата. Најчесто овој бес е усмерен на лицата кои му
помагале на починатиот (лекари, медицински лица, спасители).
- Хронична тага која трае долго и не се променува.
- Изразено чусвтво на вина во кое самообвинувањето е посилно од тагата.

25
 Посттрауматска депресија. Според Ееренхарт продолжената депресија е
заеднички именител кај сите хронично трауматизирани личности. Често оваа
депресија се јавува во комбинација со Посттрауматско стресно растројство.
Исто така траумата може да пробуди или да зајакне веќе постоечка депресија. 30

Вообичаени симптоми на посттрауматска депресија се:

- Тага, бавни движења


- Тешкотии со спиењето, најчесто инсомнија
- Чувство на исцрпеност и недостаток на енергија
- Преокопираност со загубата
- Намален интерес за околината и за секојдневните активности
- Чувство на вина
- Раздразливост
- Некои лица можат да развијат низа на соматски симптоми и да го негираат
постоењењто на депресивен афект. Најлесто то е чувство на хроничен замор,
генерализирана болка, хипохондрија и страв од инфекции. Ваквата сотојба
се нарекува “маскирана депресија”.
 Посттрауматско стресно пореметување. Посттрауматко стресно пореметување
претстравува склоп на реакции и променуи на личноста која се јавува најчесто
како последица на тешка траума. Или ПТСП е ментално пореметување
предизвикано од случување со стресен карактер кој би можел да предизвика
интензивно страдање скоро кај секој поединец. Пореметувањето се јавува после
една трауматска епизода со тоа што оваа епизода може да се појави во целосен
контекст при екстремни животни околности.31 ПТСП е за прв пат дефиниран во
DSM-III класификацијата во 1980 година. Одлучувачките околности кои довеле
до формирање на овој психијатриски ентитет и до тоа тој да се најде во
Дијагностичко-статистичкиот прирачник (DSM) била војната во Виетнам и
појавата на многу симптоми кои се нарекувале “виетнамски” или поточно
“поствиетнамски” сидром.

Во DSM-III посттрауматското стресно пореметување е дефинирано како неоргански


осовано заболување, кое се појавува како последица на трауматско случување кое ги
надминува дотогашните, вообичаени човечки искуства. Критериумите за утврдување
30
Ehrenreich J.H. “Coping with disasters – A guidebook to psychosocial intervention”, 2001.
31
Grbesa G. “Posttraumatski stresni poremecaj”, Grafosprem, 1999.

26
на ПТСП подоцна биле модифицирани и во следниот текст се наведени критериумите
за дијагностицирање на ова пореметување онака како што биле опишани во DSM-IV во
1994 година.

A. Личноста била изложена на трауматски настан кој содржи две компоненети:


1. Личноста доживеала, присуствувала, или била соочена со случување или
низа на случувања кои вклучувале смрт или закана по живот, тешка
повреда или закана за нарушување на својот интегритет или
интегритетот на други лица.
2. Реакцијата на личноста вклучувала страв, чувство на безпомошност и
ужас.
B. Трауматската случка постојано се преживува на најмалку еден (или повеќе) од
овие начини:
1. Повторливи и наметливи болни случувања, кои вклучуваат слики, мисли
или перцепции (кај помалите деца може да се појават игри преку кои се
искажуваат некои аспекти на траумата).
2. Повторливи, вознемирувачки соништа поврзани со настанот (кај децата
можат да се појават застрашувачки соништа со препознатлив карактер).
3. Доживување дека трауматскиот настан повторно се случува (вклучувајќи
повторно доживување на илузии, халуцинации, дисоцијативни “флеш
бек” епизоди, вклучувајќи ги и оние кои се јавуваат и при будење и
мамурлак).
4. Интензивна психичка болка при изложување на надворешни или
внатрешни знаци кои подсеќаат или симболизираат некој вид на
трауматски настан.
5. Повторување на физиолошките реакции при изложување на внатрешни
или надворешни знаци кои потсеќаат или симболизираат некој вид на
трауматски настан.
C. Постојано избегнување на стимулуси поврзани со таумата и вкочанетост на
способноста за реагирање (кое не постоело пред траумата) што се манифестира
преку најмалку три симптоми:
1. Напор да се избегне мислење, чувство и разговор поврзан со траумата.
2. Напор да се избегнат активности, места и луѓе кои би можеле да потсетат
на траумата.

27
3. Неможност да се сети на значајни форми на траумата.
4. Значително намлен интерес за земање учество во важни активности.
5. Чувство на оддалеченост или одтуѓеност од другите.
6. Ограничен распон на емоции (пример неспособност да се почувствува
љубов)
7. Скратување на временската перспектива за иднината (на пример
неочекување на кариера, брак, деца или нормален тек на животот).
D. Симптоми на зголемена напнатост (која не пстоела пред траумата) која се
манифестира со најмалку два од следниве симптоми:
1. Тешкотии при заспивањето и спиењето.
2. Раздразливост или напади на бес.
3. Тешкотии во концентрацијата.
4. Преголема предпазливост.
5. Преголем страв.
E. Траење на пореметувањето (спрема критериумите наведени под B, C и D)
подолго од еден месец.
F. Пореметувањето доведува до клинички значајни потешкотии и видливи
оштетувања во професионалното функционирање, во социјализирањето со
другите луѓе, како и во функционирањето во други области на животот.

Покрај ПТСП, во DCM-IV се опишани и делумно ПТСП, сложено ПТСП и


пореметување предизвикано од екстремен стрес.

Делумно ПТСП

Делумно ПТСП се дијагностицира кога личноста има симптоми опишани во


точките А и Е и кога се присутни пет или повеќе индикатори од точките B, C и D.

Сложено ПТСП и ПЕС

Сложено ПТСП и ПЕС (пореметување како последица на екстремен стрес) се


дијагностички категории кои опишуваат посттрауматски реакции на тешко
истрауматизирани личности. Линости кои биле жртви на тортура, и на други
долготрајни, повеќекратни страдања (жртви на тортура и силување, воени
заробеници, заложници). Симптомите кои се јавуваат представуваат последици на

28
акумулиран стрес на кој овие поединци биле изложени подолго време. Овие
дојготрајни и репетитивни трауматски искуства доведуваат до промени во:

- Регулирање на емоциите (инхибиран бес – експлозија на бес)


- Свеста (амнезија, деперсонализација, мисли и слики кои се наметнуваат)
- Сликата за себе (безпомошност, срам, вина, осаменост)
- Набљудување на насилникот (мечтаење за одмазда, идентификација со
агресорот)
- Односите со другите (повлекување, губиток на доверба, барање на спасувач)
- Систем на вредности (песимизам, очајување, чувство на неправда, губење на
довербата во добрината и племенитоста на луѓето)
- Тело – психосоматски тегоби, (хронична болка, гастроинтестинални
нарушувања, кардиоваскуларни нарушувања).

Меѓутоа сите овие форми на изразување на дистресот немаат универзален


карактер. Имено, во различни општества и во различни културолошки групи,
образците за изразување на емоционален дистрес се различни и често се комбинација
на различни симптоми за кои е невозможно да се најде еквивалет во стандардната,
меѓународна класификација на болестите. Од ова може да се заклучи дека одговорите
на елементарните непогоди често се културолошки условени.

На просторите на Латинска Америка, во Мексико и на Карибите како одговор


на елементарна непогода може да се јави “susto” и “ataques de nervios” (страв и
хистерија). Типични симптоми на “susto” се: пореметување на аптитот,
неконтролирано или претерано спиење, немирен сон или кошмари, чувство на тага,
недостаток на мотивација, чувство на пониска вредности и соматски симптоми.
“Ataques de nervios” се манифестира преку неконтролирано викање, напади на плач,
треска, жештина во градите која се шири кон главата, вербална и физичка агресивност,
дисоцијативни искуства, несвестица и суицидално однесување. Во Малезија и на
Филипините се појавува реакција која се нарекува “amok”. Реакцијата под ова име
најчесто се опишува како дисоцијативни епизоди кои се арактеризираа со периоди на
мрачно расположение и нагли изливи на насилно, агресивно или суицидално
однесување, кои завршуваат со исцрпеност. Во Индија се користи терминот “dhat” за
да се опише синдромот на сериозна анксиозност кој е проследен со главоболка и
телесна болка, чувство на слабост и исцрпеност. Терминот “latah” (зборлест) кој се

29
среќава во областите на јужниот Пацифик и југоисточна Азија, вклучува страв и
бесмислено и автоматско повторување зборови или активности и дисоцијативно (како
во транс) однесување. “Khoucheraug”, термин кој се среќава во Камбоџа означува
пренагласена тага и постојано прекопување по минатото.

Фаза на реконструкција

По една година или малку подолго, животот во заедницата погодена од


елементарна непогода се нормализира. Повеќето преживеани веќе се опоравиле, но
некои од нив и понатаму покажуваат симптоми карактеристични за предходната фаза.
Кај некои дури во оваа фаза се појавуваат знаци на анксиозност и депресија бидејќи
сите оштетувања и загуби стануваат очигледни. Во овај период се зголемува ризикот за
самоубиства. Кај лицата кои биле изложени на сериозна и долготрајна траума станува
видлив т.н. синдром на жртва.овој симндром најпрво се препознава по губењето на
животната радост. Покрај тоа се јавуваат и хронична депресија и анксиозност,
повлекување од социјалните контакти, хроничен замор, емоционална лабилност,
соматски проблеми, чувство на вина што преживеале и зависност од омраза. Односите
со партнерот и децата се пореметуваат и често се појавува феноменот
“трансгенерациски пренос на траумата”.

Долготрајноста на последиците од трауматскиот настан може да се види од


текстот кој следува. Во него се изнесени резултатите од истражувањето спроведено од
2001 до 2003 година, а испитаници биле лицата кои доживеале емоционална траума
неколку години пред тоа.

Во периодот од јануари 2001 до јуни 2003 година во Центарот за


рехабилитација на жртвите за тортура – Белград (ЦРЖТ) пружена била психолошка
помош на преку 2500 клиенти од кои 1058 поминале детална приемно-дијагностичка
евиденција, како дел од вкупниот психолошко-психијатриски третман. Од вкупниот
број клиенти, 621 биле жртви на тортура, а останатите 437 биле бегалци и раселени
лица кои сами се обратиле за помош поради тешкотии настанати како последици на
воените околкости. Целта на оваој труд било да се спореде групата на клиенти кои
искусиле тортура, со групата на воено истрауматизирани клиенти кои не искусиле
траума (но имаат сериозни психолошки проблеми). Двете групи имале подеднакво
изразно лоши социоекономски, односно материјално-егзистенцијални животни услови.
Општа психопатологија била значајно изразена кај групата која претрпела тортура.

30
Најчесто дијагностицирано психијатриско пореметување било посттрауматското
стресно пореметување. Двете групи се разликувале во интензитетот и дистрибуцијата
на посттрауматските симптоми. Групата која претрпела тортура имала изразена општа
и специфична посттрауматска симптоматологија и со тоа се потврдила
поредпоставката за посебната ранливост на оваа група на изтрауматизирани чица, како
и за потребата од мултидисциплинарен, медицинско-психолошки-социјален пристап. 32

Масовните елементарни непогоди не ги погодуваат само поединците. На сличен


начин погодени се и семејствата и општеството во целина. Ваквите катастрофи
оставаат големи рани во самото ткиво на социјалниот живот. Терминот “општество
жртва” означува заедници кои доживеале катастрофа. Како таквите заедници
функционираат?

Истражувањето на Соломон покажува дека по елементарните непогоди се


забележува зголемен број на разводи, зголемено насилство во семејството, злоупотреба
на алкохол и психоактивни супстанци. Семејството се соочува со загуба или
инвалидитете на некој од своите членови. Многу семејтва ги напуштаат своите домови
и пробуваат да изградат живот надвор од подрачјето каде елементарната непогода
настанала. Што се однесува до општеството, дури и тогаш кога е зачувана нејзината
формална структура, катастрофата може да ги уништи врските кои ги држат луѓето
заедно. А тие врски, кои се граделе со години, ја чинат основната социјална мрежа на
индивидуата и представуваат најзначаен извор на поддршка. Штетите од катастрофата
понекогаш се привремено, а понекогаш и трајни. Па така поплавата може да го уништи
обработливото земјиште и со тоа да оневозможи опстанок на луѓето во руралните
средини, но изливање на нафта во крајбрежните подрачја може трајно да уништи некои
главни ресурси на еден крај. Исто така во елементарните непогоди често се уништени
некои значајни општествени институции (училишта, судови и на тој начин подолго
време се прекинуваат некои важни активности.

Помошта која доаѓа од надвор (различни домашни и меѓународни хуманитарни


организации и агенции), која е неопходна во првите денови и месеци, ако трае
предолго може да предизвика многу проблеми. На пример наместо општеството да се
потпира на сопствените сили, посебно во фазата на реконструкција, помошта од овие
организации може да поттикне пасивност и посилно чувство на зависност. Зато што се’
32
Spiric Z., Knezevic G., Jovic V., Opacic G., “Torture u ratu, posledica I rehabilitacija – Jugoslovensko iskustvo”,
Центар за рехабилитација на жртви на тортура, IAN, Белград, 2004.

31
додека некој друг обезбедува средтва за живот, мотивацијата да се обноват
вообичаените работни активности е видно намалена. Неретко меќу локалното
население и припадниците на меѓународните организации може да се развие
компетитивност: локалните производители на храна можат да се почувствуваат
оштетени зашто храната се обезбедува однадвор, а локалните стручњаци можат да
бидат повредени од присуството на странски експерти. Со еден збор, после
елементарната непогода ништо не е исто, ни на индивидуално, ни на семејно ниво, ни
на ниво на оштеството. Поради тоа постои голема опасност од избувнување на
конфликт. Започнува потрага по виновникот, “жртвеното јагне”, и тоа може да разгори
стари судири. Во заедниците кои порано биле погодени од некоја катастрофа (било да
е таа природна или предизвикана од некој човечки фактор), траумата предизвикана од
новата катастрофа може да пробуди сеќавања и да отвори стари рани. Сеќавањата на
геноцид, граѓанска војна, тиранија, расни или етнички конфликти, може да го зголемат
чувството на безпомошност и да допринесат за комулативно дејство на старите и
новите трауми. Да се присетиеме кои се’ случувања придонеле за распад на Југославија
на почетокот на 90-тите години од дваесеттиот век. Следи пример од кој може да се
види преплетувањето на стари и нови трауми на индивидуално ниво:

Во текот на бомбардирањата на Србија од НАТО во 1999 година, група на


психолози и психијатри оформиле телефонска служба во Црвениоткрст во Белград.
Оваа служба им пружала психолошка помош на граѓаните на Белград преку телефон,
12 часа на ден. Од вкупниот број на јавувања на оваа служба, 1/3 од повиците биле од
лица во третата животна доба, односно од оние кои како деца или адолесценти го
преживеале бомбардирањето во текот на II светска војна. нивниот степен на
вознемиреност и страв бил многу поинтензивен од оние лица кои прв пат се соочиле со
бомбардирање.

