You are on page 1of 3

Мјузикл

Мјузикл е музичко-сценско дело со забавен и лесен карактер, претежно исполнет


со дијалози, глума, но и музички и танчерски точки. Најчесто се состои од два чина.
Настанал околу 1900 година на Бродвеј во Њујорк, како одраз на американскиот забавен
живот. Во почетокот претставувал синтеза на бурлески, пантомима, балет и оперета.
Изведбите на музичките точки имаат белег на забавната песна и џез музика, а либретата се
темелат на вредни литературни дела. Сето тоа допринело мјузиклот да стане самостојно
музичко-сценско дело.
Околу 1930 година мјузиклот се пренел и во Европа, најпрво во Англија,
Франција и Германија. Многу мелодии од тоа време стануваат популарни како
евергрини: „Марија“ од „Приказната од западната страна“ и „Не плачи за мене
Аргентина“ од „Евита“.
Од 1920-1960 година е време на уметничката зрелост на мјузиклот. Во овој период
зајакнува поврзаноста помеѓу песната, играта и содржината. Познати автори на мјузикли
од тоа време се: Жером Кири со „Шоу брод“, Леонард Бернштајн со „Приказна од
западната страна“, Ричард Роџерс со „Оклахома“, Џери Бок со „Свирач на покривот“ и
други. По тој период популарноста на мјузиклот продолжува. Се создаваат мјузикли под
влијание на рок музиката: „Исус Христос-супер ѕвезда“ и „Коса“.
Најпознат автор на втората половина на 20 век бил Ендру Лојд Вебер, со мјузиклите
„Мачки“ , „Фантом од операта“ и „Евита“.

„Свирач на покривот“ - Џери Бок


мјузикл во два чина
Дејството се случува во 1905та година, во Царска Русија

светска премиера: 1964 Бродвеј


текст: Шелдон Харник (според книгата на Јозеф Штајн)

Улоги:
Тевје – сиромашен млекар, татко на пет ќерки
Голде – жена на Тевје
ќерките (од најстара до најмлада):
Цајтел, Ходел, Хава, Шпринце и Бјелке
Перчик – студент од Киев
Мотел – шивачот
Фједка – христијанин, тајната љубов на Хава
Лазар Волф – месарот
Јенте – посредничка
Баба Цајтел – починатата мајка на Голде (се појавува во „кошмарот“)
Фрума Сара – починатата жена на месарот (се појавува во „кошмарот“)
Рабин – еврејски свештеник во селото

Прв чин:
Тевје ја отвара првата сцена, во која објаснува за традицијата и обичаите на неговиот
народ во селото Анатевка.

Во неговата куќа, Голде и неговите ќерки ја спремаат вечерата за Шабат, кога Јенте,
посредничката, пристигнува. Таа ѝ кажува на Голде дека нашла потенцијален маж за
најстарата ќерка Цајтел. Девојките си разговараат меѓусебе за кого би се омажиле некој
ден, а Цајтел им кажува дека мора да го земат оној кој ќе им го одреди Јенте, но таа веќе
тајно се заколнала на вечна љубов со Мотел, кој сеуште се плаши да ја побара нејзината
рака од татко ѝ.
Тевје додека го разносува млекото низ селото, го запознава Перчик, и го „вработува“ како
учител за неговите две најмлади ќерки, кој во меѓувреме се заљубува во Ходел.
Кога Тевје се враќа дома, Голде му кажува да се сретне со месарот Лазар Волф за да се
договорат за свршувачката. Иако најпрво негодува, се согласува неговата ќерка да се
омажи за него. Заедно одат до локалната таверна и прославуваат. На пат кој дома го
сретнува управник од руската полиција и го предупредува за претстојните
„демонстрации“.

Следниот ден, Цајтел и Мотел одат заедно и го молат Тевје да го прекине договорениот
брак затоа што тие се сакаат. Тевје незнаејќи како да го соопшти ова на Голде, измислува
дека имал кошмар во кој се појавила нејзината мајка и Фрума Сара и му рекле дека ако
Цајтел се омажи за Лазар, ќе биде проколната, по што Голде се согласува. Подоцна Цајтел
и Мотел се венчаваат на традиционална еврејска церемонија, која за несреќа е прекината
од „демонстрацијата“ на управникот, а Перчик е погоден од куршум.

Втор чин:

Поминуваат неколку месеци, Перчик ѝ кажува на Ходел дека мора да се врати во Киев за
да биде дел од револуцијата и ја бара за жена. Кога ја кажуваат оваа вест на Тевје, тој е
многу разочаран и лут, затоа што се крши традицијата, неговата ќерка да земе маж без
посредник. Тие не ја бараат неговата дозвола, само благослов.
Подоцна Перчик е уапсен и протеран во Сиберија и Ходел одлучува да замине таму за да
биде со него. Се збогуваат со Тевје на железничката станица.
Во меѓувреме, Јенте ги здогледува Хава и Фједка заедно. Тие се заљубени, но се плашат да
му кажат на Тевје, затоа што се од различна вера. Хава конечно собира храброст да го
праша татко си да ѝ дозволи да се омажи за Фједка, но тој не ѝ дозволува и е бесен затоа
што не прифаќа неговата ќерка да се омажи за христијанин.
Хава и Фједка тајно се венчаваат следниот ден, но заради тоа, Тевје ја отпишува од
семејството.

Во селото веќе доаѓаат гласини дека Русите почнуваат да ги протеруваат евреите од


Руското Царство. Се собираат сите селани и доаѓа управникот и им наредува за три дена
да се спакуваат и да заминат од Анатевка.
Хава и Фједка доаѓаат да се збогуваат и да побараат прошка, но Тевје не сака ни да ги
погледне.
Семејството се разделува, Цајтел со Мотел и Хава со Фједка заминуваат за Полска, а Тевје
и Голде со своите две најмлади ќерки заминуваат за Америка.

You might also like