You are on page 1of 1

Испарување

1. Материјата во природата се среќава во три агрегатни состојби:


a) Цврста агрегатна состојба - честичките се цврсто поврзани меѓу себе,
вибрираат, но не можат да се движат. Имаат постојана форма и волумен
(зафатнина).
б) Течна агрегатна состојба – честичките се поврзани, но не многу цврсто, можат
да се движат наоколу и да се лизгаат една покрај друга. Немаат постојана форма-
ја добиваат формата според садот во кој се наоѓаат. Имаат постојан волумен
(зафатнина).
в) Гасовита агрегатна состојба - честичките не се поврзани меѓусебно и можат да
се движат слободно. Немаат постојана форма и волумен.
2. Испарување е појава при која материјата од течна агрегатна состојба
преминува во гасовита агрегатна состојба. Испарувањето настанува кога на
течноста и се доведува топлинска енергија (пример загревање). Како резултат на
тоа, честичките на течноста почнуваат да се движат со поголема брзина и се
оддалечуваат една од друга. По извесно време, тие се толку оддалечени една од
друга што можат да ја напуштат површината на течноста и да преминат во
околниот воздух.

течност топлина гас

3. Водата испарува кога ќе и се доведе топлина. Брзината на испраувањето на


водата е различна на различна темература.

4. Струењето на воздухот, односно ветерот го забрзува испарувањето.

You might also like