You are on page 1of 2

ШУМАРСТВО, ЛОВ И РИБОЛОВ

Шумарството е примарна стопанска дејност која значи одгледување и искористување на


шумите. ( користење на дрвата и шумските плодови ).
Дрвата се користат во дрвната индустрија , а шумските плодови во исхраната на луѓето.
Шумите опфаќаат 905 000 хектари (35%) од цела територија на Македонија , а 1,2
милиони хектари се обработлива површина.
Шумите се нерамномерно поставени и во нив има
- Ниско стеблести дрва – 643хектари (71%)
- Високо стеблести дрва- 262хектари( 71%)
На територијата на Македонија има
- листопадни шуми – 91% (даб ,бука најискористувани)
- зимзелени шуми – 4,4% ( елката и борот во помали количини се користат)
- мешовити шуми – 4,6%ж
Дрвото се користи за греење, се користи во градежништвото, за правење на мебел, за
правење хартија и др.
Најголеми шумски површини има во
- Западна Македонија ( Кораб,Бистра, Осогово, Караорман и Јабланица) бор и
молика на Пелистер и Баба
- Источна Македонија ( Плачковица, Малешевски планини, Осогово)
ЛОВОТ – има туристичко рекреативен карактер. Ловот е застапен во ридско планинските
делови, котлини, реки и мочуришта.
- Дивеч кој се лови во нашата земја се зајаци, диви свињи, еребици, фазани.
- Заштитени животни се елен, срна., рис, мечка
Најпознати ловишта се Пелагонија, Овче Поле , Куманово.
РИБОЛОВ – таа опфаќа одгледување , ловење, транспорт и продажба на риба. Водни
површини на кои се одгледува риба зафаќаат 50 000 хектари.
Во нашата земја најмногу се лови крап и пастрмка .
Риболов има во Охридско, Дојранско и Преспанско езеро.
Во Охридско езеро најпознати риби се – белвица, пастрмка, јагула
Риболов има и во реките Вардар, Треска, Радика, Црна река и др
Има и рибници покрај реките – Вардар ( кај селото Удово, , Треска ( кај Белица ) Риболов
има и во вештачките езера – Тиквешко , Дебарско, Мавровско, Беровско, Калиманци
и др.

You might also like