You are on page 1of 2

ПЛАН

ГЛАВНИ ЕНЕРГЕТСКИ ИЗВОРИ


*Во светот главни извори за производство на енергија се : водната енергија,
јагленот, нафтата, гасот, сончевата енергија, нуклеарната енергија и дрвото.
Нашата земја располага со јаглен, водна енергија и дрво. Во вкупното
производство на електрична енергија јагленот учевствувал со 91%, а
хидроенергија со 9%.
* Хидроенергија - се добива во хидроцентралите, со искористување на
силата на водата од реките. Хидроенергетскиот потенцијал на македонските
реки е прилично скромен, што е последица на непостојаниот
плувиометриски режим на реките и релјефот.
Најголем дел од хидроенергетскиот потенцијал во Р.Македонија е
концентриран на реката Вардар, иако на неа нема изградено акумулации. Во
сливот на реката Вардар има повеќе композитни реки на кои можат да се
изградат акумулации и хидроцентрали. Освен Вардар, реките Црна Река,
Брегалница, Треска, Пчиња и Црн Дрим имаат потенцијал за производство
на хидроенергија.
Другите реки кои течат низ територијата на Р. Македонија, како Лепенец и
Струмица имаат мал хидроенергетски потенцијал.
* Јаглен - кај нас е присутен јагленот лигнит кој има помала топлинска
енергија и е нискокалоричен јаглен. Појавата на лигнитот е поврзана со
езерските седименти (котлините кои биле заезерени). Лигнитот е присутен во
12 басени меѓу кои се Пелагонискиот, Кичевскиот, Струмичкиот, Ресенскиот,
Мариовскиот, Гевгелискиот, Тиквешкиот,Скопскиот и други.
Најголем и најзначаен е Пелагонискиот басен, каде што јагленот се наоѓа во
селата : Суводол, Гнеотино и Живојно. Денес се експлоатира само во
наоѓалиштето "Суводол". Во Кичевскиот басен наоѓалишта за јаглен се
откриени околу селата Осломеј, Поповјани, Страгомиште и Аранѓел. Во
Струшкиот басен е откриен јаглен во околината на с.Пискупштина. Помали
количини на јаглен има и во Делчевскиот, Тиквешкиот, Скопскиот и
Мариовскиот басен.
* Други енергетски извори присутни во Р.Македонија се : парафинските
шкрилци, нуклеарни суровини и геотермална енергија.
Парафинските шкрилци - откриени се во локалитетите кај : с.Плешенци
(Пробиштип),с.Црцорија(Крива Паланка), с.Смојмирово (Берово).
Нуклеарни суровини - кај нас е откриен уранов оксид во околината на
Пробиштип, Радовиш и Куманово.
* Како огревен материјал се користи дрвото, а за добивање на топла вода се
користи сончевата енергија.
* Нафтата се увезува од Нафтоводот Солун-Скопје, додека земјениот гас
преку гасоводот Русија-Романија-Бугарија-Македонија.
Јана Никодиновска клас II-2

You might also like