You are on page 1of 2

ПРЕНОСЕН СИСТЕМ КАЈ ЖИВОТНИТЕ

1.Функција на преносниот систем:

-ја снабдува меѓуклеточната течност со хранливи материи и кислород и ги отстранува


отпадните продукти од неа

- пренесува хормони од жлездите до соодветните органи

-пренесува топлина

-ја одржува постојаноста во внатрешната средина – ХОМЕОСТАЗА

2.Кај водените безрбетници – СУНЃЕРИ И КОПРИВКАРИ (морски кринови, морски звезди,


морска змиулка, морски еж, морска краставица) телесната течност е слична како водата и се
вика ХИДРОЛИНФА.

Кај ПОЛЖАВИТЕ И РАКОВИТЕ (кој имаат отворен преносен систем) се вика ХЕМОЛИНФА
која е сина (бидејќи има бакар во крвниот пигмент), и во неа има само леукоцити.

Кај ДОЖДОВНИОТ ЦРВ има црвена хемолинфа.

3. Кај сите други животни има 2 вида телесна течност – крв и лимфа.

Во лимфата има само бели крвни клетки.

4.а)Отворен преносен систем има кај:


 Мекотелите (школка, полжав, лигни) и

 Членконогите (краба, јастог, рак, дрвна вошка, бодена болва, пајаци крлежи, скорпии,
шугавци, рак, јастог, водени болви, стоногалки)

МЕКОТЕЛИТЕ - срцето е од 2 преткомоти и 1 комора и артерии. Во преткоморите доаѓаат


крвта од жабрите,а крвта од стапалото и внатрешните органи влегува во комората.

ЧЛЕНКОНОГИТЕ –имаат централно срце и артерии.Крвта од жабрите се собира во дел пред


срцето.

б)Затворен преносен систем има кај:


 Октоподите (главонога),

 Сипија,

 Прстенестите црви и
 ´Рбетниците ( риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи)

А) РИБИ

Кај ајкулата крвта во срцето има малку кислород, а многу јаглероден диоксид – е наречена
венска крв. Срцето е составено од венозен синус, 1 преткомора, 1 комора и артеријален конус.

Низ стомачна аорта до 5-6 пара аортни лаци кои се на грбот преку жабрените капилари оди
до грбната аорта.

Б) ВОДОЗЕМЦИ И ВЛЕЧУГИ

Водоземците немаат поделена комора и немаат жабрена циркулација.

Влечугите имаат целосно поделена предкомора а само делумно поделена комора.

В) ПТИЦИ И ЦИЦАЧИ

Целосно поделени предкомори и комори на два дела. Крвотокот е ист како кај човекот.

КАЈ ЦИЦАЧИТЕ ИСЧЕЗНУВА БУБРЕЖЕН ПОРТЕН СИСТЕМ. Крвта од опашката и


екстремитетите се собира во долна шуплива вена.

Постои црнодробен портен систем.

Како што системот за пренесување на материите станува покомплексен, така крвниот


притисок се покачува и затоа повеќе течности и белковини поминуваат од капиларите во
меѓуклеточната течност. Тоа допринело да се појави лимфниот систем кој го враќа вишокот
на течности и белковини од ткивата во главната циркулација.

You might also like