You are on page 1of 1

Значењето на Партенија Зографски и Ѓорѓија Пулевски во македонското учебникарство

Партенија Зографски бил првиот македонски учебникар. Но, тој бил и филолог,
фолклорист и прв македонски митрополит и црковен работник од 19 век. Тој завршил
училиште во манстирот ,, Свети Јован Бигорски’’ но се школувал и во Солун и Цариград.
Неговото значење за нашиот јазик е во тоа што објавил два учебника на македонски јазик
како студии за нашиот јазик. Пишувал и за воведување на македонскиот јазик во црквите
и со тоа допринел да се намали влијанието на грчката црква.Отварал и народни училишта
по селата. Затоа почнал да пишува граматика на славјанските народи каде се гледа
разликата помеѓу македонскиот и бугарскиот јазик.
Исто како и Зографски, Ѓорѓија Пулевски е значаен како учебникар, поет,
граматичар.Негово прво дело ,,Речник од четири јазикa’’ од 1873 година. Тука се всушност
пет јазика зошто иако блиски ги одделува македонскиот и српскиот јазик како посебни
јазици. Второто негово дело е многу значајно зошто тука тука ја изнесува идејата за
татковината Македонија, народот македонски и македонскиот јазик како посебни во
словенскиот свет. Ова дело се вика ,,Речник од три јазика’’. Тој ја издал и првата
граматика и ја напишал книгата за македонската историја ,, Славјанско – македонска
општа историја ‘’. Издал и прирачник за изучување на македонскиот јазик.
Богатството и значењето на нашата земја се состои во делата на овие творци. Во нивните
пишани дела кои остануваат вечен доказ за македонскиот јазик, народ, култура.

You might also like