You are on page 1of 6

Рис

Изработле
Симеон Лакински
Даниел Петаноски
Што е Рис?
• Рис е род составен од четири видови на средноголеми диви мачки од
родот рис. Името на рисот доаѓа од грчкиот збор “lynx”, со потекло
од индоевропскиот корен “*leuk”, што значи „светлина, сјај“, поради
сјајот на неговите очи. Денес доаѓа до голема забуна во врска со
класифицирањето на семејството мачки, а некои ги класифицираат
како дел од родот Фелис. Каракалот, кој понекогаш се нарекува
персиски рис или африкански рис, не припаѓа на овој род.
Изглед
• Карактеристично за рисот е кратката
опашка и црните перчиња на врвот на
ушите. Под вратот има грива со црни
линии, кои наликуваат на вратоврска.
Рисот има широки шепи погодни за одење
по снег, и големи мустаќи на лицето.
Бојата на крзното варира од ‘рѓаво кафеава
до жолто кафеава, а понекогаш е
обележана и со темно-кафеави точки,
особено на екстремитетите.
Видови
- Евроазиски рис
Евроазискиот рис (Lynx, lynx) е најголемиот вид рис. Се среќава во
европските и сибирските шуми.
- Канадски рис
Се движи по шуми и предели на тундра преку Канада кон Алјаска, како
и во некои делови на Северна Америка.
Видови
- Ибериски рис
Иберискиот рис е критично загрозен вид кој потекнува од Пиринејскиот Полуостров
во Јужна Европа.
- Бобкет рис
- Бобкет рисот е прилагодлив грабливец кој ги населува листопадните, четинарските
и мешаните шумски предели, но за разлика од другите видови рис, бобкет рисот не
зависи само од густите шуми, се движи по мочуришта и пустински предели, како и
по планински и земјоделски области; крзното со точки му служи за камуфлирање.
Популацијата на бобкет рисот најмногу зависи од неговиот плен.
Ви благодариме на вниманието!

You might also like