You are on page 1of 2

Сердарот

Григор Прличев (1830–1893) беше македонски поет и револуционер, кој бидејќи живеел во период
кога Македонија била под турско владеење, кој изразувал своите национални и патриотски
чувства преку своите дела. "Сердарот" е едно од најзначајните дела на Прличев, историска поема
напишана во 1860 година на грчки јазик, поема на слободата, во која е прикажана борбата на
Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода. Таа ги илустрира
минатото на македонскиот народ и нивните тешкотии, изложени на турската администрација и
насилствата од страна на Гегите.

„Сердарот” започнува со потресна слика на тешкотиите што ги поднесува македонскиот народ,


изложен на насилствата на турската власт и гегите . Во се прикажува макотрпното минато на
македонскиот народ и стремежот за слобода. Мотивот , Прличев го зел од народната песна за
Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на
Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Поемата започнува прикажувајќи ја
бедната и незавидна положба на македонскот народ кој континуирано бил напаѓан, убиван и
ограбуван од страна на непријателските Геги (Албанците). Меѓу редовите на македонската
одбрана бил и Кузман Капидан околу кој кружи целата содржина на поемата, а кој е загинат уште
од почетокот. Кузман Капидан бил водач,сердар на една таква единица која се борела против
турскиот терор и Гегите. Тој бил симбол на организираност и одлучност во одбрана на својот
народ. Неговата борба за слобода против турската и геговска апресија го истакнува како храбар
водач и патник на слободата.

Борбата против Гегите за слобода, се одвивала во контекстот на турската агресија врз Македонија
и силното насилство кое Македонците искуствувале од страна на Гегите, кои биле познати по
својата варварска опустошувачка дејност.

Гегите биле горди планински племиња кои го контролирале западниот дел на Македонија. Тие
често ја измачувале месната населба и правеле грабежи, убивачки напади и палења. Гегите биле
соавтори со турската власт. Во борбата против Гегите е прикажан чесниот и достоен одбранбен
напор на Македонците.

Кузман е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и


храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на
сите. Дури и Гегите кои се негови непријатели се поклонуваат на неговото јунаштво и храброст.

Поемата започнува со познатата словенска антитеза и веста за смртта на Кузман Капидан која брзо
се шири, а последна дознава неговата мајка.
Неда е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им
се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата, да
стане водач. Гегите, иако непријатели на македонското население, го носат на раце починатиот
војник, оддавајќи му почит. Во една прилика, еден од нив ветува на Кузмановата мајка дека таа
нема да биде повредена или навредена од страна на останатите Геги, но таа сеуште придржувајќи
се кон своето достоинство и љубовта кон својот народ одбива да го прифати ветувањето барајќи
спас за сите македонци.

Прличев со ова дело успева да допре до читателите многу добро отсликувајќи ја положбата на
македонскиот народ. Преку животот и делото на Кузман Капидан можеме само да замислиме
какви жртви биле положени за слободата на една земја и еден народ, оставајќи ги своите семејства
горчливо горди и завиени во црно.

Сердарот станува симбол на нашиот вечен стремеж кон слобода, единство и идентитет. Прличев
остава наследство во вид на поема, која не само што го прославува минатото, туку и води светло за
идните поколенија во борбата за продолжување на нашиот национален сон. Во секој збор и стих,
"Сердарот" повикува на свест и дејство, оставајќи вечен печат на патот кон слободата за
Македонија.

You might also like