You are on page 1of 1

Вовед

Тероризмот е битна карактеристика на историските, како и современите социјални


процеси и односи. Како фактор и субјект на националните и меѓународните политички и
социјални процеси, тероризмот кој подразбира употреба на насилство, представува
гранична точка на политиката и насилството. До крајот на 20-от век тероризмот се смета
за маргинална закана за меѓународната и националната безбедност на државите.
Значењето на тероризмот на меѓународната сцена ги усмери аналитичарите кон заклучок
дека тероризмот од почетокот на 21-от век представува нова фаза во меѓународните
односи, како и еволуција во самата безбедност на глобално светско ниво.
Тероризмот не е стриктно воено дејствување, терористичките групи не се сметаат како
воени групи, но имаат големо влијание врз воената моќ на државата, а додека самата
војска има мала ефективност врз борбата со тероризмот. САД, во борбата со тероризмот
има освоено многу воени победи, посебно во Афганистан, но сепак не стави крај на
тероризмот. Со терористичките напади врз САД, на 11 септември 2001 година,
тероризмот се издига на едно ново ниво, односно се издига на глобално ниво. САД
поради своите меѓународни односи представува една од главните цели на
терористичките групи.
Тероризмот влијае и врз политичкиот систем, а со тоа и врз економијата. Аналитичарите
се согласни ви мислењата дека политичката стабилност значи и раст и стабилност на
економијата во државата. Со терористичките напади на државата, настанува и политичка
нестабилност а со тоа и автоматска економска нестабилност на самата држава и нејзино
осиромашување, а со тоа се намалува и нејзината моќ во борбата со тероризмот.
Со самата еволуција на светот, така и настанува еволуција и на различните типови на
тероризмот и терористичките напади. Употребата на нуклеарно и хемиско оружје,како и
најстрашното сценарио употребата на биолошко оружје не се повеќе само фантазија на
терористичките групи, туку многу лесно може да станат и реалност, посебно поради
спонзортвото од страни на одредени држави. Терористите може да дејствуваат
индивидуално или во групи, водени од политички, социјални како и религиозни
убедувања.
Односот идеологија, идеолошка моќ и тероризмот е комплексен и повеќеслоен. Според
бројот на терористичките напади, како и бројот на терористичките групи во светот може
да се каже дека во современата ера тероризмот представува еден вид на идеологија.
Тероризмот преставува меѓународен проблем, глобалниот тероризам е реалност и
воедно голема опасност на безбедноста на глобално ниво.

You might also like