You are on page 1of 7

Македонска драма и театар 2

Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Анализа на „Змејовата невеста“


од Димитар Молеров

За Димитар Молеров

Во потрагата да се анализира творештвото на Димитар Молеров,


професорката Јелена Лужина во својата студија „Театралика“ го опишува како
„алката што недостасува“ во смисла на неговата анонимност за македонската и
бугарската литература. Роден година дена пред Чернодрински, во 1874 година во
Банско, Молеров е пред се драмски автор кој зад себе има оставено неколку
драмски текстови, статии, поезија и етнографски материјал.

Доаѓа од уметничко семејство кое во себе содржи линија на сликари -


фрескописци, впрочем и причината поради која го добиваат семејното име
Молерови како знак на почит за мајсторството кое започнува со дедото на
Димитар. Семејниот контекст на Молеров му овозможил од близу да се запознае
со естетиката на убавото и истото да го примени во сопствената уметничка пракса,
литературата.

Поради проблем со достапноста и систематизацијата на податоците,


автобиографијата за Молеров е прилично фрагментирана, но од она што
документите покажуваат може со сигурност да се каже дека бил писател и
професор од своја осумнаесетгодишна возраст, a завршил славистика. Во својот
драмски опус со сигурност може да се потврди дека е автор на шест драмски
текстови меѓу кои „Ново учение/Нов даскал“, „Јуда Искариотски“, „Змејовата
невеста“, „Дезертер“, „Викотници в зимски ноќи“ и „Ајдучка полјана“ која се смета
како негово најзначајно дело од оваа област.

Од театрлошки аспект она што го карактеризира драмското творештво на


Молеров е што неговите дела не ја доживуваат сцената онака како што тоа било
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

случајот со драмите на неговите современици. Освен една изведба на „Ново


учение“ за која се знае дека ја организирал самиот автор, не постојат податоци за
дали воопшто се случиле други. Но, од анализата на неговите текстови може да се
донесе заклучокот (или претпоставка) дека за Молеров, како автор, драмскиот
текст е пред се литературна творба којашто има и некој свој автономен, медиумски
независен живот. (Лужина, 2000) Молеров како да не верува во целост на
посредниците во театарската дејност, во смисол режисерите, изведувачите и
останатите уметнички соработници да го пренесат вистински она што е напишано
во текстот како што може тоа да го направи самиот текст самостојно.

Драмските текстови на Молеров користејќи академски тон го следат


битовскиот модел на раскажување базиран на пишан театар, овозможувајќи на
читачот да ја извлече поучноста од самиот драмски текст. Иако присутни во сите
негови драми, во „Змејовата невеста“ (1893) Молеров вешто ги користи
елементите од воспоставената шема на романтизмот во кој е запазен односот со
природата, појавата на фантастични суштества, величењето на жената и секако
борбата за една голема идеја на истрајноста на забранетата љубов. Во оваа драма
Молеров за потребата на битовскиот модел својата инспирација ја презема од
македонскиот фолклор и како тој живее во одредени фрагменти од обичниот
живот, пропратено со мелодраматика.

За „Змејовата невеста“

Напишана во 1893 година и жанровски карактеризирана од самиот автор


како оперна идила во три дејствија „Змејовата невеста“ е драмски текст кој
бајковито го прикажува љубовниот занес на една млада девојка кон еден змеј и
неговата возвртаена љубов кон неа. Приказната е базирана на македонскиот
фолклор и како секоја битова драма се потпира на знаците кои во оваа драма
преминуваат на рамниште на симболи наметнати од позиција на дидактичност и
едукативност.(Стојаноска, 2018)
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Она што го прави овој текст возбудлив е начинот на кој многу важен
елемент од словенскиот, одосно македонскиот фолклор е употребен како еден од
главните ликови. Змејот како дел од народната демонологија со себе носи
одредени толкувања кои не можат да бидат негирани при анализата на оваа драма
особено што верувањата поврзани со ова суштество изобилуваат со толкувања и
приказни врз кои се гради и самото драмско дејство. Во основа змејот е суштество
- заштитник на својот крај, без разлика дали станува збор за антропоморфно или
зооморфно суштество со натприродни својства.(Вражановски, 1995) Познавајќи ја
ваквата природа на змејот имаме предвид дека станува збор за суштество кое е од
голема важност за ликовите во приказната. Но, согласно верувањата за змејовата
љубов постојат различни толкувања, од кои некои се базираат на добробит, а
други кон смрт на заљубената девојка.