ПСИХОЛОШКИ ОДГОВОРИ НА СПАСУВАЧИТЕ И


ПОМАГАЧИТЕ

32
Спасувачите и помагачите во сите несреќи представуваат групи под посебен
ризик. Во катастрофите со големи размери спасувачите се ангажирани со денови.
Сцените на голема болка и страдање оставаат неизбришлив траг врз волонтерите во
ваквите услови. Неретко, и самите спасувачи или нивните семејства, се жртви на
елементарната непогод, така што се отежнува и онака тешката состојба на спасувачите.
Во вакви услови менталното здравје на спасувачите и помагачите е загрозено. Во
литературата се споменуваат три типични одговори на спасувачите во вакви ситуации:

- Развивање на синдром на согорување


- Контратрансферни реакции
- Посредна \ секундарна трауматизација.

Синдром на согорување

По извесно време многу спасувачи и помагачи почнуваат да манифестираат


депресивни афекти, стануват немотивирани за работатаа, се чувствуваат емотивно
празни и обесхрабрени. Доста од нив манифестираат соматски знаци на стрес,
тешкотии со спиењето, намален апетит, стануваат раздразливи. Неретко доаѓа до
самоповредување, рамнодушност и развивање на циничен однос кон оние на кои до
пред некое време им помагале со ентузијазам. Кахил издвојува пет групи на симптоми:
бихевиорални симптоми, симптоми во врска со работата, интерперсонални симптоми.
Најчесто физичките симптоми на синдромот на прегорување се: главоболка, хроничен
замор, пореметување на спиењето, намален апетит, гастроинтестинално пореметување
и сл.

Емоционални симптоми се: раздразливост, анксиозност, депресија, чувство на


вина, чувство на безпомошност, емоционална исцрпеност.

Бихевиорални симптоми: агресија, цинизам, склоност кон употреба на алкохол,


дрога, средства за смирување.

Интерперсонални симптоми: негативен, циничен однос спрема оние на кои им


се пружа помош, интелектуализација, физичко и емоционално оддалечување од
настраданите.33

33
Kahill S. “Intervention for burnout in the helping professions: A review of the empirical evidence”, Canadian
journal of counseling Review 22, 1988.

33
Синдромот на согорување најчесто се развива кај оние помагачи кои се стремат
кон перфекционизам, идеализација на работата која ја извршуваат, потполна преданост
на работата, преголеми очекувања. Сликата за себе на овие помагачи е опишана како
“супермен синдром”. За побрзо развивање на синдромот на согорувањње помага и
лошата организација на работата, недоволната обученост за некоја работа, изоставена
социјална поддршка или супервизија, професионална изолација и сл.34

Контратрансферни реакции

Контратрансферни реакции представуваат појави во кои чувствата и мислите на


помагачот се поттикнати од искуствата на клиентот кои му ги соопштува на помагачот.
Подоцна помагачот овие чувства ги пренесува на лицето на кое му помага.
Драматичните приказни кои помагачот ги слуша може да испровоцираат страв од смрт
кај него и да допринесат за будење на различни мехнизми на одбрана (потиснување,
негирање, проекција) кои можат да го загрозат процесот на пружање помош на
загрозените. Заради тоа е доста битно помагачите да станат свесни за сопствените
емоционални реакции и да научат да ги користат во ситуации на пружање на
психолошка помош. Во продолжение следи текстот кој Јелена Влајкович го излагала на
Стручниот научен конгрес на психолози, во 1996 под наслов “Психотерапијата и
улогата на терапевтот во вонредни животни околности”.

Улогата на професионалецот – психотерапевтот кој им помага на жртвите од


војната е постојано на проба. Границите на таа улога мораат да бидат флексибилни:
терапевтот е некогаш само придружник во повторното доживување на траумтаското
искуство на клиентот, а понекогаш е неопходен сведок за она што се случило и
пријател кој ги поддржува напорите на клиентот да се продолжи со животот. Но во
секоја од овие улоги терапевтото постојано се бори со потребата претерано да го
заштити клиентот и да ми пружи практична помош.

Во вообичаени, регуларни околности, психотерапевтот најчесто нема проблем


да остане неутрален и исповедите на својот клиент ги прими со мислењето дека ”се’
што е човечко мене ми е блиско”. Во вонредни животни околности, соочен со
ескапација на човечката омраза, бесмислено насилство и тортура на терапевтот
автоматски му се отежнува работата. Слушајќи го исповедувањето на еден млад
економист кој поминал 22 месеци во муслимански логор во Тузла, терапевтката
34
Van der Veer G. “Counselling and Therapy with refugees”, Wiley, Њу Јорк, 1992.

34
најпрво имала проблем со неприфаќање на она што што го говорел клиентот (Ова не е
возможно). Исто така се соочила со силно физично чувство на мачнина. Истата вечер
терапевтката се сонувала себе си во улога на суров одмаздник.

Психотерапевтската помош на клиентите - жртви на војната кај терапевтот


буди силна емпатија. Дури и најискусните терапевти имаат проблем со контрола на
своите чувства, посебно доколку и самиот терапевт се наоѓа во истата држава во која се
одвива војна.35

Посредна\секундарна трауматизација на спасувачите и помагачите

Под посредна или секундарна трауматизација на помагачите се подразбира


траума која овие луѓе ја доживеале во текот на работата со трауматизираните клиенти.
Овој вид на трауматизација се нарекува и делегирана или викаријанска трауматизација.
Случувањата кои ги изнесуваат клиентите можат посредно да делуваат на помагачите
на начин што помагачите често почнуваат да манифестираат симптоми слични на оние
на клиентите: кошмари, наметнувачки мисли, чувство на безпомошност, дигестивни
нарушувања, зголемено конзумирање на алкохол, цигари и седативи.

Фигли ваквите реакции на помагачите ги нарекува Секундарен стресен синдром


кој го смета за скоро идентичен на Посттраумтскиот стресен синдром. Индикатори на
секундарниот стресен синдром се:

- Силни вознемирувачки емоции: анксиозност, страв бес, срам


- Кошмари, флеш бек
- Соматски проблеми (главоболки, стегање на градите, дигестивни
нарушувања)
- Адиктивно или компулсивно однесување кое вклучува користење различни
средства за смирување, компулсивно земање на храна, зависност од
работата.
- Лошо функционирање во сегашноста (избегнување на обврски, доцнење,
чувство на идозалција и одтуѓување, намалена самодоверба.
- Промена на личната филозофија на животот, промена на сликата за светот,
песимизам.

35
Jelena Vlajkovic, “ Od zrtve do prezivelog – Psiholoska pomoc u nesrecama”, Zarko Albulj, Белград, 2009.

35
Развитокот на секундарна трауматизација на психологот зависи од бројот на
клиентите, тежината на нивните трауматски искуства, нивото на обученост за
помагачот, моменталното психичко и физичко здравје на помагачот, тоа колку често е
под супервизија и се преиспитува самиот себе си и своите чувства и др.36

ГРУПИ КОИ СЕ ПОСЕБНО ЧУВСТВИТЕЛНИ НА


НЕСРЕЌИ

Елементарните непогоди не влијаат на сите луѓе поеднакво. Некои луѓе


поминуваат низ искуствата со катастрофа без последици или со мали, незабележливи
последици, додека други навистина тешко се опоравуваат или воопшто никогаш
целосно не преминуваат преку траумата. Причините за ваквите различни реакции се
многубројни. Распределбата на општествената моќ и значењето на социјалните улоги
кои ги имале поединците пред елементарната непогода, се зачајни фактори во
доживувањето за последиците од несреќата. Личностите кои припаѓаат на
сиромашните слоеви на општеството, односно оние кои и пред катастрофата биле на
маргините на општеството, претрпуваат многу повеќе од оние кои предходно
располагале со голем број на средства. Психолошките фактори кои влијаат на
индивидуалното доживување на несреќата се исто така многубројни.

Деца и млади\адолесценти

Постојат две општопознати, но неточни верувања во врска со реакциите на децата при


елементарни непогоди. Според првото се смета дека децата се отпорни на несреќи и
нивното опоравување ќе биде брзо и без последици (тие се деца, набрзо ќе заборават
се’). Според другото верување децата засекогаш, безразлика на околностите, ќе трпат
последици од лошите искуства и тоа на различни начини ќе им влијае низ растењето и
ќе им го обликува целиот живот. Изгледа дека вистината е некаде на средина.
Реакциите на детето трауматското искуство не може да се предпостават без да се има
во предвид нивото на интелектуалниот, социјалниот и емоционалниот развој (возраста
на детето), како и целокупната ситуација во која настанала траумата (дали детето било
само или покрај него имало личност на која и’ верува и која би можела да го утеши и
заштити).

36
Figley C. “Compassion Fatigue as secondary traumatic stress disorder: An overview u compassion fatigue”,
Mazel, Њу Јорк, 1995.

36
Исто како и возрасните и децата реагираат на катастрофа со многубројни
симптоми. Кај предшколските деца (од една до пет години) симптомите најчесто се
манифестираат како страв од одвојување, страв од странци, страв од “чудовишта” или
како кошмари. Децата на оваа возраст можат да избегнуваат специфични ситуации кои
може, но не мора да се поврзани со несреќата. Игрите често ја губат спонтаноста и се
одвиваат на компулсивен, репетитивен начин. Често темата на овие игри е делумно или
целосно поврзана со несреќата. Доаѓа до регресија во однесувањето, стекнатите навики
како што е контрола врз мокрењето се губат. Исто така кај децата на оваа возраст може
да се појави манична врзаност со возрасните и до осиромашување на говорот.

Постарите деца (од шест до единаесет години) можат да покажат, отворена или
прикриена грижа за сопствената сигурност и преокупираност со опасноста. Исто така
се појавуваат тешкотии во спиењето, иритабилност и агресивно однесување. Игрите се
без спонтаност, се повторуваат и се отворено или прикриено поврзани со траумата.
Чести соматски симптоми се избегнување одење на училиште, а регресивното
однесување исто така е присутно. Децата на оваа возраст може да манифестираат страв
од одвојување и слоност да користат магиски објаснувања за да ги пополнат
празнините во разбирањето на она што се случило. Ваквите реакции на децата
понекогаш се јавуваат изолирано, а понекгаш доведуваат до формирање на
Посттрауматско стресно пореметување кое кај децата се манифестира на неколку
начини:

1. Нападни, наметливи сеќавања

Овие сеќавања можат да бидат во вид на слики, звуци или мисли кои постојано
се наметнуваат и од кои е тешко да се ослободи. Најчесто тие сеќавања се поврзани со
трауматскот настан и со чувството на голема загрозеност и беспомошност. Доколку
детето е помало, ваквите сеќавања се стеснати на поединечни слики или звуци. 37

2. Трауматски соништа

Во ове сонови доаѓа до репетиција на некои делови на трауматското искуство.


Децата се будат во страв, довикувајќи ги родителите. Понекогаш овие сонови може да
подсеќаат на вистински кошмари.

3. Репетитивна, присилна игра


37
Kapor N. “Posttraimatski stress sindrom kod dece – Psihologija izbeglistva”, IP Zarko Albulj, Белград, 2000.

37
Низ ваквата игра детето повторува некои денови на трауматското искуство. На
пример децата кои биле сведоци на насилство, или самите го доживеале, може преку
игра да повторваат сцени од убиства, злоупотреба или спасување на поведените лица.
Оваа игра секогаш се одвива на ист начин и е лишена од радоста и креативноста кои
обично секоја детска игра ги содржи.

4. Избегнување на ситуации поврзани со траумата

На различни начини децата може да избегнуваат, мисли, чувства и места кои ги


потсетуваат на траумата. Ваквото избегување може да доведе до закоченост на
чувствата, спонтаното мислење и на мечтаењето.

5. Чувство на осаменост и изолираност

Иако постои зголемена потреба од блискост со возрасните, децата може да имаат


силно чувство на изолираност и осаменост. Така да можно е никој да не ги разбере
нивните чувства, па дури ни родителите.

6. Намален интерес за вообичаените активности

После трауматското искуство децата може да покажуваат рамнодушност кон


активностите во кои предходно уживале. Посебно ако тие активности на било како
начин потсеќаат на елементи од траумата. Понекогаш ваквото намалено интересирање
може да биде поврзано со тагување и депресивно расположение.

7. Проблеми со помнењето

Неретко кај децата кои доживеале трауматско искусво се појавуваат грешки во


помењето на трауматскиот настан. На различни начини децата можат да ја намалат
опасноста на трауматската ситуација со: изоставување на деловите кога животот им
бил во опасност, траењето и редоследот на настаните се заборава. Некогаш во
прераскажувањето се пренагласуваат некои аспекти на ситуацијата. Предшколските
деца може да занемат или да одбиваат да зборуваат за траумата. Ваквите појави не
представуваат амнезија. 38
38
Kapor N. “Posttraimatski stress sindrom kod dece – Psihologija izbeglistva”, IP Zarko Albulj, Белград, 2000.

38
8. Губиток на стекнатите занаења, регресивно оденсување и нови стравови

По трауматскиот настан кај малите деца може да настапи регресивно однесување


(осиромашување на говорот, зголемена поврзаност со родителите, неконтролирано
мокрење) или можат да се појават нови стравови.

