You are on page 1of 1

Борбата на Анѓа за верата и слободата

Ликовите кои ни оставаат најголем впечаток од расказите, приказните се


оние кои не тераат да бидеме подобри, похрабри да се стремиме и бориме за доброто на
сите да веруваме во самите себеси . Ликот на убавата Анѓа од романот "Калеш Анѓа" на
македонскиот писател Стале Попов, е токму еден прекрасен пример за силна верба,
храброст и голема желба за слобода како и верувањата во сопствените правила и
принципи од кои нетреба да се отстапува. Со нејзините постапки таа во сите нас ја
внесува верата и борбата за слободата.

Анѓа е силна девојка која се бори за нејзините убедувања и вредности со


необична сила и борбен дух. Таа не се предава пред предизвиците, не потпаѓа пред
убедувањата, искушениата за богатство и слава, туку се бори со сите свои сили за оние
нешта во кои верува. Нејзината вера и вистинската љубов се камен на која се гради
целата нејзина борба.
Таа не останува рамнодушна пред неправедноста и притисоците на турските
власти, туку се бори несомнено со силна желба за слобода.Нејзината храброст и сила се
водени од нејзината, омразата кон оние кои го грабнале нејзиниот брат, љубовта кон
Стојан и силната вера. Тие и дале сила да издржи до крај и да ја зачува својата чест.

Учеството на Анѓа во борбата за слобода на нејзиното село ја прикажува


нејзината неуморна потреба за слобода и правда. Со својата смелост и посветеност на
христијанството и храбрата борба за слободна Македонија, Анѓа станува символ на
надеж и војник на слободата.
Нејзината борба не е само индивидуална, во нејзиниот лик е пресликана една оргомна
борба, посветеност на голем број македонци кои не сакаат да се потурчат.. Таа се бори за
слободата на нејзината заедница и за целиот македонски народ. Нејзината неуморна
борба ги мотивира сите околу неа да ја запалат искрата на револуцијат за слободна
Македонија.

Ликот на Анѓа е пример за вистински херој, чија борба за верата и


слободата ќе остане запаметена како вечен оган во нашите срца. Нејзината несомнена
вера и борбеност ја прават вистинска инспирација за сите оние кои се борат за слобода и
правда. Анѓа е симбол за храброста и издржливоста на македонскиот народ.

You might also like