You are on page 1of 5

Екологијата во крајот на 19 и почеток на 20

век

Модерната екологија е млада наука која прв


пат привлекла позначително научно внимание
кон крајот на 19 век (приближно во исто време
кога еволутивните студии се здобиле со научен
интерес). Во почетокот на 20 век, екологијата
преминала од поописна форма на
природознание кон поаналитичка форма на
научното природознание. Фредерик Клементс
ја објавил првата американска книга за
екологијата во 1905год. каде заедниците на
растенијата ги претставил како
суперорганизми. Оваа публикација отворила
дебата помеѓу еколошкиот холизам и
индивидуализам која траела до 1970-тите.
Според Клементсовиот концепт за
супеорганизми екосистемите напредуваат
преку редовни и определени фази на развој
кои се аналогни на развојните фази на
организмот. Клементистичката парадигма била
предизвикана од Хенри Глисон, кој изјавил
дека еколошките заедници се развиваат
произлегуваат од единствени и случајни
асоцијации на индивидуални организми. Оваа
перцепција го преместила фокусот назад кон
животната историја на индивидуални
организми и нејзиниот однос врз развојот на
асоцијацијата на заедниците.

Теоријата за суперорганизми на Клементс


добила опширна примена кај идеалистичката
форма на холизмот. Терминот "холизам" е
измислен во 1926 година од Јан Христијан
Смутс, генерал од Јужна Африка и
поларизирана историска личност, инспириран
од концептот за суперорганизми на Клементс.
Приближно во тоа време, Чарлс Елтон за прв
пат го вовел концептот на синџири на исхрана
во неговата книга “Екологија на животните”.
Елтон ги дефинирал еколошките односи преку
користење на концепти од синџирите на
исхрана, циклусите и обемот на исхрана и ги
опишал нумеричките односи меѓу различни
функционални групи и нивната релативна
густина."Циклусот на исхрана" на Елтон бил
заменет со "мрежа на исхрана" во следниот
еколошки текст. Алфред Џејмс Лотка
применувајќи термодинамички принципи
вовел многу теоретски концепти во
екологијата. Во 1942 година, Рејмонд
Линдеман напишал значаен труд за
трофичната динамика на екологијата, кој бил
објавен постхумно откако првично бил одбиен
поради неговиот теоретски акцент. Трофичната
динамика станала основа за голем дел од
понатамошните достигнувања поврзани со
енергијата и протокот на материја во
екосистемите. Роберт Е. Мекартур се залагал за
математичката теорија во предвидувањата и
тестовите за екологија во 1950 година што
довело до отварање на училиште за еколози по
теоретска математика. Екологија, исто така, се
развивала преку придонесите на еколозите од
другите земји, вклучувајќи го Владимир
Вернадски од Русија, кој го основал конептот
на биосферата во 1920 год. и К. Иманиши од
Јапонија кој ги вовел концептите на хармонија
во природата и сегрегацијата на живеалишта
во 1950 год. Научното признание на
придонесите кон екологијата како наука од
припадниците на не-англиски говорни
подрачја било попречено поради јазични и
преводни бариери.

Екологијата станала популарна и привлекла


интерес кај научниците во текот на еколошкото
движење во периодот од 1960тите и 1970тите
години. Постојат силни историски и научни
врски меѓу екологијата, управувањето и
заштитата на животната средина. Значајни
еколози кои работеле во полето на зачувување
и заштита, како Алдо Леополд и Артур Тансли,
акцентот на историските и поетските дела за
заштита на природата го поставиле на дивите
места, далеку од урбаните центри каде што е
зголемена концентрацијата на загадувањето и
деградацијата на животната средина. Паламар
(2008г.) забележал дека жените пионерки кои
во раните 1900-ти години, се бореле за урбана
здравствена екологија го засениле постоечкиот
правец на енвинронментализмот и вовеле
промени во законодавството за животната
средина. Овие жени биле претходници на
попопуларизираните еколошки движења по
1950 година. Во 1962 година, книгата на
морскиот биолог и еколог Рејчел Карсон “Тивка
пролет” помогнала да се мобилизира
еколошкото движење преку тоа што ја
известила јавноста за биоакумулација на
токсичните пестициди, како ДДТ, во животната
средина. Карсон ја искористила еколошката
наука за да го поврзе ослободувањето на
токсините во животната средина со човековото
здравје и здравјето на екосистемите. Од тогаш,
екологистите работеле да го изградат нивното
разбирање за деградација на екосистемите на
планетата преку политиката, правото,
реставрација и управување на природните
ресурси.

Ема Маџовска 8 д одделение

You might also like