9. Интензивно чувство на возбуденост

Во оваа група на пореметувања спаѓаат, тешкотии со спиењето, раздразливост со


напади на бес, тешкотии при концентрацијата, зголемена “будност”, односно состојба
во која постојано се “на штрек”, неретко и треска. Исто така при елементарни непогоди
децата се многу чувствителни на присуството и поддршката на повозрасните и на
родителите. Кај помалите деца доаѓа до реактивирање на сепарациониот страв и
поради тоа не треба децата да се одделуваат од родителите и да се праќаат на друго
место кое во тој момент се смета за побезбедно. Ваквите одвојувања не се ретки во
услови на несреќа бидејќи возрасните кои ги донесуваат клучните одлуки во тој
момент сметаат дека тоа е најдобро за децата. Пример, непосредно по земјотресот во
Скопје во 1963 година, родителите масовно со воз ги испраќале своите деца во Виена
сметајќи дека така ќе им обезбедат подобар живот. Напротив, одвојувањето на децата
од возрасните за кои детето е емотивно врзано само ќе ја зголеми траумата, на
траумата предизвикана од несреќата се додава и траумата од одвојувањето.

Во ситуацијии на несреќи адолесцентите представуваат високо ризична група. За


разлика од децата кои ги штитат возрасните, и за разлика од возрасните кои ги штитат
нивните години и искуството, младите адолесценти немаат ни една од овие заштити.

Тие најчесто се оставени само на себе си, а најчесто мораат да се грижат и за


помладите браќа и сестри, посебно кога се работи за некомплетно семејство (војна,
избеглиптво). Поради сиве овие причини адолесцентите се изложени на поголема
количина на стрес од помалите деца во вакви околности.

Истражувањето кое е спроведено врз деца и адолесценти од 10 основни школи во


Сараево, во текот на војната во 1994, го потврдува ова твдење. Имено, употребувајќи
неколку психолошки инструменти, на примерок од 791 испитанци на возраст од 7 до
15 години, се дошло до заклучок дека малите деца покажуваат помалку симптоми на
стрес од адолесцентите. Се предпоставува дека децата пројавиле вакви резултати на
истражувањето поради нивната заштита од страна на возрасните, и сто така поради

39
нивната когнитивна незрелост, ограничено разбирање на неповратноста на смртта и
прифаќање на воените услови како начин на живот.39

Комплексноста на рекциите на адолесцентите во услови на елементарна непогода


може да се обајсни преку спецификите на самиот период на адолесценција (сепарација
која е неопходна за индивидуација и созревање, формирање на идентитетот). Младите
луѓе и адолесцентите се посебно чувствителни на чувството на немоќ кое е
карактеристично за повеќето погодени од елементарни непогоди. Исто така многу
несреќи ги оставаат адолесцентите без клучните столбови за поддршка (родителите,
професорите, врсниците). Реакциите на адолесцентите во овие ситуации се многу
слични со оние на возрасните, но почесто одколку кај возрасните се јавува агресија,
деликвенстно однесување, злоупотреба на психотропни супстанции, занемарување на
обврските и желба за одмазда.

Стари лица

Заради својата намалена физичка моќ, старите лица погодени од елементарна


непогода се посебно ранлива група. Со страроста се скратува и успорува процесот на
адаптација на нови животни околности. Тое најчесто како механизми за справување со
ваквите ситуации ги косритат: повлекувањето (регресија) и хипохондрија. Неможејќи
да се прилагоди старата личност се повлекува.40

Губењето на дотогаш познатиот начин на живот и загубата на важни


емоционални и социјални контакти, кај старите лица често доведува до депресивно
расположение. Големите загуби, заедно со реалниот страв за крајот на сопствениот
живот, доаѓа до намалена самоконтрола. Меќутоа депресијата во ови години може да
биде и “маскирана” со негација, соматизација, хипохондрија, телесна болест или
афективно пореметување. Постои податок за разликата при адаптирање на старите
лица бегалци кои потекнуват од рурални краеви, и оние кои потекнуваат од урбани
средини. Имено, старите личности од руралните средини поуспешно се адаптирале на
живото во колективните центри за бегалци и полесно ги прифатиле пропратните
проблеми како глад, страв, студ и сл.

39
Syed A. H. “Posttraumatske stresne reakcije kod djece I adolescenta u Sarajevo tokom rata – Zbornik
psihosocijalne posledice rata”, Сараево, 2000.
40
Petrovic D. “Kako sacuvati mentalno zdrvje starih u izbeglistvu?”, Zarko Albulj, Белград, 2000.

40
ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА ЛИЦАТА ПОГОДЕНИ ОД
ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ

Психолошката помош при несреќи се однесува како на професионалната помош


која ја пружаат стручњаци во областа на менталното здравје (психолози, психијатри,
социјални работници), така и на помошта која ја пружаат лаици. Накратко, терминот
психолошка помош ги означува сите постапки и сите облици на помош кои имаат за
цел да ја ублажат болката и патењето на погодените и овозможување на повторно
воспоставување на емоционална рамнотежа. Покрај терминот “психолошка помош” во
литературата се користат и следниве термини: ментално здравје за време на катасрофи,
психосоцијална помош\поддршка, психолошка прва помош, психосоцијални
интервенции, кризна интервенција во заедница.

Основната сличност меѓу овие активности ја чинат неколку заеднички принципи:

Принцип број 1: Физичката безбедност и материјалната сигурност ја чинат


основата на емоционалната стабилност

За лицата погодени од елементарни непогоди да си ја повратат својата емоционална


стабилност потребно е нивните основни потреби да бидат задоволени. Овие лица треба
да имаат доволно вода за пиење, храна, облека, засолниште односно да им биде
задоволена потребата за физичка сигурност. Во ситуации на масовни несреќи животот
на луѓето е загрозен не само поради катастрофата, туку и поради пропратните
инциденти (кражби, разбојнички напади, различни облици на злоупотреба).

Неможноста за задоволување на основните потреби е нов извор на


трауматизација, позначајна дури и од онаа која ја предизвикала катастрофата.
Непотребна или лошо организирана евакуација, лоши услови во привремените
засолништа (недостаток на вода, храна, закана по личната сигурност), одвоеност од
членовите на семејството, неизвесност за иднината се фактори кои покрај примарното
траумтаско искусво влијаат на менталносто здравје на преживеаните.

Поврзаноста на менталносто здравје на поединецот и можнсота на околината да


ги задоволи неговите потреби често е предмет на расправа. Имено, многу хуманитарни
организации го поставуваат прашањето: Што е примарно? Дали е поважно да се
воспостават основните функции на една заедница или пружање психолошка помош на

41
индивидуите и семејтвата? Овие чести дилеми се беспотребни бидејќи индивидуалниот
пристап кон проблемите и пристапот кон целокуната заедница не можат да се одвојат
ниту да се спротивстават, бидејќи опоравувањето и повторното градење на заедницата
е суштински услов за опоравување на поединецот и семејтвото, а опоравувањето на
поединесот и семејтвото е неопходно за успешна реконструкција на заедницата.

Принцип број 2: Најголемиот број на емоционални одговори на елементарни


непогоди се нормални реакции на ненормална ситуација

Прифаќањето на овој принцип е многу важно како за лицата погодени од


елементарни непогоди, така и за психолозите кои помагаат. Интензитетот на тегобите,
симптомите кои се појавуваат посебно во фазата “на инвентар” можат да ги вознемират
погодените и да развијат страв дека ќе полудат и дека никогаш повеќе нема да се во
состојба да функционираат нормално. Тоа може да допринесе и стручњаците,
психолозите и психијатрите, да се гледаат како непријатели пред кои е потребно да се
сокријат тегобите. Поради овие причини во литеаратурата се среќаваат препораки да
во вакви ситуации психолозите и психијатрите се нарекуваат понеутрално на пример
“советници во заедницата” или “советници при катастрофи”. Исто така е важно да
психолошката помош, доколку е тоа возможно, се пружа надвор од официјани
медицински институции, на пример училишта, цркви, домови на културата, простории
на црвениот крст и слично.

Едукација на членовите на заедницата е доста важна и таа едукаците треба да се


одвива во два правци. Првиот правец се фокусира на едукација за емоционалните
тегоби кои можат да ги имаат погодените од елементарна непогода или нивните деца,
во врска со тоа кому можат да има се обратат доколку е потребна помош и што би
можеле самите да направат да тие тегоби се намалат или да бидат полесно надминливи.

Во продолжение следува текст кој за време на бомбардирањето во Србија во 1999


година им бил доделуван на граќаните од страна на Југословенскиот Црвен крт.

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕШ СЕБЕ СИ И НА НАЈБЛИСКИТЕ ВО УСЛОВИ НА


ВОЕН СТРЕС?

Денес сите живееме во услови на воен стрес, се грижиме за себе, за се што е наше, се
што ни е вредно и драго. Вака загрижени, не успеваме секогаш на децата да им ја
пружиме потребната грижа и внимание. На децата (исто како и нас) им е прекинат

42
нормалниот ток на живот (не одат на училиште, ограничена им е играта, седат во
скривници). Тие се соочуваат со грижи кои ги надминуваат нивните можности.
Деновите им се поразлични, горе-долу исти, исполнети со страв кој расте.

Некои деца поради тоа чувствуваат страв, некои исцрпеност или телесна болка
(најчесто во главата или стомакот). Кај некои се намалува апетитот, пореметувања на
спиењето, забрзано чукање на срцето, раздразливост, мрзоволност, се повлекуваат во
себе, ја губат концентрацијата и интересот, послаба меморија, им расте несигурноста и
се враќаат на однесување кое развојно веќе го поминале.

Секој е на некој начин погоден од оваа ситуација, некој повеќе, а некој помалку. Сето
тоа е човечки и нормално, меѓутоа ситуацијата не е нормална.

ШТО ДА СЕ НАПРАВИ?

Добро е да се негува и зачува:

- Внимателност и чувствителност
- Отвореност и активност
- Трпеливоста и толеранцијата
- Ефикасност и одговорност
- Конструктивност и заедништво

КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ СЕБЕ СИ?

- Земете воздух полека, длабоко и избројте до 10


- Сетете се дека сте возрасни и дека со својот пример можете да им покажете
на децата како тие да се носат со стресната ситуација
- Доколку сте вознемирени, размислете пред да реагирате, размислете што ве
вознемирило, и како би се чувствувале вие доколку некој така реагира
- Разговарајте за тоа, споделете ги своите размислувања и чувства со други
возрасни лица (роднини, пријатели, соседи)
- Излезете надвор да земете свеж воздух и да прошетате
- Најдете си “издувен вентил” на некој прифатлив начин
- Хуморот понекогаш баш може да помогни, секогаш постои смешна страна
на секоја ситуација

43
- Понекогаш удоволете си себе си со нешто што ве прави среќни (шолја чај,
топла купка, книга, крстозбор)
- Замислете нешто убаво, мирно и сигурно. Ослободете ја фантазијата, тоа
може да ве смири
- Смислете сами што токму вас ви помага

КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕТЕ НА ДЕЦАТА?

- Децата сакаат ред и рутина. Планирајте им го секој ден


- Децата се активни. Обезбедете им движење и делување
- Децата сакаат да бидат корисни. Дајте им некои задачи прилагодени на
нивната возраст. Ефикасноста дополнително ќе ја зголеми нивната
самодоверба и самоконтрола.
- Пофалете го нивниот труд и работа
- Разговарајте со децата. Прашувајте ги и зборувајте им за се, за важни и
помалку важни работи.
- Информирајте ги за настанаите на начин прилагоден на нивната возраст.
- Овозможете им да си играат. Тие низ игра доаѓаат до ослободување на
напнатоста.
- Понудете им да цртаат, пејат, глумат, вежбаат – тиа така се изразуваат
- Бидете покрај нив, но оставете ги и да играат со врсниците
- Излезете во пресрет на специфичните потреби на вашето дете.

(Доц. Др. Јелена Срна, психолог, стручен консултант

на програмата за психосоцијана поддршка)

Принцип број 3: видот на психолошката помош треба да се поклопува


со фазата од несреќата

На предходните страници детално се обработени трите фази на една


елементарна непогода: фаза на спасување, фаза на интервенирање и фаза на
реконструкција. Секоја од овие фази бара специфична примена на различен облик на
психолошка помош.

Фаза на спасување

44
Во првата фаза од несреќата, приоритетна група на која се пружа помош се како
погодените лица од елементарнатра непогода, така и на нивните спасувачи и помагачи.
Во оваа фаза од несреќата потребно е со подеднакво внимание да се третираат двете
групи. Причините за тоа се јасни: менталното здравје на помагачите и спасувачите,,
казко и нивното добро психофизичко функционирање е основен услов да во разумен
рок се започне со ублажување на последиците од несреќата.

Помош и поддршка на спасувачите и помагачите (како и на погодените од


елементарна непогода) можат да се пружат преку допир, прегратка, охрабрувачки
зборови, разговор, шилја кафе или чај. Постои општа согласност дека некои посложени
психолошки интервенции да се остават за подоцна. Основната психолошка помош која
се пружа во овој период се различни облици на информативна поддршка: информации
за исчезнатите членови на поширокоти или потесното семејство, информации за тоа
што ќе се случува во следните денови, со какви мисли и емоции ќе се соочуваат. Во тој
случај се користат кратки и јасни пораки во кои се објаснува дека мислите, чувствата,
однесувањето кои ќе се појават се “нормални за ненормална ситуација”. Така да, многу
е важно што поскоро да се воспостави круг на поддршка: да се спојат членовите на
семејството, соседите, колегите од работа. Исто така во оваа фаза пред помагачите стои
важна задача да ги препознаат евентуалите знаци на анксиозност или паника, знаци на
депресија, дезориентираност или неможност да се прифатат преавилата кои постојат во
засолништат или привремените кампови. За личностите кои ги пројавуваат овие тегоби
треба да се обезбеди помош од страна на професионални стручњаци.

Покрај погдените личности од елементарната непогода и нивните семејства, во


нестреќата постои и друг круг на личности погодени од настанот. Тоа се пријателите
на преживеаните, очевидците, медиумските работници па дури и оние кои настанот го
виделе на телевизија. На сите ним им е потребна поддршка, разговор, допир. Меѓутоа
во вакви услови треба да се има на ум дека не сите лица погодени од елементарна
непогода имаат исти потреби. За некои е неопходно постојано да зборуваат за
несреќата, а некои го избегнуваат тоа, се повлекуваат во тишина и не зборуваат. Овие
реакции се нормални во ситуации на несреќа и таков став треба да се пренесе на
погодените лица.

