You are on page 1of 3

Стравот од тероризам

Оваа поглавје ја опишува улогата за стравот од тероризмот и безбедноста, почнувајќи


со вистината дека актите на тероризмот му служаат на терористите за исполнување на
целите преку искористување на стравот во јавните места. Таа претставуваа анатомија
на страв – потоа нејзиниот однос со вистинските ризици, можните ризици како и
надворешните и внатрешните стимули кои придонесуваат за предвидениот ризик и
страв и модел за управување со стравот.

До 2001 година, луѓето во САД имаа релативно малку страв од тероризам. Таквата
заштита беше од геостратешката позиција на која се наоѓа САД, изолиран од два
големи океана кои ќе ги штитеше од можните напади, плус ја имаа и најсилната војска
на светот која беше подготвена секогаш за заштита на своите граѓани. Стравот во
голема мера беше резервиран од уличен криминал,болеста од рак, уривањето на авиони
и нападите од ајкули, овие стравови кои се судејќи од медиумите и вестите од
медиумските агенции.

Самоубствените напади во Нјујорк и Вашингтон го одбележаа отворањето на ново


поглавје во историјата на стравот во САД. Во деновите кои следеа по 11 Септември,
луѓето низ САД вложија милиони долари во купување на селотејп и гас-маски, збунети
околу тоа како да се постапи кога веќе алармот за теророт почна, почнаа и
предрасудите над сите муслимани и сите ги гледеа како виновници за нападот.

Само четири дена од нападот, беше убиен сикхискиот сопствник на бензинска пумпа
Балбир Синг Содхи, во Феникс од страна на еден граѓанин од Аризона, кој
претпоставувал дека убиениот бил со исламска вероисповест.
Се поставуваат прашањето, Која е природата за стравувањата кои водаат до такви
однесувања? До кој степен овие стравови се корисни и разумни, и до кој степен се оние
штетни и ирационални? Што, ако може нешто јавните службеници да направат во
врска со стравот? Како можжат да помагат обичните луѓе за тоа? Овие се прашањата за
кои ќе се потрудиме да одговараме.

Значењето на стравот

Терминот “терор” е многу битен во значењето на стравот: “терор”, значи страв до


крајност. ( Зборот потекнува од латински глагол “terrere”, што значи предизвикување
треперење). Тероризмот е поткрепен од стравот на јавноста, а неговата моќ лежи
“речиси исклучиво во стравот кој го креира” (Martin and Walcott, 1988).

Терористите извршуваат акти на насилство против невооруженото население, обично


поради тоа што преку тие акти сакаат да внесуваат страв кон населението. Тие секако
можеби имаат и други мотиви за напади над цивилите, како што се омразата, желбата
за истребување и елиминирање на друга група и така натаму. Во овие случаи, истотака
стравот е критичен фактор: стравот генериран од терористички акти создава нови
проблеми и наметнува дополнителни штети дури и над оние кои сами ги
предизвикуваат.

Од перспектива на тероризмот, насилничките акти се сметаат за успешни кога тие ќе


предизвикуваат масовна хистерија, кога тие ќе потикнаат големи штети низ целото
население. Како што видовме на Ирак и на другите места, оваа може да произведе еден
круг преку кој ќе го дефинира поразот на војната против тероризмот.

Мајкл Игнатиев во еден цитат се обидува да покажува како ќе изгледа таков пораз:

“Ние ќе преживееме, но нема да се препознаеме ни самите себе ниту институциите.


Ние би постоеле, но би го изгубиле нашиот идентитет како слободен народ”.1

На тој начин, приносот на тероризмот кој е значително со повисока цена од првичниот


напад, може возвратно да биде потикнување за понатамошни терористички акти. Овој
циклус може да биде прекршен или кога јавноста ќе примети дека актите стивнаа или
кога потенцијалните терористи ќе бидаат убедени дека нивните дела привлекоа
ограничено внимание и кога нивното влијание над населението ќе биде намалена.
Меѓутоа природата на проблемот е заробен во зборовите цртаниот лик на дваесетиот
век, Пого: “Ние се сретнавме со непријателот, тоа сме самите себе”.

Поради тоа што стравот е суштинскиот аспект на тероризмот, нашата способност да го


разбереме тероризмот и да се справуваме со него ефективно зависи. критично врз тоа
како ние ќе ги разбереме природата и изворите на стравот и штетите кои и се
наметнуваат на општеството.

1
Michael Ignatieff’s (2004)
Стратегиите за справување со сторителите и заштитата на целите против уличните
кривични дела биле ефикасни надополнети со стратегии за управувањето со јавниот
страв од кривични дела. Таквите стратегии за управување со стравот, може да бидат
дури и поефикасни во справувањето со тероризмот, бидејќи стравот е повеќе
концентриран во тероризмот отколку што е во кримот,злосторството. Нашите напори
во справувањето директно со терористите и заштитувањето на терористичките цели,
може истотака да биде поефикасно ако е проследно со ефективни стратегии за
управувањето со јавниот страв од тероризмот.

Краткорочни и долгорочни последици од прекумерен страв

You might also like