You are on page 1of 2

Чинот на одбрана на честа - темел во трагедијата “Сид”

Борбата меѓу љубовта и честа е тема за која многу се твори. Во


драмата “Сид”, авторот Корнеј го обраборил старото предание за јунакот
Родриго, кој се борел против Маврите, а во корист на шпанските кралеви.

Иако ова предание, во 12 и 13 век било обработувано од повеќе


автори, многу подоцна Корнеј создал дело кое ја воодушевувало
публиката на театарските претстави од почетокот на 17 век. Авторот
успеал да ја истакне внатрешната борба на ликовите за исполнување на
личните и општествените морални норми. Со тоа Корнеј се издигнал како
основач на француската класична трагедија.

Младата девојка Химена е вљубена во момчето Родриго, но


претчуствува дека над нивната љубов ќе се надвиснат темни облаци.
Набрзо, во двобојот меѓу нејзиниот татко и таткото на Родриго, нејзиниот
татко го губи животот. Химена е растргната меѓу тагата и должноста за
освета од една страна и копнежот по саканиот. Одлуката на Родриго да
оди на двобој наместо неговиот изнемоштен татко уште повеќе ја
усложнува ситуацијата. Родриго искрено ја сака Химена, но честа е над се!
Тој бара од Химена таа да му го одземе животот за да го одмазди татко си,
но искрено и двајцата се против тоа, зошто со тоа честа и угледот на
момчето ќе бидат намалени. Химена, иако со тешко срце, на кралот му
кажува дека Родриго мора да оди во двобој за одбрана на честа на
нејзиниот татко. Тоа му го кажува на кралот, но тој има поважни обврски.
Кон градот се приближува непријателската војска на Маварите и кралот
бара од Родриго да биде на чело на одбраната. Во борбата со
непријателот Родриго со својата снаодливост и храброст успева да победи
и да зароби два нивни крала.Младото момче станува херој и миленик на
кралот. Но и таткото на Родриго и Химена во името на честа бараат двобој
да има. За честа на Химена се бори дон Санчо, благородник кој е вљубен
во Химена. Во овој двобој Родриго му го одзема мечот, но не го убива
туку го испраќа кај кралот. Химена престрашена мисли дека Родриго е
убиен и го напаѓа дон Санчо кажувајќи дека никогаш нема да се омажи за
него. Од кралот бара да ја испрати во манастир, зошто само Родриго може
да го сака. Мудриот крал и соопштува дека Родриго е жив. Бидејќи смртта
на дон Ѓомез, нејзиниот татко, е уште свежа,кралот го праќа јунакот
Родриго, наречен Сид, да се бори со Маварите уште една година пред да
се ожени со саканата Химена.

Трагедијата “Сид” е дело во кое доминираат тешки морални


дилеми кои истовремено се возвишени и благородни. Честа на
семејството е возвишена! Таа е универзална и по време и по простор.
Затоа ова дело има безвременска, општа вредност покрај литературните и
стилски вредности со кои изобилува.

You might also like