You are on page 1of 9

СЕРДАРОТ

Глигор Прличев
Историски контекст и историска заднина
на поемата Сердарот
• Поемата ,,Сердарот’’е историско-јуначка поема, поточно историска балада, во која
се зборува за Македонскиот народ кој бил измачуван од страна на Гегите, кои ги
напаѓале западните села во Македонија за време на турското ропство.
• Македонскиот народ имал голема желба да се ослободи, но Гегите постојано ги
напаѓале, со тоа што Турците за да го соберат данокот од Mакедонското население
формирале заштитнички единици кои го заштитувале народот. Цела Mакедонија е
крстосувана од албанските банди и немилосрдно ограбувана. Заштитници на
населението биле сејмените кои биле ангажирани од султанот, таков е и Кузман
Kапидан опеан во поемата Сердарот.
• Настаните во поемата се одвиваат кон средината на 19 век, во селата Галичник и
Река (Западна Македонија), во кои народот често бил измачуван и пљачкан.
Ликот на Кузман
• Кузман бил силен и храбар во борбите, бил заштитник на народот
и својот живот го жртвувал за доброто на сите. За него дознаваме
дека е загинат уште на почетокот од поемата. Тој е олицетворение
на јунаштвото и кај него се забележуваат сите човечки
вообичаени карактеристики – љубовта и почитта кон мајката како
и љубовта кон девојката (Марија)
• За Кузман дознаваме од раскажувањата на стариот Албанец.
Следи ретроспективното раскажување на стариот Албанец за големите јуначки дела на Кузман
против Гегите кои пустошеле насекаде низ селата, грабнувајќи девојчиња од мајчините раце за да
им служат. Дознавајќи за ваквите страшни дела на непријателот, Кузман решава да се пресмета со
нив. Ги повикува на борба Албанците кои штотуку седнале под една сенка, уживаат јадејќи и пеејќи
песни. Кога Кузман ги повикува на борба, Албанецот признава дека тие се исплашиле од него, но
сепак за да не бидат поразени ја прифаќаат борбата. Кузман ги храбри своите другари. Се случува
борбата во која Кузман победува, се до моментот кога во борбата не се вклучува водачот на
Албанците, Махмуда кој силно го ранува Кузман. Иако ранет, Кузман успева да го усмрти својот
непријател, а потоа и самиот паѓа мртов. Албанецот ги раскажува по ред сите јуначки подвизи на
Кузман. Го возвлечува и го споредува со сторачен гигант кој се бори сам против албанската чета.
Албанците му одаваат почит на мртвото тело на Кузман, заколнувајќи се дека никогаш повеќе
нивната чета нема да стапне во Река. Неда, иако скршена од болка е подготвена да поведе борба со
непријателот и да го продолжи делото на својот син. Таа е подготвена да застане на чело на борците
кои ќе се родат во Река.
Што значи зборорт ,, СЕРДАР’’
• Значење на зборот сердар:
• 1. Војвода, заповедник, старешина во Османлиското Царство.
• 2. Старешина на јаничарите.
• 3. Титула на племенски старешина во некои земји на Балканот.
Кои се арнаути или геги ?

• Арнаут е турски збор кој означува назив на народ кој живеел во Албанија и
служел на војската на Османлиското Царство. Геги се луѓе - племе кое исто
живее во Албанија и се служат со посебен дијалект.
Река, село Стан, Галичник
• Дејството во оваа поема се одвива во Западна Македонија
односно регионот помеѓу Галичник, Река ( област) и селото Стан.

• Галичник — село во Општина Маврово и Ростуше, во


областа Мала Река.  Сместено е на падините на планината Бистра,
во центарот на регионот Мијачија.
• Рекански Регион (или само Река) — регион во Западна
Македонија, помеѓу Маврово и Дебар од едната, и помеѓу
границата со Албанија и Кичевската Област, од другата страна.

You might also like