You are on page 1of 5

Што е вид?

Науката која се занимава со определување, групирање и именување


на организмите е наречена таксономија или систематика.
Класификација преставува подредување на живите организми во
групи според заеднички или слични карактеристики.
Прв обид да се групираат организмите направил грчкиот филозоф
Аристотел пред 2000 години. Тој ги поделил животните на водни,
копнени и воздушни жители, а растенијата ги поделил врз основа на
разликите на стеблата. Но, со тек на време како се развивала науката
и со пронаоѓањето на голем број на нови животни, се дошло до
заклучок дека поделбата што ја направил Аристотел не ја одразува
целосно разновидност на живите организми. Токму поради тоа, се
направени низа нови обиди за создавање систем со кој лесно ќе се
групираат истите.
Најголема заслуга за правилно групирање и именување на живите
организми има шведскиот научник – биолог ботаничар Карл Лине. Тој
го вовел двојното именување (бинарна номенклатура) на живите
организми, според кое секој жив организам и по две имиња.
Првото име го означува родот, а второто име се однесува на видот.
Името на родот се пишува со голема буква, а видот со мала буква.
Пример: Lacerta viridis ( зелен гуштер)
Homo sapiens (разумен човек)
Хомо – човек – (род), sapiens – разумен – (вид)
Вид преставува најмала група на организми кои имаат исти
карактеристики, може да се размножуваат едни со други и да даваат
плодно потомство.
Организмите кои припаѓаат на различни видови најчесто не можат да
се спарат меѓу себе. Но доколку се стават да живеат во едно
опкружување може да се спарат и да добијат потомство. Таквите
потомци се од различни вида се наречени хибриди и се неплодни.
Пример: Мазга-хибрид меѓу коњ и магарица.

Муле-хибрид меѓу магаре и кобила.


Зеброид-хибрид меѓу зебра и коњ;

Лигер-хибрид меѓу лав и тигрица.


Тигон-хибрид меѓу тигар и лавица.
Леопон-хибрид меѓу леопард и лавица.

https://www.youtube.com/watch?v=PdgGhGi269A&t=62s&ab_channel=EduinoPlatform

You might also like