You are on page 1of 2

ПОЕМАТА „СЕРДАРОТ“

АНАЛИЗА НА СОДРЖИНАТА НА ИЗВАДОКОТ:

ТЕМА:
Историско-јуначката поема „Сердарот“ за основна тема ја има борбата на
македонскиот народ за заштита на голите животи од нападите на Гегите, но
и борбата за слобода

ИДЕЈА:
Тешкиот живот на Македонците кои биле изложени на суровите напади на
Гегите

ФАБУЛА:
1. Опис на мајката Неда во пролетна вечер
2. Четворица Албанци го носат мртвото тело на Кузман
3. Плач и пискотници
4. И мајката пушта болен крик
5. Мајката Неда со длабока болка им се обраќа на присутните селаниж
6. Најстариот Албанец со длабока почит и се обраќа на мајката

АНАЛИЗА НА ФОРМАТА:
ЛИКОВИ: Прличев ликовите ги изградил во хомеровски стил сликајќи ги
длабоко сугестивно, силно впечатливо и секој од нив претставува
олицетворение на нешто возвишено, но во исто време и реално

НЕДА.Со помош на хомеровскиот начин на пишување (спокојно и


сликовито), Прличев го разоткрива ликот на Неда предавајќи ни ги во
почетокот нејзините физички особини. Но Неда не е само благородна жена и
храбра мајка којаодгледала син-заштитник на народот.Таа е олицетворение
на благородноста и човечноста, но и решителноста за борба.

КУЗМАН:Со извонредна поетска уметност, Прличев го слика ликот на


Кузман.Особено преку кажувањето на стариот Албанец, тојни е предаден
како бестрашен и прекален борец.Кузман е инкарнација на хероизам и
добрина, на јунаштво и човечност, на издржливост и достоинство.
АЛБАНЦИТЕ:Со епска објективност поетот ги слика Албанците сурови и
жестоки, но со изразита почит кон јунаштвото што се базира на длабока
човечност.

ЈАЗИК: Поемата е напишана на грчки јазик.. За првпат на македонски јазик е


преведена по ослободувањето, но во проза. Во стихови, на македонски
литературен јазик ја препеал проф. Др. Георги Сталев
СТИЛ: Поемата „Сердарот“ почнува со стилската фигура словенскка
антитеза
Прличев ликовите ги гради во хомеровски стил. Но и во употребата

на изразните средства, ритмиката, описите, влијанието на боговите и сл., го


користи богатотот и разновидно искуство на познатиот старогрчки поет. Тоа
се гледа од честата употреба на изрази и поими од грчката
митологија:Деметра, Бореј, Арес,Менада и сл.
Освен од Хомер, Прличев учел и од народното творештво такашто успеал да
направи синтеза на хомеровското и народното постигнувајќи на тој начин
сопствен, прличевски стил.

You might also like