You are on page 1of 5

1.

Биографија

Димитар Солев - македонски раскажувач, романописец, драмски автор,


есеист, книжевен критичар и преведувач. Солев студирал на
Филозофскиот факултет, при што дипломирал на групата по историја на
југословенските литератури. Тој работел како уредник во Телевизија
Скопје, директор на Македонската телевизија, директор на НУБ "Св.
Климент Охридски" 1978-1987, и како главен и одговорен уредник на
списанието "Разгледи". Солев бил член на Македонскиот ПЕН центар. Во
1956 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а
одреден период бил и негов претседател.

2. Творештво

Солев пишувал проза и есеи, а се занимавал и со преведување и со


книжевна критика. Неговото книжевно творештво е богато и
разновидно.За неговите дела пишувале повеќе критичари од поранешна
СФРЈ, а неговите книги се преведени на повеќе јазици. Тој е припадник на
средната генерација македонски писатели кои се појавиле по Втората
светска војна. На книжевната сцена се појавил во 1956 година, со збирката
раскази "Окопнети снегови", а веќе следната година го објавил романот
"Под усвитеност". Во 1960 година се појавила неговата втора збирка
раскази "По реката и спроти неа", додека вториот роман "Кратката пролет
на Моно Самоников" излегол од печат во 1964 година.

Солев е раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, критичар,


преведувач. Автор е на делата: „Окопнети снегови“ (раскази, 1956), „Под
усвитеност“ (роман, 1957), „По реката и спроти неа“ (раскази, 1960),
„Ограда“ (раскази, 1963), „Кратката пролет на Моно Самоников“ (роман,
1964), „Зима на слободата“ (раскази, 1968), „Слово за Игора“ (раскази,
1969), „Кво вадис скриптор“ (есеи, 1970), „Полжави“ (раскази, 1975),
„Дрен“ (роман, 1980), „Зора зад аголот“ (роман, 1984), „Црно огледало“
(раскази, 1985), „Дублер“ (роман, 1988), „Одумирање на државата“
(раскази, 1990), „Промена на системот“ (раскази, 1993), „Мртва трка“
(роман, 1998).

3. Библиографија
Збирки раскази:

Синовски татковци посмртно, 2006

Слово за Игора раскази, 1969

Полжави 1975

Одбрани раскази 1970

Окопнети снегови 1956

Ќелав штурец

Ограда 1963

Одумирање на државата 1990

По реката и спроти неа 1960

Црно огледало 1985

Промена на системот 1993

Зима на слободата 1968

Романи:

Дублер 1988

Под усвитеност 1957

Мртва трка 1998

Кратката пролет на Моно Самоников 1964

Дрен 1980

Зора зад аголот 1984

Есеи:
Кво вадис скриптор (1970)

Радио-драми:

Пушка в езеро

Сценарија:

1959: По врвиците на слободата (сценарио)

1962: Граница (сценарио)

1964: Школски распуст (сценарио)

1965: Денови на искушение (сценарио)

1966: Патем (сценарио)

1972: Истрел (сценарио)

4. Награди

За романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар
Солев ја доби Рациновата награда. Добитник е на наградата "11 Октомври".

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Зима на слободата (раскажана)

„Зима на слободата“ е збирка раскази, секој посебен во својата содржина,


но сепак поврзани во една целина со истите ликови – младата повоена
генерација, истото време – воено и повоено и истото место – Скопје. Во
расказите се опишува детството и младоста на другарите што живеат на
тогашната периферија на Скопје – Буњаковец, со сите убави и лоши
страни на времето на војната и по неа.Основна идеја на пислателот е да ја
претстави генерацијата која ги минала премрежјата на војната и која
свесно,одговорно се соочува со новите предизивици на времето
докажувајќи дека иднината е во самиот човек
,заедништвото,слободата,пронаоѓањето на индивидуалната среќа како
награда за вложениот труд во изградбата и обновата на слободна
земја.Збирката раскази „Зима на слободата“ претставува целина која преку
животот на главните ликови: Игор, Нико, Вети, Ацо Пац, реалистично ни
го претставува детството и младоста за време и по војната. Нивните детски
игри (сега веќе заборавени) нивното созревање, првата љубов и новото
време. Но, можеби, во збирката најубава е сликата на Скопје, Скопје во
минатото – со своите калливи улички, ледини, плажи и планини и Скопје
во сегашноста, урбаното Скопје кое се шири молскавично брзо, во кое
високите згради го зафаќаат секое парче и каде гробиштата за кратко
време трипати се дислоцирани. Убавината на невините детски игри е
сврзана со убавината на чистото Скопје, а сегашноста со
бесчувствителната цивилизација кога веќе никој со никого не се гледа, не
си помага, не се дружи. Во новото време, дури и живите синови на еден
татко му се подалечни отколку неговиот мртов син.
ЗОРА ЗАД АГОЛОТ

