You are on page 1of 2

Вештачки и Природни влакна

Текстил, односно ткаенина е еластичен материјал составен од повеќе ситни


влакна, што се впредени меѓусебно.
Текстилни влакна/текстил - приспособлив/флексибилен материјал составен од
мрежа на природни или вештачки влакна/конци. Во зависност од видот на
влакната дали се природни или вештачки, така се делат и материјали. Но, има и
материјали што се добиваат со мешавина на истите.

Текстилните влакна може да бидат:


Природни

Растителни: Памук - род на билка од фамилијата слез; Лен - едногодисна зелеста


билка со краток вретенаст корен; Коноп - мека, светкава билка од која се прават
долги испреплетени нишки.
Животински: Волна се добива од влакната на домашни животни, во влакното на
овчата волна има состојка (масло) познато како ланолин, кое го прави влакното
отпорно на вода и прашина; Кашмир се добива од влакната од посебен вид на
индиска коза која има многу меко влакно; Ангора се добива од долгите, тенки и
меки влакна на ангорскиот зајак; Свила се добива од влакната на кожурецот на
кинеската свилена буба, се одликува со светкавост и нежност.
Вештачки

Синтетички- современи видови на влакна, добиени по вештачки пат; Полиестер-


се користи сам или во комбинација со памук; Акрилник - имитација на влакно на
волна; Најлон - имитација на влакно на свила; Ликра - лесно растегливо влакно.

Памукот,волната, ленот, јутата и свилата се природни ткаенини. Секоја


специфична за себе. Но, за разлика од другите кои се добиваат од растенија,
свилата е уште поспецифична поради тоа што се добива од свилена буба.

Почетоците на производството на свилата датираат од 6000 до 3000 години п.н.е.


Заради големата вредност, Кинезите под закана со смртна казна ја чувале тајната
за свилата. Постепено свилата од Кина преку Тајланд и Индија се проширила во
југоисточна и јужна Азија, а во Европа ја донеле византиските монаси, така што,
според легендата, ги скриле кожурците во бамбусови стапови.
Постојат два вида на свилени буби: диви и култивирани. Влакната на дивата
свилена буба имаат груба тврда структура и кафеава боја, за разлика од жолтите
до сиви влакна кај култивираната буба.

Дивата свилена буба живее и се храни на


дабово дрво, а нејзините природни животни
средини се наоѓаат во Индија, Кина и
Јапонија. Оттаму, нејзините влакна
понекогаш ги нарекуваат и дабова свила, а
во Јапонија ги викаат дива свила.
Култивираната свилена буба бара многу
грижа. Потребни и се тишина и добри
хигиенски услови. За одгледувањето на
црниците, чии листови се храна за
свилените буби, развиена е цела наука.
Најдобрите листови се добиваат со
комбинација на растенијата добиени со
комбинирање на високостеблестата и
нискостеблестата црница.

Од сите природни ткаенини, т.е. меѓу


влакната со ист дијаметар, свилата има
најголема цврстина. Послаба е кога е
водена, но нејзината првобитна цврстина се
враќа кога ќе се исуши. Повеќе е издржлива на триење отколку на силно тегнење.
Многу поеластична е од ленот и памукот. Може да се развлече од 1/5 до 1/7 од
нејзината должина пред да пукне. Поради големата еластичност донекаде
наликува на фина гумена лента. Затоа облеката од свила го задржува обликот и
не се тутка. Свилата е најфино од сите природни влакна.

Ахимса свилата (ahiṃsā: санскрит за


„ненасилство“) е метод на ненасилно
одгледување и берба на свила. Се
одгледуваат диви свилени молци, наместо
домашната сорта. Овозможува завршување
на метаморфозата на свилената буба до
фазата на молец, додека поголемиот дел од
бербата на свилата бара свилените буби да
бидат убиени во нивната фаза на кожурец.
Ниту едно животно не страда и не умре за да
се произведе свила, што ја прави поволна алтернатива на нормалната свила за
оние кои се противат да им наштетат на животните.

You might also like