You are on page 1of 1

Петар Илич Чајковски

Петар Илич Чајковски 7 мај 1840 (25 април стар стил) – Петроград, 6 ноември 1893 (25
октомври стар стил)) — еден од најголемите руски композитори и симфоничари, кој со
своите дела ја одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и
најплодните.

Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет.

Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пикова дама“, а неговуите три
балети: „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“ се едни од
најизведуваните балети на сите времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишните
времиња“.

По потекло Чајковски е од угледното украинско козачко семејство Чајка. Бил втор син на
инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички Украинец, и неговата втора
сопруга Александра Андреевна, внука на француски имигрант. Иако музичкото
насочување на семејството не било силно изразено, Чајковски на свое барање на 4 години
добил часови по клавир. Првата музика која влијаела врз него дошла од еден механички
клавир што неговиот татко го донел од Санкт Петербург.

Во Москва настанале неговите први успешни дела, помеѓу нив и увертирата „Ромео и
Јулија“, како и оперите „Војвода“ и „Опричник“. Во првата ја искористил типичната руска
музика и „цитирал“ руски народни песни. Многу сведошта докажуваат дека станувал се
повеќе депресивен и невротичен. Неговата чувана тајна на хомосексуалност била голема
душевна потешкотија. Во 1868 година речиси да дошло до пресврт во неговиот живот,
кога ја запознал пејачката Дезире Арто, со која сакал да се ожени. Во врската се вмешале
негови пријатели и мајката на пејачката, па таа пропаднала. Десире во 1869 се омажила за
еден шпански баритон.

Најважното дело што го напишал во Москва е Концертот за клавир и оркестар бр. 1 во б-


мол, опус 23. Го компонирал во 1874 и набргу на својот пријател Николај Рубинштајн му
го отсвирил на клавир, кому имал намера да му го посвети. Разочарувањето од реакцијата
било големо и трајно. Во тоа време настанале неговите први 3 симфонии, освен тоа и
музика за „Снегулка“ и балетот „Лебедово езеро“, праизведен во 1877. Во таа година
композиторот ја доживеал својата најтешка внатрешна криза. Првпат се сретнал со
Надежда фон Мек (1831-1894), која била вдовица на емигрант во Русија. Покажала голема
уметничка смисла и подоцна финансиски го поддржала извесно време Клод Дебиси. Со
Чајковски создале пријателство преку писма. Добивал годишна пензија од неа во износ од
6.000 рубљи, што го правел независен. Така можел да оствари поништување на неговото
именување за руски пратеник на Светската изложба во 1878 во Париз.

You might also like