Зора зад аголот е роман хроника на човечките слабости и


доблести.Прифатилиште на малите,обични луѓе,кои бараат утеха,дружба и
семејство.Нараторот низ перископот ги анализира нивните животни стории и со
талентот за сопствено креирање,дава цела галерија на боеми кои своето
секојдневие ,нераскиниливо го поврзуваат за опстанокот на
кафеаната.Препознатливи ликови на боеми кои живеат со животот на кафеаната
се до нејзиниото уривање.

Романот „Зора зад аголот“ е составен од 31 глави.

Секоја глава има 3 јунаци.

Бројот три има симболично значење, пред сè авторот раскажува за тричлено семејство,
а бројот 31 би требало да ги означува деновите во месецот. Практично сè е во движење,
како што и авторот по хронологија ги раскажува настаните. Аналогно на сè ова е роман
за обичниот човеков живот: денес е денес, вчера не постои, а утре е денот кога
продолжуваме понатаму.

Цабланко Колиштрковски, главниот јунак, употребува три збора кои се негови


својства: „крт“, „тркач“ и „ркач“ = трикатно нијаансирање на својствата: „мешано месо
на жар“, „човек без лична карта“ и „кучка и пир“.

И во насловот имаме три збора: „зора“, „зад“, „аголот“.

Тројката твори: реченица, знаење и симбол.

Професорот Венко Андоновски за него ќе каже дека тој е „никој и ништо“, но во


длабинската структура на ликот постои едно својство што сите ние го имаме, а тешко
можеме да го манифестираме – пишувањето. Цабланко ја има токму таа
карактеристита, седејќи на балконот од кафеаната на неговите родители, тој
набљудува, а потем пишува.

Како што во теоријата на литературата е важна творечката подготовка, во овој случај


набљудувањето е важно, за да подоцна Цабланко го искаже својот талент за пишување.
Во оваа книга авторот Димитар Солев „влегува во устата на својот лик“, всушност
Цабланко претставува метафора на тоа каков треба да биде писателот.

Теми на романот „Зора зад аголот“:

Цабланко е хартијата врз која се впишуваат темите-судбините на оние кои поминуваат


во будното перископско око. Авторот преку раскажувањето на Цабланко ни прикажува
реалистични приказни.

1.Темата за обичното семејство со „огромни“, а ситни проблеми, темата за


патријахатот е првата доминантна тема. Семејството Колиштрковски живее во светот
на понизноста, „слугувањето“ кое продуцира финансии во кафеаната, а мајката на
Цабланко понизно му служи на својот маж;

2.Боемскиот живот е втората тема, можеби уште поважна од првата, затоа што преку
неа се испреплетуваат едноставни, некогаш и прости муабети кои пак ја манифестираат
судбината на човештвото;

3.Третата тема која е сепак произлез од втората е портретот на секој што поминал,
седнал или заседнал во кафеаната: пензионери, сиромашни студенти кои учат во
кафеаната, службеници –чесни или нечесни, пропадната самовљубени уметници,
полицајци и инспектори.

Димитар Солев при нијансирањето на различните судбини секако дека имал


прототипови од своето секојденвие. Можеби, ако подобро се размисли, тоа секојдневие
секогаш се повторува, исто е и денес.

Боемскиот живот е спасот за тие обични или едноставни луѓе. Кафеаната е местото
каде тие го пронаоѓаат својот дом, своето место каде можат да си ја олеснат душата и
да ја раскажат животната приказна.

Цабланко пишувајќи за малите нешта, создава голем роман, романот „Зора зад аголот“.

You might also like