You are on page 1of 1

Опиши ја носијата кај Јуруците, обичаите, местата каде што се населиле!

Најголемиот број Јуруци во Македонија живеат во селата на планината Плачковица:


Коџалија, Парналија, Али Коч, и во селата во близина на Дојран, Штип, Струмица и
Радовиш. Јуруците по вероисповед се муслимани и зборуваат дијалект на турскиот
јазик кој дури и дел од македонските Турци не го разбираат. Живеат изолирано и иако
скоро целиот живот го минуваат во Македонија, голем дел од нив не знаат да го
зборуваат македонскиот јазик.
Тие се силни поклоници на традицијата што се пренесува од колено на колено –
девојчињата одат само во основно училиште, се мажат во тинејџерските години и тоа за
мажот кој ќе ги купи, раѓаат деца, работат во полето или шијат облека. И не знаат
никако поинаку. Само мал дел од нив знаат што се случува во светот надвор од нивното
село и племе и сакаат да го искусат модерниот начин на живот.
Карактеристична за нив е живописната носија во силни бои, најчесто црвената, сината,
зелената и жолтата.
Куќите каде што живеат се „заглавени“ во времето – бели бојосани ѕидови, но
немалтерисани; тесни квадратни прозорци поставени високо на ѕидовите; ниски
тавани; шарени простирки по подот; соби без ниту едно парче мебел…
Технологијата не ги одминала. Во куќите постојат телевизори (не во сите), ама и тогаш
се гледаат исклучиво турски канали бидејќи многу мал број членови на јуручките
групи зборуваат македонски.
Јуруците живеат во строго конзервативна и патријархална заедница. Жените не се
појавуваат пред непознати луѓе, не разговараат со нив и никогаш не комуницираат со
непознати мажи. Единствено постарите жени, но само понекогаш, без страв од своите
мажи и од традицијата, комуницираат со дојденците-жени кои не се дел од нивната
мала заедница.

You might also like