You are on page 1of 3

Македонска крвава свадба – драма за непокорот,храброста и насилството

Македонска крвава свадба е најкомплетниот драмски текст на Војдан


Чернодрински, како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот
дострел. За првпат е поставена на сцена 1900 година. Инспирација за пишување
на драмата е вистински настан, прочитан во весник.Според жанрот таа е битово-
социјална трагедија. Македонска крвава свадба е драма за непокрот, храброста и
насилството.

Преку љубовта на двајца млади (Цвета и Спасе), која не може да се оствари


заради самоволието на турските владетели (Осман-бег), Чернодрински мошне
успешно го прикажал тешкиот живот на македонскиот народ во последните години
на турското владеење.

Како битово-социјална, јасно е дека во драмата е прикажан начинот на живеење


на Македонците и нивните обичаи. На нива се пеат жетварски и комитски песни,
јазикот е народен испреплетен со народни поговорки, на свадбата ги имаме
обичаите на земањето на невестата, исто така проследени со песна, потоа
верувањето во сонови и нивното толкување.

Во драмата е прикажан судирот меѓу доброто и злото, меѓу поробените и


освојувачите, меѓу сиромашните и екслплоатирани селани и богатите паши и
бегови кои се претерано самоволни.

Во експозицијата на драмата е прикажан тешкиот, кулучки живот на Македонците


кои по цел ден работат на нива. Претставена е и љубовта меѓу жетварката Цвета
и овчарот Спасе. Мирната работа и љубовната идила ја прекинува доаѓањето на
Осман-бег, господарот на чифлигот, со своите вооружени слуги. Тие насила ја
грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег.

Заплетот го следиме во домот на Цвета каде се наоѓаат старите баба Кузманица


и дедо Кузман и стрината Митра со нејзините ситни деца. Во куќата доаѓа Турчин
кој ја искористува положбата на господар и ги малтретира старците барајќи од нив
вечера, а да го служи младата снаа.

Кулминацијата се случува во харемот на Осман-бег. Тој ѝ ветува на Цвета убав и


богат живот ако доброволно се потурчи и остане кај него. Но, таа револтирано го
плеснува по образот, бранејќи ја својата чест. Потурчените Македонки, Крста и
Петкана, ќе треба да ја убедат Цвета да попушти иако и тие самите не се уверени
дека тоа е добро. По нивниот неуспех, Селим-оџа со билки ја замајува свеста на
Цвета.Под водство на Дуко, братот на Цвета и Спасе, како и другите роднини и
блиски, групата се собира пред сарајот на Осман-бег и протестира за
грабнувањето на девојката. Затоа што на тој начин не можат да ја вратат, тие
случајот го пријавуваат кај битолските конзули. На нивно барање ја претресуваат
куќата на Осман-бег, но тој девојката ја скрил.

Перипетијата е судскиот процес во Битола, во присуство на Цветините блиски и


на странските дипломатски претставници. Цвета, под дејство на наркоза изјавува
дека доброволно и од љубов избегала за Осман-бег. Но, во последен момент таа
се освестува и ја кажува вистината. Неа ја ослободуваат да се врати дома со
родителите, но Осман-бег не може да се помири со поразот и ваквото
навредување на неговата суета.

Расплетот е свадбата на среќните младоженци проследена со сите обичаи.Тие се


надеваат дека ќе се оствари нивниот сон да бидат заедно, но веселбата ја
прекинува Осман-бег со неговата придружба. Тој повторна сака да ја грабне
Цвета. Осман-бег најпрво го убива Дуко, а потоа настанува крвав хаос во кој
Цвета успева да го убие Осман-бег, а Шефкија ја убива Цвета. Последните
зборови во драмата се нејзини: „Умрев, ама Турчинка не станав!“

Прикажувајќи ја колективната драма на македонците преку оваа драма за


непокорот,храброста и насилството,Чернодрински ги прикажа нивните страдања,
но и нивната готовност да ја бранат честа македонска

You might also like