Рана фаза на интервенција: прв месец

45
Првите денови или седмици после масовната несреќа можат да бидат “меден
месец” во кој доминира чувството на олеснување и оптимизам околку иднината.
Можат да се појави чувство на заедништво и дареживост. Поединците може да се
наоѓаат во фаза на негирање на загубите и проблемите кои ќе ги донесе иднината. Во
оваа фаза лицата можно е да одбиваат психолошка помош тврдејќи дека таа не им е
потребна. Меќутоа, во текот на првиот месец вербата дека живото ќе се врати во својот
нормален тек полека се губи и се поголем број на луѓе стануваат обезхрабрени,
заплашени и тажни. Во тој момент се потребни различни облици на психолошка
помош. На прво место и понатаму е пружањето на информативна поддршка. За таа цел
можат да се користат локални средства за информирање, состаноци, локални заедници,
службите во црквите, родителски состанци во училиштата и слично. Во овој период
треба да се ангажираат локални професионалци во полето на менталното здравје
(психијатри, психолози, социјални работници) како и да се идентифицираат оние
поединци кои после одредена обука би можеле да пружаат психолошка помош. Во оваа
фаза е важно да во специфични ситуации се пружа сосема конкретна психолошка
поддршка. Тоа може да биде помош во организирање на погреби, различни ритуали во
заедницата. Многу е важно во оваа фаза да се охрабрат погодените од елементарната
непогода да се залагаат за себе и активно да се вклучат во повторно изградување на
локалната заедница. На овој начин на жртвите им се враќа чувството на контрола над
случувањата во нивниот живот.

Доцна фаза на интервенција: од вториот месец па натаму

Во оваа фаза станува јасно кој облик на психолошка помош треба да се понуди
на одредените групи на преживеани и нивните помагачи. На некои им е доволна
помота која можат да ја пружат обучени непрофесионалци: разговор, емоционална
поддршка, организирање на кругови за социјална поддршка, примена на некои
експресивни техники. Многу од преживеаните и нивните помагачи и спасувачи имаат
потреба од помош која можат да ја пружат обучени професионалци: психолошка
интервенција во криза, да се пронајде “издувен вентил” вежби за релаксација. Овие
облици на помош можат да се организираат во посебно формирани центри каде
психолошката помош ќе се пружа или по пат на телефон (SOS служба) или преку
личен контакт.

46
Во пролетта 1993 година Мегународната федерација на друштвото Црвен крс и
Црвена полумесечина, преки Југословенскиот црвен крст иницирала реализација на
програма за психосоцијална поддршка наменета за бегалците и локалното население.
Приоритетната активност во обсег на проектот била поврзана со основање на Центар за
жртви на траума и насилството предизвикано од војната. Првиот центар бил основан
во Белград во јули 1993 година. Во периодот од 1993 и 1995 година основани се уште
девет такви центри во кои биле ангажирани 89 непрофесионални соработници и 10
професионалци, супервизори.програмата за психосоцијална поддршка се реализирала
на три начини: телефонска помош, лични контакти во центарот и колективна поддршка
во центрите за бегалци.

Фаза на реконструкција

Траењето на оваа фаза е невозможно да се одреди како што е невозможно да се


одреди траењето на психолошките последици од несреќата. Сепак, искуството од
неколку елементарни непогоди покажува дека помошта од областа на менталното
здравје треба да остане достапна на лицата погодени од несреќата и нивните семејтва,
како и на помагачите, најмалку две години после катастрофата. 41 Психолошката помош
во овој момент е најдобро да се реализира по пат на SOS службата. Многу е важно да
се развие систем на надгледување на оние преживеани на кои им е пружена помош во
раниот период.

Принцип број 4: психолошката помош на преживеаните треба да се


интегрира во општа програма за помош

Скоро секогаш владините организации (на локално и национално ниво) ретко


придаваат приоритетно значење на санирањето на психолошките последици од
елементарната непогода. Спасувачите и помагачите кои се се фокусираат на
ургентните и конкретни задачи со цел спасување на животи, заштита на имотот,
обезбедување храна, облека и засолниште, како и со изградба на инфраструктурата на
заедницата, можат да го гледаат психосоцијалните услуги како непотребни.
Искуството кажува дека таква била ситуацијата во девеесеттите години во Србија и
дека во рамките на Југословенскиот црвен крст долго владеел изразито
омаловажувачки став кон психолошката помош на бегалците и жтрвите на траума

41
Ehrenreich J.H. “Coping with Disastres – A guidebook to Psychological intervention”, 2001.

47
предизвикана од воените услови. Поради ваквата ситуација многу е важно од самиот
почеток самата психолошка помош од почетокот да се вклучи меѓу другите видови на
помош и постојано да се информираат надлежните и јавноста за ефектите од овој вид
на помош. Доколку е возможно, потребно е што побрзо спасувачте и помагачте да се
обучат да го препознаваат емоционалните реакции и да пружаат психолошка помош.

Локалните експерти кои се ангажирани на санирање на психосоцијалите


последици од несреќата, би требало, користејќи го својот стручен авторитет, да им
укажат на претставниците за:

- Значајноста на одрживањето на примарните групи заедно (семејтвото,


групата на колеги, соседите или жителите од истото село)
- Значајноста на оставањето на децата покрај родителите, ако е тоа возможно.
Искуствата од Втората светска војна говорат дека децата кои останале
покрај родителите во текот на бомбардирањето на Лондон, подоцна
манифестирале помалку психички проблеми од децата кои биле евакуирани
од Лондон и биле одвоени од родителите.42 На балканските простори исто
така постојат слични случаеви. Децата кои потекнувале од семејства кои
биле загрозени во војната во Босна и Хецеговина биле евакуирани и им било
дозволено да поминат по десетина дена во детските одморалишта во Црна
Гора. Кај сите деца во текот на тој период биле видливи манифестации на
збунетост, неможност за снаоѓање во “нормална ситуација”, грижа за
родителите, чувтсво на вина и друго.
- Значењето на брзото ангажирање на преживеаните во санирањето на
штетата од елементарната непогода бидејќи тоа го смалува чувството на
безпомошност.
- Значењето на избегнувањето на непотребни евакуации и обезбедување
услови да луѓето се вратат што побрзо во своите домови.
- Значењето на тоа да се даде дозвола семејтвото да ги видат телато на своите
блиски кои загинале во елементарната непогода.
- Значењето на спасувањето на домашните миленичиња и нивно негување во
специјални засолништа за животни. Оваа постапка, која изгледа непотребна,
доста влијае на емотивната благосостојба на повеќето луѓе.

42
Van der Veer G. “Counselling and Therapy with Refugees, Wiley, New York, 1992

48
Принцип број 5: Психолошката помош мора во обзир да ги зема и
културолошките особености

Елементарни непогоди се случуваат на целата планета. За разлика од другите видови


на помош, психолошката помош мора да ги земе во обзир културните особености на
една заедница, како и на различните групи во склоп на заедницата. Начините на
пружање на психолошка помош кои се развиени во индустриските општества, не мора
да значи дека се корисни во други заедници. Околу што се треба да се води грижа? Во
продолжение следува список на прашања околу кои секој помагач треба да размисли
пред да пружи психолошка помош на припадници на друга култура.

- Некои култури ги објаснуваат случувањата со научни термини, а некои со


спиритуални. Каде во овој распон се наоѓа оваа култура?
- Во кои услови и под кои околности е општествено прифатено покажувањето
на емоциите како што се срам, вина, страв, лутина и слично? Како се
опишуваат различните емоции и на кој начин се манифестираат?
- Какви се очекувањата во врска со односот на помагачите и лицата погодени
од елементарна непогода?
- Дали постои одреден редослед на работата и интеракцијата меѓу лицата кои
бараат помош и помагачите? Дали се очекува извршување на одредени
ритуали во текот на третманот?
- Какви се културолошките очекувања во врска со користењето метафори,
митови и приказни во контактот измеѓу лицата на кои им се пружа помош и
помагачите?
- Дали постојат очекувања дека помагачот ќе пружи непосредна материјална
помош, директен совет или ќе им даде инструкции?
- Кои се традиционалните начини на разбирање на причината за несреќата
(пр. Вештерство, божја волја, судбина, карма) и како тоа влијае на
однесувањето на лицата погодени од несреќата?
- Како се објаснуваат симптомите на некоја ментална болест?
- Кои се очекувањата од авторитетните личности особено од оние кои ја имаат
власта во сопствени раце?

Искуството зборува дека секоја врста на психолошка помош мора да биде


чувствителна на постоњето на овие културолошки разлики, и доволно флексибилна да

49
се прилагоди на нив. При работата со жртвите од ерупцијата на вулкан на Филипините,
помагачите во псисхолошките техники вклучиле и молитви, а при работата со
трауматизираните воени ветеринари од индијанското племе Навахо (САД) биле
вклучени и традиционални исцелители кои преку различни ритуали ги “прочистувале”
вјниците по враќањето од борба.

Искуството од овие простори исто така може да биде илустративно.

Во текот и после бомбардирањето на Србија, во 1999 година, голем број на


Роми го напуштиле Косово. Многу од нив стигнале и до главниот град и се засолниле
кај своите роднини во приградските населби. Покрај официјалните институции и голем
број на невладини организации пружале различни видови на помош. Една од
невладините организации сакала да обучи поголема група на Роми за да пружаат
непрофесионална психолошка поддршка на своите сонародници. Задачата не изгледала
воопшто комплицирана од причина што истиот тој тим на психолози ја извршил истата
обука повеќе пати. Но, се случило нешто што никој не го очекувал. Објаснението на
концептот за психосоциална поддршка кое им било сосем јасно за бегалците од Босна
и Хрватска, за Ромите било потполно нејасно. После неколку минути предавање било
увидено дека повеќето од слушателите не разбирале за што се зборува. Исто така им
станало јасно дека проблемот кај ромската популација не се состои во тоа како идните
непрофесионални советници да станат сензибилни на блискст, топлина, прифаќање
(бидејќи тоа во нивната етничка заедница го има во доволна мера, понекогаш и
претерано). Поголемиот проблем се состоел во тоа како да воспостават и одржат
граница меѓу себе и оној кому треба да му помогнат.

Принцип број 6: Психосоцијалната поддршка се наоѓа во основата на


непрофесионалната и професионалната психолошка помош

Терминот психосоцијална поддршка, во суштина опишува два вида на


поддршка, психолошка и социјална. Психолошката (се вика и емоционална) е посебен
вид на контакт кој вклучува вештини за слушање, разбирање, соочување, емоционална
топлина и безусловно прифаќање. Социјалната поддршка с еоднесува на структурата,
квалитетот и функциите на социјалната мрежа на која личноста и’ припаѓа.
Психолошката поддршка се реализира преку вербален и невербален контакт со лицата
погодени од елементарни непогоди. Во ситуација на нереќа, погодените лица имаат

50
потреба да зборуваат за тоа што им се случило. Бидејќи преку разговорот му се дава
смисла на несреќата, се проверува точноста на индивидуалното видување на несреќата
и полека се воспоставува контрола на емоциите. Користејќи вештини за слушање, и
емпатичко разбирање, обучениот помагач (професионалец или непрофесионалец) му
помага на жртвата повторно да воспостави контрола над својот живот, ја обезхрабрува
пасивноста и зависноста и дава поддршка за самостојно решавање на прблемите.
Поради ова, непрофесионалните работници во Центрите за помош на жртви на траума
и насилство ја дефинираат својата работа како пружање помош на жртвите за да си
помогнат сами на себе.

Социјалната поддршка се однесува на коритење на ресурси кои потекнуваат од


социјалната мрежа на која и припаѓаат жртвите. Покрај помошта за брзо
воспоставување на социјална мрежа (спојување на семејството, соседите, пријатели),
стварање на нова социјална мрежа во услови на катастрофа (колективни центри за
бегалци, засолништа итн.) стануват приоритетни задачи на непрофесионалните и
професионалните помагачи.

Пружајќи психосоцијална поддршка во колективните центрри за бегалци,


непрофесионалните помагачи забележале дека мајките со мали деца имаат проблеми
при одржување на квалитетна комуникација со своите деца. Под влијание на несреќата,
сами и без поддршка од своите сопрузи и поширокото семејтво, младите мајки како да
се “замрзнале” емоционално и ја изгубиле способноста да се радуваат и да си играат со
своите деца. Младите мајки се однесувале како да се разтргнати меѓу потребата да не
бидат одвоени од децат и истовремено емоционално не им се доближувале на своите
деца. Заради тоа комуникацијата со децата била сиромашна, воздржана, без топлина и
радост. Со цел да ја подобрат комуникацијата непрофесионалните помагачи осмислие
програм кој би ги охрабрил мајките емоционално да им се приближат на своите деца.
Два пати неделно, непрофесионалните помагачи организирале работилници за децата
кои се одвивале во присуство на нивните мајки, кои на почетокот биле присутни и
само набљудувалешто се случува за време на работилниците. Постепено,
непрофесионалните помагачи започнале да смислуваат игри во кои ги вклучувале и
мајките. По неколку месеци голем број од мајките во бегалските кампови започнале
сами да смислуваат игри и активности за своите, па и за другите деца.

51
Постојат повеќе видови психосоцијална поддршка. Шефер разликува три
облици на поддршка: емоционална, материјална и информативна. Емоционалната
подршка се состои во добивање внимание, наклонестост и љубов. Под материјална
поддшка се подразбира секој облик на конкретна помош: пари, нега при болест и др.
Информативната помош се состои во објаснување, разјаснување и давање совети.43

Нашето искуство во организирање и спроведување на разлицни облици на


психосоцијална поддршка на бегалците во периодот од 1992 до 2000 година зборува
дека на оваа поделба на Шафер треба да се додаде уште еден облик на поддшка, а тоа е
поддршка во когнитивната проценка. Поделбата која ја предлагаме е поделба на
материјална и когнитивна поддршка во когнитивната проценка и емоционалната
поддршка. Експлицитно или имплицитно, емоционалната поддршка е секогаш
присутна и таа е заеднички именител на сите облици на психосоцијална поддршка. Еве
неколку примери:

Материјална поддршка. Голем број на бегалци останале без доволно храна,


обувки, облека, средства за хигиена, без пари. Хуманитарните организации го
обезбедувале она најосновното: храна, кров над главата, лекови. Пружајќи го овој вид
на материјална поддршка, можеле да се препознаат бројни имплицитни емоционални
пораки.

