You are on page 1of 3

Податоци за Рача

Селото Рача се наоѓа на два километри оддалеченост од Охрид, веднаш над


патот кој води од Охрид за Свети Наум.

Ова село е едно од поголемите села на територијата на националниот парк


Галичица и брои околу 1034 жители.

Голем дел од жителите се со потекло од Велестово, доселени тука, поради


близината на градот и подобрите услови за живот.

Во осумдесеттите години кога Охрид и Охридската околина биле посетувани од


голем број странски туристи, најмногу од Холандија, жителите кои живееле во Рача и
Велестово ја покажувале својата гостопримливост, со нудење на услуги за прошетка на
туристите низ планината на своите магариња и послужувања на специјалитети на
народната кујна.

Најголем број од жителите на Рача и Велестово својот работен аранжман го


остваруваат во градот Охрид, а дел од домаќинствата кои се поблиску до патот кој
води за Свети Наум, за време на летната туристичка сезона, издаваат апартмани за
приватно сместување.

Податоци за Коњско

Постојат: Горно и Долно Коњско.

Ова село се наоѓа на 6-7 километри оддалеченост од Охрид.

Поради подобри услови за егзистенција, жителите од Горно Коњско се


преселиле во Долно Коњско.

Во Долно Коњско живеат 551 лице.

Според народните преданија, ова место го населиле сточари, кои чувале коњи и
поради тоа му било дадено ова име.

Ова село отсекогаш било печалбарско село, па се до денденс многу од жителите


живеат и работат во странство, додека останатите се занимаваат со земјоделство и
сточарство.

Во овој дел има многу хотели, одморалишта, сместувачки капацитети и вили.

Податоци за Елшани

Елшани се наоѓа на 10 километри од градот Охрид и се наоѓа на надморска


височина од 950 метри.
Новата придружна населба Елешец започнува на езерскиот брег, на 700 метри
надморска височина.

Секое семејство во Елшани има свое лозје и градина, се одгледуваат животни, а


задржано е и традиционалното производство на вино и ракија.

Има околу 600 жители.

Во селото има четиригодишно основно училиште.

Има активна црква за христијанска богослужба.

Податоци за Пештани

Пештани е село кое е сместено во подножјето на Галичица на источниот брег на


Охридското Езеро, 12 километри од градот Охрид.

Живеат околу 1326 жители, сите од македонско етничко потекло, со


православна христијанска вероисповед.

Во Пештани се наоѓа централно основно училиште.

Во селото и неговата околина има 7 цркви.

Постојат голем број ресторани во кои можат да се пробаат врвни национални


јадења и риба, заедно со добро квалитетно вино.

Во текот на вековите, жителите на Пештани се занимавале со риболов и


сточарство. Во денешно време, населението на Пештани е свртено кон развојот на
туризмот, трговијата, угостителството и сообраќајот.

Податоци за Трпејца

Трпејца се наоѓа на 25 километри од Охрид, многу блиску до Свети Наум.

Во јавноста, ова место уште се нарекува Сен Тропе.

До брегот се стигнува само пеш, поради тесните улички.

Во ова село живеат 303 жители, сите Македонци.

На брегот постојат неколку ресторани кои функционираат во текот на летниот


период и стојат на располагање на желбите на туристите.
Податоци за Љубаништа

Во Љубаништа живеат 171 жители, сите Македонци.

Во ова село куќите најчесто се користат како викендички или приватни


апартмани за туристи.

Во овој дел има многу овошни насади, најчесто лозја, јаболка, цреши, како и
градини, каде најчесто има пиперки, патлиџани, краставици, компири и друго.

You might also like