You are on page 1of 3

Визуелен идентитет и комерцијална дестинктивност (Брендирање)

1. Корпоративен Визуелен Идентитет


Секоја организација треба да има свој идентитет – збир на карактеристики што ја прават
препознатлива на пазарот. Покрај овој идентитет, потои и слика – впечатокот што една компанија
го остава на поединецот. Ваквиот визуелен идентитет е најважен во рекламирањето каде
производите, услугите или идеите се насочени кон една целна група преку рекламни средства.
Визуелниот идентитет е заштитен знак, збит на сите визуелни и материјални карактеристики на
производ, услуга, идеја или компанија, кои го прават различен и создаваат визуелно единство на
сите елементи.
Целта на визуелниот идентитет е да им се овозможи на компаниите да добијат предност на
пазарот, да ја подобрат таа предност и да ја задржат.

2. Исто како што личниот идентиет не прави уникатни, така и идентитетот на еден бренд е тоа што
го издвојува од сите други, и ја обликува една компанија.
Но, што всушност е идентитет на бренд?
Каква врска има тоа со дизајнот?
И како да обликуваме идентитет кој што ја носи една компанија на следното ниво?

- Идентитет на бренд е збир на сите елементи што ги создава една компанија за да ја покжае
вистинската слика на своите потрошувачи.
Терминот брендирање се однесува на маркетинг практика на активно обликување на
карактеристичен бренд.
* Брендот е перцепција на комапнија во очите на светот. *

Како до силен бренд идентитет


Формирањето на еден бренд се состои од неколку клучни елементи:
- Која е мисијата? (Зошто)
- Вредности. (Кои верувања ја водат компанијата)
- Личност на брендот (Ако беше брендот личностм, какви би биле)
- Како се разликува од конкуренцијата

Овие елементи го дефинираат нашиот бренд, и пред да се започне со градење на идентитетот


важно е да се има јасно разбирање за секој од нив.

*Средствата за корпоративен дизајн се битни елементи што ќе одредат како се перципира


одреден бренд, Работи како логото, пакувањето, веб-дизајн, графиката на социјалните мрежи,
бизнис картичките па се до униформите што ги носат вработените.
Со други зборови со точниот дизајн го заковуваме идентитетот на нашиот бренд.

3. Развивање на дизајнот
Пред да започнеме да го креираме дизајнот, треба да почнеме од соновата и да се заклучат
основите на дизајнерската структура.
1*. Типографија
2*. Колорна Палета
3*. Форми
4*. Лого
5*. Пакување
6*. Промо материјал (стикери, флаери...)

Идентитетот на еден бренд е он а што го издвојува од бескрајното море на конкуренти и им


покажува на клиентитет кои сме, и што можат да очекуваат.

4. Една од најголемите пречки за растечките фирми е тоа што повеќето потенцијални клиенти не
ги знаат и како резултат на тоа не разсмилуваат за нив во момент на купување.
За да се надмине оваа пречка, многу често се фокусураме на самиот производ – правејќи го што е
можно по пожелен и поефикасен. Ако го изградиме така, клиентите сами ќе дојдат. Во некој
совршен свет, фокусирањето само на производот би било доволно за да се изгради свест и да
привлече клиенти. Но, во реалниот свет, огромната конкуренција значи дека не можеме да
очекуваме луѓето да слушнат и да го бараат сами произоводот, без разлика колку е добар.
Графичките дизајнери и консултантите за дизајн на брендови истражувале со децении за
однесувањето и психологијата на луѓето, како се одлучуваат за одреден бренд. И заклучиле дека
одлуките за купување ретко се засноваат на внимателно разгледување на карактеристиките на
производот. Туку тие одлуки се прават брзо и несвесно, при што клиентите во голема мера се
одлучиваат за производ пто најбрзо се истакнува.
Затоа е битно да го *завиткаме* производот во јасно претпознатлив бренд – тој не само што ќе
*отскокнува* од конкуренцијата туку и служи како непогрешлива врска до производот во
размислувањата на клиентите. Ова ги зголемува шансите производот да биде забележан и на крај
купен.

- Дестинктивноста значи воспоставување на елементи на брендот што го прават препознатлив


дури и без присутно име. Така клиентите можат лесно и без забуна да го идентификуваат.
* На пример, портаколабите и црвени кругови кои се преклопуваат одма не асоцираат на
Мастеркад, дури и ако не е прикажано името и логото. Истото важи и за жолтата М буква за
МекДоналдс и тн.
-Претпонатливноста не е ограничена само на логоа, тоа може да биде елемент на графички дизајн
кој му помага на луѓето да го препознаат и иднетификуваат бреднот за кој станува збор.
Пакување, бои, фонтови, знаци, слогани и тн.

-Комерцијални придобивки
Секој дестинктивен бренд има две важни комеријцални придобивки. Прво, лесно и брзо им доаѓа
на ум на клиентите, што ја прави поголема веројатноста да се купи.
Второ, дестинктивноста ја подобрува ефикасноста на комуникациите.
Медијата – без разлика на форматот се скап и вреден реурс.

Примери:

You might also like