You are on page 1of 12

 Пеперутките се најневеројатните суштества во природата.

 Познати се по нивните убави бои и единствени шари.


 Имаат многу различни форми и големини.
 Знаете ли дека има повеќе од 180 000 различни видови
пеперутки и живеат на сите континенти освен на
Антарктикот.
 Постојат повеќе од 56 милиони години.
КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИТЕ
НА ПЕПЕРУТКИТЕ?
 Пеперутките се инсекти, што значи дека тие имаат 6 нозе,
еден пар антени и три дела на нивното тело (глава, гради и
стомак).
 Возрасните пеперутки имаат 4 крила, со живописни бои и
дезени.
 Крилата на пеперутките всушност се составени од ситни
лушпички.
 Повеќето пеперутки не живеат многу долго. Најкраткиот
животен век на една пеперутка е 10 дена.
 Најголемата пеперутка во светот има распон на крилата од
25 cm.
 Најмалата пеперутка има големина од само 2 cm.
 На пеперутките им треба топлина за да можат да се
движат. Кога ќе ги видите како одмараат на сонцето, тие
всушност ги загреваат крилјата за да можат да летаат.
 Пеперутките можат да видат и препознаат бои што луѓето
не можат.
 Пеперутките вкусуваат со нозете!
Животен циклус на пеперутката

 Пеперутките имаат животен циклус кој се состои од 4


различни фази.
 Животот го започнуваат како јајца, кои возрасните пеперутки
ги полагаат на растенијата со кои се хранат.
 Следната фаза од животот на пеперутката е гасеницата. Тие
најчесто се наоѓаат на тревата, на дрвата, во градините и
растат многу брзо.
 Во следната фаза од развојот гасеницата формира кокон, во
кој таа станува кукла.
 Гасеницата поминува повеќе денови во или недели во
коконот се додека не е целосно подготвена да излезе како
возрасна пеперутка.
 Пеперутката седи неколку часови, се додека не се исушат
крилата и потоа е спремна да полета.
 Пеперутките се среќаваат низ целиот свет, освен на
Антарктикот.
 Некои пеперутки можат многу да патуваат. Може да
прелетаат во различен дел од земјата, или светот, кога
времето ќе се промени.
 Ова патување е толку долго, што една пеперутка нема да
може да го заврши целото патување за време на својот
живот.
 Потребни се повеќе генерации пеперутки за да се дојде до
крајот на миграцијата.
 Повеќето пеперутки јадат
само нектар од цветовите.
Тие исто така можат да јадат
полен, сок од дрво или гнило
овошје. За разлика од
нивната фаза на гасеница,
возрасните пеперутки можат
да консумираат само течност.
 Кога се жедни, тие пијат вода
од какпките роса шо ги има
на растенијата или некои
други површини.
 Понекогаш, дури ги
привлекува и солта од
човечката пот!
ДАЛИ НЕКОИ ДРУГИ ЖИВИ
ОРГАНИЗМИ ГИ ЈАДАТ
ПЕПЕРУТКИТЕ?
 Некои предатори на пеперутките се осите,
мувите, пајаците, птиците и жабите.
КАКО СЕ ЗАШТИТУВААТ
ПЕПЕРУТКИТЕ?
 Еден од најдобрите начини на кои пеперутките се штитат е со
користење на крилата.
 Освен што ги користат за летање за да побегнат од
непријателот, крилата на пеперутките се прилагодиле на
камуфлажа во нивната околина.
 На пример, таквите крила имаат шари со кои се преправаат
дека се други големи животни, како бувови.

You might also like