You are on page 1of 1

Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо

Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се


предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат
текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.

Во трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од


сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де Сервантес
зборува за една таква вплетканост. Низ животот на рицарот со тажно лице и неговиот весел
слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат. Главниот лик, благородникот од Ла
Манча од читање многу рицарски романи сосем се изгубил и решил да стане рицар-скитник
по име Дон Кихот. Човекот со висок раст, со слабо и издолжено тело, со испиено лице
обиколено со побелена коса , со орловски поткршен нос и големи црни мустаќи застанува во
одбрана на немоќните. Тргнува во авантури, во кои ги спасувал и им помагал на бедните,
понижените, навредените. Доживувањата на навидум лудиот рицар-скитник и неговиот слуга
Санчо Панса се пародија на рицаророманијата која ја зафатила средновековната Шпанија.
Дејствието се одвива врз две спротивставени сфаќања: безумието на идеалистот- рицарот-
скитник и трезвеното задоволство на реалистот-неговиот слуга и оружјеносец.

Нивните настојувања да докажат кој е во право и да ги негираат илузиите на другиот се


видлива несусогласеност меѓу реалното и идеалното, меѓу фантазиите и реалниот живот.
Случките од едната страна се прикажани како реалност,секојдневие, а од другата како
мечти, фантазија. Дон Кихот, средновековниот благородник се замислува себеси како силен и
храбар рицар, облечен во блескава опрема: штит, меч и копје, преубав коњ, поубав дури и
од славниот Буќефал. Реалноста била друга. Блескавоста е Äрѓосана и стара опрема, дооден
коњ по име Росинант на кој му се броеле ребрата. Само затоа што секој рицар имал своја
љубена во чие име се борел, селанката во која бил заљубен на млади години ја
трансформирал во принцеза по име Дулчинеја. Во име на таа љубов, со желба за слава
повикувал на двобој, се додворувал на млади убави дами. Се редат неговите бесмртни
подвизи: борбите со ветерните мелници, тие лоши џинови, стада овци-цели војски, мешинки
со вини-маѓепсани непријатели, ослободување на кралици и принцези-селанки и крчмарки.
Со своите постапки предизвикувал смеа и револт. Во борбите му кршеле ребра, заби, носел
модринки од несекојдневните акции. Кога не бил обземен од рицарските авантури, бил човек
со здрав разум. Наспроти него,

Санчо Панса,пак бил слуга-оружјеносец, склон кон дрдорливост, безобразлук и озборување


Тој ,бил остроумен селанец, шегобиец со многу здрав разум. За разлика од својот господар
овој кус и дебел селанец, јавал на магаре и постојано бил безгрижен. Преставник на
едноставниот народ, во својот речник користел изрази со кој ја искажувал вековната мудрост
на својот народ. Наспроти извишените говори на неговиот господар зборувал приземно и
практично. Својата мудрост ја искажувал преку многу поговорки и пословици. Неговата
бистрина дошла до израз кога накратко бил назначен за губернатор на еден остров. Но и
покрај својата цврстина под влијание на својот господар и неговите фантазии накратко
почнал да верува дека ќе стане гроф. Иако неук, со неговиот бистар ум умеел со многу
мудрости да го советува својот господар. Стоејки цврсто на земјата со двете нозе, успеал да
го промени својот господар, да му расчисти одредени заблуди. Дон Кихот своите заблуди ги
искажал пред смртта, кога му се извинил на својот Санчо Панса за сите незгоди во кои го
вовлекол.

Сервантесразличностите на овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да


го покаже ликот на новиот човек. Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за
еднаквост меѓу луѓето, почитување на човечкото достоинство, напредокот на
цивилизацијата.

You might also like