You are on page 1of 3

План за час

Веб терминологија
Нови поими: веб-страница (web page), веб локација или веб сајт (web site),
хиперлинк (Hyperlink), хипертекст (Hypertext),
домашна страница (Home page),   навигација, публикување, хостирање,
URL (Uniform Resource Locator).
 Веб-страница (web pages) – документите што ги разгледуваш на Интернет се нарекуваат веб-страници. Веб-
страница е нешто како страница во книга, но таа освен текст и слики, може да содржи и анимации и други објекти.
Веб документите имаат наставка htm или html.
 Веб-сајт (web site) – множеството страници кои се меѓусебно поврзани и сочинуваат целина се нарекува веб-сајт.
Сајт е англиски збор и значи „место, локација“, па кога ќе речеме веб-сајт, мислиме на локација на Интернет на која се
наоѓаат веб-страниците.
 Домашна страница (home page)  – таа ќе се отвори прва кога ќе посетиш некој сајт и обично ги содржи сите
линкови до другите страници на сајтот.
Домашната страница на сајтот е исто што и насловната страница во весник или содржината во некоја книга.
 Врската што ти овозможува да се движиш од една до друга веб страница се нарекува хиперлинк (hyperlink) или
само линк (link). Линк може да биде некој текст, некоја слика или некој друг објект на веб-страницата.
 Движењето меѓу страниците на некој сајт се нарекува навигација.
 Публикување и хостирање
Откако ќе се направи некој сајт, за да може да биде достапен за сите корисници на Интернет. тој треба да се постави,
односно  да се публикува на некој од серверите на Интернет. Поставувањето сајт на серверот се нарекува хостирање.
 URL-адреса
1. Секој веб-сајт и секоја веб-страница имаат единствена адреса, наречена URL-адреса (Uniform Resource
Locator).
2. URL-адресата ти овозможува да отвориш некоја страница и да ја разгледаш
3. URL-адресата се состои од неколку делови.

4. На пример, адресата http://www.schools.edu.mk е составена од следниве делови:


http:// − име на протоколот (правилото) за пренос на податоци;
www − локација на Интернет, во случајов тоа е World WideWeb;
schools − веб-серверот е на организацијата schools;
edu − наставка за областа на дејствување, во случајов тоа е образование;
mk − код за државата, во случајов тоа е Македонија.
 Вообичаени наставки за областа на дејствување (домени) се:
1. com (commercial) − комерцијални организации;org (organisation) − организации;
2. edu (education) − образовни институции;
3. gov (government) − владини институции;
4. mil (military) − воени институции;
5. net (network) − мрежни компании.
 Некои кодови за држави: fr − за Франција, uk − за Велика британија, us − за САД.

Разлика меѓу веб сајт и веб портал


За оние кои подобро се навлезени во областа на информатичката технологија, работите за кои
ќе пишувам во продолжение се смешни. Ве потсетувам дека не сите сме подеднакво
образовани за секое поле во науката. Се надевам дека оваа статија ќе стигне до оние на кои
им е потребна.

Како ќе изгледа нивниот опис на нештата? Исто како првото упатство кое го пишував јас:
„Кликни на црвената рамка за да можеш да ја уредуваш страницата”. Всушност, таа црвена
рамка ги означувала границите на објектот над кој стоиш со покажувачот и тоа нема допирна
точка со било која операција.

Кога пребарувате на Интернет, можете да посетите:


 Веб страна
 Веб сајт
 Веб портал
 Веб блог
 Интернет продавница

Тука го прекинувам набројувањето бидејќи ова се петте поими кои сакам да ги разјасниме.

Што е веб страна?

Веб страна или на англиски web page е документ во кој се содржани информации погодни за
прелистување преку веб прелистувач. Најчесто веб страната е во HTML или XHTML формат и во
себе содржи хиперврски со други документи.

http://asidus.com.mk/za_nas.html е веб страна.

Што е веб сајт?

Веб сајт или на англиски web site претставува збир од веб страни на ист домен. Или ако го
земеме примерот од претходно: веб страната За нас (http://asidus.com.mk/za_nas.html) и сите
други веб страни од истиот домен: Почетна, Портфолио, Производи, Услуги и Контакт заедно
сочинуваат еден веб сајт чиј домен (адреса) гласи: http://asidus.com.mk.

Што е веб портал?

Веб порталот е вид на веб страна која содржи повеќе информации, апликации и линкови кои
водат до други веб страни. Линковите најчесто се класифицирани по категории, како би се
олеснило пребарувањето по порталот.

Веб портал е и Мој Портал (http://mojportal.mk/). Со кликнување на било која вест или текст
означен со линк од почетната страна на порталот, тој ве носи на друга веб страна. Така на
пример, ако го изберете менито Здравје, на вашиот екран ќе се отвори нова страна, и тоа:
http://mojportal.mk/cat/zdravje.

Што е веб блог?

Блогот е интернет простор на кој се објавуваат датумски определени содржини кои се


прикажуваат во обратен хронолошки редослед (најновиот најгоре). Најчесто е дело на
поединец или мала група која е тематски определена за еден предмет.
Блогот на Нешо за готвење (http://nesoandboecookingblog.wordpress.com/) е добар пример.

Што е Интернет продавница?

Интернет продавницата претставува веб страна која има он-лајн каталог преку кој во секое
време се овозможува нарачка и плаќање на производи.

http://alfaelektronik.mk/ e Интернет продавница која овозможува нарачка и плаќање на


производите преку Интернет.

You might also like