На почетокот на август во 1995 година колоната на бегалци од Хрватска ги


преплавила патиштата кои водат до Србија. На еден од влезовите во главниот град
биле изложени алишта, наменети за бегалците. На едно место облеката била уредно
здиплена, испеглана и разпоредена по големина и намена, тука имало и млада, љубезна
девојка која им помагала околу изборот на потребната облека, а пак на друго место
облеката била на куп, во прашина, измешана. Иако во двата случаеви се работело за
материјална поддршка, емоционалната поддршка била сосема поразлична.

Информативна поддршка. Во непрегледната колона на бегалци кои


пристигнувале во главниот град луѓето добивале храна, облека, лекови, како и
информации за својата крајна дестинација. Секој човек од колоната добивал лист
хартија на кого бил напишан некој град од внатрешноста на Србија. Повеќето луѓе ја
примале таа информација молчејќи и продолжувале понатаму. Како и да не постоеле
дополнителни прашања (колку е тој град оддалечен, уште колку ќе треба да патуваат).
43
Lazarus R., Folkman S., “Stress, appraisal and coping”, Њу Јорк, 1984 год.

52
На прв поглед било јасно дека повеќето од тие луѓе се за прв пат во Србија и дека во
нормални околности би прашувале многу повеќе. Ваквото однесување може да се
разбере како изразување на очај, безпомошност и губење на чувството дека животот се
држи во свои раце. Следните денови непрофесионалците од белградскиот центар за
жртви од траума низ целиот град поставиле мапи од Белград и ги повикале бегалците
да погледнат каде одат, колкав пат поминале и да донесат одлука дали сакаат веднаш
да продолжат или можеби сакаат да одморат. Луѓето како да живнале, се собирале
околу мапите, проценувале, се договарале. На повеќето тоа им била нивна прва
самостојна одлука после повеќе од десет дена. Изгледало дека тие луѓе, макар за
кратко време повторно завладеале со своите животи.

Поддршка во когнитивната проценка. Овој вид на поддршка е усмерен на


проценка на: актуелната ситуација, себеси и своите можности, механизмите за
надминување на ситуацијата кои ги имаме на располагање.

По потпишувањето на Дејтонскиот договор, со кој е официјално завршена


војната на просторите на Југославија, за многу бегалцие се отворила можност за
враќање назад. Избегличкиот живот траел веќе со години и пред повеќето од бегалците
се појавила дилемата дали да останат или да отидат. Одлуката да се замине отварала
повторно две можности: да се вратат од каде дошле или да тргнат кон некоја “трета
земја”. На повеќето им било тешко да донесат било каква одлука. Од една страна
годините поминати во избеглиштво им донеле т.н.синдром на бегалци (зависност од
други луѓе, безпомошност, пасивност, страв од промена), а од друга страна потребно
било да се ускладат одлуките на сите членови на семејството и да се донесе правилна
одлука.

Помагачите осмислите програм за поддршка кој во тоа време се одвивал во


колективните центри за бегалци. На сите членови на семејствата кои биле донесени
пред оваа важна одлука им биле поделени листови хартија на кои пишувало “Што ...
ако?”. Што ако одлучам да останам? Што ако одлучам да се вратам? Што ако заминам
за некој нова земја? Секој член од семејтвото добивал онолку листови колку што имал
дилеми и добил за задача да до следниот ден замостојно ги наброи сите причини “за” и
сите причини “против” одредена одлука. Наредниот дел сите листови ги поставиле на
маса и семејствата започнале да разговараат за секоја од можностите.

53
Едно семејство сакало да се врати во родниот град. За враќањето зборувале сите
членови на семејството освен домаќинот кој или молчел или се изјаснувал против. На
семејниот состанок и на листовите хартија целата вистина излегла на виделина.
Единствената причина зошто домаќинот не сакал да се врати било поради средбата со
соседот. На почетокот на војната ова семејтво навремено и безбедно го напуштиле
градот додека најблискиот нивен сосед ја дочекал војната и го изгубил својот единтвен
син. Во главата на домаќинот се вртеле секакви мисли. Како да се соочи со соседот и
драг пријател? Дали веднаш да оди кај него и му изрази сочувство иако поминале
години? Сите овие прашања пропратени со чувство на вина им стварале тешкотии на
семејството да донесе одлука. На семејниот состанок отворено се разговарало за сето
ова и семејтвото се припремило за да се соочи со сите проблеми во градот од кој
потекнувале.

Емоционална поддршка. Овој вид на поддршка представува посебен вид на


комуникација во која централно место има емпатското разбирање, поистоветување,
осознавање и комуницирање со емоционалните, менталните и мотивационите процеси
на другите. Во центарот на овој вид на поддршка се наоѓа емпатијата за која се смета
дека истовремено е и карактерна особина и посебна вештина. Во текот на селекцијата
непрофесионалците биле избирани врз основа на резултатите на Тестот за емпатија.
Подоцна во текот на супервизискиот состанок помагачите ја вежбале оваа вештина.
Како резултат на тоа е составен список на правила кој се наоѓал на ѕидот на
просторијата за “телеапел”:

НЕ! НЕ! НЕ!

НЕ “КОПАЈ” ПО КЛИЕНТОТ - ТОА НЕ Е СИТУАЦИЈА НА СЕГА ИЛИ НИКОГАШ

НЕ МОРАЛИЗИРАЈ (тоа се страшни луѓе што тоа ви го сториле...)

НЕ СЕ ПОСТАВУВАЈ КАКО АВТОРИТЕТ КОЈ СЕ ЗНАЕ (На ваше место јас би


направил вака...)

НЕ СЕ ПОСТАВУВАЈ КАКО СЕМОЌЕН СПАСУВАЧ (ние сега сето тоа ќе го


средиме...)

НЕ ИЗНЕСУВАЈ СВОИ УВЕРУВАЊА – КЛИЕНТОТ НЕ СЕ ОБРАТИЛ КАЈ ВАС ЗА


ДА СЛУШНЕ ШТО ВИЕ МИСЛИТЕ ЗА ЖИВОТОТ, ЛУЃЕТО, ВОЈНАТА...

54
ДА! ДА!ДА!

СЛУШАЈ! СЛУШАЈ! СЛУШАЈ ВНИМАТЕЛНО!

СЛУШАЈ ШТО ЗБОРУВА, НО “СЛУШАЈ” ГИ И ЧУВСТВАТА СО КОИ Е ОБОЕНО


ОНА ШТО ГО СПОДЕЛУВА

ИЗГОВАРАЈ КРАТКИ РЕЧЕНИЦИ СО КОИ ЌЕ ПОКАЖЕШ РАЗБИРАЊЕ (тоа било


навистина тешко...) И ЌЕ ПОТТИКНЕШ ПОНАТАМОШЕН РАЗГОВОР (да..., Како се
чувствувате сега...?)

ОСНОВНИОТ СТАВ:

ТУКА СУМ, ТЕ СЛУШАМ, ТЕ ПРИФАЌАМ!

Да се вратиме на психосоцијалната поддршка. Квалитетто на оваа поддршка


зависи од две групи на фактори: особилите на личноста која ја пружа поддршката и
начинот на кој се пружа поддршка. Што се однесува на карактеристиките на личноста
искуството кажува дека се пожелни следниве особини: чувствителност на
емоционалните реакции на другите луѓе, емпатичност, топлина оптимизам. Меѓу
непосакуваните карактеристики спаѓаат: неспособност да се слушнат другите,
склоност да се даваат вредностни судови (морализирање), наметливост (јас имам
решение за твојот проблем), склоност да се доминира и сл.

Начинот на пружање на психосоцијална поддршка од страна на


непрофесионалци се движи преку супервизиски сотаноци и на посебно организирани
семинари. На овие семинари почетниците ги вежбаат техниките на слушање,
способност да ги препознаат емоцииите кои се наоѓаат во позадина од изговорената
содржина, разбирање на неверебалните пораки и охрабрување на слободното
изразување на емоциите.

Непрофесионалците стекнуваат некои од вештините кои ги имааа оние кои


професионално се занимаваат со психолошко советување (на пример терапијата
усмерена кон клиентот на Карл Роџерс)44

Непрофесионалци и психолошката помош при несреќи

44
Karl Rodzers, “Slusham te, razumem te, prihvatam te…- nedirektivna psihoterapija”,IP “Zarko Abdulj”, 1998.

55
Ангажирањето на непрофесионалци при санирање на психолошките последици
од несреќи е уште еден именител кој ги спојува различните типови на психолошка
помош.

За непрофесионалци се сметаат индивидуалците кои се вклучени во


обезбедување на услуги за подобрување на менталното здравје без завршена
професионална обука.45 Едноставно кажано непрофесионалците се луѓе кои немаат
формално образование во психолошката професија, но кои имаат доволно, сила волја и
ентузијазам да им помагаат на останатите во несреќа. За време на масовни несреќи
помошта од страна на непрофесионалците за заштита на менталното здравје на
населението е од огромна важност. Причините за тоа се следниве: бројот на
професионални лица е мал а потребите се големи. Во таков случај бројот на погодени
од елементарна непогода е на кој им е потребна професионална психолошка помош е
многу помал од оние останатите на кои им помагаат непрофесионалци.
Непрофесионалците кои се обучуваат за работа во домен на металното здравје најчесто
се припадници на истата култура како и жртвите и познато им е трауматското
искуство, а и културолошките реакции на несреќата. Ангажирањето на
непрофесионалци во пружање на психолошка помош поттикнува две клучни прашања:
селекција на непрофесионалците и нивна едукација.

Што се однесува на селекцијата Гудман зборува за емоционална стабилност,


интерперсонални вештини и позитивно ментално здравје како основни критериуми при
изборот. Други автори ја истакнуваат емоционалната топлина, сочувство, вештина на
комуницирање, способност да учат и се менуваат.

Искуството при ангажирање на непрофесионалци покажало дека најабитна е


селекцијата на кадрите. При селекцијата за работа во центрите за помош на жртвите на
траума се раководат по следниве критериуми:

- Присуство на просоцијална ориентација и постојано просоцијално


однесување, изразено преку алтруизам, емпатија и кооперација.
Просоцијалното однесување представува секое однесување кое
придонесува за благосостојбата на другиот.46

45
Zax M. & Specter A.G. “An Introduction to Community Psychology”, Waley & Sons, inc, New York, 1974.
46
Joksimovic S.,Vasovic M “Psiholoshke osnove covekoljublja”, Institut za pedagoshka istrazivanja, Белград,
(1990)

56
- Лична успешност во констурктивно надминување на тешкотите кои се
предизвикани од вонредни околкности во тоа време. Ако се во прашање
личности со бегалско искуство, проценувана е нивната успешност за
надминување на тие проблеми.
- Адекватност за работа во тим.

Посебно конструирани тестови се користат за испитување на основните форми


на просоцијално однесување: алтруизам (грижа за интерерсите за другиот без водење
сметка за сопствените интереси), емпатија (способност со друга личност да се споделат
емоциите и тие емоции да се доживеат делумно и како свои), кооперација
(подготвеност да се работи со другите, за заеднички интерес).

Вториот критериум дефиниран како лична успешност во конструктивно


надминување на последиците од вонредните животни околности е доста важен
ососбено за геогравски подрачја кои во последните години се справувале со несреќи.
Непрофесионалците кои биле неуспешни во надминување на своите животни
проблеми се чинеле како непогодни за помагање на жртвите.

Третиот критериум во центарот за жртви на траума предизвикана од војна се


остварувал преку процена од страна на две лица со долгогодишно искуство во областа
на менталното здравје, психијатар и клинички психолог. Подоцна искуството покажало
дека најдобро функционирале тимовите кои имале мешовита структура и во кои 1/3 од
членовите имале искуство како бегалци.

Посебно внимание се обрнува на едукацијата на непрофесионалците. Основниот


модел на едукација се состоел од дидактичка обука и искуство на работа под
супервизија. Се препорачува обуката да започне со наједноставни задачи кои
непрофесионалците можат веднаш да ги применат во пракса, исто така многу е важно
да се охрабрува групната солидарност, групниот идентитет и поддршката на самата
група бидејќи единствено така нема да имаат потреба да ги имитираат
професионалците.47

Искуството кажува дека единствен добар пристап во едукацијата на


непрофесионалците е оној кој никогаш не застанува. Тоа значи во текот на работата
непрофесионалците мораат да се во постојан контакт со професионалците кои

47
Zax M. & Specter A.G. “An Introduction to Community Psychology”, Waley & Sons, inc, New York, 1974.

57
истовремено ги учат на нови техники за пружање психолошка помош како и да останат
во добра психолошка рамнотежа.

Соработката меќу професионалците и непрофесионалците е деликатна. Постои


голема опасност да дојде до доминација и надмоќност. Задачите на професионалците
се следни:

- Да извршат селекција на непрофесионалците


- Да извршат обука на непрофесионалците по предходно определена
програма
- Да се одржуваат редовни (неделни) состаноци на кои ќе се дискутираат
сите случаи со кои непрофесионалците се сретнале на работно место.
При тоа псофесионалците треба да спречат претерано
“психологизирање” (на што се склони непрофесионалците), како и
грешки на “нормализација”.
- Да им помогнат на непрофесионалците да останат во добра емоционална
рамнотежа. Работата на професионалците е доста деликатна, од една
страна од нив се очекува да при пружањето психолошка поддршка се
поистоветат со жртвата, но од друга страна и да задржат одредена
дистанца. Во одржување на оваа дистанца доста помагаат
професионалците.
- Да помогнат во центарот да завладее добра, отворена и поддржувачка
атносфера. Ако таквата атносфера се задржи работното место автоматски
станува извор на психолошка поддршка за сите оние кои доаѓаат да
побараат помош.

Улогата на професионалците во тимот на непрофесионалци би можела да се


опише како заштитиничка, едукативна и поддржувачка. Професионалецот ги штити
непрофесионалците од можни грешки поради недоволно знање и неможноста да се
препознаат различни облици на психопатолошки реакции. Исто така
професионаллецот ги поттикнува непрофесионалците да креираат нови превентивни
програми наменети за различни групи (деца, адолесценти, стари лица...).

