You are on page 1of 1

Опиши го животот на Торбешите и направи проект за начинот на

живеење, традиција, јазик, носија, садови што ги користеле алатки, обичаите на


свадба ;

Торбешите се етнички Македонци по народност со исламска вероисповед, говорат на


македонски јазик. Бројноста на Торбешите (македонците-муслимани) во Македонија се
движи од 40.000 до 100.000 луѓе. Највеќе се населени во Долна Река (Општина
Маврово Ростуше), Торбешијата (Скопско), повеќе села во Струшко , Општина Центар
Жупа и поширокиот Дебарски регион, Тетовскиот регион каде спаѓаат селата Јеловјане
и Урвич, Општина Пласница, Општина Долнени, Битолско (во повеќе села од
поранешната Општина Бистрица), селото Велешко итн.

Терминот „Торбеши“ има негативна и погрдна конотација. Има неколку теории за


настанокот на името од кои најпознати се дека поради маките од османлиите овие луѓе
ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата
христијанска вера за торба сирење.

Македонците-муслимани иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле


турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и
традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијанска црква кога се има
болно дете, а во некои куќи на Македонци-муслимани сѐ уште се чуваат
православни икони итн.).

You might also like