You are on page 1of 11

ПОИМ ЗА БЛОГ (ВЕБ

ДНЕВНИК)
ДЕФИНИЦИЈА ЗА БЛОГ

• Блог или веб-дневник претставува локација на Интернет во форма на


електронски дневник/весник во кој содржините се прикажуваат по обратен
временски редослед. 
• Блог (англиски: blog, претставува кованица од зборовите web и log)
претставува мрежно место на кое се објавуваат датумски определени објави
со редовен ритам и се прикажани во обратен хронолошки редослед
(најновиот најгоре).
ШТО Е БЛОГИРАЊЕ

• Блогирање е процесот на креирање, уредување, коментирање и одржување на блогот.


Блоговите обично се дело на еден поединец, а повремено и на една мала група и често се
тематските определени на еден предмет.
• Денес блоговите ги објавуваат скоро сите - компании, бизнисмени и поединци, бидејќи
тие можат да ги придобијат потенцијалните потрошувачи.
• Сè што ви треба за да станете успешен блогер е компјутер и интернет-врска. Не е потребно
многу технолошко знаење за да се заврши оваа работа, а блоговите главно се состојат од
текст и слики (и некои снимки). Тие можат да работат на платформи како што се
WordPress, Blogger, Tumblr, Pen.io и не бараат никакви инвестиции.
ДЕФИНИЦИЈА ЗА БЛОГЕР

• Блогер е авторот на веб-дневникот, односно блогот. Почитувањето на


правилата за етичко однесување при комуникација преку интернет важат и
при блогирање и при оставање на дигитален отпечаток.

• https://faktor.mk/naplateniot-bloger-otkriva-kako-da-se-zaraboti-na-blog
ДИГИТАЛЕН ОТПЕЧАТОК

• Дигитален отпечаток претставува трагата која ја оставаме по примена на


различните сервиси на интернет. Преку преземените активности од страна на
корисникот: допаѓање на страници и објави, споделување линкови, статуси,
слики, видеа, коментирање содржини и сл., се формира дигиталниот отпечаток
на корисникот, односно се креира база на активности на секој корисник, преку
кој се осознава за каква личност станува збор, кои се неговите инстереси и
занимливости и како да се влијае врз него. Според тоа, дигитален отпечаток
се сите интернет информации (и позитивни и негативни) кои се
случајно или намерно оставени на интернет за некој корисник.
СОВЕТИ ЗА ПОЗИТИВЕН ДИГИТАЛЕН
ОТПЕЧАТОК
– одјавете се при напуштање на социјалнаите мрежи или маил;
– не ги кажувајте лозинките;
– не ги запишувајте јавно лозинките;
– при креирање лозинка користете букви, бројки и знаци
– често бришете ја архивата ;
-не ги делете личните податоци на Интернет
БЛОГОВИТЕ КАКО МАРКЕТИНГ АГЕНДА

• Многу блогови овозможуваат коментирање на одредена тема, а други


функционираат повеќе како лични онлајн дневници, а некои други
функционираат повеќе како онлајн бренд реклами на одреден поединец или
компанија. Типичен блог комбинира текст, слики и линкови до други
блогови, други веб страница и други медиуми во врска со темата која е
претставена.
БЛОГОВИТЕ – ФОРМА НА СОЦИЈАЛНО
ВМРЕЖУВАЊЕ
• Иако не е задолжително, повеќето добри и квалитетни блогови се интерактивни
дозволувајќи им на посетителите да остават коментари, па дури и пораки едни на други, а со
тоа ја добиваат интерактивноста што ги разликува од други статички мрежни места. Во таа
смисла, на блогирањето може да се гледа како форма на социјално вмрежување. Всушност,
блогерите не само што произведуваат содржина која ја објавуваат на нивните блогови, туку
исто така имаат изградени социјални односи со своите читатели и други блогери.
• Појавата и растот на блогови во доцните 1990-ти се совпадна со доаѓањето на семрежни
алатки за издавање кои го олеснија објавувањето на содржини од страна на нетехнички
корисници. (Претходно било потребно познавање на технологии како HTML и FTP за да се
напишат содржини на веб.)
ТИМ О’РАЈЛИ

• Кодексот на однесување на блогери е предлог на Тим О’Рајли и е


предложен поради закани упатени до блогерот Кети Сиера. Идејата за
кодексот за првпат била најавена од страна на BBC News, кој го цитирал
О’Рајли велејќи: “Јас мислам дека нам ни треба некаков код на однесување
за тоа што е прифатливо однесување, се надевам дека нема да дојде преку
било кој вид на пропис туку дека ќе дојде преку само-регулатива.”
КОДЕКСОТ НА ОДНЕСУВАЊЕ НА БЛОГЕРИ НА O’REILLY ГИ
ДАВА СЛЕДНИВЕ ПРЕПОРАКИ:

Преземете ја одговорноста не само за своите зборови, туку и за коментарите кои се


овозможени на вашиот блог.
1. Етикетирајте го вашото ниво на толеранција за навредлив коментари.
2.Размислете за елиминирање на анонимни коментари.
3.Игнорирајте тролови
4.Разговарајте офлајн и разговарајте директно или најдете посредник кој може да го стори тоа.
5.Ако знаете некој што се однесува лошо, кажете им го тоа.
6.Немој ништо да кажувате онлајн ако не би рекле во лице.
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО!!!

You might also like