58
Професионалецот (едукатор и супервизор) во групата на непрофесионалци има
улога на добар, зрел родител кој само помага се она што е убаво, конструктивно и
хумано да дојде на површина.48

Почетокот на работата на пружање психолошка помош од страна на


непрофесионалците е исполнет со нагласен ентузијазам и чувство на семоќ. После
одреден период доаѓа до соочување со реаланоста. Ентузијазмот е сеуште присутен но
се почесто се јавува сомнеж во делотворноста на овој вид на помош. Поради тоа на
почетокот често доаѓа до одстапки од улогата: непрофесионалниот помагач започнува
премногу да ја штити личноста која се обраќа за помош, ги решава нејзините
практични проблеми, учествива во нејзините конфликти со поединци или институции.
Исто така потребно е извесно време непрофесионалецот да го усвои правилото на
дискреција, односно професионална тајна. Поради сето ова неопходно е да состаноците
со супервизорот бидат редовни и да во групата владее блискост и доверба.
Непрофесионалците кои пружаат психолошка помош по извесно време разговараат за
придобивките од овој тип на работа во приватниот живот на пример комуникацијата со
блиските им станува подобра.

Што можат да прават непрофесионалците и каков вид на психолошка


помош можат да пружат?

РАЗГОВОР. Во ситуации кога жртвата се соочува со тешка ситуација има потреба да


зборува. Преку разговор тие пробуваат да сфатат што се случило и пробуваат да му
дадат смисла на она што се случило. Така што зборувајќи за своето искуство
преживеаните проверуваат дали нивното видување на несреќата е точно.
Прераскажувајќи се екстернализираат мислите и чувствата и се воспоставува контрола
над емоциите. За разлика од “лечевниот” разговор постојат и вербални контакти во кои
само безкрајно се повторува доживеаното. Ваков вид на говор е знак на јака
анксиозност или депресија. Две најбитни задачи на непрофесионалците се:
разликување на овие две врсти на вербално соопштување и развивање вештини на
активно слушање. Кога се во прашање деца вербализација на преживеаното е најчесто,
поради возраста на детето, невозможна. Тогаш се користат други канали на
комуникација: цртеж, игра, танц. Во текот на едукацијата непрофесионалците се
обучуваат и за овој вид активности.
48
Vlajkovic J., Srna J., Kondic K., Popovic M. ‘’Psihologija izbeglistva”, IP Zarko Albulj, Белград, 2000.

59
ЈАКНЕЊЕ НА СОПАСТВЕНИТЕ СИЛИ. Според мислењето на многу автори еден од
аспектите на елементарните непогоди кои имаат наразорен впечаток е чувството дека
сме ја изгубиле контролата над својот живот. Под влијание на овие чувства се ствара
слика за себе како жртва на несреќни околности. Се појавува пасивност, зависнот, се
зацврстува чувството на безпомошност. Една од важните задачи на непрофесионалците
е да им помогнат на лицата што поскоро да ја напуштат улогата на жртва и да ја
прифатат улогата на преживеан, што истовремено значи и да го зацврстат чувството на
контрола врз ситуацијата. Затоа задачата на непрофесионалците се состои во тоа што
поскоро ги вклучат погодените во санирање на последиците од несреќата, да ги
охрабруваат да донесуваат одлуки самостојно и да ги спроведуваат на дело. Поради
истите причини се инсистира децата што поскоро да го продолжат образованието.

НОРМАЛИЗАЦИЈА. Задача на непрофесионалците исто така е и да ги информира за


текот и динамиката на симптомите кои ќе се појават со текот на времето, како и да ги
уверат дека сите тие симптоми се само ”нормална реакција на ненормална ситуација”.
Преживеаните мораат да бидат предупредени дека годишнината од несреќата,
погребите како и правните постапки кои произлегле од настанот можат да доведат до
краткотрајно враќање на симптомите тогаш кога тие веќе изчезнале. Преживеаните
мораат да знаат дека нивното опоравување ќе се одвива тешко и бавно (два чекори
напред, еден назад).

ВОСПОСТАВУВАЊЕ ИЛИ ГРАДЕЊЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ. Наново


воспоставување или градење мрежа за социјална поддршка е клучно во ситуации на
екстремен стрес. Повторно соединување на смејството е задача од приоритетно
значење. Децата не треба да се одвојуваат од родителите, а ако е тоа неопходно од било
која причина, покрај детето треба да биде позната возрасна личност (роднина,
наставник). Доколку воспоставувањето на природна мрежа за социјална поддршка е
оневозможено од било која причина, непрофесионалците низ различни групни
активности треба да им помогнат на преживеаните да изградат нови мрежи за
поддршка.

ПСИХОЛОШКА ПРВА ПОМОШ

Во последните години повеќето активности во доменот на психосоцијалната


поддршка кои ги пружаат непрофесионалците се опишуваат со еден термин: прва
психолошка помош. Овој вид на помош представува единствената форма на

60
психолошка поддршка која има своја употреба во локалната заедница. Неко автори
првата психолошка помош ја одредуваат како “емоционална прва помош” или како
рана психолошка поддршка и ја поредуваат со медицинската форма на прва помош. 49

Познато е дека возрасните членови на една заедница во текот на животот се


оспособуваат да пружаат прва медицинска помош кога се во прашање полесни телесни
повреди. Овие знаења и вештини се доста корисни и применливи. Меѓутоа покрај
првата медицинска помош членовите на заедницата можат да се оспособат за пружање
емоционална и психолошка прва помош и не само во ситуации на елементарни
непогоди туку и во секојдневниот живот. Неоспорен е фактот дека несреќите од големи
размери се релативно ретки, но луѓето во секојдневните случувања доживуваат
многубројни стресови поминуваат низ различни емоционални кризи. Сето ова влијае
на менталното здравје на луѓето во една заедница. За да таквите состојби полесно да се
надвладеат потребен е разговор, утеха, топол збор и присуство на лице на кое може да
му се верува, а сето тоа ја представува основата на првата психолошка помош.

Според Сингер првата психолошка помош содржи:

1. Усвојување на чувствителен, емпатичен и флексибилен став кон широкиот


дијапазон на реакции кои ги манифестираат жртвите.
2. Обезбедување физичко присуство на оние кои се сами и исплашени.
3. Грижа за физичката благосостојба на погодените (обезбедување облека, храна и
вода)
4. Охрабрување на вербалното изразување на емоциите кои се поврзани со
искуството од катастрофата.
5. Давање на точни и проверени информации на преживеаните за нивните блиски
и за ситуацијата во која се наоѓаат.
6. Препознавање на поединците на кои им е потребна професионална помош и
пружање на таков вид на помош.
7. Охрабрување на преживеаните да што поскоро се ангажираат во санирање на
последиците од несреќата.50

Според други автори психолошката прва помош се состои од следното:

49
Raphael B, “Early intervention and the debriefing debate”, Cambridge University Press, New York, 2003
50
Singer T. “An introduction to disaster: Some consideration of a psychological nature”, American Psychologist
1982.

61
1. Тешење и смирување. Понекогаш за тоа се потребни зборови,а понекогаш е
доволно тивко седење до личноста, само да бидеш тука за него.
2. Заштита од понатамошта закана. Загрозената личност мора да почувствува дека
е заштитена од понатамошна повреда.
3. Хитна грижа за физичките потреби (храна, засолниште, облека)
4. Обезбедување на психолошка поддршка во текот на идентификација на
загинатите, доколку блиските не се пронајдени меѓу преживеаните.
5. Охрабрување на потребата од манифестирање на емоциите.
6. Структурирање на секојдневната рутина за да им се врати чувството на
контрола.
7. Повторно воспоставување или градење на мрежа за социјална поддршка. Се
препорачува преживеаните поединци повремено да се среќаваат и да зборуваат
за своите искуства.51

За првата психолошка помош започнало да се зборува по втората светска војна, а


посебно по ерата на “ладната војна”. во тоа време американската психијатриска
асоцијација издала текст за правата психолошка помош кој бил наменет за работниците
во цивилната одбрана кои се припремале за реакцијата на населението од евентуален
напад со никлеарно оружје.52

Со оваа брошура се охрабрувале работниците во цивилната одбрана да разговараат


нежно со загрозеното население и паралелно со тоа да превземат одредени постапки за
самопомош и да си помогнат и себе си. Во следната деценија овој облик на помош бил
воглавно запоставен. Ретки дискусии за првата психолошка помош воглавно се воделе
во границите на националните друштва на црвен крст. Пресврт во разбирање на
значењето на првата психолошка помош настанал на 11 септември 2001 година после
терористичкиот напад на Њу Јорк. Овој настан им докажал на американците дека
неопходно е да граѓаните се обучат да пружаат прва психолошка помош, како на
најблиските, така и на себе си. Концепт на првата психолошка помош повторно станал
актуелен, но сега не само како одговор на катастрофите, туку и како стратегија од
национално значење со која се развива спремност да во секој момент се одговори на
катасрофата. Така психолошката помош станала превентивна активност која се
51
Raphael B. “When disaster strikes: How individuals and communities cope with catastrophe”, Basic Books,
New York,1986.
52
Jacobs G. & Meyer D. Psychological first Aid: Clarifying the concept, Disaster mental health institute, The
university of South Dakota, 2000.

62
развивала во локаните заедници, во која граѓаните се учеле на основна емоционална
писменост и стратегии за помош и самопомош. Првата психолошка помош станала
облик на психолошка поддршка која ги учи поединците како да се грижат за себе, како
да обезбедат основна психолошка поддршка на семејтвото, пријателите, соседите, како
во вонредните ситуации така и во секојдневните. Овој модел на психолошка прва
помош се заснова врз заедницата, евтин е, одржлив и културолошки осетлив, адекватен
за популација со посебни потреби, и може да биде на располагање билокаде и
билокога.

Професионалците и психолошката помош при несреќи

Професионалци во областа на менталното зфравје се сметаат личностите кои во


текот на своето образование се подготвуваат за тоа. Тоа најчесто се психијатрите,
психолозите, социјалните работници, педагозите. Нивната улога при санирање на
психосоцијалните последици од несреќата е многустрана. Професионалците ја
избираат едукацијата и супервизијата на непрофесионалците, но исто така пружаат
специфични облици на психолошка помош, на оние жртви чии емоционални,
когнитвни или бихејвиорални реакции ја преминуваат границата на неочекувано,
вообичаено однесување кое често доведува до сериозни тешкотии во семејството, на
работа, во училиште, во приватниот живот. Во сите такви ситуации се ангажираат
професионалци. Поради големата улога која ја имаат професионалците кои пружаат
психолошка помош при несреќи се нарекуваат советници при катастрофи или накратко
само советници.

ПСИХОЛОШКИ КРИЗНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Под психолошка кризна интервенција се подразбираат сите оние облици на


професионална психолошка помош кои и помагаат на личноста да воспостави
контрола над кризната ситуација.

Психолошките кризни интервенции се ослонуваат на теоријата за криза на


основачот на превентивната психијатрија, Каплан. Својата теорија за криза тој ја
формирал инспириран од делата на Ерик Линделман и Ерик Ериксон. Каплан кризата

63
ја дефинира како кратко психичко пореметување кое се случува од време на време на
личности чии животни проблеми во тој момент ги надминуваат нивните капацитети.53

За поголемиот број на преживеани, но и за нивните спасувачи, катастрофата


сама по себе представува одредена криза. Во деновите, седмиците и месеците после
несреќата може да дојде и до додатни кризи како кај преживеаните така и кај
спасувачите и помагачите. Некои дополнителни инциденти или додатни промени може
да ја пореметат постигнатата рамотежа и личноста на тоа може да реагира со губиток
на контрола, страв, лутина, чувство на безнадежност, безпомошност,
дезоргаризираност, срам и вина. Кризната интервенција помага повторно да се
возпостави емоционална рамнотежа и контрола над ситуацијата.

Општите цели на психолошката кризна интервенција се:

- Ублажување на влијанието на кризата


- Забрзување на процесот на опоравување
- Спречување на долготрајни последици на емоционален план

Специфични цели на психолошката кризна интервенција се:

- Изразување на впечатоците, реакциите, чувствата


- Разбирање / структурирање на настаните
- Намалување на напнатоста
- Припрема за можни следни реакции и симптоми

Од ова набројување на општите и специфичните цели јасно е дека психолошките


кризни интервенции спаѓаат повеќе во превентивни одколку во психотераписки
посапки. Поради тоа психолошките кризни интервенции не треба да се поистоветуваат
со психотерапија. Овие два облици на психолошка помош се разликуваат во неколку
точки.

- Фокус. Многу психотерапевтски правци се занимаваат со минатото на клиентот


и влијанието на минатите случувања врз сегашноста. Додека психолошките
кризни интервенции се занимаваат само со сегашноста.

53
Caplan, “Principles of preventive psychiatry”, Tavistock Publication, London, 1964

64
- Улогата на терапевтот. Додека во повеќето психотерапевтски правци терапевтот
е пасивен, при психолошките кризни интервенции советникот при катастрофите
има активна улога.
- Контрола. При постапката на психолошки кризни интервенции советникот
превзема одговорност и го насочува клиентот.
- Време. Психолошката кризна интервенција е временски лимитирана и трае од 8
до 12 средби. Зачестеноста на средбите зависи од изразеноста на симптомите и
потребите на клиентот.
- Клиентот. При кризните интервенции зависноста на клиентот од совентникот не
се обезхрабрува, туку напротив се поддржува. На овој начин на клиентот му се
овозможува на кратко да се предаде, да се потпре на советникот и да собере
сила за понатамошни самостојни чекори.54

Процесот на кризни интервенции поминува низ неколку фази:

 Идентификување и расветлување на случувањата кои довеле до криза.


Препознавање елементарна криза, односно стекнување увид за она што се
случило, може да му помогне на клиентот повторно да воспостави рамнотежа и
да се почувствува повторно моќен. Ова може да се постигне со поставување на
едноставни прашања: Што се случило? Што ви се случи на вас? Можете ли да
ми кажете нешто за тоа? Во текот на пставување на овие прашања советникот
мора да покаже автентичен интерес и грижа. Оваа грижа се однесува на
препознавање и почитување на потребите на клиентот да го намали или негина
она што се случило. Сето ова треба да се разбери како сигнали на самозаштита и
неспремност на клиентот во потполност да ја види реалноста. Изразување
емпатија, топлина и поддршка од страна на терапевтот може да помогне
процесот на согледување и прифаќање на реалноста да се одвива многу брзо. Од
помош можат да бидат зборови за поддршка: Тоа мора да ви било доста тешко,
разбирам како сте се чувствувале, Сфаќам колку сте биле загрижени. Накратко
советникот треба полека и нежно да му помогне на клиентот да разбере што
всушност се случило. Постепено и стрпливо треба да бара од клиентот да ги
изрази мислите и чувствата. Како се чувствувавте кога тоа се случи? Како се
чувствувате сега? Идните чувства кои би можеле да се појават советникот треба
да ги канализира и да ги стави во рамка на “нормалното”. “Повеќето така би се
54
Ayalon O., “Spasimo djecu”, Skolska knjiga, Загреб, 1995.

