You are on page 1of 4

,, Македонска

крвава свадба ''

Изработила : Наталија Велевска


Професор : Јовица Темов
Ликови
• Темата во драмата е љубовта на
Цвета и Спасе која не може да се
оствари поради самоволието
на  турсиките владетели- Осман
Бег, додека идејата е прикажување
на тешкиот македонски живот и
обичаи во последните неколку
години од османлиското владеење.
• Во драмата е покажан судирот
помеѓу доброто и злото,
поробените и освојувачите,
сиромашните селани и богатите
паши и бегови кои се претерано
самоволни.
• Како драма на судирот, сите ликови во неа се претставени
црно-бело, како претставници на едната или другата страна.
Односно сите македонски селани се претставени позитивно
како чесни, мирни и достојни а турските поробувачи
негативно како насилници и убијци.
• Цвета - таа е жетварка,ќерка на Трајан и има околу 15-17
години,таа е заљубена во овчарот Спасе, но помеѓу нив
застанува злосторството на Осман Бег
 „Господи, умирам ама Туркина не станувам!...“ последните
зборови на Цвета.
• Спасе - овчар и љубовник на Цвета
• Осман Бег - богат чифлик сајбија кој ја сака Цвета
• Дедо Кузман и баба Кузманица- 80-90 годишни старци кои
што се во брак  и имаат синови Трајан и Богдан.
• Дуко - син на Трајан
• Трајан - син на дедо Кузман и татко на
Цвета, во брак со Благуна.
• Богдан - брат на Трајан којшто е во брак со
Митра.
• Нико, Ѓуро и Арсе - деца на Богдан
• Мојсо и Мојсовица - кумови на Трајан
• Крста и Петкана - потурчени девојки кои
што ја зажалуваат својата одлука.
• Расим Шефкија и Исмаил - другари на
Осман- Бег
• Тефик Паша - валија
• Тренко и овчарите - пријатели на Спасе

You might also like