You are on page 1of 3

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА: ШУМСКИ ЖИВОТНИ

ДАТА: 24.04.2020
РЕАЛИЗАТОР:Славица Брајковска
АСПЕК НА РАЗВОЈ:Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
СТАНДАРД:
Детето ги набљудува и опишува карактеристиките на живиот свет
НАСЛОВ НА ТЕМА:Кој каде живее и со што се храни?

АКТИВНОСТ:
1. Утринск гимнастика
https://www.youtube.com/watch?v=pizI7eNVSg8
2. Говорна игра/ разговор
* Потребни материјали:
- слики
- илустрации
- детска литература

Кога почнуваме разговор за шумските животни треба да знаеме дека шумите и други
шумски предели се нивно природно живеалиште. Шумата е заедница на шумски дрвја,
други пониски растенија и шумски животни.

 Планините се дом на многу различни видови животни како што се:


Верверицата; Волк; Еж; Дива свиња; Лисица; Зајак; Мечка; Желка; Елен; Јазовец и др.
Верверица – живее во дрвјата на
листокапните и иглолисните шуми.
Најмногу јаде зрнеста храна, лешници,
желади, а понекогаш и јајца што ги краде
од птичјите гнезда.
Волк – живее во добро организирана
глутница. Волкот е месојадец и најчесто ги
лови крупните тревојадни цицачи.
Еж – живее во грмушки, на работ од
шумите, по полиња, градините. Ежот лови
ноќе и се храни со копнени безрбетници
(црви, пајаци, полжави, гасеници итн.).
Дива свиња – живее во шумските
предели. Дивата свиња е сештојадно
животно и се храни со желади, диви
костени, семиња, компири но и со полски
глувци и стаорци.
Зајак –Зјакот е вегетаријанец и се храни
со: трева, зрна, гранчиња, растенија и
плодови од грмушки како дивата малина,
зиме се храни со гранчиња, пупки и со
кора од некои дрвја.

Учиме со Биби и Боби: Диви животни


https://www.youtube.com/watch?v=P-3FqCSyfXo
Кое е ова животно?
https://www.youtube.com/watch?v=4H32gS4fCNE&t=228s
3. Практична креативна активност:
* Потребни материјали:
- хартија во боја
- лепило
- ножици

Изработка на еж и лисица:
https://www.youtube.com/watch?v=tVIJpisJr9c
https://www.youtube.com/watch?v=QVyrgToA1Tg

4. Музичка игра:
- БЕГАЈ ЗАЈКО
https://www.youtube.com/watch?v=EWbVi7VrsDE

ЦЕЛИ:
- Да се рзвиваат способностите за препознавање и класификација на животните според
местото на живеење, според родот и карактеристиките.
-Да се поттикнува процесот на осознавање на одредени основни фактори и услови за
опстојување и развој на живиот свет.
ИНДИКАТОРИ/КОМПЕТЕНЦИИ:
- Детето именува разни животни средини во кои опстојува животинскиот свет.
- Детето опишува шумски животни со користење на придвки за подобро
објаснување.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТТИ:
- Детето ги класифицира животните според родот, местото на живеење и
карактеристиките.

You might also like