You are on page 1of 3

Пред нас е најбројната група организми на планетата, како по број на видови , така и по број на

единки од ист вид.Ќе ги разгледаме морфолошките и функционални адаптации кои им


овозможиле да ги освојат речиси сите можни живеалишта на Земјата и да ја запознаеме нивната
разновидност.Ќе го анализираме нивното огромно значење за природата и за човекот

Членконоги-Artrhopoda
Членконоги = Најсложени безрбетници.¾ од сите познати видови на науката.Приспособени во
сите животни средини

Потекло на членконоги
Arthropoda и Annelida се сегментирани, имаат бројни заеднички карактеристики. Annelida i
Arthropoda најверојатно имале ист предок. Имаат билатерална симетрија на телото. Телото
составено од членчиња (членчињата не се исти -се разликуват меѓу себе)= хетерономна
сементација :Глава,гради и стомаче. Имаат сегментирано тело

Зошто членконогите се членконоги?


Сите членконоги (Arthropoda), подвижно зглобени екстремитети (athrhos = zglob). Имаат
екстермитети од повеќе сегменти, =членчиња- меѓусебе зглобно поврзани и подвижни во сите
насоки на принцип на лостови. Екстремитети на членконогите се специјализирани за изведување
на различни функции: (движење, земање храна,напад, одбрана, копулација, укопување,
изработка на гнезда...)

Имаат тело покриено со егзоскелет кутикулата се трансформира во :надворешен - хитински


скелет. Овој хитински надворешен скелет-им дава заштита на организмите од предатори, ги
штити внатрешните органи од повреди . Кој ги придвижува??? Одговор : Добро развиен мускулен
слој внатре

Имаат мускулен систем во вид на снопови кои од внатрешната страна се закачени за егзоскелетот
на телото. Прв пат во еволуцијата на животните се јавуваат снопови на напречно пругасти
мускули. Со нивна контракција се обезбедуваат различни движења на делови од телото . Затоа
се брзи тркачи или летачи.

Имаат тело покриено со егзоскелет надворешен - хитински скелет (сложен шеќер-хитин).


Хитинската кутикула го ограничува растот на членконогите, па тие на oдреден стадиум на развиток
ја отфрлаат. Започнуваат да ја разлагаат и да формираат нова кутикула. Кога ќе ја отфрлат старата
кутикула нивното тело е меко и тогаш интензивно растат. Ова пресвлекување е исклучително
сложен хемиски процес во одредени периоди од годината.

- Крвен систем од отворен тип, Телесна течност –хемолимфа

-Респираторен систем: трахеи кај копнени шкрги кај водени пајаци,шкорпии-бели дробови

- Нервен систем-скалест, Имаат добро развиен мозок, Исклучително добро развиени сетила

- Покажуваат полов диморфизам, Внатрешно оплодување, Развитокот може да е директен или со


метаморфоза, развиток
Членконогите се поделени во неколку групи: Ракови, Хелицерати: пајаци,скорпии, крлежи и
ракови. Повеќето се грабливки,Пленот го фаќаат со специјализирани клешти,Се хранат со помали
инсекти

РАКОВИ

Раковите имаат сраснат главен и граден сегмент =cephalotorax. Имаат многу екстремитети за
многу функции. Опашот е трансформиран израсток за пливање , не е вистински опаш,не е зад
анусот

-Крвен систем од отворен тип, Телесна течност –хемолимфа

-Респираторен систем: жабри

- Скалест нервен систем -Мозокот не е задолжен за управување со целото тело, туку секој сегмент
има своја ганглија (како регионална потстаница ) за управување

- Живеат во Слатки и солени води.

Битна алка во синџир на исхрана- планктон:


Циклопси и дафнии (Дојранско езеро)
Живеат во горни слоеви на водите
Храна за риби

ЗАПОМНИ Ракови: Надворешен хитински скелет, Морски и езерски жители


(пресвлекување),Сраснат главено граден регион,2 пара антени,Усни екстремитети,Клешти,Нозе за
одење и нозе за пливање,Скалест нервен систем,Отворен циркулаторен систем,Дишат на
жабри,Храна за човекот и за животните

ПАЈАЦИ
Телото им е составено од 2 региона: Надворешен скелет ,Немаат антени.На задниот дел од
стомакот имаат пајажинести жлезди со кои излачуваат свиленкаста течност со која плетат.
Пајажинеста жлезда лачи течност која во контакт со воздухот се стврднува. Ја сркаат храната, прво
ја разлагаат со дигестивни сокови

Како сам не се сплеткуваа и залепи во сопствена мрежа? Се движи со врвовите на пипалата


редовно ги лиже и чисти.Си остава нелепливи патеки за движење.

Видови: Araneus diadematus Пајак крстоносец, Lycosa tarentula Европска таранула

Latrodectus mactans Црна вдовица- Тело 1-2cm,по парењето го јаде мажјакот,посилен отров од
кобра, делува на Централен Нервен Систем,Смртоносен без против отров
СКОРПИИ (1200 ВИДОВИ)
-Живеат во тропски и суптропски области. Дење се кријат ноќе ловат.Не се активни под 18 степени
на последниот сегмент на стомакот имаат голма боцка поврзана со жлезда со која лачат отровна
материја-го парализираат пленот, па го кинат и јадат

Достигнуваат големина од 1,5 цм – до 18 цм, ги има на сите континенти освен на Арктик.Има


видови отровни колку оса.Но и такви кои го парализираат човекот(раб на срце, муск. За дишење)

Куче умира за 7 минути.Човек за 2-3 дена без противотров.Се пари-танц со часови.Само лебарки и
скорпии.Би преживеале нуклеарна катастрофа

КРЛЕЖИ-ситни паразити, Classis: Arachnida пајаковидни животни,Немаат сегментирано тело


Хигиена!Не разменување облека

ГРИЊИ- Во душеци, јоргани ,јастуци,облека,плишани играчки,1,5 гр кожа (мртви клетки) дневно


–за милион грињи,Предизвикуваат алергии (изметот),Ги убива директна сончева светлост,Мирис
од усисивач (од измет)

MYRIAPODA-СТОНОГАЛКИ
Униформна сегментација (број сегменти од 11 -173),На сите освен на последниот по еден или по 2
пара нозе.И пар антени-служат како сетила за допир и мирис.Кај грабливците првиот пар нозе е
изменет и служи за фаќање и убивање на пленот.Има претставници со отровни жлезди.Немаат
стадиум на ларва. Исклучиво копнени и ноќно активни

ЗАПОМНИ

Царство : Животни Тип:Членконоги (Arthropoda) Поттип:Helicerati Пајаци , Скорпии,Крлежи

Пајаци : Тело од 2 региона,Надворешен скелет,Немаат антени,Имаат отровна жлезда,Плетат


мрежи,Земаат течна храна

Скорпии :Тело од 2 региона,Надворешен скелет ,Немаат антени,Имаат отровна жлезда-боцка

Крлежи :Шугавец, кучешки крлеж,Грињи

You might also like