Просторот во драмата е драмски и до детали опишан со цел авторот што е


можно повеќе да му долови на читателот за местото и атмосферата во кое се
случува дејствието овозможувајќи му да си го замисли полесно. Согласно тоа во
првото дејствие авторот претставува една идилична атмосфера на секојдневниот
живот кој го водат ликовите, живописно претставено лето кое може да послужи
како историска референца за опис на селскиот живот од минатото. Одредени
делови од дидаскалијата во која се содржани информациите за просторот во кој се
одвива дејствието е невозможно да се претстават на сцена, како на пример „На
столче, во сандаче, бујно го разлистало своето стебло кадравото поледиче,
чија што роса светка како брилијантин.“.

Како и просторот и времето во сите три дејствија е драмски, но авторот


доста поетично го задскрива во самата дидаскалија и бара од читателот сам да го
препознае. Во првото дејствије имаме сцена која започнува со жнеење на житото
кое се случува во лето, а и добиваме дополнителна информација дека станува збор
за време пред ручек, додека во наредните две дејствија појавата на сонцето е
референца за времето.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Овој драмски текст иако не следи правилна драмска структура сепак


развива одредена приказна која има почеток и крај. Драмата започнува со пеење
кое се провлекува до самиот крај и оди во прилог на мелодрамското
пренагласување на емоциите и состојбите на ликовите. Пеењето е доволно
експресивно да ја опише ситуацијата од емотивен аспект. Воведот успешно не
запознава со конфликтот во приказната чија основа е невозможната љубов
помеѓудвајца припадници на различни светови, Милка и Змејот. Во одредени
моменти интензитетот на емоции во пеењето на Милка делува како привид, како
некаков сон, правејќи го нејзиниот дијалог со Змејот да е нешто што се случува
вонејзината глава. Таквото чудно однесување на Милка може да се оправда преку
народните верувања за девојките во кои се вљубувал змејот. Тој се вљубувал во
девојки зачнати или родени во ист ден со него. Таквите девојки носеле некои
својствени особености: од мали биле неразговорливи, затворени во себе,
зборувале самите со себе. (Вражановски, 1995) Дури и ликот на Милка делувакако
да припаѓа на оваа крактеристичка групa. Според други верувања саканите жени
од змејот имале халуцинации од слушање и гледање (Вражановски, 1995) на што
авторот може индиректно да алудира со меланхолијата на самиот главен лик.

Драмската структура иако неправилна се развива во прилог на приказната


овозможувајќи да во првото дејствие авторот ни ја претстави големината на
љубовта помеѓу Милка и Змејот. Ваквото претставување на емоциите, особено на
Милка, ја поставуваат основата на нејзиниот лик која го оправдува нејзиното
однесување во понатамошните дејствиа.

Второ дејствие во контраст на првото ни ја прикажува другата страна на


приказната, човечкиот свет кој има одредени правила, како и притисокот на
средината врз Милка да се омажи за Стоица. Во драмата се појавуваат многу
ликови чија функција е да го разнишаат занесот на Милка.

МИТАНА:
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

… Какин Стоица ум изгубил по Милка. Ниту е болен со болните, ниту е здрав со


здравите. Па и убаво е момчето, чедо: умно, работно, спретно, младо зелено -
фидан в градина. Вино и ракија в уста не става. Куќа полна и преполна: млеко,
сирење, масло, сланина, мед, полни амбари пченица. Кака и чичо како родена
ќерка ќе те имаат. Што поубаво од тоа сакаш? Ајде, чедо, прекрсти се, ајде,
миличка, кажи да биде, не се двоуми повеќе. Може да имате збор и со некој друг,
но заборави го тој другиот: како Стоица ретко се наоѓа.

