You are on page 1of 2

ВОДНА ФАУНА

Фауна  е збирен поим за сите животни во едно подрачје или


во некој геолошки период. Еквивалентниот поим
кај растенијата е флора. Флората, фауната и другите облици
на живот како габите заедно се нарекуваат биота.
Во трудовите на зоолозите и палеонтолозите, поимот „фауна“
се однесува на збир од типичниот животински свет во некој
временски период или на некое место на Сонора“ или "фауна
на камбриумот“. Може да се однесува и на подмножество од
фауната во подрачје, како: „... Поречието се одликува со
богата цицачка фауна...“.
Во просторите на езера и на реките се јавува т.н. водна
фауна. Главни претставници на овој вид гауна се разните
видови риби. Од речните риби: речна пастрмка, мрена,
попадика, костреш, крап, сомот и други. Животинскиот
свет во Охридско Езеро припаѓа на западнобалканската
фауна и рибите имаат, главно, ендемичен карактер.
Најпозната е пастрмката, а особено интересна е јагулата.
Преспанско Езеро спаѓа во епирската водена фауна,
видејќи има заедничко потекло со езерата во Епир, а
Дојранско Езеро спаѓа во вардарската
фауна.Во мочурливите ниски терени на Скопската и на
Струмичката Котлина, во Пелагонија и околуи
мочурливите зони на големите езера живеат барски
животни, од кои најкарактеристични се птиците. Такви се
дива гуска, чапја, пеликан и други. Во подрачјето на
Дојранското Езеро живеат птиците корморани, кои во
сезоната на риболов се користат како гонители на рибите.

You might also like