65
чувствувале”. “Многу би реагирале на сличен начин”. Препознавање на
механизмите за надминување на кризата на клиентот и изворот на поддршка кој
може да го користи представуваат следниот чекор. Што ви помага во вакви
ситуации? Што никако не ви помага? Кој е покрај вас? На кого можете да
сметате?
 Развивање стратегија за решавање на проблемот. Препознавање на механизмите
за надминување на криза и потенцијалните извори на психосоцијална поддршка
на клиентот се следни. Во оваа фаза советникот ги зајакнува стратегиите за
активно надминување на кризата. Што би можеле сега да сторите? И охрабрува
активности кои носат чувство на контрола над ситуацијата. Советникот исто
така укажува на некои форми на надминување кои се карактеристични за
повеќето личности, но и иснтистира клиентот ги открие сопствените
најделотворни облици на надминување на кризи. Што вас ви помогнало во
слични ситуации? Што правевте порано кога ќе се најдевте во некоја неволја?
 Поддршка на личноста да се однесува по тие стратегии. Советникотт им дава
дозвола на жртвите и на нивните спасувачи да се одморат некое време но не
охрабрува долготрајна пасивност. Советникот исто така помага да се откријат
најефикасните извори на психосоцијална поддршка.

Во рамките на психолошките кризни интервенции најчесто се користат три


специфични постапки. Тоа се: растеретување, демобилизација и дебрифинг во
ситуации на стрес предизвикан од критични инциденти.55

РАСТЕРЕТУВАЊЕ. Оваа постапка се применува кај група на луѓе кои се соочиле со


иста случка која има кризен карактер. Најчесто оваа постапка се применува кај
спасувачи (пожарникари, полицајци, членови на екипата за брза помош) непосредно по
завршената задача, пред заминување од местото на несреќата. Целта на оваа постапка е
да се ублажи дејството на непријатните, најчесто болни впечатоци на кои спасувачите
биле изложени и да им се обезбеди да полесно излезат на крај со сопствените чувства.
Постапката се одвива по следниов редослед:

- Советникот ја објаснува целта на средбата и од учесниците бара да разговараат


за настанот кој е цел на таа средба.
55
Mitchell J.T. & Everly G.S. “Critical incident stress debriefing: An operation manual for the prevention of
traumatic stressamong emergency services of disaster workers”, Shevron publishing corppration, New York,
1996.

66
- Советникот ги охрабрува учесниците да разговараат за своите мисли, чувства и
реакции кои се поврзани со настанот. За што размислувавте кога се случи тоа?
Какви чувства предизвика кај вас оваа случка? Кој дел за вас беше најтежок?
Како се чувствувате сега?
- Советникот се концентрира на стратегиите за надминување и истражува што би
било од помош во овој момент и што би помогнало во иднина.
- Средбата се завршува со краток одмор, прошетка, заедничко кафе или вежби за
релаксација.

ДЕМОБИЛИЗАЦИЈА. Демобилизацијата е кратка интервенција која се применува


само после кризни ситуации од големи размери. Оваа интервенција се применува исто
така кај спасувачи. По завршената работа советувачите се собират и советникот десет
минути им говори какви ќе им бидат мислите и чувствата наредниот ден и како во
таква ситуација можат да си помогнат себе си. После ова излагање спасувачите одат во
друга просторија во која заедно поминуваат дваесетина минути јадејќи сендвич и
пиејќи кафе.

ДЕБРИФИНГ ВО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД КРИТИЧЕН


ИНЦИДЕНТ / ПСИХОЛОШКИ ДЕБРИФИНГ

Различните називи во насловот зборуваат за иста постапка. Се работи за сложен


облик на кризна интервенција кој има за цел да спречи или ублажи несакани
психолошки последици по кризен настан. Во понатамоѓното излагање ќе го користиме
терминот дебрифинг.

Постојат два основни модели на психолошки дебрифинг. Едниот модел е на


Џери Мишел, а другиот на Рафаел. Иако овие два модели имаат доста заеднички
елементи, исто така доста се разликуваат меѓу себе. Во моделот кој го развил Рафаел
акцентот е ставен на обидот да на искуството му се даде когнитивна структура и
емоционално ослободување, кое им помага на учесниците да постигнат чуство на
остварување и дистанцирање. Својот модел на психолошки дебрифинг Рафаел го
развива за потребите на стручњаците за ментално здравје. Моделот на Мишел настанал
за потребите на ургентните медицински служби, полицајците и пожарникарите.
Тежиштето на оваа интервенција е на заедничкото спојување на искуството на
когнитивен и емоционален план, а основни цели се: превенција од посттрауматско

67
стресно пореметување, превенција на проблеми во семејството, на работното место и
во секојдневниот живот.

Психолошкиот дебрифинг обично се спроведува во група. Според Мишел


дебрифингот е структурирана групна дискусија. Групата може да се состои од работен
тим од спасувачи или помагачи, предходно постоечки тим (патниците во возот кој
имал судар, работнициите во фабрика во која дошло до сериозна хаварија, учениците
во класот каде починал професор за време на часот, група на луѓе кои од пожарот ги
спасувале своите соседи, семесјтвата на група деца кои биле киднапирани или
преживеани кои вопшто не се познаваат меѓусебно). Групата треба да има помеѓу 15 и
20 членови. Од ова правило се одтстапува доколку групата која доживеала ист
критичен случај е многу поголема.

Психолошкиот дебрифинг се применува најмалку неколку дена после


трауматскиот настан. Препорачливо е овој облик на психолошка кризна интервенција
да се не се спроведува прерано, во следните 24 часа од несреќата. Во овој период може
да се применуват некои други психолошки кризни интервенции, растеретување, на
пример. Иадеално е психолошкиот дебрифинг да се спроведува во период од еден до
три дена по несреќата. Овој вид на психолошка кризна интервенција може да се
применува 12 седмици по настанот.56

Психолошкиот дебрифинг обично се изведува во една сеанса која трае од два до


три часа. Доколку учесниците манифестираа посебно интенцизивни реакции можат да
се организираат додатни состаноци или може да се користи индивидуално советување.

Состанокот со групата го водат два советници. Еден од нив го води процесот на


групна дискусија, поставува прашања, внимателно слуша и дава информации. Задачата
на другиот советник е да помага во водење на процесот во групата и да биде покрај
некој член од групата кој бурно реагира (го напушта состанокот, плаче без
престанување...). По завршувањето на состанокот советниците можат меѓусебно да си
разменат искуства и да вршат дебрифинг еден врз друг.

Психолошкиот дебрифинг според Мишел се одвива низ седум фази. Основна


карактеристика на овој процес е пат од когнитивно кон емоционално искуство од
несреќата и враќање на когнитивното. Со други зборови групниот состанок започнува

56
Arambasic L. “Psiholoske krizne intervencije”, Drustvo za psiholoska pomos, Zagreb, 2000.

68
со разговор за фактите, а потоа преминува на емоциите, сигналите на стрес и траумите,
за во третиот дел повторно дојде до когнитивен дел. Во овој дел советниците ги
информираат учесниците за значењето на стресот или траумата која ќе ја доживеат во
следниот период.5758

Процесот на психолошки дебрифинг се одвива низ следниве 7 фази:

1. Воведна фаза
2. Фаза на факти
3. Фаза на мисли
4. Фаза на емоционални реакции
5. Фаза на нормализација
6. Фаза на учење
7. Идно планирање или надминување на проблемот

ВОВЕДНА ФАЗА (КОГНИТИВНО НИВО)

На почетокот советниците се представуват, ја објаснуваат целта на состанокот и


даваат преглед на целиот процес (на пример состанокот ќе трае најмалку два часа, се
очекува учесниците да ја расказкажат својата приказна за катастрофата, и да зборуваат
за своите реакции, целта на состанокот е учесниците да разберат подобро што им се
случува и да научат да ги препознаваат своите реакции). Потоа групата се запознава со
правилата по кои ќе функционираат:

- Учесниците ќе бидат охрабрувани да зборуваат но од никој нема да се бара да


зборува долоколку не се чувствува пријатно со тоа.
- Во текот на состанокот не дозволено никој да се обвинува или осудува.
- Учеесниците ќе зборуваат само во свое име и за своите искуства.
- Учесниците се обврзани да го слушаат другите и да не ги прекинуваат.
- Доколку некој е премногу вознемирен треба да се обиде да остане во групата,
доколку тоа е невозможно за кратко време може да ја напушти групата во
присуство на еден од советниците.
- За она што се случува во групата не се разговара надвор од неа, секој може да си
раскажува за своите искуства, но не и за искуствата на другите.

57
Mitchell J.T., “When disaster strikes… The critical incident stress debriefing process”, Journal of emergency
medical services, 1983.
58
Raphael B., “Early intervention and the debriefing debate”, Cambridge University press, New York, 2003.

69
ФАЗА НА ФАКТИ (КОГНИТИВНО НИВО)

Во оваа фаза се разменуваат факти и се формира заедничка слика за она што се


случило (советникот може да ги воведе учесниците во оваа фаза со едноставно
прашање: Како вие го гледате она што се случи?, Гледано од ваша перспектива што
се случи?). Обврска на советникот е да го поттикне секој член да разговара за
своето гледиште на насреќата. Во оваа фаза треба да се избегнува разговор за
емоционалните реакции на учесниците. Доколку некој започне да зборува за своите
чувства советникот треба внимателно и нежно да го врати разговорот на фактите.

ФАЗА НА МИСЛИ (КОГНИТИВНО/ЕМОЦИОНАЛНО НИВО)

Оваа фаза е преодна меѓу фактите и чувствата. Во оваа фаза се прави заедничка
листа на мисли и чувства. Основната цел е да учесниците забележат дека многу
мисли и чувства се заеднички и дека се поврзани едни со други. Советникот
започнува со мислите кои учесниците ги имале за време на несреќата или
непосредно под настанот (Кои беа важите првични мисли?, Што помисливте
потоа?, Што направивте следно?, Што помисливте кога се беше готово?). Во текот
на оваа фаза често се јавуваат интензивни емоции кои представуваат вовед во
следната фаза.

ФАЗА НА ЕМОЦИОНАЛНИ РЕАКЦИИ (ЕМОЦИОНАЛНО НИВО)

Во оваа фаза советникот се сосредочува на чувствата и бара од учесниците да ги


опишат своите емоции и да ги поврзат со своите мисли и со својата проценка на
ситуацијата. (Како се чувствувате тогаш?, Што за вас беше најлошо искуство?, Кој
аспект од случувањата ви предизвикува најмногу болка?, Кога би можеле да
избришите еден дел од случувањата кој би бил тоа?, Што беше најтешко за вас?)

ФАЗА НА НОРМАНИЛИЗАЦИЈА (ЕМОЦИОНАЛНО/КОГНИТИВНО НИВО)

Во оваа фаза започнува враќањето од емоционално на когнитивно ниво.


Советникот бара од учесниците да опишат што мислеле и чувствувале во текот на
настанот, непосредно после него и во следните денови. Целта на ваквиот разговор е
учесниците кај себе да ги препознаат симптомите на стрес.

ФАЗА НА УЧЕЊЕ (КОГНИТИВО НИВО)

70
Оваа фаза природно се надоврзува на предходната. Целта на оваа фаза е
учесниците да ги научат фактите поврзани со стресот и траумата и на тој начин да
ги одвојат од емоционалните содржини. На учесниците им станува јасно дека
повеќето од нивните реакции представуваат само “нормални реакции на
ненормална ситуација или искуство”, дека таквите реакции ќе потраат одредено
време и дека постепено ќе избледат и ќе престанат.

ФАЗА НА ИДНО ПЛАНИРАЊЕ И НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ


(КОГНИТИВНО НИВО)

Во оваа последна фаза од психолошкиот дебрифинг советникот е подготвен да


одговори на прашањата и да ги информира учесниците дека наредните денови ќе
им биде на располагање за индивидуални разговори. Тој исто така дава
информации кому би можеле да се обратат доколку забележат дека симптомите на
стрес не се смируваат.

Кога се во прашање спасувачите, работниците во ургентните служби


(пожарникари, полицајци, членови на брза помош) психолошкиот дебрифинг може
да се спроведува после секоја поголема несреќа и на тој начин да се зачува
менталното здравје на помагачите.

ТЕХНИКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТРЕСОТ

Покрај опишаните техники постојат и низа други кои можат да им помогнат на


жртвите и на нивните спасувачи да ги намалат симптомите на стрес. Една од нив е
и катарзата односно овозможување на погодените и спасувачите да зборуваат за
своите искуства од несреќата. Опсесивното, безкрајно повторување на доживеаното
треба да се спречи. Вежбите за релаксација исто така можат да го намалата стресот.
Овие вежби може да се спроведуваат во присуство на советник или самостојно.
Меѓутоа не сите се погодни за овој вид вежби. Релаксација треба да се избегнува
кај оние кои се во состојба на екстремна анксиозност или паника, оние кои имаат
историја на психичка болест пред настанот, оние кои се во длабока тага и кои имаат
пптреба да ја повратат контролата над ситуацијата. Различни експресивни техники
(цртање, танцување, играње со кукли, раскажување приказна, пишување) можат да
бита корисни при работа со деца, а исто така и за адолесценти па друри и за
возрасни.

71
ОД ЖРТВА ДО ПРЕЖИВЕАН

Животното искуство ни укажува дека соочени со некоја животна несреќа не


сите луѓе реагираат на ист начин. Некој секоја промена на животната рутина ја
доживува стресно и панично, додека други спремно и енергично ја поднесуваат
промената. При елементарни непогоди овие разлики се повеќе очигледни. Некои
жртви долго време се парализирани, а другите за скоро врееме со многу сила ги
санираат и надминуваат последиците од несреќата. Исто таак опоравувањето не се
одвива кај сите луѓе на ист начин. Некои го продолжуваат животот засекогаш
заробени од несреќата. Нивното сегашно и идно искуство е проткаено со емоциите
доживеани при несреќата. Тие луѓе се заглавени во улогата на жртва од која не
можат да излезат. Кај други пак наместо трагично чувство на жртва се развива
чувство на гордост што безразлика на тешките услови сеуште се живи. Поради тоа
животот на луѓето каде се јавува гордост има сосем поинаков квалитет.

