You are on page 1of 4

Изработиле: Златко Томовски, Андреј Мицевски,

Анастасија Богдановска, Марија Спировска

z
Нане
z  Нането (односно Mentha) е род со околу 25 вида (и стотици вариетети)
на цветни растенија во семејството Lamiaceae. Видовите од
родот Mentha имаат субкосмополитско распространување
низ Европа, Африка и Азија, Австралија и Северна Америка. Постојат и
одреден број на хибридни видови.

 Различните видови на нане се ароматични, речиси секогаш повеќегодишни,


ретко едногодишни тревести растенија. Тие имаат разгранети
подземни ризоми и исправени, разгранети стебла. Листовите се наспрамни, од
прости издолжени до ланцетни, најчесто перести, со насечени рабови. Бојата
на листовите се движи од темнозелена и сивозелена до розева, сина и
понекогаш бледожолта. Цветовите се групирани во гроздови (verticil-и) на една
исправена боцка, по боја се бели до розеви. Венчето е двоусно со четири
субеквални венечни ливчиња, при што горните се обично поголеми. Плодот е
мала и сува капсула која содржи едно до четири семиња.

 Без разлика што видовите кои го сочинуваат родот Mentha се нашироко


распространети и можат да се најдат во многу станишта, сепак, повеќето
растат во влажни средини и на влажни почви. Нането расте до 10–120 cm во
височина. Како резултат на тенденцијата на брзо распространување, нането се
смета за инвазивен вид.
z
Видови
 Mentha aquatica – Водно нане или Блатно нане

 Mentha arvensis – Пченкарно нане, Диво нане, Јапонски пеперминт, Полско нане, Пудина (पुदिना
на хинди)

 Mentha asiatica - Азиско нане

 Mentha australis - Австралиско нане

 Mentha canadensis

 Mentha cervina - Hart's Pennyroyal

 Mentha citrata – Бергамот нане

 Mentha crispata - Набрчкано нане


z

You might also like