You are on page 1of 4

Интернет

Компјутерска мрежа е група од два или повеќе меѓусебно поврзани компјутери со цел
меѓусебно да комуницираат.
Еден компјутер е посебно одбран со голем хард диск. На него има многу простор за
снимање. Тој се нарекува сервер.
Видови компјутерски мрежи:
LAN мрежата поврзува компјутери кои се наоѓаат на мало меѓусебно растојание.
Поврзаните компјутери може меѓусебно да делат заеднички хардверски уреди, како
печатар, скенер и др.

Мрежна картица – е уред кој се наоѓа во куќиштето на компјутерот и служи за


поврзување на компјутерот во LAN мрежа
Свич (switch) – е уредот кој го овозможува и организира преносот на податоците меѓу
компјутерите во локалната мрежа
Рутер (router) – е уредот кој го овозможува и организира преносот на податоците меѓу
компјутерите во локалната мрежа

WAN мрежата може да се замисли како мрежа од LAN и WAN мрежи на големо
географско растојание. Уреди за поврзување во WAN мрежа се: трансокеанските
кабли, сателитите, телефонски линии и слично .Најголемата WAN мрежа во светот се
вика Интернет.
Интернетот е светска мрежа составена од илјадници компјутерски мрежи ширум
светот.
INTERnational + NETwork = INTERNET
Секој компјутер за да биде поврзан на Интернет мора да има своја адреса. Таа се
вика Интернет адреса и се означува со кратенката IP (Ај Пи). Со оваа адреса
компјутерот може да биде пронајден и да ги добива потребните податоци од
Интернет, а во исто време и да испраќа свои кон други компјутери на Интернет.
Интернет сервиси се:
 WWW (World Wide Web) . Сервис за поставување на свои и разгледување на
други веб сајтови.
 -Search Engines (машини за пребарување). Сервис за пронаоѓање потребни
информации на Интернет.
 -E-mail. Сервис за примање и испраќање на електронска пошта.
 -Интерактивно комуницирање. Сервис за текстуално, звучно или видео
комуницирање меѓу луѓето кои се во исто време на Интернет. Комуникацијата
се остварува преку различни програми како mIRC, Yahoo Messenger, ICQ, Skype
и др.
 E-commerce. Сервис за онлајн купување и продавање различни производи и
вршење на различни онлајн услуги.
 - Eлектронско банкарство. Сервис за проверка на банкарска сметка, плаќање
на сметки и слично.
 -Download. Различни сервиси за симнување на податоци од мрежата (слики,
музика, видео клипови, филмови и сл) и др.
 -Upload. Различни сервиси за испраќање податоци кон мрежата.
Поврзувањето може да се направи на неколку различни начини:

 Преку фиксна телефонска линија: Dial Up, ISDN, ADSL.

 Преку телевизија: кабловска, сателитска

 Безжично ( WiFi,WADSL,WiMAX)

 Преку мобилнaта телефониja (GPRS, EDGE,3G).


Документите кои ги разгледуваме на интернет се нарекуваат веб страници (web
pages). Тие имаат наставка .htm или .html Веб страница (web page).
Веб сајт е колекција од една или повеќе веб страници поставени на интернет. Веб
страниците во веб сајтот се органицирани во стебло од фолдери и подфолдери.
Секој веб сајт има почетна страница. Почетната страница на веб сајтот се нарекува
home page. Обично почетната страница му кажува што се може да најде корисникот
на веб сајтот, слично на содржина на почетокот на книга.
Делови на адресата:
o Обично адресата започнува со http://. Тоа претставува кратенка за
протоколот или правило за размена и разгледување на веб страници на
интернет.
o WWW претставува кратенка за името на веб серверот • Facebook,
google, youtube, Wikipedia се имиња на веб сајтовите.
o После името следува кратенката за тип на сајтот: com- комерцијален,
biz-бизнис, net-мрежни услуги, gov-владини институции, org-невладини
институции, edu-образовни институции, mil-воени институции.
Адреса www.oouklimentohridski.edu.mk • www.mbrod.gov.mk • www.sitel.com.mk •
www.youtube.com • www.wikipedia.com Пример за веб сајтови
Линковите служат за движење од една на друга страница од еден веб сајт или кон
други веб сајтови.
Пример за веб страница:
 www.a1.com.mk
 www.bro.gov.mk
 www.mon.gov.mk
 www.seeu.edu.mk
 www.unite.edu.mk
 www.green-net.org
 www.facebook.com
Веб прелистувач е програма за пребарување и прикажување на информации
потхранети на интернет. Веб прелистувачи: Google Chrome, Mozilla Firefox, Internet
Explorer, Opera, Safari и др.

Пребарувачки машини (search engines), наречени веб-пребарувачи, се


бесплатните сервиси на Интернет кои имаат задача да најдат соодветни веб
страници и да ги достават нивните адреси.
Некои од најпознатите пребарувачки машини се:
–Google (http://www.google.com)
–Bing (http://www.bing.com)
-Yahoo (http://www.yahoo.com)
–Ask.com
–InstaGrok
Врската што ти овозможува да се движиш од една до друга веб страница се
нарекува хиперлинк (hyperlink) или само линк (link). Линк може да биде некој текст,
некоја слика или некој друг објект на веб-страницата.
Алатки за работа со приказот на веб страниците во веб прелистувачот се:
– Back – враќа на претходно посетена страница.
– Forward – враќа на страницата од која корисникот се вратил на претходната.
– Stop – го прекинува вчитувањето на веб страницата ако, на пример, ако
вчитувањето оди многу споро
– Reload или Refresh – ја „полни“ повторно истата страница затоа што првиот обид
бил неуспешен, се одвивал многу споро или не завршил потполно
– Home – ја прикажува почетната страница на веб разгледувачот
Поле за внесување на адреса на веб страница.
– Адресата се внесува со тастатура со англиска поддршка.
– Страницата со внесната адреса започнува да се полни откако ќе се притисне
копчето Enter на тастатурата.
Листа за избор на адреса на претходно посетена веб страница

Покажувач на пристап до веб страница со внесена адреса.


Покажувачот е анимирана сликичка (прозорец кој се вее, стрелка која врти во круг и
сл.). Кога е активна тоа значи дека веб прелистувачот се обидува да му пристапи на
компјутерот на кој се наоѓа веб страницата.
Покажувач на статусот е правоаголно поле кое постепено се полни со квадратчиња и
така може да се следи до каде е полнењето на саканата веб страница во веб
прелистувачот.
Дел за прикажување на содржината на веб страницата
Јазичиња (табови) во кои се отворени различни веб страници во истиот
прозорец на веб разгледувачот.

You might also like