You are on page 1of 9

Хајди

ЈОХАНА ШПИРИ
Биографија за Јохана Шпири

 Јохана Луис Шпири (1827 – 1901) е родена во Швајцарија.


Во 1852 година, Јохана Хеусер стапила во брак со
Бернард Шпири, кој бил адвокат. Тие живееле во Цирих.
Нејзиното прво и најпознато дело е приказната за деца и
возрасни "Хајди", која ја напишала за четири недели.
Хајди е приказна за едно сираче кое живее со својот дедо
на Швајцарските Алпи. Сопругот на Јохана и
единственото дете по име Бернард починале во 1884.
Обработка на лектирата

 Тема: Животот на девојчето Хајди


 Идеа:Животот на децата што живеат на планина
и природните убавини на Швајцаријa
 Порака:
Добрината, соработката и љубовта
можат да значат нов почеток, нов животен
предизвик.
Време: XIX(19век)

 Место: Швајцарија и Германија


 Ликови:Хајди, Дедото од планината,
Клара, Петре, Дета, г-дин Сеземан, Бабата
Сеземан, Баба и др.
Хајди

  Во оваа лектира се зборува за малото девојче Хајди и нејзиното


забавно детство.
Хајди било мало девојче чии родители починале, а
единствената роднина која ја имала, нејзината тетка Дета
несакала повеќе да ја издржува. Еден ден, заедно со Хајди таа
се упатила кон својот татко во селото наречено Селце,
очекувајки тој да се грижи за неа. Но дедото на Хајди во селото
бил познат како тврдокорен и не многу пријатен човек, па тој се
преселил над селото, подалеку од оние кои се плашеле од него.
Штом стигнале, жената брзо ја оставила Хајди пред старецот, си
кажале два-три збора небаре се странци и си заминала.
СТАРИОТ ГОСПОДИН НЕ
ПОКАЖУВАЛ МНОГУ
ЉУБОВ КОН ХАЈДИ, НО
ПОЛЕКА ПОЛЕКА, ТОЈ
ПОЧНАЛ ВИСТИНСКИ ДА
ЈА САКА СВОЈАТА ВНУКА.
ТОЈ ЈА НАУЧИЛ ДА ГИ
САКА ЖИВОТНИТЕ,
ЛИВАДИТЕ, ПОЛИЊАТА И
ДА СЕ ЧУВСТВУВА
СЛОБОДНО ТАМУ.
ХАЈДИ ВЕДНАШ СЕ
ЗАПОЗНАЛА СО ПЕТРЕ
КОЗАРОТ КОЈ БИЛ СИН НА
ЕДНА ОД ЖЕНИТЕ ОД
СЕЛОТО. ТОЈ СЕКОЈ ДЕН
ОДЕЛ ДА ГИ ПАСЕ
НЕГОВИТЕ И КОЗИТЕ НА
СТАРЕЦОТ, А ОТКОГА ЈА
ЗАПОЗНАЛ ХАЈДИ, ЈА
НОСЕЛ СО СЕБЕ. СОБАТА
НА ХАЈДИ БИЛА НА
ТАВАНОТ. СПИЕЛА НА СЕНО
(КОЕ И БИЛО ПРИЛИЧНО
УДОБНО) А НАД НЕЈЗИНИОТ
КРЕВЕТ СЕ НАОЃАЛ
ПРОЗОРЕЦ ПРЕКУ КОЈ
МОЖЕЛА ДА ГО ВИДИ
НЕБОТО И ЅВЕЗДИТЕ
НАВЕЧЕР.
Хајди
 Еден ден, тетката на Хајди се вратила и го повела
девојчето со себе во Франкфурт. Причината заради тоа
била дека на Клара - девојче кое постојано е во
инвалидска количка,кое живее во прилично богата куќа и
е потребна придружба и другарка за забава, но никогаш
не ја почувствувала слободата во своите нозе за да трча.
Хајди се почувствувала затворена во големата куќа и и
недостасувал животот во планината. Секој ден таа била
се по тажна и бледа, а навечер несвесно месечарела и се
обидувала да излезе низ капијата од дворот сакајќи да се
врати во нејзинот дом кај дедо и.
Хајди

 Хајди се вратила кај нејзиниот дедо очекувајќи ја и Клара да ја посети


набрзо.Така и се случило: Клара ја посетила Хајди на планина и секој
ден се чувствувала се подобро.  Дедото на Хајди и го давал
најдоброто млеко од неговите две кози, и како за чудо еден ден,
Клара (со помош на Хајди и дедо и) станала на нозе! Нејзината
среќа и возбуда се дигнале до небото.  Бабата и таткото на
Клара неизмерно му биле благодарни на дедото на Хајди, и го
прашале да не има потреба од било каква услуга или помош и се
подготвени се да направат.
Дедото на Хајди од нив само побарал да водат грижа за Хајди
ако еден ден тој замине. Од се срце му ветиле дека Хајди ќе
биде во добри раце, но дотогаш таа ќе го живее животот на
начин кој отсекогаш го сакала!

You might also like