You are on page 1of 2

Дрен – Cornus mas

Дренот е листопадна грмушка со среден или висок раст и до 5 метри.


Кората од стеблото е сивкаста, лисјата јајчести благо накривени со карактеристични
јаки жили. Цветовите на дренот имаат жолта боја и цветаат во рана пролет. Плодот е
со овален облик и црвена боја. Дренот поволно делува на слузокожата на цревата, за
лечење на дијареа и други цревни заболувања. Од плодот се прави сок од дренки и
мармалад кој е особено корисен за децата.

Леска – Corylus avellana


Леската спаѓа во родот на листопадни дрвја и големи грмушки и достигнува
висина до 5 метри.
Листовите се заоблени со назабени врвови, а цветовите во форма на пупка или
реси кои излегуваат напролет пред разлистувањето. Плодот е лешник во твда
обвивка. Леската расте на влажни места покрај шуми и на повисока надморска
височина. Во народната медицина како лек се користат сувите лисја, кората и
плодот од леската. Чајот од леска се употребува за лекување на зголемена
простата, ја подобрува циркулацијата на крвта, за лекување на проширени вени,
хемороиди и дијареа.

You might also like