МИЛКА:

Но сепак козар, стрино Митано. Јас копнеам за друго, за друго... Нешто убаво,
нешто... некакво... (Прави движење.)

Фантастичниот елемент во самата драма ни овозможува да гледаме на


копнежот на Милка кон Змејот како копнеж кон поинаков живот од оној што и се
нуди. Како вистинскиот свет околу неа да не е доволно голем за нејзините желби,
по што оваа приказна може да се протолкува како чезнеење кон некој поубав свет,
што апсолутно го потврдува романтичарскиот пристап на Молеров во своето
творештво. Во секој случај, приказните за забренатата љубов имаат цел да ги
скршат стегите на она што ни е веќе познато, па така и овде, фантазијата на Милка
ни овозможува да согледаме надвор од конвенциите на тогашното општествено
делување. А ако змејот е оној што е бранител на селото, интересно е што оваа
драма го поставува неговиот лик како катализатор при расштимувањето на едно
статус кво за една млада девојка.

Веќе третото дејствие започнува со приказ на Змејовиот скрб кон љубовта за


Милка. Змејовиот дијалог со другиот змеј ни овозможува да ја видиме неговата
позиција која е иста со онаа на Милка. Но, исклучително важно за текот на
приказната и нејзиниот крај е ваквото негово претставување кое ќе го оправда
самиот крај на драмата. Од драматуршки аспкет третото дејствие одлично се
надоврзува на првите две, бидејќи информациите кои ни се потребни за Милка, а
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

кои одат во функција на приказната се доволни. Јасна ни е нејзината огромна


љубов кон Змејот, нејзините копнежи и желби. Во третото дејствие ни е потребно
да знаеме што ќе се случи со Милка и токму тоа го добиваме кон крајот на драмата
што отвора дополнителни прашања за значењето на густата магла која се спушта и
нејзиното отргнување од групата.

Доколку се потпреме на претпоставката дека фантазијата во оваа драма се


користи за да се објаснат халуцинациите на ликот на Милка, тогаш дали всушност
станува збор за самоубиство? Согласно народните верувања за змејот, оние кои се
заљубувале во него не живееле долго, се однесувале небрежно кон својата
надворешност и честопати завршувале со самоубиство. (Вражановски, 1995).
Сепак меланхоличната состојба која се провлекува низ целата драма може да
функционира како плодна почва за развивање на трагичен крај кој поетично ќе ја
опише судбината на девојката чии желби и копнежи се толку големи што ја
надминуваат реалноста и ги преиспитуваат конвенциите.

Дидактичкиот тон на Молеров има за цел да го научи читателот, но што


точно како лекција носи „Змејовата невеста“? Дали станува збор за редефинирање
на традициите преку преиспитување на идејата за невозможна љубов или пак само
поетично прераскажување на народните верувања? Веројатно и двете. Во
потрагата по убавото, Молеров успева да ја редефинира битовата матрица, а сепак
да ги задржи главните обележја. Фантастичниот приказ на еден романтичен
порив за невозможното ни овозможува да ја согледаме тенденцијата на авторот да
од сопствената култура создаде драмска литература која во себе носи нова идеја за
своето време брз спомените од минатото.
Македонска драма и театар 2
Факултет за драмски уметности - Скопје Петар Антевски, Продукција, бр. 789

Користена литература:

ВРАЖАНОВСКИ, Танас (1995) Народна демонологија на македонците, Скопје:


Матица Македонска

ЛУЖИНА, Јелена (2000) Театралика, Скопје: Мисла

СТОЈАНОСКА, Ана (2018) „Театар: Предизвик: студии и есеи“ Скопје: Универзитет


„Св. Кирил и Методиј“

You might also like