You are on page 1of 1

Eскими

Ескими или Инуити, народ сочинет од староседелците на арктичкиот и субарктичките региони на


Гренланд, Алјаска, Канада и крајниот исток на Сибир (Русија), припадници на монголоидната раса.
Денес се проценува дека постојат околу 177.000 Ескими.

Потекло на поимот:
Во самонаречените имиња за Ескимите спаѓаат и Инуити, Инупијани, Јупик и Алутит, а сите се
помалку или повеќе локални варијанти на зборот што значи „народ“. Името Еским, кое првпат е
употребено од Европејците, може да потекнува од монтагнаскиот збор за чевли за снег, а ова име
им се допаднало на луѓето од Арктикот што живеат на Алјаска, додека оние во Канада и од
Гренланд го претпочитаат името Инуит.

Потекло:
Ескимите се од азиско потекло, како и американските Индијанци, но се разликуваат од нив по
начинот на кој се приспособиле на климатските услови, присуството на крвната група Б и по
нивниот јазик (ескимско-алеутски), кои укажуваат на тоа дека се од различно потекло.

Живот:

Традионалната ескимска култура е целосно приспособена на екстремниот студ, снег и мраз во кои
речиси нема зеленчук, а карибуите (американски северен елен), рибите и морските цицачи се
главен извор на храна. За лов на море се користат харпунот, кајакот едносед и поголеми чамци
наречени умијаци. Облеката се изработува од крзното на карибуите и од кожата на фоките.
Зимите ги минуваат во иглуа, кои биле изградени од блокови снег или во полуподземни куќи
изработени од камен и треви, алетата во шатори од животински кожи. Санките со кучиња биле
основно превозно средство. Религијата им била насочена кон шаманизмот и невидливиот свет на
духовите. До крајот на XX век, моторните возила за движење по снег и пушките ги замениле
кучешките запреги харпуните. Многу Ескими го напуштиле номадскиот начин на живот и лов и се
преселиле во северните места и градови. некои формирале кооперативи преку кои ги продаваат
рачно изработените предмети и стока.

You might also like