Како да се стигне од жртва до преживеан и како да се ослободите од замката на


жртва и да се развие чувство на горд преживеан? На ова прашање психолозите
нудат неколку одговори. За објаснување на овој концепт се развиле неколку теории.
Тоа е концептот на “жилава личност”, концептот на резилиентност и концептот на
кохерентност.

“ЖИЛАВА ЛИЧНОСТ”

Авторка на овој концепт е Сузана која под овој термин подразбира таков спој на
црти на личноста кои овозможуваат здраво функционирање и под најтешки
животни околности. За овие луѓе стресната ситуација е секогаш предизвик и шанса,
а не загуба, закана или ризик. Тие не се жртви на промената туку активни учесници
во неа. Во своето истражување авторката дошла до заклучок дека она што ги
поврзува овие луѓе се следниве карактеристики:

- Убеденост дека настанот може да се предвиди и да се контолира, односно


дека работите се одвиваат под нивна контрола.
- Заинтересираност за светот и луѓето околку себе. Не се оттуѓуваат од себе и
од другите.

72
- Уверени се дека промените се услов за понатамошен развој. Тие имаат
изразена ориентација кон иднината.59

РЕЗИЛИЕНТНОСТ

“Тројца пријатели размислувајќи за минатото одговарале на две прашања: Кој


бил најдобар ден во твојот живот? и Кој бил најлош ден во твојот живот? Двајца од нив
лесно одговориле на прашањето додека третиот им ја раскажал следнава приказна:
Имам четиринаесет години и мајка ми и татко ми повторно се караат, овој пат една
жена дојде пред нашата куќа за да го земе. Во тој момент конечно сфатив дека тој не ја
изневерува само мајка ми, туку не изневерува нас и му кажав: ти си лош кон нас, не те
сакаме, јас ќе се грижам за мајка ми и сестра ми. Ти повеќе не си ни потребен. Потоа
тој ка крена раката во знак дека ќе ме удри, но јас не се ни поместив, потоа се заврти и
си отиде. Веќе не ни додеваше и јас од тогаш се грижев за мајка ми и сестра ми. Тоа е
мојот најдобар ден. Еден од пријателите го прашал: Тогаш кој ти бил најлошиот ден? А
одговорот бил: истиот тој ден.”60

Предходната приказна треба да ни го приближи парадоксот кој постои кај


преживеаните. За разлика од жртвите кои остануваат заробени во лошото искуство,
преживеаните ја трансформираат болката во сила и отпорност. Резилиентноста
најдобро може да се дефинира како фобро функционирање во тешки ситуации. Тоа е
позитивен капацитет на луѓето да излезат на крај со стресот и елемнтарните непогоди.
Резилиентноста е процес на успешна адаптација во променливи услови. Резилентноста
уште се опишува се зборовите: отпорност, еластичност, жилавост, неуништливост,
снаодливост, психоимунитет.

Еми Вернер била една од првите научници кои го употребиле зборот


резилиентност во седумдесеттите години од дваесеттиот век. Таа проучувала група на
деца од Кауиа, Хаваи. Заедницата во која овие деца пораснале била доста сиромашна, и
многу деца растеле со родители кои биле сиромашни, алкохоличари или ментално
заболени. Резултаттите од ова истражување покажале дека 2/3 од децата подоцна
манифестирале хронична невработеност, злоупотреба на дрога, како и тинеџерска

59
Kobasa S., Pucetti M. “Personality and social resources in stress resistance”, Journal of personality and social
psychology, 1983.
60
Volin S., “Rezilijentna licnost”, Prosveta, Beograd, 1993.

73
бременост. Меѓутоа 1/3 од оваа група не манифестирала вакво однесување. Оваа група
ја нарекле резилиентна.61

КОХЕРЕНТНОСТ

Кохерентноста представува експлицитно и недвосмислено генерализиран начин


на гледање на светот и својот живот во него. Исто така чувството на кохерентност е
глобална ориентација која изразува во колкава мера некој има сеопфатно, трајно, а
сепак динамично чувство на доверба.

Чувството на кохерентност во текот на животот настанува под влијание на


семејтвото како и социјалната средина. Првата компонента на кохерентноста,
разбирливоста се формира уште во раното детство во интеракција со стабилна фигура
на возрасна личност, најчесто мајката. Во детството исто така се формираат основните
компоненети на песимизмот. Хостилноста и необрнување внимание па дури и кога се
задоволуваат сите физиолошки потреби, пренесуваат јасна слика на дискриминација на
детето, додека играта, допирот, грижата укажуваат на важноста на детето. Во
адолесценцијата се зацврстува чувството на кохерентност, покрај родителите тогаш во
пренесување на културолошките пораки се јавуваат и врсниците. Очигледно е дека
чувството на кохерентност не се формира преку ноќ. Градењето на овие столбови на
менталното здравје трае долго и ги опфаќа сите искуства со кои единката се стекнала
низ годините. Елементарните непогоди се само показател во тоа колку успеале, но не
само тоа овие ситуации исто така можат и нешто да ги научат единките, неретко тие
преставуваат можност за спознавање себе си, сопствената безпомошност, но и сила да
се продолжи со животот.62

ЗАКЛУЧОК

Губитоците како стресори се животни настани обоени со многу чувствувања,


емоционални состојби со различна јачина, интензитет, понекогаш амбивалентни,
понекогаш збунувачки и заплашувачки до чувство на загрозеност, но секогаш толку
значајни да доколку не се третираат, испитувањата покажуваат дека полека но сигурно

61
Werner E. & Smith R. “Vulnerable but invincible: A study of resilient children”, McGraw – Hill, New York,
1982.
62
Antonovsky A., “Unravelling the mystery of health: How people manage stress and stay well”, Jossey bass,
London, 1987.

74
водат до последици од дисфункционалност до сериозни здравствени нарушувања и
болести.

Несреќите, катастрофите, болките понекогаш се дел од животот и она што ние


како луѓе можеме да го направиме во врска со тоа е да научиме како да ги прифатиме
за да можеме да функционираме понатаму. Секако, поддршката, споделувањето и
разбирањето во таквите моменти се од примарно значење за зачувување на
интегритетот на личностите кои се погодени. Кога размислувавме за текстот на
приказната сите содржини ни изгледаа морбидни, страшни и болни. Но, впрочем
ништо од тоа не е ниту така далеку, ниту туѓо за секој од нас. Напротив, човечки е и
може да му се случи секому и покрај тоа што никој од нас тоа не го посакува. Чисто
човечно за да можеме да ја сфатиме потребата од овој вид на поддршка и помош
особено кога сето тоа треба да го видиме од аспект на помагач или професионалец.

Со овој дипломски труд сакам да го покажам значењето на интеракцијата и да


дадам примери како да се иницира и води разговор во контекст на психолошка прва
помош и поддршка. Ефикасната поддршка води кон квалитетно прогресирање на
интеракцијата помеѓу погоденото лице и психологот, создавајќи предуслови за што
поуспешно вклучување во секојдневието и продолжување низ зреењето кон нови
животни ситуации и справувања. Зреењето и развитокот всушност траат онолку колку
што трае и животот.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

 Antonovsky A., “Unravelling the mystery of health: How people manage


stress and stay well”, Jossey bass, London, 1987.
75
 Arambasic L. “Psiholoske krizne intervencije”, Drustvo za psiholoska
pomos, Zagreb, 2000.
 Ayalon O. “Spasimo djecu”, Skoplska knjiga, Загреб, 1995.
 Ayalon O., “Spasimo djecu”, Skolska knjiga, Загреб, 1995.
 Berren M., Beigel A., Gherter “Coping with live crises – An integrated
approach”, Plenum press, New York & London, 1986.
 Bohleber W. “Razvoj teorije trauma u psihoanalizi”, International Aid
Network, Белград, 2002.
 Caplan G. “Principes of preventive psychiatry”, Tavistock publications,
Лондон, 1964.
 Caplan, “Principles of preventive psychiatry”, Tavistock Publication,
London, 1964
 Ehrenreich J.H. “Coping with disasters – A guidebook to psychosocial
intervention”, 2001.
 Ehrenreich J.H. “Coping with Disastres – A guidebook to Psychological
intervention”, 2001.
 Ehrenreich J.H. “Coping with Disastres – A guidebook to Psychosocial
Intervention”, 2001
 Figley C. “Compassion Fatigue as secondary traumatic stress disorder: An
overview u compassion fatigue”, Mazel, Њу Јорк, 1995.
 Grbesa G. “Posttraumatski stresni poremecaj”, Grafosprem, 1999.
 Hill O., Price J. “Childhood bereveament and adult depression”, The british
journal of psychiatry, 1972.
 Jacobs G. & Meyer D. Psychological first Aid: Clarifying the concept,
Disaster mental health institute, The university of South Dakota, 2000.
 Jelena Vlajkovic, “ Od zrtve do prezivelog – Psiholoska pomoc u
nesrecama”, Zarko Albulj, Белград, 2009.
 Jelena Vlajkovic, “Zivotne krize – prevencija I pevazilazenje”.

76
 Joksimovic S.,Vasovic M “Psiholoshke osnove covekoljublja”, Institut za
pedagoshka istrazivanja, Белград, 1990.
 Jovic V. “Odnos ratnih stresora, klinicke slike poremecaja vezanih za stress I
dimenzija licnoti”, Doktorska Desertacija, Медицински факултет, Белград,
2006.
 Kahill S. “Intervention for burnout in the helping professions: A review of
the empirical evidence”, Canadian journal of counseling Review 22, 1988.
 Kalicanin P. и Lecic Tosevski D., “Knjiga o stresu, Medicinska knjiga”,
Белград, 1945.
 Kalicanin P., Lecic Tosevski D. “Knjiga o stresu”, Белград, 1994.
 Kapor N. “Posttraimatski stress sindrom kod dece – Psihologija
izbeglistva”, IP Zarko Albulj, Белград, 2000.
 Karl Rodzers, “Slusham te, razumem te, prihvatam te…- nedirektivna
psihoterapija”, IP Zarko Abdulj, Белград, 1998.
 Kinston W. Rosser R., “Disaster effect on mental and physical state”,
Journal of Psychosomatic Research, 1974.
 Kobasa S., Pucetti M. “Personality and social resources in stress resistance”,
Journal of personality and social psychology, 1983.
 Kubler-Ross & Kessler D. “Pouke zivota – kako nasa smrtnost moze pouciti
zivotu I zivljenju” Biovega, Загреб, 2001.
 Lazarus R. , Folkman S., “Stress, appraisal, and coping”, Springer – Verlag,
Њу Јорк, 1984.
 Lazarus R., Folkman S., “Stress, appraisal and coping”, Spreinger-Verlag,
Њу Јорк, 1984.
 Lazarus R., Folkman S., “Stress, appraisal and coping”, Springer-Verlag, Њу
Јорк, 1984.
 Lazarus R., Folkman S., “Stress, appraisal and coping”, Њу Јорк, 1984 год.
 Mitchell J.T. & Everly G.S. “Critical incident stress debriefing: An
operation manual for the prevention of traumatic stress among emergency

77
services of disaster workers”, Shevron publishing corporation, New York,
1996.
 Mitchell J.T., “When disaster strikes… The critical incident stress
debriefing process”, Journal of emergency medical services, 1983.
 Moos R., “Coping with live Crises – An integrated Approach”, Plenum
Press, Њу Јорк и Лондон, 1986.
 Petrovic D. “Kako sacuvati mentalno zdrvje starih u izbeglistvu?”, Zarko
Albulj, Белград, 2000.
 Powel J. и Rayner J. “Handbook of stress – Theoretical and Clinical
Aspects”, The free press, New York, 1982.
 Raphael B. “Early intervention and the debriefing debate”, Cambridge
University Press, New York, 2003
 Raphael B. “When disaster strikes: How individuals and communities cope
with catastrophe”, New York, 1986.
 Raphael B. “When disaster strikes: How individuals and communities cope
with catastrophe”, Basic Books, New York,1986.
 Raphael B., “Early intervention and the debriefing debate”, Cambridge
University press, New York, 2003.
 Singer T. “An introduction to disaster: Some consideration of a
psychological nature”, American Psychologist 1982.
 Spiric Z., Knezevic G., Jovic V., Opacic G., “Torture u ratu, posledica I
rehabilitacija – Jugoslovensko iskustvo”, Центар за рехабилитација на
жртви на тортура, IAN, Белград, 2004.
 Syed A. H. “Posttraumatske stresne reakcije kod djece I adolescenta u
Sarajevo tokom rata – Zbornik psihosocijalne posledice rata”, Сараево,
2000.
 Van der Veer G. “Counselling and Therapy with Refugees, Wiley, New
York, 1992

78
 Van der Veer G. “Counselling and Therapy with refugees”, Wiley, Њу Јорк,
1992.
 Varvi S. “Telo um I drugi – mentalno prihvatanje ekstremnih iskustva”,
Internaional Aid Network, Белград, 2002.
 Vlajkovic J., Srna J., Kondic K., Popovic M. ‘’Psihologija izbeglistva”, IP
Zarko Albulj, Белград, 2000.
 Vljakovic J., “Zivotne krize – prevencija I prevazilazenje”, 2005.
 Volin S., “Rezilijentna licnost”, Prosveta, Beograd, 1993.
 Wardi D. “Spomen svjeca – Deca Holokausta”, Prosvjeta, Загреб, 1998.
 Werner E. & Smith R. “Vulnerable but invincible: A study of resilient
children”, McGraw – Hill, New York, 1982.
 Zax M. & Specter A.G. “An Introduction to Community Psychology”,
Waley & Sons, inc, New York, 1974.

КОРИСТЕНИ ИНТЕРНЕТ ЛИНКОВИ

 http://netpress.com.mk/video-heroj-svojot-avtobus-spasil-70-luge-od-
nevremeto-kaj-obikolnicata/

79

You might also like