You are on page 1of 5

Богатство на шумите

Изработиле:
Златко Томовски
Андреј Мицевски
Марија Спировска
Анастасија Богдановкса
 Шума е подрачје густо обраснато со дрва. Шумите покриваат 9,4% од
површината на Земјата или 30% од вкупната копнена површина), но
некогаш покривале 50%. Имаат значајна улога како живеалишта за
организмите, како фактори во кружењето на водата и запазувачи
на почвите. Со тоа, тие се меѓу најважните елементи на биосферата.
 Една шума се состои од горен кат (кај крошните) и долен кат, кој потоа
се дели на кат на грмушки, кат на билки и кат на мовови и почвени
микроорганизми. Кај извесни посложени шуми постои и изразен
меѓукат на пониски дрвја.
 Шумите се од огромно значење за човекот бидејќи вршат
незаменливи задачи и претставуваат извор на најразновидни
ресурси: складираат јаглерод, учествуваат во регулирањето
на климата на планетата, ја пречистуваат водата и спречуваат
природни непогоди како поплави. Во шумите се присутни цели 90%
од сувоземната биоразновидност во светот.
Шумите во Македонија

 Шумите во Македонија зафаќаат 1.001.489 ха и покриваат 39% од територијата на државата.


Според пописот од 1979 г. шумите зафаќале 905.653 ха, или 35,2% од вкупната територија на
Републиката, а во периодот од 1979 до 1996 г. се пошумени уште 110.000 ха. Во 2008 година
вкупната површина на шумите изнесувала 1.091.857,59 ха, од кои 835.055,82 ха биле
обраснати, а 256.801,77 ха - необраснати (голи делови). Имало и дополнителни 80.000 ха или
(7,32%) за кои постојат пооскудни податоци поради малото стопанско значење.
 Дендрофлората ја сочинуваат вкупно 319 видови дрвја и грмушки со над
80 подвидови и варњетети во рамките на 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број
на видовите се балкански ендемити или субендемити. Овие се распоредени во 81
шумска фитоценоза во состав на 31 сојуз, 11 реда и 6 класи.
 Најшумовити делови се пошироките појаси долж границите, особено во западна
Македонија, додека најобесшумени се Повардарието, Овче Поле и Пелагонија. Најзастапени
се листопадните шуми, поточно дабот и буката.
 Планирањето, управувањето, стопанисувањето, одгледувањето, заштитата и користењето,
чувањето на шумите како природно богатство и шумското земјиште, остварувањето на
општокорисните функции на шумите, правото и обврските на користење на шумите,
финансирањето, како и други прашања од значење за шумите и шумското земјиште по
принципот на биолошка, економска, социјална и еколошка прифатливост се регулира со
Законот за шумите.
 Според истражувањето на Светска банка околу 43 отсто од
територијата на БиХ е под шума, која за жал нерационално и
несовесно се користи. Според истражувањето на Светска банка
околу 43 отсто од територијата на БиХ е под шума, која за жал
нерационално и несовесно се користи. Последните години
шумите станаа стратешки ресурси од кои многу земји во светот
заработуваат огромни средства. Меѓутоа, некои земји со
неконтролираната сеча полека остануваат без ова вредно
природно богатство. Меѓу нив е и Босна и Херцеговина која
наспроти неконтролираната сеча која трае со години и понатаму
стои на самиот европски врв според шумското богатство. Кога се
работи за регионот на југоисточна Европа, повеќето земји од овој
дел на светот се наоѓаат меѓу државите кои често се нарекуваат
зелен рај на земјата. А според резултатите од истражувањето кое
го спроведе Светска банка за 2012 година во областа на шумските
ресурси, Босна и Херцеговина е најбогата земја со шума од сите
земји во регионот на југоисточна Европа. Имено, околу 43 отсто
од територијата на БиХ е покриена со шума, т.е. речиси половина
од земјата е обоена во зелено.

You might also like