You are on page 1of 6

Наука е собрано средено и систематизирано човеково знаење од една

определена област

Науките се поделени на природни и општествени:

• Општествени науки се група на академски дисциплини што ги


проучуваат човечките аспекти на светот. Тие се базираат на примена на
научни методи во изучувањето на човечката средина. Исто така се
познати како меки науки.

• Природни науки се системи на знаења чија основна цел е да се проучи


природата како и законитостите што во неа владеат.

За проучување на природата се одбира точно определен дел од неа и


ваквиот дел се нарекува систем .

Системот може да биде голем или мал но мора да биде точно определен, т.е
да се знае точно од каде почнува и каде завршува односно да се знае што се
проучува

Проучува материја

ФИЗИКА ХЕМИЈА

Земјата и космосот

ГЕОЛОГИЈА АСТРОНОМИЈА МЕТЕОРОЛОГИЈА ОКЕАНОГРАФИЈА

Жива природа

БОТАНИКА БИОЛОГИЈА ЕКОЛОГИЈА ГЕНЕТИКА


Бидејќи интересите на природните науки се поклопуваат се појавуваат се
развиле гранични науки:

БИОХЕМИЈАТА ( гранична наука помеѓу биологија и хемија ),

ФИЗИЧКА ХЕМИЈА (гранична наука помеѓу физиката и хемијата),

ГЕОХЕМИЈА (гранична наука помеѓу геологијата и хемијата)

АСТРОХЕМИЈА (гранична наука помеѓу астрономијата и хемијата)

ХЕМИЈАТА е природна наука што се занимава со изучувањето на составот


својствата и градбата на супстанците

• ОРГАНСКА ХЕМИЈА – ги проучува соединенијата на јаглеродот освен


неговите оксиди, јаглеродната киселина и нејзините соли

• АНАЛИТИЧКАТА ХЕМИЈА –го проучува квалитативниот и


квантитативниот состав на супстанците

• ПРЕПАРАТИВНА ХЕМИЈА – го проучува припремањето и синтезата на


соединенијата

• БИОХЕМИЈА – ги проучува супстанците и процесите во живите


организми

• ФИЗИЧКА ХЕМИЈА- ги испитува супстанците и реакциите користејќи ги


физичките закони и методи

• НУКЛЕАРНАТА ХЕМИЈА – Процеси што се одвиваат во јадрата на


атомите

• Неорганската хемија – ги проучува неорганските соединенија

• Супстанца е она од што се состојат организмите и телата во природата,


она од што се направени предметите (материјал), она од што се
образувани системите што ги изучуваме.
• Какви можат да бидат супстанците?

• Чисти

Ако одделните делови од нив не можат да се разделат со помош на


физички постапки

• Смеси

Ако разделувањето на одделните видови (супстанци) од кои се изградени


смесите можат да се одделат со физички постапки.

• Својства на супстанциите

• Физички својства

• Својствата кои ги забележуваме со помош на нашите сетила или


со помошна определени инструменти при мерењето

• Боја,вкус,миризба, температура на топење, вриење, густина,


цврстина, магнетизам и и.т.н.

• Хемиски својства

• Се определуваат врз основа на заемното дејство што го покажува


дадената супстанца со другите супстанци или пак при промена на
надворешните услови (температурата, притисокот и др).

• ‘рѓосување, оксидирање, растварање ,дејствување со киселини,


бази соли, оксиди

 Промени на супстанциите
o Физички промени
o Промените кои настануваат на супстанцата при што не се менува
хемискиот состав на супстанцата.
o т.е се менуваат физичките својства(густината, бојата, агрегатната
состојба, итн)
o Хемиски промени
o Промените при кои од една или повеќе супстанции настануваат
нови супстанци (познати се уште како хемиски реакции).
o При ваквите промени се менува составот на супстанциите
o Горење, корозија итн
 приборот може да се класифицира во неколку групи:

1) стаклен, 2) порцелански, 3) метален, 4) дрвен,


5) пластичен

• Мерењето преставува постапка со која на определен начин се врши


споредување на две истородни физички величини и се утврдува
нивниот однос.
• Под ФИЗИЧКИ ВЕЛИЧИНИ се подразбираат мерливите својства на
физичките системи .
• Секоја физичка величина има свој назив(име) и ознака (симбол).


Првите претпоставки за корпускуларната природа на материјата
(супстанцата) дале Леукип и Демокрит грчки филозофи кои сметале дека
материјата не може бесконечно да се иситнува и дека сета материја што
постои во природата е изградена од најситни честички атоми

• *Најмалите честички од кои се изградени елементите се викаат атоми.

• *Атомите од кои е изграден еден елемент се идентични и се


разликуваат од атомите на другите елементи .

• *Кога атомите се сврзуваат меѓу себе се образуваат соединенија. Едно


соединение секогаш содржи определен број атоми од определени
елементи .

• *При хемиските реакции доаѓа до прегрупирање на атомите, но при


тоа атомите не претрпуваат промени .

• Во зависност од температурата и притисокот супстанциите се јавуваат


во три агрегатни состојби: цврста, течна (познати како кондензирани
состојби) гасовита и како последна плазмата.

• Сублимација е премин на супстанцијата директно


од цврста во гасовита состојба
• Испарување физичка појава при што една супстанца  преминува од
течна во гасовита агрегатна состојба и се случува на површината на
супстанцијата.
• Кондензација преставува промена во физичката агрегатна
состојба на гасна состојба во течна и како појава е обратна
на испарувањето
• Мрзнење или зацврстување/солидификација — преодна фаза во
која течноста преминува во цврста фаза
• Топење — физички процес кој резултира во Фазен премин на
една супстанција од цврста во течна состојба.
• Атомот претставува најситна структурна честичка на секој хемиски
елемент која се јавува како носител на неговите карактеристични
(физички и хемиски) својства.
• Јадрото на атомот е образувано од протони и неутрони, а електронскат
обвивка ја сочинуваат електрони кои се движат (вртат) околу јадрото.
• Атомски број (Z) – или реден број, претставува бројот на протоните во
јадрото. Атомскиот број определува на кој елемент му припаѓа даден
атом.
• Атомите со определен атомски број(Z) и определен масен број (А) се
викаат нуклиди.
• Постојат и нуклиди на различни хемиски елементи кои имаат ист масен
број A.
• Нуклидите со ист масен број А, а различен атомски број Z, се викаат
ИЗОБАРИ.
• Молекул- Повеќеатомска неутрална честичка што не содржи неспарен
електрон
• Јон- едноатомска или повеќеатомска честичка која има електричен
полнеж
• Ако полнежот на честичката е позитивен (изгубила електрон) – катјон
• Ако полнежот на честичката е негативен (примила електрон)- анјон
• Јоните се формираат кога електроните се додаваат или одземаат од
неутралните молекули или атомите

You might also like