You are on page 1of 3

Безбедноста може да се подели во области на национална, меѓународна,

внатрешна, надворешна, човекова безбедност, економска, социјална,


социетелна, еколошка, воена, политичка и уште многу нивоа и рамки на
безбедноста. Сепак, во сите овие перцепции или врамувања на безбедноста,
централен интерес на безбедноста е токму безбедноста на државата –
дефинирано како државна или национална безбедност.
Индивидуална безбедност стои во центарот на било кој реален систем за
меѓународна безбедност изграден врз идеалите на либералната демократија.
Постојат повеќе термини за определувањето на овој вид на безбедност и тоа од
индивидуална ,човечка, односно хумана безбедност. Заштитата на основните
слободи на индивидута е нуклеусот од кој сите други форми на безбедност мораат да
зрачат. Сивини, во неговото истражување на значењето на безбедноста , кажува дека
“безбедноста мора да биде разбирлива на основното ниво на човечкото битие за да
има смисла меѓународното ниво.”

2. Национална безбедност и државна безбедност


Што е национална безбедност?
Што е државна безбедност?
Звучат како едноставни прашања, но всушност сè повеќе во современиот свет
националната и државната безбедност опфаќаат еден широк дијапазон на
проблематики, задачи за решавање и цели. Секако кога се зборува за национална се
мисли исто така и на државна безбедност, односно двата поим се еквиваленти сами
по себе, бидејќи во светот не постојат држави - нации(составени од една
националност) туку држави во кои преовладува одредена националност што е
честопати доминантна по број(не секогаш)и коегзистира заедно со една или повеќе
различни националности во помала застапеност.
Постојат повеќе дефиниции за национална безбедност, и во глобала ги дефинираат
мерките што ги презема државата за да ја обезбеди својата безбедност и безбедноста
на своите граѓани, а во најопшта смисла националната безбедност се дефинира како
безбедност на политичкиот народ . Со други зборови национална безбедност се
однесува на самостојната држава која се грижи за заштита на независноста,
територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Меѓународна безбедност

Меѓународната безбедност, наречена и глобална безбедност, е мерките што ги


преземаат државите и меѓународните организации, како што се Обединетите нации,
Европската унија и други, за да се обезбеди взаемно преживување и безбедност.
Овие мерки вклучуваат воени активности и дипломатски договори, како што се
договори и конвенции. Меѓународната и националната безбедност се непосредно
поврзани. Меѓународната безбедност е национална безбедност или државна
безбедност во глобалната арена.
Колективна или заедничка и регионална безбедност

Со Глобализацијата денешниот свет во кој што живееме „станува се помал„, се


повеќе се прифаќа и употребува терминот „глобално село„. Одредени растојанија за
кој што во минатото беа потребни неколку месеци, недели денес се совладуваат во
часови и минути. Информациите кружат за помалку од минута околу земјишната
топка. Но не е се така позитивно, новите модерни воени технологии можат да го
загрозат било кое место на планетата, лесно достапни информации за изработка на
бомби и останати експлозивни средства, масовна пропаганда, невозможна контрола
на комуникациите и интернет содржините итн. Заедничката безбедност е насочена
кон нуклеарното и конвенционалното разоружување и кон економскиот и
општествениот развој како вистински чекори кон активно и мирно разрешување на
конфликтите.

Интегрална безбедност
Организацијата на обединетите нации (1985 год.) ја дефинираат Интегралната
Безбедност како состојба остварена тогаш кога државата смета дека нема опасност од воен
напад, мешање во внатрешните работи, субверзии, дестабилизирачки влијанија,
политички принуди и економски присили. Односно со други зборови состојба кога
државата се чувствува безбедна од секој аспект и кога се создадени услови за слободен,
автономен и непречен општествен развој. Остварувањето на безбедноста на сите нивоа од
најниско до највисоко и во сите дејствувања на човекот, субјекти на општеството и
државата се дефинира како интегрална безбедност
Заклучок
Безбедноста е значаен сегмент за стабилност на едно современо опшество. пред се
тука голем фактор игра државната безбедност на една држава и нејзиниотдржавен
безбедносен систем. Денешниот свет го карактеризираат брзи и динамични промени
кои со себе носат нови и често непредвидливи ризици и опасности по безбедноста на
државите. Иако опасноста од класична воена закана на подолг рок не е очекувана,
невоените закани не само што добија на разновидност, туку и се зголемија по
интензитет, простор и време.

You might also like