You are on page 1of 2

Веб технологии

Прашања:
1) Како корисниците доаѓале до информации на Веб 1.0 и дали во
Веб 1.0 корисник можел да поставува свои слики, документи или
видео-записи?
2) Што е Веб 2.0 и кои карактеристики ги има?
3) Што е блог и преку кои портали може да се креираат блогови?
4) Што е таг, а што фолксономија?
5) Наброј неколку сервиси преку кои може да поставуваш свои
фотографии, аудио или видео содржини.
6) Што е семантички веб?
Одговори:
1) Во веб 1.0 креаторите на содржините поставувале содржини, а други
корисиници само ги прегледуваат и во Веб 1.0 корисниците не можеле да
поставуваат свои слики, документи или видео-записи.
2) Под терминот Веб 2.0 се мисли на развој на веб по 2000 година, кога
дошло до промени на начинот на користење на веб. Веб 2.0 ги има следниве
карактеристики:
-корисниците можат да користат апликации преку својот веб-прелистувач;
-корисниците се тие на кои податоците им припаѓаат и кои имаат контрола
врз нив;
-структурата на веб ги поттикнува корисниците да учествуваат во креирање
на веб-содржини или апликации;
-унапредени графички опкружувања во однос на т.н. Веб 1.0.
3) Блог е термин кој се однесува на личен дневник пишуван на веб со
обратно хронолошки подредени содржини. Блогови можат да се креираат на
следните портали: WordPrees.org, Wix, Constant Contact Web Builder, Gator,
Drupal, Joomla, WordPrees.com, Medium, Weebly и др.
4) Таг се однесува на текст кој опишува значење или структура на некоја
содежина на Интернет. Фолксономија е категоризација на веб-содржините.
5) Сервиси преку кои можеме да поставуваме фотографии, аудио или видео
содржини се: Facebook, Instagram, Youtube, Flickr.com и др.
6) Семантички веб означува веб кој ќе претставва надградба на постоечкиот
Веб 2.0, а во центар ке го постави корисникот.

You might also like